Промо тв Серии

„Синот“ – од понеделник до четврток во 22:15

Сложена приказна за честа и семејството. За вредностите кои ги почитуваме. Секој што ги напаѓа, плаќа мошне висока цена. Семејна драма што се одвива цели 150 години во Тексас.

Оваа серија мошне лично ни покажува како немилосрдната желба за моќ има големи последици во неколку генерации на семејството МекКалоу.

Илај МекКалоу е лидер на патријархот во семејството, лик во интерпретација на познатитот Пирс Броснан. Илај од добродушен, харизматичен и невин доселеник, ќе се претвори во пресметлив  насилник кој што на Дивиот запад ќе изгуби се.

Потоа од темел ќе создаде нафтена империја која ќе му донесе големо богатство.

Вестерн серијата е снимена според истоимениот бестселер на Филип Мејер,  предложена е за наградата Пулицер и е една голема  сага што ја прати ова семејство.

Тексас… во средината на 19 век. Одземајќи ја земјата на Индијанците, со масовното доселување на Американците,  семејството МeкКалоу предводена од Броснан – фасцинантно ќе ја понесе атмосферата на приказната од почетокот до крајот.  Од друга страна,  војната помеѓу Мексико и Соединеттите Држави е една сурова, насилна и  фаццинанатна приказна…

Тексас, со убавата и отворена природа, периодот помеѓу  19-от и 20-век со новите технологии, но и трагите на минатото… Tоа е период на транзиција каде што ќе експлодира сударот на генерациите.

Како Броснан стана Илај и како се врза со публиката

За неговиот карактер во оваа улога, нема да  му замериме многу за неговите две страни од неговиот живот. Не наведува да го цениме, а крвопролевањето што го предизвикува уште повеќе не’ наведува да ја почитуваме  неговота приказна.

За да го заштитиме своето семејство, на крајот разбираме зошто е таков. Сепак неговото минато со Команчите,  однапред ја искреирала неговата иднина. Со ваков посебен лик, сите околу него придонесуват приказната да не однесе уште поназад …

Во Тексас пред два века….

Во главните улоги: Пирс Броснан, Паола Нуњез, Џејкоб Лофланд и Хенри Гарет.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

БАТИСТ прва сезона – сериски филм – НАСКОРО

Дејан Дејан

РУДНИЦИ НА СТРАСТА – НАСКОРО

Дејан Дејан

НИШТО ВАЖНО – сериски филм – НАСКОРО

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе