Малите храмови на пишаниот збор и продавачите на стари книги на Кејот 13 ноември пред нов предизвик да го задржат својот статус и локација. Во текот на вчерашниот ден ги посетил инспектор од град Скопје и им било усно посочено дека имаат рок до среда да ги напуштат дрвените куќарки со книги. Во моментов таму се 9 куќарки, но активно функционираат само 6. Бараат конечно да биде регулиран нивниот проблем кој трае речиси деценија и да останат на ...

Соединетите Американски Држави очекуваат од украинскиот претседател Володимир Зеленски да го потпише предложениот план на Вашингтон за завршување на војната до крајот на наредната недела, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на украински официјални лица. Американски претставници очекуваат украински потпис на предложениот документ до Денот на благодарноста, во четврток наредната недела, со цел мировниот план да се претстави во Москва подоцна ...

На Европската Унија (ЕУ) сè уште формално не ѝ е презентиран „т.н. американски мировен план“ за Украина, но таа од првиот ден од војната ја поддржува земјата и ги брани принципите на Повелбата на ОН, изјави денеска главната портпаролка на Европска комисија, Паула Пињо. „Не можеме да потврдиме дали имало некакви контакти со САД за оваа конкретна тема, откако документот вчера беше објавен во многу медиуми“, рече Пињо во одговор на новинарско ...

Украинскиот пратеник Алексеј Гончаренко го објави мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за крај на војната меѓу Киев и Москва. Во него се наведува дека ќе биде потврден суверенитетот на Украина која ќе мора да се откаже од некои свои територии. Планот, кој го објави и руската приватна медиумска група РЦБ, предвидува дека Украина ќе внесе одредба во Уставот дека нема да биде членка на НАТО и оти ќе го задржи ненуклеарниот ...

Електронските цигари меѓу младите во Македонија. Статистиката покажува дека речиси 30% од адолесцентите веќе пробале електронски цигари, а многумина започнуваат уште на 13-годишна возраст да пушат. Како децата доаѓаат до овие производи? Кој им ги продава или им ги дава? Маркетингот и инфлуенсерите силно влијаат врз младите да посегнат по електронските цигари, а уште позагрижувачки е што дел од родителите самите им купуваат електронски цигари на ...

Адем Чучуљ е едногласно предложен за претседател на Државната комисија за спречување корупција. Тој го доби највисокиот рејтинг од Комисијата за избори и именувања, која го интервјуираше за оваа позиција. За кандидатурата се исполнети условите за македонско државјанство, високо образование и над десет години искуство во области поврзани со борба против корупцијата. Собраниската комисија ја следи Далиборка Демјанска. Таа се јави ви Вестите на ...

Министерството за здравство го пушти во употреба новиот електронски регистар на сите здравствени работници. Оваа база ќе биде задолжителна алатка при секое ново вработување и ќе стави крај на кадровските одлуки базирани на лични процени или телефонски повици. Министерот нема да може да одобри ниту еден профил доколку податоците од системот не го поддржуваат тоа. Преку регистарот се добиени точни бројки за секој здравствен профил во секоја ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Тирана учествува на Самитот на лидери „Нашиот пат кон ЕУ“. Тој во објава на Фејсбук наведе дека земјава останува решително ориентирана кон европските интеграции и регионалната соработка. -Денеска присуствувам на Самитот на лидерите „Нашиот пат кон ЕУ“, којшто се одржува во Тирана, Албанија. Нашата земја останува решително ориентирана кон европските интеграции и регионалната соработка, како клучни столбови ...

Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска одржа седница, на која за претседател на ДКСК го изгласа и предложи кандидатот Адем Чучуљ од Скопје дипломиран правник и актуелен генерален секретар на ДКСК, според комисијата тој е најуспешен во постапката за избор. Чучуљ имал 96.50 поени и прво место на ранг листата од 10 кандидати за нов претседател на Антикорупциската комисија. На своето интервју пред комисијата за селекција рече дека ...

Кочанскиот суд определи мерка притвор на двајца првоосомничени во случајот со поткупот за Пулс, предистрага која беше отворена вчера. Обвинителството бараше притвор за двајцата даночни контролори во регионалната дирекција на УЈП во Штип, но судот на првоосомничените Драган Паунов и Дуле Димитриев им определи куќен притвор. Двајцата се осомничени дека „ја искористиле својата службена положба и овластување и пристапот до податоци и информации за ...

Поради обилните врнежи од дожд во последното деноноќие на повеќе локации во државата се регистрирани зголемувања на водостоите на реките, како и одредени излевања, поплавени објекти и одрони, информираат од Центарот за управување со кризи. Како што посочуваат во Битолски регион има излевање на реката Шемница кај село Лера со поплавена куќа и штали. Во општина Новаци е прекинат патот кон рудникот Брод–Гнеотино поради надојдена вода од Црна Река. ...

Санкциите што ги воведоа САД врз руските нафтени гиганти Лукоил и Роснефт, објавени од Министерството за финансии во октомври, стапуваат во сила денеска. САД ги ставија Лукоил и Роснефт, како и десетици нивни подружници, на списокот на специјално назначени лица на ОФАЦ. Според Вашингтон, санкциите имаат за цел да го зголемат притисокот врз Кремљ поради недостатокот на сериозна посветеност на Русија кон мировниот процес во Украина. Американскиот ...

Жена која преживеала злоупотреба од осудениот сексуален престапник Џефри Епстајн вели дека има измешани емоции откако претседателот Трамп го потпиша законот со кој се бара Министерството за правда да ги објави сите досиеја и комуникации поврзани со случајот. Марина Ласерда рече дека е среќна и загрижена додека случајот се движи напред. Таа е по потекло од Бразил и го запознала Епстајн кога имала 14 години во 2002 година, кога ѝ била понудена ...

Украина е сè позагрижена поради можен притисок од американската администрација да прифати мировен план развиен од Вашингтон во соработка со Русија, објави „Фајненшл тајмс“ , цитирајќи украински претставници. Според изданието, претседателот Доналд Трамп бара Киев да направи значителни отстапки кон Москва, што ќе влијаат на територијалните прашања , големината на украинските вооружени сили и нивните системи за оружје.Планот од 28 точки, одобрен од ...

Растот на цените на храната е главната причина за падот на рејтингот на Трамп, кој е на најниско ниво откако се врати на власт, според анкетата на „Ипсос Ројтерс“.Цените на кафето на мало во Соединетите Американски Држави се зголемија за дури 40 проценти оваа година, поттикнати од царините и други фактори како што е помалото производство поради неповолни временски услови. -Одлуката за укинување на царините за увоз од Бразил ја покажува ...

Србија денеска под влажен бран кој носи врнежи од дожд. Утринските часови донесоа дождливо време во Бачка, Срем и Мачванскиот округ, како и на поединечни места на југоистокот и истокот на земјата. Попладне и навечер се најавува пад на температурите, а според метеоролозите, во текот на ноќта дождот ќе премине во снег во планинските предели на југозападна Србија. Очекуваното заладување ќе донесе и краткотрајни зимски услови во повисоките области. ...

Во третото тримесечје од 2025 година во автобускиот патен превоз вкупно се превезени 8,832 милиони патници што е намалување за 6,4 проценти во споредба со третото тримесечје од 2024 година. Според податоците од Државниот завод за статистика, бројот на превезените патници во градскиот автобуски превоз е намален за 4,6 отсто, во приградскиот превоз е намален за 7,8, во меѓуградскиот за 8,6, а во меѓународниот превоз е намален за 12,5 отсто. ...

Појава на одрони предизвикаа интензивните врнежи од дожд кои паѓаат од синоќа на патниот правец Делчево – Македонска Каменица. Според информации од возачи, поголеми одрони се забележани по селото Очипала, во близина на месноста Баткова Чешма, каде на патот има поголемо количество земја и камења. Поситни одрони има на повеќе делници долж овој патен правец, поради што сообраќајот се одвива отежнато и со зголемено внимание. Колската површина е ...

Со загриженост ја следам дебатата во земјава за тоа колку треба да изнесува буџетот за правосудството која се отвори по објавувањето на извештајот на Европската комисија за Македонија, вели Амбасадорката на СР Германија, Петра Дрекслер. Во документот, меѓу другото, се констатира дека правосудството е финансиски зависно и под притисок на извршната и законодавната власт, но премиерот Христијан Мицкоски во неколку јавни настапи порача дека нема ...

По одложувањето на претходното рочиште, на кое требаше да бидат изнесени завршните зборови во судската постапка за трагичната несреќа во која 25-годишниот мотоциклист Фатон Љури со мотор на пешачка патека го прегази 68-годишниот пензионер Југослав Николовски, за денеска е закажано ново рочиште во Основниот кривичен суд. Случајот привлекува големо внимание во јавноста поради околностите под кои се случи несреќата и признавањето на вината од ...

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска треба да одржи седница на која ќе езбере еден од кандидатите кои беа интервјуирани за позицијата претседател на Државната комисија за спречувањер корупција. Ќе бира меѓу 10 кандидати а изборот ќе падне врз оној кој добил најдобра оценка од страна на членовите на комисијата. Најдобро рангираните кандидати денеска ќе бидат предложени на Собранието во единствена листа за избор на ...

Почнува постапката за собирање потписи за независни кандидати за градоначалници на општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа, соопшти Државната изборна комисија. Собирањето на потписите ќе се врши пред службените лица на надлежното подрачно одделение и канцеларија на Државна изборна комисија и пред надлежен нотар, секој работен ден во периодот на редовното работно време од 8:30 до 16:30 часот, а последниот ден (30 ноември ...

Околу 23.000 смртни случаи можеле да се избегнат во Англија, доколку првиот карантин на почетокот на пандемијата на коронавирус бил воведен порано, се вели во наодите од истрагата објавена денеска. „И покрај ширењето на вирусот низ целиот свет, британската влада, тогаш предводена од конзервативниот премиер Борис Џонсон, ја сфати сериозноста на ситуацијата предоцна“, покажуваат наодите. „Овој недостаток на итност и огромното зголемување на ...

Политичкиот монопол на популистичката десница ги држи сите карти во свои раце. Социјалдемократите се безнадежно во слободен пад. Во длабоко поларизиран и затруен политички и јавен простор политичката конкуренција е само привид. Како да се реконструира левата политичка алтернатива? – Дали е тоа невозможна мисија за потрошените социјалдемократи? Во „Вин-Вин“ вечерва дебатираа Гордан Георгиев од Форумот за разумни политики и аналитичарот Петар ...

Не се согласувам со тезата дека македонската опозиција е во криза, во криза е СДСМ, а не македонската опозиција. СДСМ нема монопол на критиката на владеачките политики, рече аналитичарот Петар Арсовски во вечерашната дебата во „Вин-Вин“ на Телма ТВ. „Едно основно правило е дека политичкиот пазар не останува празен. Ние во основа се движиме кон едно српско сценарио, а тоа е униполарна политичка ситуација. ВМРО-ДПМНЕ доминира во центарот и околу ...

СДСМ во овој момент е во трикратна, четирикратна криза, рече Гордан Георгиев од Форум за разумни политики во вечерашната дебата во „Вин-Вин“ на ТВ Телма. „Првата е морална криза, ако сакате и криза на „што правиме понатаму, каде одиме“, втората е персонална, бидејќи гледаме дека има флуктуација на луѓе, излегуваат – влегуваат, го оспоруваат легитимитетот на лидерот, итн. и трета е идеолошка. Ако зборуваме за идеологија денес во 2025 година или ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Киев му рекол на американскиот секретар за копнена војска Ден Дрискол дека е подготвен да соработува со администрацијата на Трамп на новиот мировен план, потвдија претставници на Украина и САД, пренесува порталот Аксиос. Ваквиот потег на Зеленски доаѓа и покрај тоа што во планот се бараат големи отстапки од Украина, вклучително и предавање на територии кои се под нејзина контрола на Русија. ...

Загрижувачки податоци за зголемен број на млади пушачи во Македонија. За четири години за 10% е зголемена употребата на електронски цигари кои стануваат сè попопуларни кај новите генерации. Зависностите не се индивидуален неуспех, тие се јавно-здравствен проблем и ниту една институција не може сама да го реши овој проблем, затоа е потребно нивно координирано дејствување, рече д-р Здравески. „Ако во 2019 година, 21% од адолесцентите употребиле ...

Како студент на втор циклус студии, се надевав дека можам да аплицирам за ваучерот, бидејќи навистина ми е потребен лаптоп“, вели студентка анонимно за Телма. Студентка за Телма анонимно раскажа за нејзиното искуство со ваучерите наменети за електронски уреди. Иако ѝ е потребен ваучер, таа нема да го добие, бидејќи е на постдипломски студии, што за неа е дискриминација. Таа со вознемирен глас, дополнително раскажа дека и покрај ограничувањето, ...

Двајца даночни контролори од штипската дирекција на УЈП примале поткуп од Михајло Јованов, син на сопственикот на „Пулс“. Му јавувале кога ќе има ненајавени контроли, а за возврат добивале подароци и друга имотна корист, соопшти обивнителството кое предлага притвор за двајцата. Според информациите на Телма, меѓу нив е и Драган Паунов, брат на претседателката на Кривичен, Даниела Димовска. Шестмина даночни инспектори и управници од директцциите ...

weather icon

Белград

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
100%
1025
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
0.51
89%
1025
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
3.09
72%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.82
88%
1026
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 0ᴼ
0.51
100%
1026
weather icon

Атина

12ᴼ / 11ᴼ
6.71
75%
1021
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
93%
1023
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
3.6
93%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
3.6
89%
1024
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
1.79
97%
1024
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
5.66
66%
1023
weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1026
Currency

61.64

Currency

52.9026

Currency

70.5558

Currency

35.1006

Currency

38.2267

Currency

65.7739

Currency

7.47463

Currency

0.68891

Currency

0.34038

Currency

0.52501

Currency

1.24174

Currency

0.58757

Злато

134797.47

Сребро

1869.36

Иридиум

145787.60

Цинк

3.22

Никел

473178.61

Платина

53033.69

Алуминиум

2.91

Кобалт

58.42

Родиум

255598.44

Рутениум

29192.88

Калај

40.47

Бакар

10.89