Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Бугарија влегува во нова политичка фаза по формирањето на владата предводена од Румен Радев, што се оценува како еден од најзначајните пресврти во последните децении. По долг период на институционална нестабилност, чести избори и технички влади, новото мнозинство за првпат по речиси три децении обезбедува можност за самостојно управување без коалициски договори. На парламентарните избори одржани на 19 април 2026 година, партијата „Прогресивна ...
Грција е подготвена да донесе значителни уставни промени, особено амандман кој наложува дека вештачката интелигенција мора да му служи на човечкото општество, објави „Индепендент“. Конзервативниот премиер Кирјакос Мицотакис денеска ги претстави предложените ревизии, опишувајќи ги како клучни за заштита на идните генерации во услови на глобална загриженост поради ризиците што вештачката интелигенција ги носи за демократското владеење и за ...
Пишува: ЕВГЕНИЈ ДАЈНОВ / DW.com/bg Превод и обработка: Љубомир Костовски / Глобус На денот на изборите, се препуштив на некои од бугарските таканаречени „мејнстрим“ медиуми, кои инаку ги избегнувам. И до ручек сфатив зошто бугарскиот народ периодично гласа за некој што ќе „го среди тоа“. Година по година, деценија по деценија, голем дел од медиумите создадоа услови ова да биде релативно траен јавен став. Чудо е што потрагата по „спасители“ не ...
Министерот за одбрана на Грција Никос Дендиас ја остави отворена можноста земјата да набави транспортни авиони Ц-390 од Португалија за што разговарал на средбата со неговиот португалски колега Нуно Мело за време на посетата на Лисабон, јави дописничката на МИА од Атина. Дендиас по средбата се осврна на билатералните односи меѓу двете земји кои ги карактеризираше како извонредни. – За време на нашите разговори уште еднаш ги потврдивме овие ...
Бугарскиот парламент треба да ја избере 107-та влада на Бугарија, по што кабинетот на Румен Радев од „Прогресивна Бугарија“ ќе положи заклетва. Новата влада ќе има четири вицепремиери и 18 министри. За надворешни работи е предложена Велислава Петрова-Чамова, а за финансии Галаб Донев. Радев најави стабилност, пониски цени и побрзи исплати од европскиот План за раст. Бугарскиот парламент треба да ја избере 107-та влада на Бугарија, по што ...
Со приближувањето на летната сезона и растот на цените на нафтата на светските пазари, многу возачи кои патуваат кон Грција се обидуваат однапред да откријат каде можат да наточат гориво по најповолна цена. Според податоците за просечни цени на гориво низ Грција, разликите меѓу бензинските пумпи и брендовите се забележливи, па изборот на пумпа може значително да влијае на трошоците за патување. Меѓу најповолните цени за бензин се издвојува ...
Бугарија има нова редовна влада. Парламентот гласаше за составот и структурата на кабинетот „Радев“. „За“ кандидатурата на премиерот и структурата на Министерскиот совет беа 124 пратеници (сите од „Прогресивна Бугарија“), „против“ се изјаснија 70 народни претставници (од ДПС, ПП, ДБ и „Преродба“), а 36 (од ГЕРБ-СДС) беа воздржани. Со два гласа помалку беше изгласан составот на МС. Неколку минути по 11 часот, премиерот, вицепремиерите и ...
Додека кризата на Блискиот Исток го држи глобалниот пазар на енергија во неизвесност, цените на горивата во соседството достигнуваат нови рекорди. Од владини интервенции во Хрватска до драстични најскапо во Црна Гора, проверивме колку ќе ве чини полн резервоар денес во земјите од регионот. Црна Гора Моментално, Црногорците плаќаат најскапо за гориво на Балканот. Eurosuper 98 и 95 чинат 1,65 евра и 1,61 евро за литар. Eurodiesel чини 1,71 ...
Бугарската крипто-компанија Nexo, која пред само неколку години беше исфрлена од американскиот пазар и казнета со десетици милиони долари поради спор со американските регулатори, денес повторно се враќа во САД – овојпат со поддршка и блиски врски со семејството Трамп. Во анализа на EUalive се наведува дека токму контактите со Доналд Трамп Помладиот и променетата политичка клима во Вашингтон ѝ овозможиле на компанијата ново позиционирање на ...
Слетувањето на еден од најголемите транспортни авиони во светот – „Антонов Ан-124 Руслан“, од украинско производство – на меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ во близина на косовската престолнина Приштина, предизвика вознемиреност и бројни прашања кај граѓаните на Косово, пишува косовскиот весник „Газета Експрес“. Огромниот авион, долг речиси 70 метри, со распон на крилјата од 73 метри и носивост до 150 тони, бил забележан како слетува на ...
Со месеци се води дијалог за укинување на работните денови и часови, а ќе има поголема мотивација ако го скратиме работното време, а ќе патуваме и ќе живееме многу подобро отколку денес. Тоа нема да се случи. Ќе работиме понапорно, рече претседателот на Србија Александар Вучиќ. – Ќе мора да работиме повеќе, а не помалку. Жал ми е што морам да го кажам ова бидејќи знам колку е непопуларно, но некој мора да им даде до знаење на луѓето. Со ...
Добивај вести на Viber Српскиот премиер, проф. д-р Ѓуро Мацут, изјави дека српската страна е незадоволна од предлогот на MOL во преговорите за купување на Нафтената индустрија на Србија (НИС), дека целосно ги разбира потребите на MOL за постигнување на најдобри можни позиции во својот договор, но дека тоа не може да биде на штета на Србија. „Предлогот поднесен од MOL не е целосно прифатлив за нас. Постојат потреби што треба да се корегираат, ...
Министерот за правда на Србија, Ненад Вујиќ синоќа соопшти дека првата верзија од измените на пакетот судски закони ќе биде испратена денеска до известителите на Венецијанската комисија, по што одредени делови ќе им бидат објаснети за време на онлајн состанок. На втората јавна расправа одржана вчера, за можни решенија за измена на пакетот судски закони во согласност со Уставот, законите и препораките на експертите на Венецијанската комисија, ...
Германската полиција две недели безуспешно го бара Исмет К. (51), бизнисмен од Босна и Херцеговина, кој беше киднапиран од непознати сторители на шумски пат во близина на берлинската населба Вајдманслуст. Оттогаш нема никаква трага од него, поради што полицијата и обвинителството се принудени да побараат помош од јавноста. Како што потврди портпаролот на берлинската обвинителство, државниот обвинител Михаел Пецолд, „на 23 април во 11:15 ...
Полска беше најголемиот купувач на злато во првите два месеци од 2026 година, додавајќи повеќе од 20 тони во своите резерви, според податоците од Светскиот совет за злато. Купувањето е дел од поширок повеќегодишен план на полската централна банка за достигнување на 700 тони, што одразува зголемени безбедносни загрижености на источното крило на НАТО. Други значајни глобални купувачи се Узбекистан и Казахстан, кои постојано ги зголемуваат ...
Грчката одбранбена индустрија прави скок што ги надминува дури и земјите како Иран, а патувањето само што започнува. Кога министерот за национална одбрана Никос Дендиас ја посети 306-та фабрика за телекомуникациска база (306 EBT) во Ахарнес, придружуван од раководството на Генералштабот на грчката национална одбрана и армијата, тоа не беше формална посета. Тоа беше официјална презентација на амбицијата на Грција да изгради домашна одбранбена ...
И за престојната летна сезона, Хрватска не планира привремена суспензија или одложување на примената на новиот систем за влез и излез во земјата (ЕЕС), информираа од тамошното Министерство за внатрешни работи (МВР), пренесуваат регионалните медиуми. Земјата тврди дека е технички подготвена за целосна имплементација на системот за влез и излез во Шенген зоната. Од хрватското МВР велат дека сите патници од трети земји (меѓу кои е и Македонија) ...
Сараево, 7 мај 2026 (МИА) – Централната изборна комисија (ЦИК) на Босна и Херцеговина ги распиша изборите на 4 октомври, на кои гласачите ќе можат да ги изберат хрватските, бошњачките и српските членови на Претседателството на БиХ, претставничките домови на ентитетите и државниот парламент, претседателот и потпретседателите на Република Српска и десетте кантонални собранија во Федерацијата БиХ. Тоа ќе бидат десетти повоени општи избори во ...
Видео снимка од безбедносни камери во месарница во Скопје деновиве се споделува на социјалните мрежи, а на неа се гледа како млада женска личност ја зема кутијата наменета за донации, поставена веднаш до касата. Според снимката, девојката најпрво купува во месарницата, а потоа во момент кога вработените не забележуваат, ја зема кутијата и ја става кај себе. Видеото предизвика бројни реакции и коментари на социјалните мрежи, особено поради ...
Словенците не се најбогати во Европската Унија, но според најновите податоци на словенечкиот Завод за статистика и Евростат се меѓу најзадоволните од животот: жителите над 16 години во Словенија го оцениле својот живот со просечни 7,7 од 10, што ја става земјата веднаш зад Финска и рамо до рамо со Романија. Оваа бројка е важна затоа што ја руши едноставната претпоставка дека среќата во Европа се мери само со богатство. Словенечкиот БДП по ...
Денеска се навршуваат 27 години откако НАТО фрли касетни бомби во Ниш, пишува РТС. Пред 27 години, на 7 мај во 11.20 часот, со касетни бомби беа засипани центарот на Ниш, улицата Шуматовачка, тврдинскиот пазар, автобуската станица, како и дел од нишкиот Клинички центар. Загинаа 16, а потешко беа повредени 18 цивили. Во нападот настрада и жена во седмиот месец од бременоста. Делови од касетните бомби експлодираа покрај зградата на Патологија ...
Атина, 7 мај 2026 (МИА) – Предвремена отплата на долг во висина од 6,9 милијарди евра од првиот меморандум, односно од првиот заем од европските земји на почетокот на економската криза, најави министерот за национална економија и финансии на Грција Кирјакос Пиеракакис во изјава за „Ројтерс“, јави дописничката на МИА од Атина. Според Пиеракакис предвремената отплата на долгот е планирана следниот месец, а со тоа и дополнително ќе се намали ...
Добивај вести на Viber Хрватските власти се осврнаа на шпекулациите за евентуално укинување на EES системот на границите за време на летната сезона и истакнаа дека ниту една држава не побарала негово укинување, и покрај незадоволството на возачите и почетокот на туристичката сезона. За време на првомајските празници на границата меѓу Босна и Херцеговина и Хрватска беа забележани значително поголеми гужви од вообичаено, а главната причина за ...
Западен Балкан во мај веројатно ќе се соочи со зголемени ризици од дезинформации поттикнати од надворешни случувања кои влијаат на интеграцијата во ЕУ, особено политичките пораки околу проширувањето, промената на динамиката во Брисел и пошироките геополитички тензии, се вели во месечниот извештај на „Дисинфо радар“. Претстојниот Самит меѓу Европската Унија и Западен Балкан, закажан за 5 јуни во Црна Гора, се очекува да биде главен ...
Во Брисел разговарале за Украина, одбраната и подготовките за самитот на НАТО во Тирана Албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Ферит Хоџа, во Брисел оствари средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, на која биле отворени прашања поврзани со актуелната безбедносна состојба, улогата на Алијансата и стабилноста на регионот. Хоџа преку објава на Фејсбук соопшти дека разговорите се одржале во период кога Албанија презема сè ...
Вештачката интелигенција да му служи на човекот; забрана за воведување ретроактивни даноци; систем на оценување на државните службеници; зголемување на шест години на мандатот на претседателот на земјата; ограничување на улогата на Парламентот во истрагата за евентуална кривична одговорност на министрите; избор на раководството на судството од надлежната парламентарна Комисија, а не од Владата, се дел од предложените измени на грчкиот Устав, ...
Тежок инцидент се случи во софиската населба „Љулин 3“, каде што 79-годишен возач со својот автомобил удрил во двајца пешаци пред банкомат лоциран во трговски центар. Детали за несреќата Според информациите од СДВР (Софиската дирекција за внатрешни работи), причина за несреќата е невнимание на возачот. Како што се наведува во полицискиот извештај: Возачот ги помешал педалите на возилото. Наместо кочница, тој силно притиснал на педалата за ...
Вршителот на должноста шефица на Канцеларијата на Европската Унија (ЕУ) во Косово, Ева Палатова, денеска изјави дека Косово не може автоматски да добие статус на кандидат за ЕУ и дека мора да ги убеди сите 27 земји-членки. Таа одговори на изјавата на косовскиот премиер Аљбин Курти, кој на прославата по повод Денот на Европа во Приштина побара од ЕУ да му додели статус на кандидат за Косово и да отвори преговори за прием во членство. „За ...
Регионалната новинарска мрежа „SafeJournalists“ („Сејф џурналист“) изразува целосна поддршка за колегите од Нова ТВ, кои, како што велат, завчера биле жртви на брутален напад во општина Марина во Хрватска. Мрежата остро го осудува овој чин на насилство и повикува на итно откривање и гонење на сите инволвирани во овој вознемирувачки напад врз новинарите. Како што објаснуваат, инцидентот се случил по прилог емитуван во неделата вечерта во ...
Можната продажба на медиумите Н1, Нова, Данас, Радар и подгоричките „Вијести“ доби нова политичка тежина откако во Унгарија беше отворена истрага против компании поврзани со Ѓула Балаши, еден од најважните медиумски и комуникациски играчи од ерата на Виктор Орбан. Балаши претходно бил партнер на инвестицискиот фонд „Alpac“ при купувањето на „Euronews“, а токму „Alpac“ сега се споменува како потенцијален купувач на дел од медиумите во рамки на ...