Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Соопштение на Левица: Политичката партија Левица изразува сериозна загриженост поради отсуството на официјален и јасно образложен став од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во однос на нон-пејперот на германскиот канцелар Фридрих Мерц околу исходот на пристапувањето на Република Македонија во ЕУ. Во услови кога се отвораат суштински прашања за идниот европски статус на Македонија, институционалното молчење остава ...
Следниот понеделник на 1. јуни 2026 е законскиот рок според кој македонските пензионери редовно ќе ја добијат мајската пензија, пишува Centar.mk. Сепак праксата покажува дека некои општествено одговорни банки пензијата ја исплаќаат порано, па така може да се очекува и овој пат, со оглед дека доаѓа продолжен викенд бидејќи петок е неработен ден за православните христијани, анализира Centar.mk. Инаку изминатиот период пензиите беа зголемени во ...
На 24.05.2026 во 20:08 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека настанал пожар во една од халите на фабрика за текстил во Радовиш, во која биле сместени машини и репроматеријали. По интервенција на Територијалните противпожарни единици од Радовиш и Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и инспектор за пожари. Извршен е увид од екипа на ОВР ...
На 24.05.2026 во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишија од слобода лице (21) од село Негорци, гевгелиско. Тој околу 03:30 часот на раскрсница од ул. „Маршал Тито“ и ул. „Ванчо Прке“ во Гевгелија управувајќи патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, учествувал во сообраќајна незгода, по што го напуштил местото на настанот. Од страна на полициски службеници лицето и возилото се пронајдени и по ...
Прес конференција на СДСМ, Симона Цветановски – членка на Извршниот одбор: Граѓаните добро знаат дека Мицкоски кога клечеше и молеше за власт ветуваше враќање на името, промена на преговарачката и укинување на Преспанскиот договор. Ги излажа граѓаните. Му пропадна лажниот патриотизам, пола влада му е со бугарски пасоши. А што ветуваше Христијан Мицкоски за економијата? Ветуваше дека „ќе биде многу подобро“, ветуваше подобар стандард, ...
Македонија сè потивко се соочува со една од најтешките промени во својата понова историја: селата се празнат, младите заминуваат, училиштата се затвораат, а во многу места остануваат само старите родители, празните куќи и спомените на едно време кога животот бил полн со гласови, деца и работа, анализира Centar.mk. Ова не е само приказна за едно село или еден регион. Ова е прашање што ја допира целата држава: што ќе се случи со Македонија ако ...
На 24.05.2026 во 02:50 часот кај Фонтана во Градски парк во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода лице (25) од Тетово. при преглед во возилото „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, пронајдена е и одземена марихуана. Додека, при преземање мерки за негово лишување тој физички нападнал полициски службеник кој преземал службени дејствија, по што е лишен од слобода и приведен во полициска станица. По ...
Соопштение на СДСМ: Уште само 6 дена остануваат до 1 јуни, рокот што самиот Христијан Мицкоски си го постави за целосно исполнување на Реформската агенда и клучните обврски за продолжување на европскиот пат. 6 дена до уште една голема лага и неисполнето ветување на Мицкоски. 6 дена до уште една потврда дека ВМРО-ОКГ намерно ја држи државата заглавена, изолирана и далеку од Европа заради сопствени бизниси и криминални тендери. Од 10 клучни ...
Соопштение на СДСМ: Ние секоjдневно прашуваме, повеќе од месец дена зошто се уште не се испратени документите за екстрадиција на Груевски? Месец дена нема одговор. Поминаа две недели откако Петер Маѓар е веќе нов премиер на Унгарија. Што се случува до документите? Кога ќе бидат испратени? Повеќе од еден месец молк и избегнување одговори, јавноста конечно заслужува конечно да дознае: Дали Христијан Мицкоски и Игор Филков ги испратија ...
Интензивни врнежи од пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можна појава на суградица во околината на Неготино. Нестабилноста се движи во правец кон Кавадарци, информира УХМР. Во моментов има Повремени локални врнежи од дожд и нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во околината на Радовиш и Охридско-Преспанскиот регион. Интензивни врнежи од пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можна појава на суградица во околината на Неготино. ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство врз дете според член 201-а од Кривичниот законик. Осомничениот 49-годишник, на 22 мај, во дворот на основно училиште во Илинден, извршил физичко и психичко насилство спрема дете родено 2013 година. Во училишниот двор, синот на осомничениот имал недоразбирање со свој врсник и го повикал таткото. Кога пристигнал, осомничениот најпрво започнал да ...
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 40-годишен битолчанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и Противправно лишување од слобода според член 140 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 23 мај во раните утрински часови, противправно ја затворил, ја држел затворена и телесно ја повредил 18-годишната девојка со ...
Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски по повод Свети Кирил и Методиј: „Постојат народи кои својата историја ја паметат преку војни. Постојат цивилизации кои својата големина ја мерат преку освоени територии, богатства и империјална моќ. Но постојат и народи кои опстојуваат преку словото, преку книгата, преку образованието и преку духовноста. И народи кои го имаат испреплетено патот на духовна и културна ренесанса со жесток револуционерен ...
На 23.05.2026 околу 10:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од кружен тек од ул.„Христо Татарчев”, ул.„Марко Орешковиќ” и бул.„Србија” во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолкваген” со скопски регистарски ознаки кое било паркирано од М.Р.(34) од Скопје, и веднаш откако тргнало удрило во пешакот И.К.(24) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.К., констатирани во Ургентен ...
На 24.05.2026 во 05:54 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во стан на ул.„Разлошка“ на подрачјето на Гази Баба во кој како потстанар живеела Х.С.(22) од Скопје. Пожарот настанал од запалена свеќа и притоа со повреди на раката се здобила Х.С., констатирани во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а увид изврши екипа на СВР Скопје. На ...
На 24.05.2026 околу 04:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека три лица со употреба на сила влегле во продажен објект на ул.„Тале Христов“ во Скопје, при што предизвикале пожар и заминале од местото. Пожарот е изгаснат од полициски службеници со противпожарен апарат, апри гаснење на пожарот дваја полициски службеници вдишале чад и биле пренесени во Клиниката за токсикологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид и се ...
На 24.05.2026 околу 02:30 часот на паркинг простор пред угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници ги приведоа лице(26), лице(22), лице(22), лице(21), лице(52), сите од Скопје, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци. На 24.05.2026 околу 02:30 часот на паркинг простор пред ...
На 23.05.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во летниковец на Средно Водно -„Видиковец“ е пронајден починат Б.П.(64) од Скопје, за кој претходно беше пријавено дека се оддалечил од домот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. На 23.05.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во летниковец на Средно Водно -„Видиковец“ е пронајден ...
На 24.05.2026 во 03:30 часот во Полициска станица Галате, од Јавна здравствена установа Гостивар е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 13-годишен малолетник од с.Добридол. Според пријавеното, на 23.05.2026 околу 18:30 часот, управувајќи електричен тротинет во дворот, изгубил контрола и паднал. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар. На 24.05.2026 во 03:30 часот во Полициска станица Галате, од Јавна здравствена ...
На 23/24.05.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода лице(30), лице(40), лице (37), сите од Скопје, лице(24) од с.Сингелиќ, скопско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци. На 23/24.05.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги ...
На 23.05.2026 во 16:28 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека на ул.„8 Септември“ на место викано „Стара автобуска“ во Радовиш, 22-годишниот Т.Ј. од Радовиш, управувајќи мотоцикл „кавасаки“ со радовишки регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во ѕид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Радовиш. На 23.05.2026 во 16:28 часот во ОВР Радовиш е ...
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор: Денеска го одбележуваме Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј – основачите на првото словенско писмо. Делото на Кирил и Методиј не е само симбол на духовноста и писменоста кај словенските народи, туку темелот на нашиот македонски идентитет, јазик и култура. Ние, и сите идни генерации, имаме обврска да го почитуваме и негуваме ...
Сè почесто работодавачите велат дека тешко наоѓаат работници, а младите одговараат дека проблемот не е во тоа што „не сакаат да работат“, туку во тоа што со понудената плата не можат да изградат нормален живот, анализира Centar.mk. Една од најчестите суми што се спомнува во огласите и разговорите е околу 30.000 денари. За некои работодавачи тоа е „солидна почетна плата“, но за многу млади луѓе таа сума денес изгледа недоволна за самостоен ...
Честитка од Африм Гаши, Претседател на Собранието на Република Северна Македонија: По повод 24 мај – Денот на Светите Кирил и Методиј, изразувам почит и благодарност кон двајцата просветители, кои со својата мисија ги поставија темелите на писменоста, образованието и духовниот и културниот развој на словенските народи. Наследството на Светите Кирил и Методиј останува трајна инспирација за зачувување на универзалните вредности на знаењето, ...
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј: Малкумина луѓе во историјата имале чест да бидат перцепирани од многу народи и држави како апостоли и заштитници на Европа! Такви се солунските браќа, творците на глаголицата, објавувачите на божјата вистина на старословенски јазик, втемелувачите на сесловенската историја, описменувачите и просветителите на ...
Соопштение на СДСМ: Уште само 7 дена остануваат до 1 јуни, рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави за исполнување на Реформската агенда и клучните обврски за продолжување на европскиот пат. 7 дена до уште една голема лага и неисполнето ветување на Мицкоски. 7 дена до уште една потврда дека ВМРО-ОКГ намерно ја држи државата заглавена, изолирана и далеку од европската иднина. Од 10 клучни точки од Реформската агенда, реализирани се само ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, ...
Фејсбук статус на Венко Филипче, претседател на СДСМ: „Денеска го одбележуваме 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј, основоположниците на словенската писменост и духовност. Мисијата на браќата Кирил и Методиј има непроценлива улога во промовирањето на стремежот за еднаквост на народите и рамноправност на јазиците, но и во создавањето на македонската писменост. Горди сме што нивното просветителско и ...
Променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер (над 50 km/h). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција обвини дека по речиси две години власт на ВМРО и Мицкоски, граѓаните живеат потешко, а економската состојба во државата е сериозно влошена. „Се поставува прашањето дали граѓаните сега, после скоро две години од владата на Христијан Мицковски живеат подобро. Одговорот е не. Со празни џебови, со празни фрижидери, со секојдневна борба да се преживее од први до први“, рече ...