Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Комисијата за заштита на конкуренцијата во Србија донесе ново упатство со кое подетално се уредува преговарачката моќ на купувачите во однос на добавувачите, во согласност со Законот за трговски практики за одредени видови производи. Новите правила ќе стапат во сила на 18 јули, осум дена по нивното објавување во Службениот гласник. Со упатството се воведува јасен критериум според кој ќе се проценува дали еден купувач има значителна ...
Добивај вести на Viber Со децении, одењето во Германија за граѓаните на Босна и Херцеговина(БиХ) беше синоним за „спас“ и еднонасочна карта за подобар живот. Сепак, најновите податоци од Федералниот завод за статистика на Германија (Дестатис) за 2025 година откриваат тренд што може да изненади многумина - миграцискиот притисок од Босна и Херцеговина кон Германија е во драстичен пад. Бројки што го менуваат наративот Според податоците на ...
Пет дена по невидената драма на летот од Солун до Менингем, кога дел од моторот удри во стаклото и го скрши прозорецот на преполн патнички авион и доведе до декомпресија што речиси го истисна српскиот државјанин Љубиша Каровиќ од авионот, се појави нова снимка од инцидентот. Како што објави Би-би-си, жената што го држеше својот сопруг за нозете додека силниот притисок речиси го истиснуваше од прозорецот на авионот на компанијата Рајанер во ...
Европската Унија (ЕУ) и Црна Гора денес, на 28-от состанок на Меѓувладината конференција во Брисел, привремено ги затворија преговорите во рамките на Поглавје 8 – Конкуренција и Поглавје 29 – Царинска унија, зголемувајќи го бројот на привремено затворени поглавја од преговорите на 18 од вкупно 33 отворени, објави Советот на Европската Унија по конференцијата. Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ изјави на прес-конференција дека Црна Гора не ...
65-годишен маж вчера бил уапсен на грчкиот остров Крит, откако гледач пријавил дека го видел како ја тепа својата 28-годишна партнерка за време на пренос во живо на „Тикток“, објави „Екатимерини“. Гледачот се јавил на итниот број 112, по што полицијата од станицата во градот Малевизи била известена за случајот. Полициските службеници го пронашле осомничениот и го уапсиле во куќа каде бил заедно со жртвата и со неговата 15-годишна ќерка, која ...
Веќе неколку недели преку WhatsApp и други комуникациски канали се шират вознемирувачки снимки од понижување на малолетно девојче пред основно училиште во поширокото подрачје на Загреб. Инцидентот се случил на почетокот на јуни. Во крајно одвратниот инцидент учествувале исклучиво девојчиња, поточно поголема група врснички, кои ја опколиле девојката и ја натерале да клечи на земја. Извини што реков дека си невоспитана и што те навредував, вели ...
Синдикатот на вработените во државниот сектор (АДЕДИ) и студентите организирани од нивните здруженија денеска во Атина одржаа протест за да го изразат незадоволството за уставните измени што го предложи грчката Влада, а се однесуваат на евалуација на државните службеници и на отворање приватни универзитети, јави дописничката на МИА од Атина. „Образованието не е предмет на трговија“; „Не за приватните универзитети“; „Дипломи со заслуга, а ...
Во близина на Пула, во Хрватска, се наоѓа објект што го користела Титовата војска, ЈНА, како една од најстрого чуваните тајни на поранешна Југославија. Авантуристот и фотограф Ален Банковиќ го посетил складиштето на мини и торпеда на полуостровот Музил во Пула. Тој подземен лавиринт изграден уште за време на Австроунгарската монархија, но својата вистинска функција ја добил за време на поранешна Југославија. Бројни раскрсници и коси премини ...
Воените симболи немаат место во јавниот простор на Република Српска, изјави претседателот на СНСД, Милорад Додик, во објава на социјалната мрежа X денес. Тој праша дали, како што изјави, Бошњаците се откажале од сегашното знаме на Федерацијата на Босна и Херцеговина, „кога толку многу се повикуваат на военото знаме и жалат што неговото прикажување е забрането во Република Српска“. Додик рече дека Федерацијата на Босна и Херцеговина „може да ...
Српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ изјави дека Србија и Соединетите Држави, „првпат во историјата“, ги подигнуваат односите на ниво на стратешко партнерство, а првата сесија од дијалогот ја најави за петок, 17 јули. Ѓуриќ за Радио-телевизија Србија (РТС) изјави дека одлуката на Вашингтон за започнување стратешки дијалог меѓу Србија и САД е „една од најзначајните вести во односите меѓу двете земји во последните неколку години“ ...
Судот во Солун условно осуди 70-годишен маж на три години затвор, откако предизвикал пожар додека се обидувал да потпали осарник, а огнот се проширил кон соседни објекти, објави „Екатимерини“. Судот го прогласи за виновен за предизвикување пожар од небрежност поради огнот што избувнал минатиот четврток во Калохори, западно од Солун и не му призна олеснителни околности. Тој исто така добил административна казна од противпожарната служба во ...
Македонија на сцената на меѓународните дипломатски и јавно-правни случувања од 19 век се појавила во текот на Големата источна криза (1875 – 1881). Тоа се години на востанија во целото Отоманско Царство, на војни, преговори и договори. Значаен момент во надминувањето на оваа сложена воено-политичка состојба е меѓународниот Конгрес во Берлин одржан од 13 јуни до 13 јули 1878 година под претседателство на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк. ...
Познатото добрососедство од Бугарија на своја кожа го осети и Србија. Бугарија е една од земјите што го блокираше продолжувањето на преговорите и покрај што комисијата на Кос даде препорака. Ејјј Бугарија блокира, да се отепаме. На сите кои следиме политика ни е јасно дека Бугарија е прокси во рацете на голмите сили во ЕУ, пред се на Германија и Франција кои веќе не сакаат дежурни виновници зошто во скоро време ќе нема проширување во Унијата ...
Бугарските власти поднесоа обвиненија против 30-годишен маж и 41-годишна жена за наводно киднапирање и за сексуална трговија со млада девојка, објави „Новините“. Окружното обвинителство во Стара Загора исто така го товари мажот дека ѝ нанел телесна повреда, откако жртвата, според наводите, се здобила со скршеница на десната рака за време на злоставувањето. Според истрагата, кривичните дела биле извршени во периодот од 7 до 14 февруари во ...
Требаше да биде најсреќниот ден во мојот живот. Со сопругата собравме 25.000 евра за да купиме нов автомобил од Германија и отидовме на патување со моите пријатели. На крајот, речиси нè убија во близина на Грац, завршивме во болница, ограбени, а добивме и сметка од болницата. Никој од амбасадата или од други институции дури и не праша за нас - Д.В., потресен жител на Загреб, ја раскажува својата животна приказна за порталот Јутарњи. Тој и ...
Бугарија се повлекува од коалицијата на земји кои ѝ даваат поддршка на Украина во одбрана од руската агресија, објави претседателот Румен Радев, пренесе БГНЕС. Со овој потег, Бугарија дополнително се дистанцира од мнозинството членки на Европската Унија кои ја поддржуваат Украина, оценува Блумберг. Радев, кој е познат како гласен критичар на испраќањето воена помош на Украина, постојано ги отфрла обвинувањата дека зазема проруски став во ...
Да бев Слободан Милошевиќ, етнички ќе го исчистев Косово во 1998 година, изјави министерката за државна управа и локална самоуправа и функционерка на СПС, Снежана Пауновиќ. Министерката Пауновиќ, која е родум од Пеќ, во интервјуто што во саботата, на 11 јули, беше емитувано на ТВ Курир, изјави дека во 1998 година, доколку била на местото на тогашниот претседател на СР Југославија, Слободан Милошевиќ, етнички ќе го исчистела Косово. Од нашата ...
Предлогот на Европската комисија за забрзување на патот на Србија кон членство во Европската унија нема да ја добие потребната поддршка од земјите-членки, што укажува на продлабочување на јазот околу тоа како земјите-кандидатки треба да го заработат влезот во блокот, пренесува Индекс.хр. Комисијата ќе бара одобрение за отворање нов преговарачки „кластер“ на состанокот на амбасадорите во Брисел оваа среда, но неколку влади се скептични, а ...
По години рекорден раст и сè повисоки цени, недостигот од работна сила и неуспехот да се привлечат туристи со поголема потрошувачка моќ ги разоткриваат слабостите на хрватскиот туристички модел. На почетокот на јули, хрватскиот министер за туризам и спорт го претстави својот годишен извештај за клучниот туристички сектор на земјата. Како и секогаш, бројките изгледаа импресивно. Околу 7,6 милиони туристи ја посетиле земјата во првата половина ...
Потрошувачката на електрична енергија за користење на клима уреди во Грција е двојно зголемена во споредба со периодот од пред неколку години, објавува денес „Катимерини“, повикувајќи се на податоците од „Евростат“. Според извештаите, приближно 70 проценти од домаќинствата во Грција имаат барем еден клима уред, а земјата потрошила 11.900 тераџули за ладење на згради во 2024 година, во споредба со 5.850 TJ во 2018 година. Ова значи дека 7,4 ...
Српските власти воведоа итни мерки за справување со африканската свинска треска, откако заразата се прошири во повеќе делови од земјата. На состанок на државниот врв била разгледана актуелната состојба и биле договорени дополнителни активности за спречување на натамошното ширење на болеста. Според официјалните информации, инфекцијата досега е регистрирана во 18 општини, а како дел од мерките за контрола на заразата биле еутаназирани повеќе од ...
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека иницијативата „Отворен Балкан“ се сметала за „ужасна идеја“ само од една причина – дека ја поддржале тој и српскиот претседател Александар Вучиќ”. “Тоа беше ужасна идеја од единствена причина што Вучиќ и јас стоевме зад неа. Ако ги отстраниме нашите имиња и ги замениме со, да речеме, пет други, тоа ќе се сметаше за одлична идеја. Така функционира сè на Балканот“, изјавил Рама во интервју за „Еуроњуз ...
Грчките служби за цивилна заштита се ставени во состојба на зголемена готовност поради многу висок ризик од избувнување и ширење шумски пожари во повеќе делови од земјата, соопшти денеска Генералниот секретаријат за цивилна заштита при Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција. Според картата за проценка на ризик од пожари за денес, во неколку региони е прогласено многу високо ниво на опасност, односно четврти степен, што ...
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, присуствуваше на свечена вечера што ја организираше претседателот на Република Франција, Емануел Макрон, по повод Националниот ден на Република Франција, во чест на шефовите на држави и влади. Во Париз, во пресрет на прославата на Националниот ден на Франција и Денот на Бастилја, кој ги симболизира вредностите на слободата, еднаквоста и заедништвото, имав можност да разговарам со бројни ...
Лекарите од Итната медицинска помош деновиве бележат зголемен број повици од пациенти кои користат лекови за разредување на крвта, а најчестите симптоми поради кои бараат помош се крварење од носот, појава на модринки, крварење од непцата и крв во урината. Според докторката Данијела Јевтиќ, овие симптоми можат да укажуваат дека терапијата има посилен ефект од очекуваното, па затоа пациентите треба навреме да се консултираат со својот лекар. ...
Сите патници во комбето вклучени во несреќата во Липци на патот Котор-Никшиќ се српски државјани, при што 21-годишна девојка почина по обидите за реанимација, а 16 други се повредени, изјави Дино Пањако, директор на Специјалната болница за ортопедија, неврохирургија и неврологија „Васо Ќуковиќ“ во Рисан. Пањако нагласи дека состојбата на повредените во сообраќајната несреќа во Липци е стабилна и изјави дека едно дете, на возраст од околу 10 ...
Двајца чешки државјани завршиле во притвор откако пронашле паричник со 45.300 евра во Мали Лошињ, Хрватска, но не му го вратиле на сопственикот. Наместо тоа, ги присвоиле парите, а дел од сумата сè уште недостасува, објавија хрватските медиуми. Според сомневањата на истражителите, мажите пронашле паричник кој му паднал на сопственикот и го задржале. Кога полицијата ги пронашла, целиот износ повеќе не бил во паричникот. 6.100 евра исчезнале, ...
Пожар избувна денеска нешто пред 15 часот во дворот на компанијата „Цезар“ во индуистрискиот дел во источниот дел на Загреб, Хрватска.. Густ црн чад набрзо се издигна над тој дел од градот, видлив дури и од подалечните делови на Загреб, пренесуваат хрватските медиуми. Пожарникарите пријавија дека гори приколка на камион. Пожарот беше ставен под контрола навреме, па затоа не беше потребна дополнителна помош. На теренот има и багер, кој се ...
Насилник од српскиот град Смедерево ноќеска бил уапсен откако со воздушен пиштол пукал кон група тинејџери во дворот на основно училиште и погодил еден од нив во раката, пренесува „Нова“. На пукањето му претходела расправија и туркање меѓу групата тинејџери и 24-годишниот осомничен, откако момчињата се обиделе да ја одбранат девојка која осомничениот наводно ја допирал. „Во еден момент тој ѝ пришол на девојката и наводно ја допирал, по што ...
Властите предупредуваат дека вирусот лесно се шири Африканската свинска чума продолжува да се шири во Србија, каде што досега е потврдена на 496 фарми во 18 општини и осум административни области. Од 9 јули, на заразените фарми угинале 1.015 свињи, а 10.515 животни биле еутанизирани за да се спречи натамошното ширење на болеста. Во изминатите два месеци дополнително биле еутанизирани повеќе од 10.000 свињи на помали фарми во Мачванскиот ...