Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Како одговор на претстојниот топлотен бран во Париз, градските власти одобрија пливање во каналот Сен Мартен почнувајќи од денес. „Пливање под надзор ќе биде дозволено на дел од каналот од 100 метри. Каналот ќе биде вистински извор на олеснување од топлината“, изјави градоначалникот на Париз, Емануел Грегоар, на прес-конференција во вторник, според „Ле Фигаро“. Грегоар рече дека изгледа „малку апсурдно“ да се трошат огромни количини ...
Кибернетичка група за изнуда во вторникот соопшти дека украла повеќе од еден терабајт податоци од фармацевтскиот гигант „Ново Нордиск“ (Novo Nordisk) и дека ја истражува можноста за продажба на дел од информациите, откако не успеала да изнуди 25 милиони долари од компанијата. „ФулкрумСек“ (FulcrumSec), кибернетичка група за изнуда која се појави во октомври 2025 година, во долга порака објавена на својата веб-страница наведува дека повеќе од ...
Едно лице загина, а петмина се повредени кога мал авион со шест патници се урна и се запали на автопат во американската држава Тексас. Несреќата се случила во градот Ларедо, на државен автопат, кратко по 22 часот по локално време во вторник навечер, објави АП. Нема извештаи за повредени во возила на автопатот, соопшти агенцијата. Едно лице загина, а петмина се повредени кога мал авион со шест патници се урна и се запали на автопат во ...
Аргентинските фудбалери го победија Алжир со 3-0 во првиот натпревар од Групата Ј во Канзас Сити и и триумфлано ја започнаа одбраната на титулата. Сите три гола ги постигна извонредниот Лионел Меси, кој стрелаше во 17-та, 60-та и 76-та минута од натпреварот. Извонредниот Аргентинец достигна 16 гола на Светските првенства, изедначувајќи се со најдобриот стрелец на сите времиња на Мирослав Клосе. Меси стана и најстариот играч кој постигнал три ...
Усогласувањето на училишните распореди, работните обврски и домашните обврски на многумина родители им дава чувство дека постојано се вртат во круг. Сепак, преоптовареноста не значи дека сте лош родител. Тоа е едноставно знак дека вашиот ум и тело се преоптоварени од постојаниот притисок да се грижите за сите и за сè. Понекогаш знаците се појавуваат суптилно: Станувате понервозни, се чувствувате хронично уморни или чувствувате дека постојано ...
„Реплек“ АД денеска беше домаќин на амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Северна Македонија, Н.Е. Метју Лосон, кој оствари работна посета на компанијата и се запозна со нејзините производствени капацитети, развојни планови и извозни активности. За време на посетата, менаџерскиот тим и генералниот директор на „Реплек“, Душан Пецовски, ги презентираа резултатите од развојот на компанијата во изминатите 80 ...
Договор за грант од 2,4 милиони долари за реализација на подготвителни активности за когенеративна централа „ РЕК Битола 1“, помеѓу АД ЕСМ и Светска банка денеска беше потпишан во просториите на Владата во присуство на премиерот Христијан Мицкоски. Договорот што го потпишаа генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев и Карол Межеван, менаџерот на Светска банка за Косово и Северна Македонија, претставува значаен чекор во реализацијата на една ...
Претседателот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, оцени дека партијата и натаму се наоѓа во процес на политичко етаблирање, нагласувајќи дека е формирана од почеток без да наследи партиска инфраструктура како што тоа го направиле други политички субјекти. Во „Топ Тема“ на Телма, Димитриевски истакна дека очекувањата од граѓаните биле големи по формирањето на партијата, но и дека е природно да постојат разочарувања. ...
Пет министерства – за образование и наука, за спорт, за внатрешни работи, за социјална политика, демографија и млади и за дигитална трансформација, заедно со партнерски установи, невладини организации, пратеници и други членови на Националната работна група за превенција на насилство кај младите, која работи со поддршка на ОБСЕ, денеска потпишаа декларација за намери за превенција на насилство кај младите. Документот треба да поттикне уште ...
Ѕвездата на француската репрезентација, Килијан Мбапе, го престигна Лионел Меси по бројот на постигнати голови на Светските првенства. Ова стана факт откако напаѓачот постигна два гола во натпреварот од првото коло од Групата „I“ на Светското првенство 2026 против Сенегал, кој победи со 3:1. Ова беа 13-ти и 14-ти голови за Мбапе во неговиот 15-ти натпревар на светските првенства. Меси има 13 гола, но тие беа постигнати на 26 натпревари ...
Гарсија, која се здоби со слава како водителка на временска прогноза за мексиканската телевизија „Телевиса Монтереј“, а подоцна и за „Унивижн“, изгради онлајн империја со повеќе од 13,2 милиони следбеници на Инстаграм. View this post on Instagram A post shared by Yanet Garcia 🇲🇽 (@iamyanetgarcia) Објавата што стана вирална Додека возбудата околу Светското првенство во фудбал во 2026 година растеше, Гарсија се придружи на прославата со ...
Франција – Сенегал 3:1 е исходот од мечот на “Метлајф“ во Њу Џерси, во меч од групата И на овој Мундијал. Ако во првиот дел светскиот вицешампион беше очаен, во второто полувреме разигран, сосема солиден. Па така со головите на Мбапе два, и Баркола составот на Франција дојде до победа против Сенегал. Мбаје во 90+5.минута само го ублажи поразот. Во првото полувреме Франција беше очајна, спора, ништо не играше. Немаше комуникација меѓу ...
Известувачот за Македонија во Европскиот парламент Томас Вајц во текот на дебатата за европската иднина на земјите од Западен Балкан се заложи за нејзино наградување за напредокот и за спроведените реформи. – Многу земји во регионот, а секако и Република Северна Македонија, покажаа напредок, спроведоа реформи, ова е видливо. Плаќањата се извршени кон земјата, постои динамика во оваа земја. Се работи на реформите што ги побаравме и ова треба ...
Шокантни вести пренесуваат повеќе европски медиуми. Селекторот на португалската репрезентација, Роберто Мартинез, донел одлука да се повлече од клупата на таа репрезентација по завршувањето на Светското првенство. Шпанскиот стручњак, кој ја презеде Португалија со големи очекувања и внесе нова енергија во тимот предводен од ѕвезди како Кристијано Роналдо и Бруно Фернандеш, наводно веќе ја информирал Федерацијата за својата одлука да не го ...
Смотрих рече дека многу одговорности во поделениот град Хеброн на Западниот Брег и неговите свети места, вклучувајќи го и Гробот на патријарсите, или Авраамовото светилиште, повеќе нема да бидат под палестинската општинска самоуправа на Хеброн, „туку целосно ќе се вратат во надлежност на Државата Израел“. Тој го нарече потегот „историска корекција“ и рече дека тоа е продолжување на „револуцијата“ на легализација на израелските населби и ...
Денеска Владата го изгласа пуштањето во употреба на системот за заеднички гранични проверки „One Stop“ со Република Албанија. Со ова се заокружува процесот на воспоставување на овој систем со трите соседни земји на Република С. Македонија кои не се дел од Шенген зоната, имајќи предвид дека истиот веќе функционира со Србија и со Косово. За целосна финализација останува да се потпише договор меѓу двете министерства за внатрешни работи. ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став од Кривичниот законик. „На 15 јуни околу пладне, на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, пред Амбасадата на Реублика Бугарија, осомничениот со пожар предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи ...
Ете и тоа го има во светот, поточно во Турција. Имено Мурат Екрем Чимен, долгогодишен коментатор на турската национална телевизија ТРТ, заврши со коментирање на натпреварите од Светското првенство поради голема грешка што ја направи. Тој го направи тоа во текот на првите четири минути од преносот на натпреварот Иран-Нов Зеланд, кога не знаеше кој кои селекции дресови кои дресови носат. Дури во петтата минута, кога напаѓачот на Иран Мехди ...
Иако мечот се игра во Канзас (03.00 часот), сепак има(ло) и тоа како фанови на Аргентина и Алжир во Њујорк. Па така навивачи на Аргентина и Алжир се степаа на Тајмс Сквер пред натпреварот што двата тима ќе го играат во првото коло од Групата Ј. Скандалите продолжија и за време на Светското првенство, од кои некои беа вина на организаторите, а некои на навивачите на другите земји учеснички. Аргентина и Алжир ќе имаат чест да ја отворат ...
Франција – Сенегал 0:0 по првото полувреме од меч од 1.коло во групата И на ова СП. Светскиот вицешампион и веројатно најголем фаворит за титулата просто разочара. Едноставно кажано “СТРАШНАТА“ Франција одигра СТРАШНО здодевно во првите 45.минути. Бавен ритам, без ниту една конкретна акција и шанса, за гол да не правиме муабет. А на теренот е “АТОМСКИОТ“ напад во кој се Мбапе, Олисе, Дуе и Дембеле. Сенегал повлечен и опасен од контри, ама ...
Двата клучни руски града неодамна ги воведоа првите ограничувања за продажба на бензин, дел од огромниот недостиг што сега погоди повеќе од 25 руски региони, објавува независниот медиум „Москва тајмс“. The Moscow-Saint Petersburg highway. A massive queue has formed at a gas station. Fuel sale restrictions have been introduced across Russia. pic.twitter.com/zJm8VuL2pK — WarTranslated (@wartranslated) June 16, 2026 Иако украинските напади ...
Во пресрет на стартот на Португалија на Светското првенство, објавено е видео на кое се гледаат португалските репрезентативци како ги изговараат своите имиња, а една сцена особено ги изненади навивачите ширум светот. Главниот лик е Кристијано Роналдо (41). Иако е еден од најпознатите спортисти на сите времиња, многумина дури сега сфатија дека неговото презиме на португалски не звучи исто како што го изговара поголемиот дел од светот. „Чекај, ...
Дефанзивецот на Њукасл, Валентино Ливраменто, е исклучен од составот на Англија за Светското првенство откако се повреди за време на тренингот со репрезентацијата. Дефанзивецот на Челзи, Трево Чалоба, е повикан од менаџерот Томас Тухел. Веста доаѓа еден ден пред првиот натпревар на Англија на Светското првенство против Хрватска. Сепак, тоа ќе овозможи замена. Ливраменто требаше да биде резерва на Рис Џејмс, кој се очекува да започне против ...
Г7 разгледува дополнителни санкции насочени кон приходите од енергија на Русија, кои се еден од главните извори на финансирање на воените напори, објави Франс 24, повикувајќи се на француски дипломатски извор. Лидерите, исто така, најавија континуирана воена поддршка за Украина, вклучително и зајакнување на воздушната одбрана. „Тие, исто така, ќе го поддржат моментумот во корист на Киев на терен, обезбедувајќи ѝ на Украина капацитети за ...
Американските разузнавачки агенции неодамна проценија дека Иран може ефикасно да го затвори пристапот до Ормутскиот теснец по своја волја, давајќи му на Техеран нова моќна способност да предизвика хаос во глобалната економија како резултат на војната, објави „CNN“. „Сега му ја предадовме на Иран де факто контролата врз теснецот - оружје помоќно од која било нуклеарна бомба“, изјави извор запознаен со проценката за „CNN“. Висок американски ...
Реал Мадрид официјално објави дека Антонио Рудигер го продолжил договорот со клубот до летото 2027 година. Тековниот договор на 33-годишниот централен дефанзивец треба да истече на крајот од овој месец, а првите разговори меѓу двете страни за нов договор започнаа во ноември минатата година. Разговорите беа прекинати по повредата на Рудигер, но беа обновени откако тој се врати на теренот и покажа дека е во добра физичка состојба. Следната ...
И дефинитивно сега веќе нема дилеми, најавите се остварија.Од денес, Рубен Аморим официјално е на чело на Милан, како што објави клубот во официјално соопштение за медиумите. Тој потпиша двегодишен договор, иако клубот не го објави тоа. Аморим доаѓа по неуспешниот престој на Олд Трафорд каде што не успеа да постигне сериозен резултат во Премиер лигата со Манчестер Јунајтед, а ова потпишување го слави Манчестер Јунајтед затоа што ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека земјите од Западен Балкан се значително понапред во евроинтегративниот процес од Украина и Молдавија, посочувајќи дека пречките со кои се соочува Северна Македонија на патот кон Европската Унија се „ирационални“. Ги поздрави иницијативите за ограничување на можноста за користење вето во процесот на проширување, оценувајќи ги како позитивен исчекор. Одговарајќи на новинарски прашања по ...
Штета од минимум 3,5 милиони евра констатира Државниот завод за ревизија, само за 2024 година, во Државна лотарија на Македонија, во времето кога Перпарим Бајрами е директор на претпријатието, а раководител на сектор за финансии е Анета Настева. Според досегашните информации средствата биле секојдневно изнесувани како готовина од Државната лотарија на Македонија, а дел од лицата осомничени за проневерата неофицијално имаат златна виза во ...
Инцидентот се случил во вторник околу 11:40 часот, а според неофицијални информации, вмешана била руската фрегата „Адмирал Григорович“. Сè се случило во морската област помеѓу британскиот остров Вајт и францускиот регион Нормандија. [Unconfirmed] Russian frigate Grigorovich has fired warning shots at a British yacht in the channel. British and French ships are mobilising in response. Incident comes after the Royal Navy boarded Shadow Fleet ...