13-та и 14-та генерација Intel Core процесори не успеваат кај многу корисници поради грешки во производството кои не можат да се поправат со софтверски закрпи. И покрај фактот што и корисниците и производителот се свесни за дефектот на производот, Intel нема намера да го повлече од пазарот, што предизвика бранови на незадоволство. За што станува збор? Портпаролот на Intel Томас Ханафорд потврди дека главната причина за неработењето на ...

Fashion Group ги израдува своите корисници со нова убава вест. Лојалти картичката сега во функција и за онлајн програмата, па тие што ја поседуваат ќе можат да уживаат во нови поволности на www.fashiongroup.com.mk! „Клиентите често не’ прашуваа дали Лојалти картичката што ја имаат важи и за онлајн купувањата, а ние сега таа опција направивме да биде возможна! Слушајќи ги нивните потреби и сакајќи да им го направиме шопинг искуството уште ...

Американски судија пресуди дека Google дејствувал незаконски за да го задржи монополот над онлајн пребарувањето и поврзаното рекламирање. Одлуката може да го промени начинот на кој технолошките гиганти водат бизнис во иднина. Американското Министерство за правда го тужеше Google поради неговата контрола над околу 90% од пазарот за онлајн пребарување. Во одлуката, окружниот судија Амит Мехта истакна дека Google платил милијарди за да се осигура ...

Србија се подготвува да го испрати својот прв сателит во орбитата приклучувајќи се на групата од 106 земји, кои веќе имаат вселенски програми. Покрај набљудувањето на Сонцето во доменот на Х-зраците, што е невозможно од Земјата, сателитот наречен „Мозаик“ ќе има уште неколку мисии, меѓу кои и и телекомуникациски. Како што наведуваат српските медиуми, првиот српски сателит „Мозаик“ треба да биде лансиран во вселената в година, со идеја да остане ...

Експертите за безбедност повторуваат дека лозинките треба да се чуваат на безбедно место, а прелистувачите, колку и да се погодни, не се баш најбезбедни. Грешка во прелистувачот Chrome предизвика милиони корисници ширум светот да ги загубат своите лозинки. Како што соопштија од Google, поради грешка во верзијата M127 на прелистувачот Chrome, корисниците кои користат Chrome во Windows не можеле да ги видат зачуваните лозинки, но не можеле да ...

Со новото ажурирање на Windows 11, Microsoft им обезбеди на корисниците на Android корисна функција. Новото ажурирање на Windows 11, во рамките на програмата Insider, ја подобрува компатибилноста помеѓу компјутерите со Android и Windows и им овозможува на корисниците да ја прегледаат меморијата на нивниот телефон преку Windows File Explorer. Компанијата од Редмонд веќе извесно време работи на подобрување на врската помеѓу телефоните и уредите со ...

Apple Intelligence, наводно, нема да биде подготвена за официјално објавување со iOS 18. Како што известува аналитичарот Марк Гурман, Apple Intelligence најверојатно нема да биде подготвен за објавување во рамките на верзиите iOS 18 и iPadOS 18 во септември. Наместо тоа, корисниците ќе мора да чекаат за октомври и iOS 18.1 и iPadOS 18.1, кога Apple планира да го претстави Apple Intelligence на своите уреди. Бета-верзии за овие верзии на ...

Новата двонасочна вселенска ласерска комуникациска технологија на НАСА е тестирана на Меѓународната вселенска станица (ISS) и успешно е испратено 4K видео во живо со пропусен опсег на врска од 900 Mbps. Од март оваа година, трае првичното тестирање на системот ILLUMA-T (Integrated LCRD Low Earth Orbit User Modem and Amplifier Terminal) кој овозможува двонасочна оптичка комуникација со Меѓународната вселенска станица со помош на ласери. Тој начин ...

Компанија за безбедност и анти-фишинг наречена KnowBe4 ангажираше работник на далечина – кој, во ироничен пресврт, се покажа дека е севернокорејски хакер. Компанијата го ангажирала софтверскиот инженер откако тој поминал низ четири посебни видео интервјуа и ги поминал проверките на неговото минато. Но, набргу откако на работникот му испратиле компјутер обезбеден од компанијата, работите веднаш тргнале наопаку. „Во моментот кога бил примен, ...

Австралиските истражувачи го „прочешлаа“ интернетот и пронајдоа милиони погрешни хиперлинкови на веб-страниците на големи компании, верски организации, финансиски компании, па дури и влади. Мислите дека можете да и верувате на секоја веб-страница? Потребна е само една печатна грешка и би можеле да бидете фатени во замката на кражба на идентитет, предупредуваат компјутерскиот научник и инженер по мехатроника Кевин Сарик и тимот соработници во ...

Гласовните актери на видео игрите и изведувачите за снимање на движење го одржаа својот прв протест пред „Варнер Брос“. Актерите во Бурбенк, Калифорнија, предупредуваат дека вештачката интелигенција (AI) е закана за нивните професии. „Моделите што ги користат се обучени на нашиот глас без наша согласност, без никаков надоместок“, изјави за Ројтерс, Лиана Албанезе, гласовна актерка во видео играта Persona 5 Tactica. Гласовните актери на видео ...

Со помош на вештачката интелигенција, писателот Зоран Спасов Sоф успеа да ги реставрира старите фотографии од револуционерите, да ги обои со нежни тонови и да ги анимира. Резултатот е изнандувачки интересен и само наговестува во кој правец се движи новата технологија. Во еден кадар дури и Ѓорче Петров во стилот на Дејвид Коперфилд му става мала капа на Гоце Делчев и во следниот миг му ја сокрива. Авторот вели дека во скоро време ќе можеме сами, ...

Турција го блокираше пристапот до платформата Инстаграм, објави во петокот регулаторот за инфотехнологија, без да ја прецизира причината или времетраењето на забраната, поради што и мобилната апликација на платформата остана недостапна. Овој потег уследи по коментарите на турскиот службеник за комуникации Фахретин Алтун во средата, кој ја критикуваше платформата за, како што ја нарече, нејзината одлука да блокира пораки со сочувство за убиството ...

„Случајно“ рекламирање во Google Maps? Google вели дека тоа не е новост, но за корисниците е. И впечатокот е дека тоа може да биде многу наметливо, иритирачко, дури и опасно. Ентони Хигман, корисник на Google Maps, прв забележа и објави информации за овој нов формат на рекламирање на социјалната мрежа X (поранешен Twitter). Додека возеше до Атлантик Сити, екранот на Хигман одеднаш покажа известување со опциите „Cancel“ и „Add stop“, сугерирајќи ...

Во својата 22-ра сезона, Apex Legends ќе претстави редизајн на системот Battle Pass, кој во иднина ќе има две пропусници по сезона. Apex Legends воведува нов модел Battle Pass почнувајќи од следната сезона, со општо негодување од играчите. Во иднина, секоја сезона во Apex ќе има две Battle Passes – едната на самиот почеток на сезоната, а другата на средината на сезоната. Battle Pass соодветно ќе има помалку нивоа – 60 во споредба со претходните ...

Алатката за вештачка интелигенција наводно создала мрежа од речиси 1.000 лажни сметки на платформата X, според САД. Властите во Соединетите Држави и нивните сојузници идентификуваа, а потоа затворија руска фарма за ботови, напојувана со вештачка интелигенција. Бот-фармата се состоеше од речиси 1.000 сметки, кои наводно ширеле дезинформации и проруски идеи и коментари на мрежата Х. Американското Министерство за правда откри дека фармата за ботови ...

Стриминг ѕвездата IShowSpeed ја откри неверојатната сума на пари што ја потрошил откако навивачите ги оштетиле возилата за време на неговата хаотична турнеја за време на Европското фудбалско првенство. IShowSpeed е еден од најпопуларните Јутјубери – толку популарен што во неколку наврати беше под мобинг од обожавателите за време на неговото патување во Европа. Another view of the crowd as they attacked Speed before the man jumped in the ...

Најголемиот американски сервис за продажба на билети за разни настани, Ticketmaster, пред нешто повеќе од еден месец беше жртва на хакерски напад. Во тоа време им беа украдени многу податоци – на пример приватните податоци на повеќе од 560 милиони корисници, кои купувале билети преку Ticketmaster и Live Nation во изминатите години. Хакерите од групата ShinyHunters потоа ги понудија податоците на продажба, барајќи 500.000 долари еднократно за нив ...

Netflix ги надмина очекувањата на Волстрит за вториот квартал од 2024 година. Компанијата забележа раст на приходите од 17% во однос на претходната година и зголемување на добивката од 44%, додека во тримесечниот период оствари посилен од очекуваниот раст на претплатниците. Netflix го припиша овој раст на мешавината на силни перформанси од голем број негови сметки и континуираната корист од споделувањето содржина што се плаќа. Растот на ...

Платформата X бележи стагнација кога станува збор за бројот на дневни активни корисници. По значителна тајност, X (поранешен Твитер) објави податоци за дневни активни корисници на длабоко ниво, како што објави Фајненшл Тајмс. Според извештаите, во текот на вториот квартал од оваа година X имал 251 милион дневно активни корисници, што претставува раст од 1,6 отсто во однос на истиот период лани. Овој бавен раст и општите превирања во компанијата ...

Полска добива претставник во новиот дел од популарната серија Tekken, која важи за една од најдобрите „табачини“, односно видео игри од жанрот „fighting“. Бандаи Намко објави дека нов лик ќе пристигне во Tekken 8 на 26 јули како DLC. Станува збор за женски лик Лидија Собиеска и не само што е од Полска, туку во светот на Tekken е премиер на таа земја. Во самиот промо клип таа вели: „Морам да победам за народот на Полска“. Таа за прв пат се ...

30/07/2024 08:06 - USB - +1

Дигиталната продавница за Xbox 360 на Мајкрософт ќе биде засекогаш затворена. Продавницата Xbox 360 се исклучи вчера, така што корисниците повеќе нема да можат да купуваат игри, DLC и други ставки од продавницата. Ниту Xbox 360 Store ниту Xbox 360 Marketplace повеќе нема да бидат достапни за корисниците, а двете услуги беа лансирани пред речиси 19 години. Ова исклучување нема да влијае на мултиплеер за Xbox 360, а корисниците сè уште ќе можат да ...

Минатиот месец разговаравме за тоа како Apple го ажурираше интерфејсот со фенерче за iOS 18, а сега донесе уште некои иновации. Најновото ажурирање за iOS 18, бета 3, вклучува дополнителни подобрувања на корисничкиот интерфејс, што го олеснува користењето. TechCrunch објаснува дека во iOS 18 бета 3, дизајнот на батериската ламба сега вклучува „закривена линија“ што ја означува и ширината и јачината на зракот. Можеби описот е малку збунувачки, па ...

Bumble им олеснува на своите членови да пријавуваат профили генерирани со вештачка интелигенција. Платформата за запознавање сега има опција „Користење фотографии или видеа генерирани од вештачка интелигенција“ во менито за известување за лажни профили. „Суштински дел од создавањето простор за градење значајни врски е отстранување на секој елемент што е погрешен или опасен“, велат од компанијата. „Ние сме посветени на постојано подобрување на ...

„Ќе ми го украдат телото и ќе прават што сакаат со него користејќи вештачка интелигенција“. Николас Кејџ им се придружи на зголемениот број критичари на вештачката интелигенција во Холивуд – иако тој самиот дозволи неговото тело да се скенира токму за оваа цел. Во едно неодамнешно интервју, 60-годишната холивудска ѕвезда изјави дека ќе биде „скениран“ за некои претстојни проекти кои може или не вклучуваат употреба на вештачка интелигенција. „Па, ...

Epic Games Store неодамна доби зелено светло за лансирање на iPhone и iPad уредите на Apple во Европа, откако претходно двапати беше одбиена. Сопствениците на Apple iPhone и iPad треба да можат повторно да инсталираат Fortnite во догледно време. Имено, Epic Games конечно доби дозвола од Apple да ја лансира апликацијата Epic Games Store на App Store, засега само во Европската Унија. Тоа е расплет на долгогодишниот спор меѓу двете компании, а се ...

Европската комисија и додели на интернет платформата за возрасни Xnxx статус на голема интернет платформа (VLOP), што значи дека според Законот за дигитални услуги, таа ќе мора да ги исполнува најстрогите барања. Xnxx е четвртата платформа која нуди содржини за возрасни и доби статус на VLOP – Pornhub, Stripchat и Xvideos исто така претходно го добија овој статус. Сите платформи со просечни повеќе од 45 милиони месечни корисници во ЕУ имаат VLOP ...

Официјалниот YouTube канал на Nintendo направи необичен потег. Овде обично не се промовираат хорор игри, но се чини дека стратегијата сега е малку променета. Имено, тие објавија видео од 15 секунди, благодарение на кое успеаја малку да ја „наежат“ својата публика. Клипот се вика „Emio“ (јапонски значи „насмеан човек“), а ни прикажува маж облечен во костум со чанта на главата. На чантата се нацртани очи и насмевка, а тука е само хаштагот ...

Компанијата за чипови за мозок на Илон Маск, Neuralink, работи на нов уред. Тие веруваат дека ќе биде потребно вградување на половина од бројот на електроди во мозокот за да биде поефикасен и помоќен, изјавија директорите на компанијата. Компанијата, исто така, презема мерки за намалување на ризиците, како што се обликување на черепот и намалување на концентрациите на јаглерод диоксид во крвта на нормални нивоа кај пациентите, изјавија ...

Ова ќе им помогне на корисниците на Google да го следат текот на нивните лични податоци. Google најави дека услугата за следење на dark web на компанијата, позната и како „dark web report“, ќе биде достапна за сите корисници на Google во 46 земји. Услугата ќе биде достапна од крајот на јули, а функцијата претходно беше достапна само за корисниците со членство на Google One. Функцијата „dark web report“ ќе биде поставена на страницата „Results ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
52%
1012
weather icon

Белград

20ᴼ / 17ᴼ
1.54
64%
1011
weather icon

Загреб

18ᴼ / 15ᴼ
4.12
62%
1010
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
63%
1013
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.4
56%
1012
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 14ᴼ
0.51
68%
1012
weather icon

Атина

23ᴼ / 22ᴼ
4.92
45%
1011
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
52%
1011
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
59%
1011
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 20ᴼ
2.68
50%
1012
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
0.45
62%
1010
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
72%
1014
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52