Скопје
14ᴼ /
14ᴼ
Американската војска ги прекина нападите во Иран, изјави американски функционер. Од почетокот на војната, САД нападнаа повеќе од 13.000 цели во Иран, соопшти Централната команда на САД. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека се согласил на двонеделен прекин на огнот со Иран. Тој постави услов за повторно отворање на стратешки важниот Ормуски теснец. Иранскиот министер за надворешни работи Сејед Абас Арагчи изјави дека ...
Израелската војска изрази жалење откако синагога во Техеран беше оштетена во ракетен напад извршен претходно денес. „ИДФ жали за колатералната штета на синагогата и нагласува дека нападот беше насочен кон висока воена цел во рамки на вооружените сили на режимот, а не кон верски објект“, се наведува во соопштение испратено до „Си-Ен-Ен“. Во соопштението се додава дека целта бил висок командант во штабот Кхатам ал-Анбија, кој го користат ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски учествува во Стратешки дијалог Македонија – САД, кој се одржува во Вашингтон, каде што се одржува втората сесија од овој важен билатерален процес. Стратешкиот дијалог претставува значајна платформа за продлабочување на соработката меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, со фокус на безбедноста, владеењето на правото и институционалниот развој. Во рамки на дијалогот, ...
Гасните полиња Кариш и Танин, лоцирани покрај израелскиот брег во источниот Медитеран, се наведуваат како можни цели на ирански напади доколку се реализираат заканите на Доналд Трамп за уништување на иранската инфраструктура. Во документ дистрибуиран од иранската државна телевизија Press TV се посочуваат четири точки, меѓу кои и гасните полиња Кариш и Танин како потенцијални мети. Трамп постави рок и се закани дека ќе ги уништи сите мостови ...
Белата куќа ја објави првата фотографија направена од далечната страна на Месечината. Неверојатната слика на НАСА, направена од вселенското летало Орион, е направена додека Земјата исчезнувала под лунарниот хоризонт, се вели во неа. За потсетување, четири астронаути од „Артемис II“ вчера испишаа историја со завршувањето на најоддалеченото човечко патување од Земјата. За време на вчерашниот прелет на Месечината, екипажот имаше можност да ...
Во рамки на Стратешкиот дијалог со САД кој се реализира во Вашингтон, министерот за одбрана Владо Мисајловски ја предводеше првата сесија од разговорите посветена на одбранбените и безбедносни прашања при што укажа на долготрајното партнерство помеѓу двете сојузнички земји кое „ги зајакнува одбранбените капацитети и ги зацврстува мирот и безбедноста.“ Пред претставниците на американскиот Стејт Департмент, Мисајловски истакна дека ...
Додека светот проценува колку сериозно да ги сфати заканите на американскиот претседател, Доналд Трамп, кон Иран, Белата куќа повторно го нагласи барањето Техеран во наредните часови да постигне договор, посочувајќи дека само претседателот знае како ќе реагира доколку тоа не се случи. „Иранскиот режим има рок до 20 часот по американско источно време (2 часот по полноќ по македонско време) да одговори на ситуацијата и да постигне договор со ...
Првата фотографија од темната страна на Месечината е направена за време на мисијата Артемис II, а НАСА објави снимки од вселената. Екипажот на Артемис II, од леталото Орион, за првпат во историјата ја видел темната страна на Месечината, а објавени се и фотографии на кои се гледа таа страна со Земјата во позадина. The Artemis II crew captured this image showing the rings of the Orientale basin during their lunar flyby on April 6. At the 10 ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши одржа средбата со досегашните претседатели на Собранието, Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески. Ова е вторa по ред ваква средба, организирана со цел размена на искуства и мислења. На почетокот на средбата претседателот Гаши се заблагодари за присуството, повторно искажа голема почит кон Собранието, според него една од најзначајните институции во државата. Накратко сподели информации за ...
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро предупреди дека нападите врз иранската цивилна инфраструктура, со кои се заканува Доналд Трамп, би претставувале кршење на меѓународното право и би довеле до ескалација и одмазда. „Ако сите се изјаснуваме против напади врз цивилна и енергетска инфраструктура, тоа го правиме првенствено затоа што тие се исклучени според правилата на војување и меѓународното право, а второ затоа што во ...
Министерот за здравство, Азир Алиу, им го честита 7 Април – Светскиот ден на здравјето на сите здравствени работници, на денешното традиционално свечено одбележување, во организација на Македонското лекарско друштво. -Годинешното мото „Науката ја прави здравствената заштита подостапна“ јасно говори дека научниот пристап во здравството претставува клучен двигател на иновации, напредок и унапредување на квалитетот на здравствените услуги. ...
Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, изјави дека на денешната седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, наместо сериозна и суштинска дебата за Националната стратегија за превенција и заштита од насилство врз жените, се случил „обид за евтин политички перформанс“. Според Пешевска, темата бара одговорност, зрелост и фокус, но наместо тоа, дел од колешките од опозицијата, кои како што наведува ретко учествуваат во ...
Министерот за дигитална трансформација е дел од Владината делегација на Стратешкиот дијалог помеѓу Македонија и Соединетите Американски Држави во Вашингтон. Според Андоновски, ова претставува значаен чекор во унапредување на билатералната соработка, со посебен фокус на дигиталната трансформација и сајбер-безбедноста. Во рамки на дијалогот, Андоновски ја предводи сесијата која ќе се однесува на дополнително зајакнување на партнерството во ...
Американскиот потпретседател Џеј ди Венс изјави дека војната со Иран ќе заврши многу брзо, јавува „Аанадолија“. „Многу брзо оваа војна со Иран ќе заврши“, рече Венс, додавајќи дека САД во голема мера ги оствариле своите воени цели. „Постојат два начина на кои ова конечно ќе заврши. Пред сè, Соединетите Американски Држави во голема мера ги остварија своите воени цели. Сè уште има некои работи што би сакале да ги направиме, на пример во врска ...
Снимки и фотографии од ирански државни медиуми, како што се наведува, прикажуваат луѓе кои протестираат пред електрани и мостови во земјата. Иранскиот функционер Алиреза Рахими претходно ги повика граѓаните, особено младите, да формираат „живи штитови“ околу електрани по заканите од американскиот претседател Доналд Трамп за нови напади врз инфраструктурата по истекот на ултиматумот. Рахими, претставен како секретар на Врховниот совет за ...
По спроведена темелна истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен акт против 10 лица и Обвинителен предлог против уште 11 физички и 4 правни лица. Со Обвинителниот акт сите десет лица се обвинети за сторено кривично дело Злосторничко здружување, на тројцата организатори им се ставаат на товар дека сториле продолжено кривично дело Даночно затајување и кривично дело – Перење пари и други ...
Денес се случи пукање пред зградата каде што се наоѓа израелскиот конзулат во Истанбул и, според првичните информации, три лица се „неутрализирани“, а двајца осомничени се убиени. „Три лица се неутрализирани, а двајца осомничени се убиени. Двајца полицајци се повредени во пукањето“, објави Полициската управа во Истанбул, пренесува „Хуриет“. Според „НТВ“, пукањето во Бешикташ, делот од градот каде што се наоѓа конзулатот, траело околу пет ...
Тензиите меѓу САД и Иран ескалираа со размена на остри закани. Американскиот претседател се закани дека ќе ја нападне иранската инфраструктура, додека Иранската револуционерна гарда изјави дека нема да се двоуми да возврати. Американскиот претседател изјави дека ако Иран не се согласи да го отвори Ормускиот теснец, ќе нареди напади врз иранските електрани и мостови во рок од неколку часа. Од друга страна, иранските државни медиуми објавија ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска на седница на Советот одговарајќи на советничко прашање посочи дека во изминатите неколку години наплатата на даноците била на многу ниско ниво, што довело до сериозни финансиски предизвици и последици. Тој информираше дека во текот на минатата година биле наплатени околу една милијарда денари по основ на даноци, при што дури 70 проценти од средствата се собрани во месеците по ...
Американскиот „New York Times“ го потврди она што го говори СДСМ. Пријателот на Мицкоски – Орбан е скриена рака на Русија во Европа и во НАТО и дека руски структури и дезинформациски мрежи активно се вклучуваат во политичките процеси во Унгарија, со цел да го одржат Орбан на власт, кажа на прес-конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска. „Таква е последната лажна операциа (false-flag) случајот со лажните вести за „експлозиви во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата платформа Truth Social порака за рокот што му го даде на Иран за повторно отворање на Ормускиот теснец. Во објава за време на викендот, Трамп му даде рок на Техеран до 1 часот наутро во среда по британско време. „Цела цивилизација ќе умре вечерва и никогаш нема да се врати“, рече тој. „Цела цивилизација ќе умре вечерва и никогаш нема да се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ...
Високиот експертски еколошки совет во рамките на бугарското Министерство за животна средина и води ги одобри еколошките процедури за изградба на граничниот премин Струмјани – Берово (Клепало), со што се дава „зелено светло“ за реализација на проектот, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна. Одобрениот Варијант 1 предвидува пократка траса, помал обем на градежни активности и ограничено влијание врз животната средина. Решението е усогласено со ...
Публицистот и колумнист Владимир Перев беше гостин во „Доверливо со Насер Селмани“. Перев и авторот и водител на емисијата новинарот Насер Селмани разговараа на повеќе теми, со фокус на европската интеграција на Северна Македонија и политиката на власта во однос на тоа прашање. Перев сподели свои видувања во врска со прашањето за внесување на Бугарите во Уставот на Северна Македонија и подвлече дека тоа е важно за нивната легитимација во ...
Општина Карпош преку Одделението за детска, социјална и здравствена заштита и оваа година, традиционално, по триесет и четврти пат по ред, во рамките на хуманитарната акција, им подели повеќе од 140 хуманитарни пакети на граѓани и семејства кои се во социјален ризик. Станува збор, појаснуваат од таму, за пакети со прехранбени продукти (зејтин, брашно, ориз, конзервирани и кондиторски производи) и хигиенски производи кои беа донирани од ...
Владата на Христијан Мицкоски задоцни со мерки и носи само делумни решенија без ефект. Холистичкиот пристап на македонскиот Далај Лама нема ефект, секогаш кога ќе најави мерки цената на дизелот поскапува, изјави Јована Тренчевска – потпретседателка на СДСМ. „Мерките на СДСМ не се воведени до крај, а цената на оваа неспособност ја плаќаат граѓаните кои се соочуваат со нов ценовен шок токму пред велигденските празници. Поскапени се: лебот, ...
Апелационен суд Скопје ја укина првостепената пресуда против Лидија Димова, поранешна директорка на Еразмус, и предметот го врати на повторно судење пред Основниот кривичен суд Скопје. Од Судот наведуваат дека во првостепената пресуда нејасно е за кои дејствија е винова Димова. „Апелациониот суд Скопје информира дека, по одржана јавна седница на 11.03.2026 година, донесе одлука со која ги уважи жалбите на Основното јавно обвинителство за ...
Словачкиот премиер Роберт Фицо денес изјави дека Словачка ќе се соочи со „исклучително сериозни меѓународни предизвици“ во наредниот период и дека Русија во моментов најмногу профитира од „намерно штетните украински дејствија и бесмислената војна на САД и Израел против Иран“ преку зголемувањето на цените на енергијата. Во видео порака на социјалните мрежи, Фицо оцени дека САД ја губат контролата врз војната во Иран, додека ситуацијата со ...
Ирачката државна компанија за трговија со нафта SOMO ги информираше производителите на нафта дека сите терминали за товарење се оперативни и дека може да товари нафта без ограничувања според договорот, откако Техеран официјално го ослободи Ирак од сите ограничувања за премин низ Ормутскиот теснец. Иран го вклучи Ирак на списокот на „пријателски“ земји чии бродови имаат дозвола да поминуваат низ теснецот, заедно со Кина, Русија, Индија и ...
Опфатот на скринингот на рак на дојка се движи од 0,8% до 5,4%, додека кај скринингот на рак на грло на матка од 10,3% до 15,5% од целната популација, што е значително под европските препорачани нивоа за организиран популациски скрининг, покажа најновиот извештај на Државниот завод за ревизија. Кај мамографскиот скрининг резултатите во просек се издаваат по околу 25 дена, а кај значителен број жени и по повеќе од 60 дена, додека кај ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе има зголемување на платите во Министерството за внатрешни работи, изјави: „Оваа година за нас е навистина тешка, посебно со случувањата во Заливот. Нешто за коешто веќе зборував, но тоа е што е, ќе се бориме. Сите Колективни договори коишто имаат обврска од 1 април, веќе започнаа да се применуваат. ...