Утринава во 9:43 часот по локално време, земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во областа на Зеница, во БиХ. #Earthquake (#zemljotres) possibly felt 22 sec ago in #Bosnia&Herzegovina. Felt it? Tell us via: 📱https://t.co/QMSpuj6Z2H 🌐https://t.co/AXvOM7I4Th 🖥https://t.co/wPtMW5ND1t ⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/XWe7d19qNU — EMSC ...

Мирнеса С. (45), по потекло од Бусовача во Босна и Херцеговина, беше ослободена од германскиот затвор на почетокот на 2025 година, откако помина повеќе од две години затвор за кражба на 1,25 милиони евра од компанијата за обезбедување во Штутгарт каде што работела. За кражбата го обвини Србинот Роберт С. Роберт, наводниот организатор на спектакуларниот грабеж од 1,25 милиони евра во 2022 година во фирмата за обезбедување „Просегур“, беше изведен ...

Вистинската драма се случи во петокот во Грција, во областа Лимнос, кога деца, кои беа на даски за веслање (SUP), беа однесени во морето од ветерот. Сè се случи во попладневните часови, пред очите на бројните капачи. Според медиумскиот извештај, инцидентот се случил на плажата Плати, каде девет деца на три даски за SUP, беа „заробени“ на отворено море додека дуваа силни ветрови. „Во еден момент сфативме дека три SUP-ови заминале со по три ...

Владата на Албанија, предводена од премиерот Еди Рама, ја лансираше кампањата „Урбана ренесанса 2.0“ со цел отстранување на дивоградби и ослободување на узурпираните јавни површини низ целата земја. Иницијативата е претставена како клучен чекор во подготовките за влез во Европската Унија до 2030 година. Главната цел на кампањата е создавање почисти, уредени и „поевропски“ градови, како дел од пошироката реформа за територијално планирање и ...

Добивај вести на Viber Грчките медиуми излегоа со нови детали за неодамнешниот инцидент, во кој, експлодираше плинска боца во Аспровалта, во кој пет лица од Србија беа повредени. Според новите детали објавени од грчките медиуми, експлозијата се случила откако еден од туристите заборавил да ја затвори плинската боца пред да излезе на плажа. Плинот останал пуштен, ја исполнил собата, а по враќањето на туристите во апартманот, едниот турист ...

Кеба не сака да ја види ќерката, Мирослав Илиќ не го признава синот - Познати мажи од регионот со вонбрачни деца Маринко Роквиќ беше близок со вонбрачниот син Дарио, а неговата сопруга и децата го прифатија како рамноправен член на семејството. Мирослав Илиќ, пак, не сакаше да даде ДНК за да се утврди дали е татко на Девин. За многу познати личности од регионот се знае дека се семејни луѓе, во среќен брак, со (сега веќе возрасни) деца. Токму ...

Oмилениот стилист на Теа Таировиќ во Македонија открива детали за соработката со неа: „Ми пее пред да излезе на сцена“ Теа Таировиќ ја обожава Македонија... Таа се појави на Светскиот ромски бал во Скопје, а во наш подкаст кај Лазаров имаше искрена исповед за своето ромско потекло. Покрај ова постојано има настапи тука, а и свој омилен стилист. Станува збор за Марјан Петров од Струмица, кој за CRNOBELO.com вели дека соработува со неа од ...

Големиот пожар што избувна југоисточно од Атина и одзеде еден живот сè уште гори и се шири поради силните ветрови. Грчките медиуми јавуваат дека ситуацијата е претежно под контрола и дека неколку хеликоптери и борбени бродови учествуваат во операцијата за гаснење. Препорачано Пожарот гори на околу 35 километри од Атина, а градоначалникот на едно од погодените села рече дека станува збор за подметнат пожар. Како што јавуваат грчки медиуми, на ...

По повеќе од четири децении блескава кариера, Лепа Брена, една од најголемите музички икони на просторите на поранешна Југославија, официјално се пензионираше. Само пет дена по својот спектакуларен настап на охридскиот стадион „Билјанини Извори“, 64-годишната пејачка го стекна статусот пензионерка – но, како што самата вели, не се чувствува така. Сè уште не е објавено колкава пензија ќе прима, а во јавноста кружат шпекулации дека ѝ следува и ...

Атина, 9 август 2025 (МИА) – Одделни телефонски разговори со американскиот државен секретар Марко Рубио и со претседателот на Палестинската самоуправа Махмуд Абас имал грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во текот на вчерашниот ден, јави дописничката на МИА од Атина. Како што информираа од кабинетот на грчкиот премиер, за време на разговорот со Рубио станало збор за „одличното ниво на грчко-американските односи, факт што е зајакнат со развојот на ...

Во организација на Конзулатот на Јамајка, членовите на легендарната балканска YU група ја посетија Јамајка во март 2025 година, каде што ги снимија своите најпознати песни во реге стил. Песните се снимени во студијата на Боб Марли и тоа со поддршка на јамајкански музичари и познатиот продуцент Маконен Блејк Хана. YU група со тоа стана првиот рок бенд од поранешна Југославија што снимаше во овие студија, реинтерпретирајќи класици како „Црни ...

Еден од најзначајните хрватски музичари во 21-от век Марија Дедиќ на 52-годишна возраст. Дедиќ е единствениот син на на кантавторот Арсен Дедиќ и пејачката Габи Новак. Роден е на 2 март 1973 во Загреб, каде што го завршил средното музичко образование, а дипломирал џез на Уметничката академија во Грац, Австрија. На петгодишна возраст почнал да свири клавир, а подоцна открил дека џезот му дава можност за покреативен и поличен поглед на музиката. ...

Босанскиот бенд „Dubioza Kolektiv“, познат по својот бескомпромисен пристап кон музиката, општеството и животот, неодамна објави три нови изданија во различни формати: ЕП – во живо во соработка со тамбурашкиот бенд Леге, нов сингл насловен „BLKRCZM“ и книгата „Moje Dubioze“, збирка лични приказни на еден од основачите на бендот, Бране Јакубовиќ. Во неповторливиот амбиент на словенски Вардарац, „Dubioza Kolektiv“ заедно со тамбурашкиот бенд Лега ...

Организаторите „EXIT“, најреномираниот музички фестивал на Балканот највија дека ова издание што ќе се одржи од 10 до 13 јули во Нови Сад е последно. Организаторите на фестивалот велат дека ова се случува поради бројните притисоци по поддршката на студентите кои протестираат ширум Србија. Пред 25 години, „EXIT“ беше создаден како студентско движење за мир и слобода во Србија и на Балканот. Од својот почеток до денес, тој прерасна не само во еден ...

Во организација на Конзулатот на Јамајка, членовите на легендарната YU Група ја посетија Јамајка во март 2025 година, каде ги снимија своите најпознати песни во реге стил. Песните се снимени во познатите студиа „Tuff Gong“, основани од Боб Марли, и „Anchor Studios“ во Кингстон, со поддршка на врвни музичари од Јамајка и продуцентот Маконен Блејк Хана. YU Група во студиото на Боб Марли – снимија реге верзија од своите песни На овој начин, YU ...

Македонска државјанка, С.Г. (80) од Битолско починала на плажата кај Свети Стефан во Црна Гора откако ѝ се слошило во морето додека пливала. Ова за црногорски „Вијести“ го потврдиле од полицијата во Будва. Тие спровеле истрага на лице место и за сè го известиле Вишото државно обвинителство. Како што пренесуваат црногорските медиуми, туристката престојувала на плажата со своето семејство, а ѝ се слошило додека пливала во морето. Екипата за итни ...

Долгоочекуваниот албум „Долазиш“ на неповторливиот Оливер Драгојевиќ конечно е објавен! Станува збор за издание со дванаесет досега необјавени песни кои сигурно ќе ги воодушеват бројните фанови на легендарниот кантавтор. Албумот од денеска е достапен на сите стриминг сервиси. Најавен со сингловите „Не могу ти речи“ и „Вриме је“, албумот го носи и новиот насловен сингл „Долазиш“, како и уште девет песни кои зрачат со препознатливиот музички ...

Само два месеци по синглот „Srce moje“, составот „Elemental“ претставува нова песна „Nisi ti ja sam“ – моќно и интроспективно музичко дело кое се занимава со емоционалната токсичност во врските. Песната е проследено со спот кој го режираше Канџија – рапер и режисер, кој вешто ја доловува атмосферата на свет во кој сè се движи малку искривено… Танцот на Лаура Војновиќ станува јазик на неизговореното, а бојата пренесува емоции што зборовите не ...

Еден од најавтентичните рок бендови на Балканот, „Партибрејкерс“ кои годинава ја слават 40 години постоење и 40 години од истоимениот деби Албум, 25 октомври најавуваат голем концерт во Загреб. Овој концерт ќе биде можност публиката, по серија свирки на отворено, повторно да ја доживее суровата енергија и заразниот ритам на бендот- овој пат во поинтимна, клупска атмосфера. Предводен од харизматичниот Зоран Костиќ Цане, бендот е синоним за ...

Хрватската поп пејачка и текстописец Нина Бадриќ вчера ја објави својата нова песна – „Alive“. Песната е проследена со видео спот, на кое ќе можете да ја видите Бадриќ како игра во уникатно несекојдневно издание. „Ова е песна која не е оптоварена со тоа дали ќе успее, но ме прави исклучително среќна! Се вратив на моите почетоци и на „вајбот“ што отсекогаш бил присутен на многу мои албуми“, изјави Бадриќ за хрватските медиуми, зборувајќи за ...

Третото по ред издание на фестивалот „Мелодии на Јадранот“ се одржаа синоќа во паркот на галеријата Мештровиќ, а најочекуваниот настап беше оној на Јелена Розга. Претходните две изданија на „Мелодии“ ја донесоа една од најубавите балади на Јелена, „Idi ti“, но и сега веќе легендарната „Lavica“, една од најизведуваните песни во изминатата година. Песната „Začarani krug“, создадена како уште една успешна соработка помеѓу тандемот Вјекослав и Тончи ...

Во последните недели на социјалните мрежи кружеа шпекулации за можната нова локација, а сега е потврдено дека е потпишан договор со египетска компанија за организација на фестивалот. Деталите за овој нов проект ќе бидат јавно претставени по завршувањето на овогодишната прослава на 25-годишнината од постоењето на „Exit“. Организаторите објаснија дека причината за напуштањето на Србија се силните финансиски и политички притисоци, кои започнале ...

Шумскиот пожар на периферијата на Атина беше ставен под контрола утрово, но евакуацијата на населението од загрозените подрачја продолжи поради очекуваните силни ветрови. Портпаролот на противпожарната служба денес изјави дека пожарот во областа е под контрола, но дека сè уште не е целосно изгаснат. Претходно, најмалку едно лице почина, а неколку куќи и земјоделски имоти беа уништени во петокот, кога пожарите, поттикнати од бурните ветрови, се ...

Завршена е кривичната истрага за 62-годишен Хрват осомничен за кривично дело нелегално производство и трговија со дрога. Кривичната истрага утврдила дека тој набави големи количини кокаин и хероин за понатамошна препродажба. Дрогата ја превезувал во автомобил „пежо“ со регистарски таблички од Сплит, скриени на местото каде што вообичаено се наоѓа воздушното перниче, пред совозачкото седиште. Полициските службеници го запреле вчера околу 11:30 ...

Денеска во Скопје се одржа мирен протест за осуда на геноцидот врз палестинскиот народ и за изразување солидарност со цивилите во Појасот Газа, јавува Анадолу. Протестот, на кој учествуваа студенти и граѓани по повиците на социјалните мрежи, се одржа пред Собранието на Северна Македонија. Демонстрантите носеа палестински знамиња и извикуваа слогани за поддршка на палестинскиот народ. Протестот пред Собранието беше организиран откако тоа неодамна ...

Голем пожар што избувна југоисточно од Атина и одзеде еден живот сè уште гори и се шири поради силните ветрови. Грчките медиуми јавуваат дека ситуацијата е претежно под контрола и дека неколку хеликоптери и воени чамци учествуваат во операцијата за гаснење. Пожарот гори на околу 35 километри од Атина, а градоначалникот на едно од погодените села рече дека станува збор за подметнат пожар. На местото на избувнувањето е пронајдена плинска боца, а ...

Неколку министри и високи функционери на грчката влада се осомничени за голема измама со европските земјоделски субвенции, со што Европската Унија е оштетена за стотици милиони евра. Но, и покрај фактот што европските обвинители формално ги означија како осомничени, правдата најверојатно нема да биде задоволена – бидејќи премиерот Киријакос Мицотакис ја блокира истрагата, пишува Политико. „На Грција во 2025 година не ѝ требаат скандали, туку ...

Хрватскиот морнар Марко Бекавац е ослободен од турски затвор и е во Хрватска, ќе биде со своето семејство во текот на денот, потврди хрватскиот министер за правда, администрација и дигитална трансформација – Дамир Хабијан. – Можам да потврдам дека капетанот Бекавац дојде во Хрватска утрово – рече Хабијан и изрази задоволство од неговото ослободување од затвор бидејќи, додаде, тоа е резултат на месеци напори во тој исклучително предизвикувачки ...

Припадници на Министерството за внатрешни работи безбедно ја уништија воздушната бомба „M.C. 1,000lb Mks I“ од Втората светска војна, произведена во Велика Британија, во Делиблатска пешчара, во атарот на селото Гај. Препорачано Уништената воздушна бомба тежеше околу 500 килограми, со експлозивно полнење од околу 220 килограми. Од 2010 до крајот на 2024 година, припадниците на Одделот за вонредни ситуации на Министерството за внатрешни работи, ...

Уште еден професор кој беше активен во студентските протести е отпуштен од работа. Професорот по филозофија од Рума, Бојан Батало, повеќе нема да работи во СТУ „Миленко Брзак Уча“, училиштето каде што поминал 16 години. Неговиот договор не беше продолжен затоа што, според него, одбил да молчи и да слуша, и јавно ги поддржал протестите и студентите од овој град, од кои повеќето се негови поранешни студенти. Препорачано Од почетокот на ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
1.54
83%
1026
weather icon

Загреб

14ᴼ / 10ᴼ
1.03
85%
1026
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
87%
1026
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
4.44
61%
1023
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
95%
1027
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
6.26
67%
1018
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
71%
1019
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
6.17
34%
1023
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
83%
1021
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
2.06
95%
1025
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
5.66
72%
1019
Currency

61.535

Currency

51.9692

Currency

70.9195

Currency

34.6976

Currency

37.8028

Currency

66.0522

Currency

7.30677

Currency

0.61885

Currency

0.35511

Currency

0.52571

Currency

1.25926

Currency

0.59228