Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Новак Ѓоковиќ во детали раскажа како за првпат дознал за девојката која подоцна ќе му стане сопруга и мајка на неговите деца. Јелена играла тенис во истиот клуб како и пријателот на Новак од младоста, а судбината сакала тие двајцата да се сретнат на теренот. „Таа играше тенис, но никогаш не се сретнавме додека играше. Јелена беше во врска со друг тенисер, кој е мој пријател од младоста, и тоа беше смешно бидејќи за првпат дознав за неа од ...
Министерството за правда на САД оцени дека поранешниот директор на Федералното истражно биро (ФБИ), Џејмс Коми, намерно објавил порака што можела да биде протолкувана како закана кон американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Вашингтон пост“. Според американското Министерство за правда, Коми со објавата соопштена преку социјалните мрежи сакал да го привлече вниманието на јавноста, меѓу другото и за да го зголеми интересот за неговиот ...
Гостиварскиот основен суд им го продолжи притворот на екс директорката на Комуналец Гостивар Артана Асани и на уште двајца раководители во претпријатието осомничени за загадување на водата за пиење. Од судот за Телма потврдија дека на предлог на обвинителството одлучиле да останат во притвор уште 30 дена. Адвокатот на двајца од осомничените за Телма вели дека ќе поднесе жалба затоа што смета дека нема основ да им биде продолжен притворот ...
Под покровителство на премиерот Христијан Мицкоски, на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец, денеска, ќе се одржи македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“, кој е во организација на Македонското друштво „Преспа“, Здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ и Општина Пустец. – На 20 август, во Пустец, заедно ќе ја прославиме македонската традиција, култура и фолклор. Ве покануваме на Македонскиот фолклорен фестивал „Преспа 2026“ — вечер исполнета со ...
Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ‒ Скопје ќе биде отворена денеска во Конгресниот центар во Охрид. На отворањето, како што е најавено, ќе се обратат министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова и директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, проф. ...
Еден месец СДС се обидува да избега од вистината, но фактите се јасни, заедно со Лимани ја делат локалната власт во Гостивар, а со тоа ја делат и одговорноста за состојбите во општината, стои во соопштението на владејачката партија, кое ви го пренесуваме во целост. „Наместо да побараат одговорност од своите партнери во локалната власт и да ја признаат сопствената политичка одговорност, од СДС продолжуваат со обиди за префрлање на вината врз ...
Конор Кенеди, син на американскиот министер за здравство Роберт Ф. Кенеди помладиот, е ставен на руска меѓународна потерница. Конор Кенеди во 2022 година отпатувал во Украина и ѝ се приклучил на Меѓународната легија на украинската армија, потсетува британски The Telegraph. Московскиот суд на 12 август го одобри неговото апсење во отсуство како платеник на странска војска, јави руската државна агенција ТАСС. Доколку биде уапсен, му се ...
Албанската полиција соопшти дека уапсила маж кој е осомничен за убиство на 20-годишен португалски државјанин. Злосторството се случило рано утрото во вторникот во Ксамил, на југот на Албанија, пишува „Албаниан дејли њуз“. Жртвата е идентификувана како Луис Мигел Варела Мендес. Според полицијата, конфликтот започнал во барот на плажата „Принсипотес“, наводно по расправија поврзана со девојка. Неколку келнери биле обвинети дека ја удирале ...
Во леталото се наоѓале пилотот и шест патници, објави Си-Би-Ес (CBS). Хеликоптерот „Еурокоптер EC130 B4“ се урнал во 9:13 часот наутро додека летал од резерватот за диви животни „Лоисаба“ кон областа на реката Евасо Нџиро во округот Самбуру, соопшти Управата за цивилно воздухопловство на Кенија. 🇺🇸🇰🇪 Four Americans are among seven people killed in a helicopter crash in Kenya. It went down near Mount Ololokwe in northern Kenya this ...
Најмалку 100 лица загинаа во одрон во рудникот за злато „Замбоје“ во западниот дел на Централноафриканската Република, во близина на границата со Камерун, соопштија денеска локалните власти. Според првичните информации, одронот бил предизвикан од „уривање на неколку подземни тунели во кои работеле рударите“, соопштија од обвинителството во Бабуа, од каде што најавија и покренување судска истрага за причините за несреќата што се случи во ...
Македонија ја користи својата централна позиција на Балканот и на Коридорите 8 и 10 за конечно да стане клучна енергетска крстосница во регионот, се наведува во официјалното соопштение од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Целта на Владата е целосната интеграција во регионалните текови и директно поврзување со сите соседи. Преку новиот интерконективен далековод Битола–Елбасан, во комбинација со веќе постојните мрежи кон Бугарија, Србија, Косово и ...
Силно невреме со пороен ветер и грмежи ги погоди делови од Германија и Франција, при што има загинати и повредени, а зад себе невремето остави и голема материјална штета. Силниот ветер корнел дрвја, оштетувал објекти и на повеќе места урнал цели покриви, додека во Германија е регистрирано и торнадо. Во Франција, три департмани на југоистокот – Ардеш, Дром и Изер – од денеска од 15 часот се ставени на портокалово ниво на предупредување поради ...
Според фотографиите од местото на настанот, во несреќата учествувал патнички автомобил кој претрпел големи оштетувања, особено во предниот дел. Возилото подоцна било подигнато со шлеп-служба. Од силината на ударот била урната и конструкција на автобуска постојка поставена покрај улицата, а на тротоарот и околу местото на несреќата останале расфрлани делови од возилото и од оштетениот објект. Засега нема официјални информации за тоа како ...
Економските показатели покажуваат забрзан раст на платите и пензиите во периодот на актуелната влада, тврди ВМРО-ДПМНЕ во партиско соопштение, при што од партијата прават споредба со периодот кога на власт беа СДС и ДУИ. Според нивните податоци, просечната плата од јули 2024 до мај 2026 година растела за 70 отсто побрзо на месечно ниво во однос на периодот од јуни 2017 до мај 2024 година. ВМРО-ДПМНЕ наведува дека просечната плата во јуни 2017 ...
Македонија денеска ја очекува сончево и многу топло време, со температури кои во најтоплите делови од земјава ќе достигнат до 39 степени Целзиусови. Според УХМР, најниска утринска температура е измерена во Берово, каде живата во термометрите покажала 16 степени, додека Кавадарци со 26 степени во 8 часот е најтоплото место во земјава. Во Скопје утрово се измерени 22 степени. Во текот на денот ќе има мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до ...
Поранешниот напаѓач на Наполи, Ромелу Лукаку, кој му се придружи на турскиот гигант Фенербахче, беше жестоко критичен кон својот поранешен клуб. „Минатата сезона беше најлошата година во мојата кариера“, призна белгискиот репрезентативец. Минатата сезона, напаѓачот одигра само 102 минути во трите натпреварувања на Наполи и постигна само еден победнички гол во натпреварот против Верона. Лукаку ја издржа смртта на својот татко оваа година, ...
Кинески суд денес го осуди основачот на „Евергранде“ – компанија што претставува симбол на кризата во секторот недвижности која сè уште ја оптоварува националната економија – на доживотен затвор, а на самата групација и на нејзиниот оддел за недвижности им изрече парична казна од приближно две милијарди евра. „Евергранде“ некогаш беше водечки инвеститор во недвижности во Кина, користејќи го бранот на повеќедецениска брза урбанизација и ...
Пожарот кај прилепското село Чаништа, кој е најголемиот пожар регистриран во земјава годинава, и натаму е активен, а во неговото гаснење се вклучуваат дополнителни екипи од повеќе градови. Како што синоќа информираше директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, на терен ќе пристигнат екипи од Неготино и скопската противпожарна бригада, кои ќе бидат ангажирани и во обезбедувањето на селото Крушевица. Во изминатото деноноќие на територијата на државата ...
Во Демократската унија за интеграција (ДУИ) веќе не се знае кој ја држи командата, реагираат од коалицијата Вреди преку официјално соопштение. Според нив, партиската структура е фатена во паника додека Али Ахмети пушта пробни балони за повлекување, Бујар Османи се загрева за лидерското место, а луѓето на Артан Груби јавно ги потсетуваат сите кој до вчера бил главен во партијата. Од Вреди истакнуваат дека Ахмети се наоѓа во тешка безизлезна ...
СВР Битола поднесе кривични пријави против четири лица и едно правно лице од прилепско, поради сомнение за повеќе кривични дела поврзани со незаконска продажба и прикривање на отпадно железо од АД „Тутунски комбинат“ – Прилеп. Пријавен е Љ.Б. (59) од Прилеп за „проневера во службата“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“. К.С. (60) е пријавен за „несовесно работење во службата“, додека Ј.Д. ...
Венко Филипче уште не е вратен од годишниот одмор, а сè уште од јахтата на Зоран Заев повикува на хистерија, најпрво за водата во Гостивар, потоа за водата во Скопје, а сега и за нилската треска, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Нели е сосема чудно што ова лето нема пожари како што имаше минатото лето во Вардариште и Дрисла? Единствената крупна разлика е што оваа година нема локални избори, па СДС пироманска се претвори во СДС хистерична. Така, ...
Кинеските гиганти за електрични возила, предводени од BYD и Chery, најдоа лукав начин да ги заобиколат високите царини на Европската Унија кои достигнуваат и до 35 проценти. Наместо да плаќаат солени давачки за увезени автомобили, тие влегуваат директно во празните и неактивни фабрики на европските гиганти низ Шпанија, Англија и Германија. Chery веќе ја презема поранешната фабрика на Нисан во Барселона и преговара за погонот во Сандерленд, ...
Големи германски и австриски компании планираат да изградат индустриска зона, логистички центар и голем маркет директно на локацијата каде што се наоѓал некогашниот нацистички концентрационен логор Леоберсдорф во Доња Аустрија. Овој план предизвика вистински скандал во австриската јавност, а Меѓународниот комитет Маутхаузен веќе побара итно запирање на сите градежни активности. Реагираше и Руската амбасада во Виена, која ги повика ...
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека планира да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун до крајот на годинава. Според пишувањата на медиумите, Трамп веќе побарал од своите соработници да организираат средба во четири очи уште оваа есен. Како знак на добра волја, Трамп му нареди на Пентагон да ги скрати заедничките воени вежби со Јужна Кореја, оценувајќи ги како непотребно провокативни кон Пјонгјанг. Сестрата на ...
Европските мориња ова лето бележат невообичаено високи температури, а во одредени области морската вода е и за повеќе од шест Целзиусови степени потопла од вообичаеното. Новата анализа на меѓународен тим истражувачи покажува дека температурите долж речиси сите европски брегови се над повеќегодишниот просек. Особено изразено затоплување е забележано во западниот дел на Средоземното Море, Бискајскиот Залив и долж бреговите на Иберискиот ...
Силно невреме зафати повеќе сојузни покраини во Германија и предизвика огромни материјални штети. Загина една жена, а во покраината Бранденбург и официјално е потврдено дека удрило торнадо. Германската метеоролошка служба (DWD) потврди дека торнадото го погодило градот Фирстенвалде на реката Шпреа. Според нивните изјави за германската новинска агенција dpa, настанот во Фирстенвалде несомнено бил торнадо, а на социјалните мрежи веќе кружат ...
Во текот на изминатата ноќ, Кијев и околниот регион беа мета на масовен руски ракетен напад во кој загинаа најмалку пет лица, а над 23 се повредени. Според Државната служба за вонредни ситуации, четири лица ги загубија животите во самиот град, додека уште еден маж загина во Броварскиот округ. Најдраматична е ситуацијата во Соломјанскиот реон, каде што ракета директно ги разнесе осмиот и деветтиот кат од една деветкатница, по што избувна ...
Конвој на Противпожарната бригада на Град Скопје се упати кон Мариово, во помош при гаснењето на еден од најголемите пожари во моментов на барање на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Првпат летово превентивно во гаснењето на пожарите, во случајов во мариовско, се ангажирани и триесетина војници. -Кога гори македонска земја, нема граници. Има само една обврска – да бидеме заедно, да си помогнеме и да го ...
Атлетико Мадрид на “Метрополитано“ со 2:0 славеше против Малага и со тоа победнички ја стартуваше новата сезона во Ла Лига. Сепак тренерот Диего Симеоне се најде во центарот на вниманието откако на натпреварот против Атлетико Мадрид можеа да се слушнат навредливи извици упатени кон Хулијан Алварез. Како што беше истакнато по натпреварот, станува збор за изолирани извици од еден специфичен дел од трибините, а целта беше аргентинскиот напаѓач. ...
Од автомобили што стигнале до Америка и трактори што се продавале во Африка, до еден од првите европски џебни калкулатори и мопеди што ја освоиле Холандија, Југославија произведувала стоки што се пласирале на пазарите низ целиот свет. Кога се зборува за индустријата од тоа време, најчесто споменувани имиња се големите системи како што се „Енергоинвест“, „Кончар“, „Искра“, „Застава“ и „Горење“. Сепак, зад нив стоеја конкретни производи кои ...