СВР Штип поднесе кривична пријава против К.Л.(34) од Германија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работа од безбедноста“. МВР извести дека во саботата, на 18.07.2026 година, на улицата Гоце Делчев во Штип, пријавениот физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија. СВР Штип поднесе кривична пријава против К.Л.(34) од Германија поради постоење основи на ...

Олександр Сирски, поранешен врховен командант на вооружените сили на Украина, објави дека ги предава силите што моментално се во офанзива на новиот врховен командант Михаил Драпати. „Најважно е во каква состојба го предавам бојното поле. Под моја команда оваа година беа ослободени 700 квадратни километри од нашата територија. Вооружените сили кои пред две години водеа тешка одбранбена кампања сега се во офанзива. На мојот наследник му ...

Петнаесет повредени лица се примени во две клиники по невремето што вчера го зафати Скопје, од кои девет на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), а шест на Универзитетската Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски”. Директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, проф. д-р Игор Мерџаноски за МИА изјави дека од деветте повредени, две се со потешки ...

Скопските градоначалници и Кризниот штаб на Град Скопје денеска одржаа состанок на кој ги сумираа штетите и последиците од силното невреме што вчера го зафати главниот град. Градоначалникот, Орце Ѓорѓиевски, кажа дека Градот Скопје има свој солидарен фонд во кој што има обезбедено средства за обештетување на граѓаните при вакви состојби. „Вчера беше исклучително тежок ден за Скопје. Орканскиот ветер, со удари до 130 километри на час, ...

Невладината организација Новинари за човекови права ги повикува сите граѓани на Гостивар кои во изминатиот период почувствувале здравствени симптоми за кои сметаат дека може да бидат поврзани со состојбата со водата, да достават информации и расположлива документација до нашата организација. Граѓаните може да достават: опис на здравствените симптоми; лекарски извештаи и медицинска документација; лабораториски резултати; сметки и докази за ...

Денес Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ повторно го пушти во употреба одделението за трауматологија, овој пат реновирано, со 200 илјади евра од својот буџет и 30 евра донации. Директорот на болницата, Небојша Настов, кажа дека е горд оти завршила реконструкцијата на последниот необновен дел од болницата. „Горд сум што можам да најавам дека конечно заврши реконструкцијата на последниот оддел којшто беше ...

Првата официјална посета на претседател на Република Индија на земјава е почеток на ново и поамбициозно поглавје во билатералните односи, порача денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по средбата со нејзината индиска колешка Друпади Мурму, која престојуваше во дводневна официјална посета на Македонија и која е прва посета на индиски претседател на државата. На заедничката прес-конференција, Сиљановска-Давкова истакна дека ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, присуствуваа на церемонијата на откривање на бистата на Махатма Ганди во Музејот на Град Скопје, подарок од пријателска Индија и ја посетија Спомен-куќата на Мајка Тереза. Сиљановска-Давкова оцени дека бистата на Махатма Ганди, е израз на заемна почит и долгогодишно пријателство меѓу двете држави. Според неа, Махатма Ганди, како апостол на ...

Некои хороскопски знаци се соочуваат со недела која би можела да донесе низа пријатни изненадувања, полесно донесување одлуки и чувство дека работите конечно се свртуваат во нивна корист. Додека секој ќе има свои подеми и падови, астролозите издвојуваат два знака кои ќе бидат особено поволни во наредните денови. Конечно би можеле да се отворат долгоочекувани можности, а оптимизмот ќе им помогне да го извлечат максимумот од сè. Лав Лавовите ќе ...

Министерството за јавна администрација, во партнерство со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денес ја промовираше новата рамка за вработување заснована на заслуги, интегритет и компетенции, значаен чекор кон воспоставување модерен и професионален систем на вработување во јавниот сектор. Обраќајќи се пред претставници на институциите, дипломатскиот кор и меѓународните партнери, министерот за јавна администрација Горан Минчев истакна дека со ...

Труењето на граѓаните во Гостивар не е само резултат на погрешна техничка одлука или индивидуален пропуст, сметаат од Левица. Според досегашните наоди од истрагата, во водоснабдителниот систем била пуштена непречистена вода, Институтот за јавно здравје утврди присуство на фекални колиформни бактерии, а анализите покажаа и покачени концентрации на резидуален хлор, што укажува на обид за санирање на веќе настанатата контаминација. „Ова е случај ...

Министерството за локална самоуправа во рамки на координираниот институционален одговор на кризата со водоснабдувањето, итно обезбеди донација од 50.000 литри вода за пиење за жителите на Општина Гостивар. Денеска во Гостивар пристигна првиот од двата предвидени камиони со првите количини бесплатна вода. Испораката има за цел директно да ги задоволи основните потреби на населението додека траат мерките и препораките на надлежните служби. ...

Министерот за правда Јетон Шасивари и заменик на министерот за правда Ален Деребан се сретнаа со амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Михалис Рокас, на која беше разговарано за тековните реформски процеси во правосудството и напредокот на државата во евроинтегративниот процес. Министерот Шасивари ја истакна посветеноста на Министерството за правда кон спроведувањето на реформите во согласност ...

Ким Кардашијан повторно ги преплави светските медиуми, откако на социјалните мрежи објави нова семејна фотографија на која покрај неа се наоѓа и седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон. Фотографијата веднаш предизвика лавина коментари и повторно ги отвори шпекулациите дека меѓу двајцата постои повеќе од пријателство.Ким на својот профил сподели фотографија направена за време на заедничко семејно дружење, на која се гледаат ...

Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли влегува во сосема ново животно поглавје. Нејзините најмлади деца, близнаците Вивиен и Нокс, неодамна наполнија 18 години, а според извори блиски до актерката, таа веќе размислува за живот надвор од Лос Анџелес и е подготвена за големи лични промени.По години во кои целосно беше посветена на своите шест деца, Џоли сега конечно чувствува дека има повеќе слобода да им се посвети на сопствените планови и новите ...

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (21.07.2026 година) продолжи трендот на значително намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис. Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад” – Гостивар се регистрирани 60 нови прегледи на инфективното одделение, 37 нови прегледи на педијатриското одделение и 11 прегледи во ...

Од синоќа, во текот на целата ноќ, како и денес, екипите на Општина Чаир продолжуваат со работа на терен за санирање на последиците од невремето и што побрзо нормализирање на состојбата во погодените подрачја, соопштија од Општината. Сезонските работници, две екипи за сечење и кастрење дрвја, компанијата ангажирана од Општината, како и четири камиони, континуирано се ангажирани на расчистување на секундарните улици и јавните површини, како и ...

Партнерството со земјоделците подразбира институциите да бидат присутни на терен и да дејствуваат координирано кога нивниот труд и производството се загрозени, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, при денешната посета на селата Дабиље и Пиперово во струмичкиот регион, каде што невремето предизвика штети врз градинарските култури. Министерот Серафимовски, заедно со градоначалникот на Општина ...

Европската Унија се обидува да го усогласи 21. пакет санкции против Русија, но преговорите се соочуваат со отпор од неколку земји членки. Најголем спор предизвикува предложената забрана за транспорт на руски течен природен гас, која директно ги засега грчките бродски компании. Европските претставници денеска продолжуваат со интензивни преговори за новиот пакет санкции против Русија, насочен кон дополнително ограничување на приходите со кои ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски назначи нов врховен воен командант по период на несогласувања, политички притисок и големо преструктурирање на државното и военото раководство. Новиот армиски врв ја презема командата во чувствителен момент од војната со Русија. Украина денеска продолжува со воените операции против Русија под ново воено раководство, откако претседателот Володимир Зеленски го разреши досегашниот врховен командант и го ...

Финалето на Светското првенство во фудбал не беше само спортски спектакл, туку и најголемиот џет-сет настан ова лето. На трибините на стадионот во Њу Џерси се појавија десетици светски ѕвезди од филмот, музиката, модата и спортот, претворајќи го натпреварот во вистински холивудски спектакл.Меѓу најзабележителните гости беа Том Круз, Бијонсе и Џеј Зи, Ријана, Дејвид и Викторија Бекам, Кајли Џенер и Тимоти Шаламе, како и голем број познати ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, свика состанок на Штабот за заштита и спасување, на кој присуствуваа сите раководители на сектори, претставници на МВР, ЈП ПОЦ и други надлежни служби. На состанокот беа донесени повеќе насоки за справување со последиците од силното невреме што ја зафати општината. Меѓу мерките што беа договорени се формирање комисија за проценка на штети, задолжение до сите куќни совети да ги проверат ...

Американската војска ја заврши најновата серија воздушни напади врз Иран, со што операцијата влезе во единаесеттата последователна ноќ. И покрај продолжувањето на бомбардирањето, Вашингтон тврди дека сè уште е подготвен за дипломатски разговори, но го обвинува Техеран дека не покажува сериозна намера за постигнување договор. Американската армија соопшти дека во текот на ноќта биле извршени нови напади врз цели во Иран, како дел од операцијата ...

Во Клиничкиот центар и во болницата „Св. Наум Охридски“ по вчерашното невреме лекарска помош побарале 33 повредени. 22 побарале помош во „Св Наум Охридски“, а 11 во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Најголем број од повредените биле со скршеници, еден бил опериран, а меѓу повредените е и еден турист. „ Во Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’, односно во ТОАРИУЦ, има згрижено 11 повредени од синоќешното невреме, од кои тројца се со посериозни ...

Продолжува да се намалува бројот на пациенти во Гостивар ко бараат лекарска помош. Министерот за здравство Сашо Клековски кажа дека бројката на граѓани кои бараат медицинска помош за еден ден се намалил за 100. „На темата на епидемијата во Гостивар, можам да кажам дека сме во понатамошен смирувачки тренд на епидемијата. Од вчерашната информација дека имавме околу 290 пациенти со прв контакт со доктор, денеска се 190 и соодветно. Значи имаме ...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на прогласената кризна состојба во Гостивар и какви механизми и институционална помош ќе преземе Владата, рече дека интензивно се работи на решавање на проблемите. „Денеска во 12:30 часот ќе имаме состанок со Управувачкиот комитет за кризни состојби, ќе се донесат одлуки. Важно е сега откако полека, но сигурно ...

Балканот се соочува со два екстреми: долготрајни горештини и суша, но и ненадејни силни невремиња со град, пороен дожд и разорен ветер. Во Србија, нивото на Дунав паднало на најниската точка забележана од 1946 година, што веќе создава проблеми за речниот сообраќај и транспортот на стока. Ниските водостои се последица на високите температури и недостигот од врнежи во поширокиот слив на реката. Во Грција и Албанија екстремната жештина го ...

Блупринт групата за реформи во правосудството остро реагира за случувањата околу загадувањето на водата за пиење во Гостивар, која резултираше со забрана за користење на водата од градскиот водовод, прогласување на епидемија, а на 21ви јули Владата прогласи кризна состојба. Од таму сметаат дека овој случај не претставува само изолиран инцидент, туку сериозен индикатор за можни системски слабости. Начинот на кој институциите постапувале, ...

Во Гостивар се случи масовно труење на граѓаните, институциите, системот, целосно потфрлија во заштита на здравјето на луѓето и за тоа мора да има и кривична и политичка одговорност, истакна на прес-конференција Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ. Граѓаните, вели таа, мора да ја знаат целата вистина, да знаат што се случило, зошто труењето не се спречило, каде затаиле институциите, зошто нивното здравје беше загрозено. „Сите ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање која е материјалната штета направена од вчерашното невреме во Скопје и дали Владата ќе помогне, истакна дека Владата не ги оставила граѓаните сами да се снаоѓаат никогаш. „Никогаш оваа Влада не ги оставила граѓаните сами да се снаоѓаат. Јас им благодарам на институциите и на градоначалниците што во текот на вечерта и веднаш после епското невреме кое што вчера го зафати ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
86%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
71%
1028
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
100%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.85
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
85%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1026
weather icon

Тирана

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
64%
1031
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
0.45
76%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
90%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34