Шпанската влада прогласи вонредна состојба, откако серија големи шумски пожари ја зафатија околината на Мадрид и соседната покраина Авила, принудувајќи повеќе од 19.000 жители да ги напуштат своите домови. Според шпанските медиуми, два големи пожари во близина на главниот град се споиле во еден, додека трет пожар опасно се приближува. Претседателката на регионот Мадрид, Изабел Дијаз Ајусо, ја оцени ситуацијата како „најлошиот пожар во ...
Најмалку 19.000 лица се евакуирани во регионот на Мадрид, каде што беснее најголемиот шумски пожар во историјата на оваа шпанска автономна област, кој досега уништи околу 6.000 хектари – соопшти претседателката на регионалната Влада, Исабел Дијас Ајусо. – Ова е катастрофа за регион со толку голема густина на население и станбени објекти. Никогаш не сме виделе нешто слично. Во овој момент наш приоритет е спасувањето човечки животи – изјави ...
Околу 29.000 луѓе се евакуирани во централна Шпанија, додека владата прогласи национална вонредна состојба првпат во историјата поради пожарите и ја презеде координацијата на сите противпожарни служби. Најтешка е ситуацијата во Автономната заедница Мадрид, каде што се евакуирани околу 27.000 луѓе, и во покраината Авила, од која се евакуирани повеќе од 1.600 жители, јавува RTVE. Во Авила, пожарот во Бургохондо уништи и камп сместен среде ...

