Поп-ѕвездата Селена Гомез е обвинета за измама од страна на инвеститори кои тврдат дека не ги исполнила ветувањата дека ќе ја искористи својата светска слава и огромниот број следбеници на социјалните мрежи за промоција на нејзиниот стартап за ментално здравје, кој пропаднал минатата година. Стартапот Wondermind Global Inc. во 2022 година наводно тврдел дека вреди 95 милиони долари, кога од инвеститорите побарал средства за развој на ...

Да се знае кој е кој. Фудбалскиот свет му оддаде почит на неоспорниот голгетер! Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, официјално доби четири сертификати за Гинисови рекорди за неговите неверојатни подвизи во Премиер лигата, Лигата на шампионите и Лигата на нациите! Брилијантниот 26-годишен Норвежанец доби нови признанија пред почетокот на новата сезона, а како дел од фантастичната форма што ја потврди на Светското првенство во 2026 ...

Необична лубеница - вид што не се гледа секој ден - е одгледувана оваа година во унгарското село Медѓесбоџас,на фармата на Тамас Дарвас, една од лубениците достигна неверојатна тежина од 83,95 килограми. Била потребна мала градинарска количка за да се изнесе од стаклената градина. Дарваш одгледува лубеници повеќе од три децении, но неговиот пат кон производството на толку огромни плодови не бил случаен. Сè започнало во 1998 година, кога ...

Скопје денеска доби нов Дневен центар за лица со попреченост над 14 години, кој има за цел да обезбеди стручна и социјална поддршка за корисниците и нивните семејства. Центарот е отворен во просториите на Младинскиот културен центар (МКЦ), а на отворањето присуствуваа градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски. Новиот центар треба да им помогне на корисниците во ...

Владата и Министерството за транспорт продолжуваат да бараат решенија за проблемите со кои се соочуваат македонските превозници по воведувањето на системот „ЕЕС“ (Entry/Exit System) во Европската Унија, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Одговарајќи на новинарско прашање за најавите на дел од превозниците дека би можеле да организираат протести доколку до 1 септември не се најде решение, Николоски рече ...

Шпанскиот стручњак Алберт Риера е новиот тренер на Црвена Звезда. По кратката авантура во Ајнтрахт од Франкфурт, Риера доаѓа во Белград, град каде што можеше да пристигне во зима, но потоа стигна понуда од Германците. Риера се смета за многу темпераментен стручњак кој треба да воспостави ред во соблекувалната, а се појави и снимка од негов говор. Јасно е што ги чека играчите на Звезда. Albert Riera giving a pre match talk in aggressive mode ...

Златото повторно блеска на светските пазари, а инвеститорите сè повеќе се свртуваат кон благородниот метал. По силниот раст во август, цената повторно се искачи над 4.400 долари за унца (31,1 грам), додека централните банки и инвестициските фондови продолжуваат да ги зголемуваат вложувањата. Во услови на глобална економска и геополитичка неизвесност, златото повторно ја зацврстува позицијата како едно од најатрактивните прибежишта за ...

Рекордни врнежи ја погодија Јапонија, предизвикувајќи поплави, прекини во сообраќајот и хаос на аеродромите, а досега се потврдени најмалку четири жртви. Во префектурата Чиба за само 24 часа наврнале повеќе од 360 милиметри дожд, поплавувајќи патишта и железнички пруги и оставајќи илјадници патници заглавени на аеродромот „Нарита“. Властите сè уште трагаат по едно лице, додека дел од домаќинствата останаа без електрична енергија. На ...

Македонските државјани кои овој викенд патуваат кон Грција треба да очекуваат значителни сообраќајни застои, временски ограничувања на патиштата и затворени трговски објекти. Поради празникот Успение на Пресвета Богородица, грчките служби активираат посебен сообраќаен план, додека во регионот на Халкидики е прогласен многу висок ризик од пожари. Патниците се советуваат внимателно да ги планираат рутите и да го прилагодат времето на тргнување ...

Сериозен пожар денеска избувна на полуостровот Пељешац, а силниот ветер дополнително им ја отежнува работата на пожарникарите. Поради сериозноста на ситуацијата, на терен итно се пренасочени дополнителни пожарникарски сили од Омиш, потврди главниот пожарникарски командант Славко Туцаковиќ за „Индекс“. Сериозен пожар денеска избувна на полуостровот Пељешац, а силниот ветер дополнително им ја отежнува работата на пожарникарите. Поради ...

Центарот за јавно здравје, во соработка со Општина Кисела Вода, вечерва ќе спроведе трета вонредна акција за дезинсекција на подрачјето на населбата и селото Драчево, со цел заштита на граѓаните и спречување на масовно размножување на комарците. Прскањето ќе се реализира во периодот од 22:00 до 24:00 часот, при што со специјализирано возило ќе се дејствува против возрасните комарци. Оваа трета вонредна интервенција се надоврзува на ...

Двајца пожарникари се сериозно повредени во големиот пожар што од Локва Рогозница се прошири кон Омиш, а огнената стихија во текот на ноќта се ширела со огромна брзина. Главниот началник на противпожарната служба Славко Туцаковиќ вели дека во неговата децениска кариера никогаш не се соочил со ваква ситуација. На терен се водела тешка борба за ставање под контрола на пожарот и спасување на човечки животи. На седницата беа презентирани првите ...

Проблемот со камионскиот транспорт во Шенген-зоната се решава преку билатерални договори, порача министерот за транспорт Александар Николоски. Тој нагласи дека Македонија активно работи на олеснување на условите за македонските превозници, додека во однос на најавените протести упати порака дека не треба да се дозволи колективизација и создавање дополнителни поделби. Нека си го решаваат тие тоа прашање како што мислат дека треба. Ние имаме ...

Поставувањето на новиот АТМ систем во М-НАВ е од исклучително значење за повисоко ниво на безбедност, сигурност и ефикасност во управувањето со воздушниот сообраќај, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски при посетата на М-НАВ и контролната кула Скопје. Значењето е уште поголемо ако се земат бројките дека има преку 12 % зголемување во првите шест месеци од 2026 година во однос на 2025 година на ...

Тие неодамна одбележале неверојатен јубилеј – 80 години заеднички живот! И покрај нивната возраст, и понатаму живеат активно и со ведар дух. Секој петок наутро, без исклучок, Џон и Џери одат на доручек со пријателите во локален ресторан. Оваа традиција ја одржуваат веќе половина век. Џон, кој е ветеран од Втората светска војна, за својата виталност се грижи и со редовни утрински вежби. А кога станува збор за тајната на нивниот долг и успешен ...

Таа позира со своите синови и ќерката, која се роди пред единаесет месеци, а се фотографираа на улицата „Вестбери Њу Роуд“, која во нејзина чест од 2017 година го носи името „Ријана Драјв“. Мегапопуларната Рири на своите деца им покажала каде израснала, а познато е и дека уште од почетокот на кариерата ја нарекуваат „убавицата од Барбадос“, па затоа е јасно дека ова за неа било многу емотивен момент. „Во еден момент се чувствувам како она ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека без оглед на тоа колку е голем притисокот, Србија нема да го признае Косово. Тој нагласи и дека Србија ниту вовела, ниту ќе воведе санкции за Русија, ниту пак ќе влезе во НАТО. Тоа го изјави одговарајќи на прашањето од новинарите во врска со повеќето наслови во црногорските медиуми дека има сè повеќе официјални лица кои можат „да му покажат заби“. „Не е баш пристојно да одите и да ...

Венко Филипче од луксузната јахта на својот ментор Зоран Заев координира напади и дава инструкции на партиските послушници од СДС да шират дезинформации на социјалните мрежи за наводно загадена вода во Скопје, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Додека СДСМ крие и се срами да каже дека нивниот лидер и чуварот на фотелјата на Заев на Бихаќка се на заеднички одмор на јахтата на Заев на Егејот каде се луксузираат со украдените народни пари, нивните партиски ...

Аеродромите во Скопје и Охрид бележат историски раст на авиосообраќајот, со повеќе од два милиони патници во првите шест месеци од годинава и зголемување од 32 проценти во однос на истиот период лани, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Според него, резултатите се должат на новата политика за привлекување и субвенционирање директни авиолинии, со што во изминатите година и пол се воведени 28 нови ...

Има ли кормилар на бродот на СДС што тоне? СДС закажа прес-конференција на Фани Каранфилова-Пановска пред зградата на МНР. Само 15 минути подоцна, истата прес-конференција ја презакажаа пред седиштето на СДС, за денес целосно да ја откажат, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата додаваат: Логично, по сето ова се поставуваат неколку прашања: Дали и Фани Каранфилова-Пановска е на одмор, исто како Венко Филипче на јахтата на Заев, па не може ...

Откако Манчестер Сити ги одби првите две понуди на Барселона за Родри, кои беа 50 и 60 милиони евра, соодветно, Каталонците вратија со трета понуда. Според Фабрицио Романо, сумата што моментално се дискутира е на половина пат помеѓу претходната понуда од 60 милиони и цената поставена од Манчестер Сити од 80 милиони евра. Со други зборови, понудата е за околу 70 милиони, без да биде јасно дали оваа сума вклучува бонуси. Според експертот за ...

Само неколку часа откако Бургас беше официјално прогласен за домаќин на „Евровизија“ за 2027, хотелите во градот нагло ги зголемија цените за датумите околу 13 – 16 мај в година. Платформите за резервации веќе покажуваат понуди меѓу 650 и над 4.000 евра по ноќ. Највисоката регистрирана понуда за престој околу неделата на натпреварот, сепак, е 25.145 евра за 6 ноќевања (10. – 16 мај 2027) за двајца возрасни. За споредба, тој апартман чини 857 ...

Околу 2.000 жители беа евакуирани поради големиот шумски пожар што од вчера се шири во регионот Ајфел, во германскиот округ Дирен. Населбата Геј, која е дел од општината Хиртгенвалд во западниот дел на покраината Северна Рајна-Вестфалија, беше превентивно испразнета во текот на ноќта, а евакуацијата во меѓувреме е завршена. За жителите првично било обезбедено прифатилиште во основно училиште, но поради зголемената загаденост на воздухот од ...

Лекувањето на пациентите со тешки изгореници не завршува со спасувањето на животот или зараснувањето на раните. Напротив, тогаш започнува долго и комплексно патување исполнето со реконструктивни операции, рехабилитација и постепено враќање на функцијата, самостојноста и квалитетот на живот. На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија – Скопје беа реализирани повеќедневни стручни консултации за понатамошниот третман ...

Diamond Mall и годинава ќе ја продолжи традицијата за одбележување на својот роденден со голема наградна игра, за своите лојални купувачи. Главната награда на годинешната наградна игра, која се организира по повод третиот роденден на Diamond Mall, е автомобилот Geely Cityray, а богатиот награден фонд го дополнуваат и ваучери за шопинг. Извлекувањето на наградите ќе се одржи на 21 октомври, во рамки на главната роденденска прослава. ...

Млад тракторист со трактор влегол директно во огнената линија за да помогне во спасувањето на селото Лознани во Пелагонија од големиот пожар што избувна синоќа. Александар Чепиговски од битолското село Ивањевци се вклучил во гаснењето и спречувањето на огнот да се прошири кон селото, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Во пожарот со изгореници бил повреден и еден човек. „Да истакнам еден локален ...

Доналд Трамп воведе царини до 100 отсто за увоз на одредени видови дронови и нивни компоненти, со образложение дека зависноста од странски производители претставува ризик за националната безбедност на САД. Највисоката царина ќе ги опфати дроновите што по својата големина или способности се сметаат за особено чувствителни, вклучително и одредени системи со напредни безбедносни функции. Во оваа категорија, меѓу другото, спаѓаат дронови со ...

Полицијата расчисти случај на насилство во скопското село Копаница, по што кривично се пријавени три лица од Буковиќ. Еден од пријавените, 34-годишен жител на селото, е во домашен притвор, додека полицијата презема мерки за пронаоѓање и на другите двајца осомничени. Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје поднела кривична пријава по брза постапка против С.Ј.(34), И.Ј. и С.Ј., сите од село Буковиќ, поради ...

Во употреба е ставен нов АТМ систем со кој се модернизира македонската воздухопловна навигација и се зголемува безбедноста на воздушниот сообраќај. Од М-НАВ велат дека новиот систем не е само нова опрема, туку стабилна технолошка основа врз која ќе се развива целата воздухопловна навигација во земјава. Новината доаѓа во период кога бројот на летови над македонското небо значително расте, а со новите решенија се очекува и намалување на ...

Германската автомобилска индустрија продолжи да ја намалува својата работна сила, а на крајот од првата половина од 2026 година, индустријата вработувала 691.500 луѓе, што е намалување за 42.300 во однос на претходната година, или 5,8 проценти, според податоците објавени денес од германскиот завод за статистика Destatis. Бројот на вработени во германската автомобилска индустрија со тоа падна на најниско ниво од 2005 година, се додава во ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
73%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
93%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
63%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1030
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.34
73%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42