Седумнаесетгодишна девојка од Куманово е повредена откако со автомобил излетала од автопатот Куманово – Граничен премин Табановце, а возилото потоа се запалило. Како што соопшти полицијата, несреќата била пријавена вчера во 12:10 часот во СВР Куманово. Патничко возило „Фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 17-годишната девојка, излетало од коловозот, по што избувнал пожар во возилото. Според информациите од СВР ...

Бојко Борисов ги потврди најцрните македонски стравувања: Внесувањето во Уставот е само почеток, блокадите продолжуваат до крај! Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, јавно ги сруши сите политички илузии. Внесувањето на Бугарите во Уставот нема да биде крај на уцените, Бугарија ќе продолжи со блокадите кон Македонија. Тоа ќе трае сѐ до целосно исполнување на фамозните протоколи. Овие штетни документи претходно ги потпиша тогашниот министер Бујар ...

За време на воените дејствија разузнавачите од САД ја обвинуваа Кина дека испорачува оружје за Иран но, по потпишаниот мемеорандум за запирање на воение дејствија, американскиот претседател го кажа завршниот заклучок по тоа прашање. Претседателот на САД, Доналд Трамп, го пофали „непристрасниот“ став на кинескиот и рускиот лидер, Шји Џјинпинг и Владимир Путин, за време на конфликтот со Иран. Тој оцени дека тие не ги попречиле напорите на ...

Во насока на унапредување на безбедноста во сообраќајот, се подготвуваат законски измени за уредување на употребата на електрични тротинети. Ова го истакна министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, при презентацијата на националниот проект „Прекинување на циклусот на насилство – системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“ во Владата. Министерот информира дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ...

Владата започнува со оптимизација на училишната мрежа која е неопходна. Со помош на УНИЦЕФ се прави обид да се спроведе во изминатите седум години, но никој не ја започнал. Нема отпуштање на наставници, туку само прераспределување на часовите за сите да имаат оптимален број. Ова денеска го истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска, одговарајќи на прашање на претничката Даниела Николова од СДСМ на собраниска седница. - ...

Иако денес звучи неверојатно, судирите во воздух некогаш беа релативно чести несреќи. Само во САД, меѓу 1948 и 1955 година, се случиле дури 127 судири во воздушниот простор, од кои 30 вклучувале комерцијални авиони. Сепак, дури по трагичниот инцидент над Гранд Кањон во 1956 година, безбедносните мерки во американската авијација беа трајно и радикално променети за да се спречат вакви катастрофи. Судир во неконтролирано небо поради панорамско ...

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) информира дека во координација со Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи денеска се спроведува акција на повеќе локации во Скопје, пренесе Макфакс. Акцијата, како што соопштија од ОЈО ГОКК, е резултат на повеќегодишна предистражна постапка за Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) спроведена од истражителите при ...

Португалската репрезентација се надеваше на поинаков резултат во првиот натпревар од групната фаза на Светското првенство против ДР Конго, но има шанса да го подобри својот настап во следните натпревари, напиша на социјалните мрежи суперѕвездата на тимот, Кристијано Роналдо. Португалците не успеаја да ги победат Африканците, со кои ремизираа 1-1. „Ова не е почетокот на кој се надевавме, но ништо не е завршено. Држете ги главите горе и ...

Легендарниот бренд на компјутери од 1980-тите, Commodore, официјално се врати на сцената. Компанијата најави сосема нов уред кој не е компјутер, туку специфичен телефон на преклопување. Моделот наречен Commodore Callback 8020 е дизајниран првенствено како ефикасен лек за зависност од модерни паметни телефони. Уредот работи со Sailfish OS, оперативен систем од Jolla, кој влече директни корени од поранешниот систем Nokia MeeGo. Овој систем ви ...

Целта е да се реши недостигот од пресретнувачки ракети за системи за воздушна одбрана што Киев треба да ги брани од руските балистички ракети, објави Блумберг, повикувајќи се на претставници запознаени со дискусиите на самитот на Г7 во Франција. Побрз начин за зајакнување на сојузниците Според извештајот, Трамп има намера да побара од американските производители на воена опрема да доделат лиценци за производство на европски и украински ...

Лидерот на бугарската ГЕРБ, Бојко Борисов го поздрави усвоениот Извештај за напредокот на Македонија за 2025 година од страна на Европскиот парламент, наведувајќи дека европратениците испратиле јасна порака во поддршка на почитувањето на преземените обврски на европскиот пат на Македонија. Според него, одлуката на ЕП потврдува дека обидите за заобиколување на договорите меѓу Бугарија и Македонија нема да се толерираат. „Со својот глас, ...

Нова психоактивна супстанца се појавува на европскиот пазар на дрога приближно еднаш неделно, а официјалните претставници на Европската Унија предупредуваат дека синтетските опиоиди претставуваат толку сериозен ризик што само еден грам може да содржи неколку илјади смртоносни дози, пишува „Еуроњуз“. Ова предупредување пристигнува од Агенцијата на ЕУ за дроги (EUDA), која во својот најнов извештај за 2026 година наведува дека само во текот на ...

Почнуваме со изградба на брзата пруга на македонскиот дел од Коридорот 10 - проект што ќе ја промени реалноста во регионот и за превоз на патници и стока - рече заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на самитот за инвестиции во транспортот „Обезбедување раст и конкурентност преку поврзување“, што се одржува денеска во Солун. Николоски, во дискусијата на панелот „Остварување на проширувањето на ТЕН-Т: ...

„Досега, нашите планови за состанокот не се променети. Една од идеите е претседателите да го одржат од далечина“, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багдеџ, за иранската државна телевизија. Иран претходно изјави дека документот ќе биде потпишан во Швајцарија од страна на неговиот главен преговарач Мохамед Багер Галибаф и потпретседателот на САД Џ.Д. Венс. На самитот на Г7 во француското одморалиште ...

Играчот од средниот ред на ДР Конго, Нгал’ајел Мукау, изјави дека неговиот тим немал конкретен план да го запре Кристијано Роналдо во првиот натпревар против Португалија на Светското првенство во 2026 година. Португалија и ДР Конго одиграа нерешено 1-1, при што африканскиот тим освои вреден бод против еден од фаворитите во групата. Роналдо беше во центарот на вниманието пред натпреварот, но ДР Конго успеа да ја запре Португалија и да ја ...

Интересно беше и во изминатиот ден на тековниот Мундијал. Ја видовме Португалија која разочара, проследивме едно големо дерби меѓу Англија и Хрватска, како и дуелите Гана – Панама и Узбекистан – Колумбија. За овие мечеви свое видување има Мирсад Јонуз, редовниот наш коментатор во рубриката “Коментар на денот“. -Португалија разочара, критиките се кон Роналдо… „Според мене ова е најголемото разочарување. Јас да сум на местото на Мартинез и јас ...

Намалувањето на придонесот на САД во кризните сили на НАТО стапи на сила веднаш, потврди денес генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, додавајќи дека другите сојузници го зголемуваат своето учество за да ги пополнат празнините што ги остави потегот на САД. „Вчера се постави прашањето: дали е ова итно или не? Итно е“, изјави Руте пред новинарите пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел. „Сепак, малку сум неволен да го кажам ...

Таткото на Коста Кецмановиќ доби 14 години и 6 месеци зад решетки - приближно истата казна што ја бараше и самиот обвинител. Мајката на детето убиец доби две години и 11 месеци затвор. Поминаа повеќе од три години од кобниот 3-ти мај, кога ученикот Коста Кецмановиќ уби 10 луѓе во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Србија. Тогаш 13-годишниот Коста истрелал вкупно 45 куршуми, а покрај жртвите, имаше и пет ранети деца, како и еден ранет ...

Министерката за енергетика Сања Божиновска денеска соопшти дека пристигнало решението со кое и официјално се заштитува македонскиот рубин како наш, македонски полускапоцени камен. - Го заштитивме македонскиот рубин. Му благодарам на Геолошкиот завод за соработката. Веќе имаме нешто македонско заштитено. Продолжуваме понатаму со заштита и на одредени видови мермер, рече министерката на брифинг со новинарите. Рубинот што се вади во Македонија ...

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во синоќешното обраќање од градскиот стадион во Струмица, по повод 36-тиот роденден на партијата одржан под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, порача дека Македонија мора да забрза, да се движи напред со самодоверба, со јасна насока и со вера во сопствените можности, бидејќи граѓаните на оваа држава, Македонија, тоа го заслужуваат, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски ја ...

На состанокот на министрите за одбрана на НАТО, Хегсет повика на „ресетирање“ на организацијата од 32 земји за да се трансформира во „НАТО 3.0“ способна да одврати каква било закана. „Ќе испратиме порака до светот дека градиме арсенал на слобода“ „НАТО 3.0 е признание по Студената војна дека НАТО мора повторно да стане вистински, цврст воен сојуз со вистински воени способности што можат да одвратат закани тука на континентот и да ја преземат ...

Уставниот суд на вчерашната седница ја укина Одлуката на Совет на Општина Тетово, донесена на 24 април 2007 година, за преименување на имињата на улиците, плоштадите, мостовите и други објекти во градот. Причината за укинувањето на Одлуката е поради тоа што пред речиси 2 децении таа не добила согласност од Владата. Уставниот суд оценил дека Одлуката на Советот на Општина Тетово не е во согласност со законските и уставните норми. ...

Во таа пригода, тој истакна дека е особено задоволен што Србија и Белград стануваат се попрепознатливи на мапата на светската филмска индустрија. Вучиќ ја гледа Србија како филмска дестинација „Ми беше големо задоволство да бидам домаќин на една од најголемите холивудски ѕвезди, актерка која дел од славата ја презеде од познатиот Зоро“, рече Вучиќ. Тој оцени дека сè поголем број продуценти, режисери и актери го препознаваат потенцијалот што ...

Патниците во ЕУ и понатаму ќе имаат право на надомест ако летот им доцни најмалку три часа, а рачниот багаж ќе мора да биде вклучен во основната цена на билетот. По повеќе од една деценија преговори, европските институции постигнаа договор за измени на правилата за заштита на авионските патници, со кои се задржуваат постојните права за обештетување и се воведува поголема транспарентност при купување билети. Ова значи дека авиокомпаниите, ...

Лионел Меси ја предводеше Аргентина до победа на првиот натпревар од Светското првенство со хет-трик, но прославата на фудбалската икона беше нарушена со солзи по првиот гол. Иако Меси по натпреварот спомена „тешки денови“ надвор од спортот, точната причина за неговите солзи не е откриена. Еден аргентински новинар ја откри. Аргентина, како бранител на титулата, го започна натпреварувањето со победа од 3-0 над Алжир, а 38-годишниот Меси беше ...

Навивачите на Англија кои патуваа на Светското првенство во САД се соочуваат со исклучување од стадионот ако пеат навредливи песни против американскиот претседател Доналд Трамп и британскиот премиер Кир Стармер. Предупредувањето дојде пред првиот натпревар на англиската репрезентација, во кој екипата на Томас Тухел ја победи Хрватска (4:2), пишува „Мирор“. Англија е во групата Л, а по дуелот со Хрватска во Тексас, ќе се соочат со натпревари ...

Нетанјаху ѝ вети на израелската јавност „целосна победа“ над Иран, но на крајот мораше да се задоволи со меморандумот за разбирање на Трамп и честите критики кон претседателот, само четири месеци пред изборите, пишува Аксиос. Меѓународна изолација Нетанјаху остана сам на меѓународно ниво во своето верување дека договорот е погрешен и дека војната требало да продолжи. Дури и Обединетите Арапски Емирати, кои беа највоинствените од земјите од ...

Украинскиот министер за одбрана Михајло Федоров изјави дека Киев има јасна цел, преку напади со беспилотни летала да ги пресече руските линии за снабдување и да го изолира Крим. – Изгледа дека наскоро Крим ќе се претвори во остров – рече Федоров во интервју за јутјуб-каналот „Пресинг“. Според него, нападите врз транспортната и логистичката инфраструктура отвориле нов „прозорец на можности“ за Украина. – За Русите започнува пекол со кој ...

Филмски грабеж се случи во англискиот округ Кембриџшир, каде крадци со помош на украдено тешко возило, налик на виљушкар, целосно откорнаа банкомат од ѕидот на филијалата на „Nationwide Building Society“. Како што пренесува британски „Телеграф“, инцидентот се случил во вторникот околу 3 часот наутро на главната улица во местото Ремзи. Снимките од безбедносните камери го забележале моментот кога банкоматот бил насилно извлечен од предниот дел ...

По поразот на Хрватска од Англија со 4-2, Гана ја победи Панама со 1-0 во драматична завршница во вториот натпревар од Групата Л. Победничкиот гол на Јиренки во 95-тата минута не само што ѝ донесе на Гана клучни три бода, туку и го стави младиот Ганец во историја на Светското првенство. Со 20 години и 153 дена, Јиренки стана најмладиот фудбалер во историјата на Светското првенство што постигнал победнички гол во судиското продолжение и што ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
3.62
20%
1015
weather icon

Белград

34ᴼ / 34ᴼ
2.68
45%
1016
weather icon

Загреб

36ᴼ / 36ᴼ
1.9
35%
1016
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
4.41
37%
1019
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
4.53
26%
1018
weather icon

Љубљана

36ᴼ / 33ᴼ
0.45
37%
1017
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
7.15
43%
1015
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
4.33
39%
1015
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
2.03
32%
1015
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 32ᴼ
2.24
29%
1019
weather icon

Будимпешта

39ᴼ / 38ᴼ
1.34
25%
1015
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
8.14
94%
1018
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Алуминиум

3.20

Цинк

0.00

Паладиум

38195.09

Сребро

1902.84

Бакар

12.33

Рутениум

49029.89

Иридиум

233896.68

Злато

131072.82

Платина

51923.46

Кобалт

56.29

Родиум

249168.29

Калај

50.56