Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Женскиот ракометен клуб Вардар ја прекина соработката со досегашниот стручен штаб на сениорската екипа, Анжела Платон и Александра Кузмановска, кои повеќе нема да бидат дел од клубот. Од клубот им се заблагодарија на Платон и Кузмановска за досегашната работа и придонесот во изминатиот период, посакувајќи им многу успех во понатамошната тренерска кариера. Воедно, ЖРК Вардар информираше дека за нов шеф на стручниот штаб на првиот тим е ...
Вечерва стартуваше новата сезона во ЕРС (eFootball Pro Champions), а во која настапува екипата на ГФК Охрид Лихнидос, за што веќе ексклузивно објави Спортска Мрежа. Како што претходно објавивме, ќе ги следиме сите натпревари на „рибарите“. Лигата се игра во популарниот 3 на 3 мод, а боите на ГФК Охрид Лихнидос ги бранат Иван Иванов – државен шампион во eFootball во Македонија, играч кој потекнува од Радовиш, како и Марко Дринаковиќ, Вук ...
Во Ново Село се одигра пријателски натпревар меѓу Огражден и Спартмани, на кој беа постигнати осум гола, а за убедлив триумф на домаќинот од високи 7:1. „Црно-жолтите“ одиграа одличен натпревар со добра игра и стигнаа до убедлив триумф на свој терен. Тимот на Огражден есенскиот дел го заврши на четвртото место во Општинската фудбалска лига во Струмица со 12 бодови, четири помалку од Спартмани, кој го дели првото место со тимот на Интер Кукла ...
Општинскиот фудбалски сојуз (ОФС) Тетово денес го одржа редовното годишно Собрание, а на кое се усвои годишната завршна сметка со позитивен биланс. На редовното годишно Собрание од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) присутен беше Стојче Атанасовски. ОФС Тетово во своето досегашно работење имал добра соработка со ФФМ, а истата соработка и поддршка од раководството на ФФМ со ОФС Тетово ќе продолжи и во иднина, а во насока на реализација ...
Идејата за формирање на нова Регионална ракометна лига со клубови од Србија, Македонија и Црна Гора е многу блиску до реализација. Како што објавува српскиот медиум Mozzart Sport, конечниот договор би требало да биде постигнат на состанок кој е закажан следниот понеделник во Белград. Според планот, во натпреварувањето би учествувале десет екипи по систем 4-4-2, односно четири клуба од Србија, четири од Македонија и два од Црна Гора. Србија би ...
Второлигашот Вардар Неготино кој „виси на конец“ да испадне директно во Трета лига за следната сезона закажа Годишно собрание за среда (18 март) со почеток од 18:30 часот во салата на општина Неготино. Како што е истакнато во соопштението на второлигашот од Неготино дневниот ред е составен од четири точки, отчет за сработеното на новата управа, а поканета е и старата управа. Од клубот посочуваат дека е поканета навивачката група „Винари“, ...
Со натпреварите во Куманово и Кратово беше комплетирано 23. коло во Првата македонска фудбалска лига, а најважната победа ја забележа Работнички кој се врати во игра во битката за опстанок. „Романтичарите“ славеа на гостувањето кај Башкими со 2:1. Гостите поведоа рано, кога Сухељ Муарем во 11. минута ја искористи грешката на домашната одбрана и го совлада противничкиот голман за 0:1. Работнички добро ја контролираше играта, а во второто ...
По 13 одиграни кола во Трета лига – Исток, екипата на Побда од Валандово останува и натаму непоразен лидер, „калинкарите“ имаат 29 бодови на своето конто, еден повеќе од Овче Поле кој е втор со 28 бодови, но тимот од Свети Николе има меч повеќе. На третото место останува Ударни од Пирава со 26 бодови, но и со меч повеќе во однос на Победа. Хоризонт Турново е четврти на табелата со 22 бодови, има натпревар помалку, но се сведува битката за ...
Екипата на Црна Река стигна до триумф над ССК на гостински терен, славејќи победа со резултат од 3:8, со што ланскиот прволигаш од Кавадарци ја продолжува борбата за експресно враќање во елитата. За тимот на ССК стрелци во поразот од 14. коло на Втората футсал лига беа Илија Алексовски, Несим Сулејман и Исени Таркан. За тимот од Кавадарци хет-трик постигна Ѓорѓи Стрезовски, двапати погоди Лазар Мицев, а по еднаш Никола Димов, Димитар Чоков и ...
Валандово вечерва гледаше прволигашки футсал откако Проект мечот со Мал Ајакс го одигра во салата „Филип Втори“, а кој меч непоразениот лидер од Јосифиво го доби во еден „потег“ триумфирајќи со 7:2. Мечот од 13. коло ма Првата футсал лига беше само еден тренинг за Проект. Давид Ристовски беше двоен стрелец, а пак по еден гол постигнаа Ѓорги Коцески, Марио Благојевкси, Никола Анчевски и Димитар Јанев. За гостинот од Штип Давид Тошев и Теодор ...
Листата на „отпишани“ второлигаши од коло во коло се зголемува, покрај веќе „отпишаните“ Големо Коњари, Слога Виница и Победа, во листата влегува и Преспа од Ресен. За Големо Коњари и Слога Виница одамна беше јасно дека нема да бидат конкуренти, Победа е со хаотична ситуација, а Преспа по поразот од Вардар Неготино си пресуди и си ги намали шансите за бараж. Во моментот тимот од Ресен има 12 бодови негатива од бараж зоната што ќе биде речиси ...
Лидерот Младост од Богданци останува непоразен во Првата ракометна лига, откако лесно се прошета на гостувањето во Свети Николе каде го „збриша“ Овче Поле со 21:36, во меч од 18. коло. Домашниот тим пружи отпор во првите петнаесетина минути игра, кога му парираше на искусниот тим од Богданци. Во 22. минута беше 10:11, а тогаш Младост започна да гради резултатска разлика кој го решаваше мечот. На полувреме лидерот од Богданци кој не знае за ...
Три екипи се имаат шанси за првата позиција во Трета лига – Запад која води кон баражот за Втора лига, но најголема шанса има лидерот Камјани, кој има учинок од 11 победи и еден пораз и 33 бодови на своето конто. Лидерот има седум бодови повеќе од Влазерими кој е втор, со тоа што тимот од Кичево има 36 бодови на своето конто. Вардар од Брвеница го држи третото место со 25 бодови и ќе биде последната екипа која може да фати некој приклучок за ...
По 15 кола во Трета лига – Север тимот на Еуромилк ГЛ кој во минатото беше дел од фудбалската елита е на добар пат да го обезбеди баражот за Втора лига, иако има уште многу неизвесни мечеви во првенството, „лисиците“ имаат квалитет и делуваат сигурно да го потврдат првото место. Најблиску од нив и најсериозен конкурент е само БВК Коњаре, останатите екипи се далеку од можност за било какво изненадување. Во долниот дел од табелата поранешниот ...
Велешки Борец е на врвот на табелата во Трета лига – Југ со 40 бодови на своето конто со учинок од 13 победи, едно реми и еден пораз од 15 одиграни натпревари. Некогашниот прволигаш од Велес кој лани испадна од Втора лига има шест бодови повеќе од Превалец кој е втор, со тоа што има и меч повеќе. Со по 31 бод екипите на Ултрас и Венец од Долни Дисан го делат третото место на табелата, а другите екипи имаат посериозна бодовна разлика од ...
Вардар 1961 извојува огромна победа во дербито на македонскиот ракомет, откако на гостувањето во Битола го совлада Еурофарм Пелистер со 27:22 во рамки на плејофот од Суперлигата. Со овој триумф „црвено-црните“ направија голем чекор кон враќањето на шампионскиот трон. Натпреварот започна израмнето, но домаќините подобро се снајдоа во поголемиот дел од првото полувреме. Еурофарм Пелистер неколкупати имаше предност од три гола, а на одмор замина ...
Љуботен ја губи борбата за одбрана на титулата, Скопје е на чекор да ја освои истата, откако по 18 кола е на врвот со 51 освоен бод, а учинокот на тимот од Пржино е 17 победи и еден пораз, а пак актуелниот шампион Љуботен е втор со 43 бодови. Ваквиот расплет ги зголеми апетитите на останатите екипи да се борат и за втората позиција, Тиверија Брера која е трет со 36 бодови, има седум бодови негатива од второто место, а пак Истатов е не ...
Екипата на Тиквеш стигна до сигурна победа над Бутел Скопје со резултат 25-20 во натпреварот од второто коло од суперлигашкиот плеј-оф. Кавадарчани ја поставија основата за триумфот уште во првиот дел. По триесет минути игра имаа убедлива предност од 16-10, што најави дека бодовите тешко ќе заминат од Кавадарци. Натпреварот беше обележан и со два црвени картони во раната фаза. Веќе по пет минути игра Бутел Скопје остана без еден од своите ...
Трите бодови останаа во Битола – Топ Гол ја доби дерби пресметката за опстанок со Кочани, откако славеше пред својата публика со 2:1 во натпревар од 18. коло на Првата женска фудбалска лига. Натпреварот во целост беше неизвесен, возбудлив и сосема очекувано со претпазливост во самата игра од страна на двете екипи со оглед дека влогот од истиот за трите бодови беше голем. Без голови заврши првиот дел од натпреварот во Битола, откако мрежите ...
Лидерот Камјани забележа сигурена и убедлива победа од 0:3 над Доброшти во гости, а во рамките на 13-тата рунда на Трета лига -Запад. Даут Даути го отвори резултатот во 26. минута, а во 40. минута Ветон Бафтиари погоди за 2:0 на полувреме. Во вториот дел конечниот резултат го постави Хузри Џемаили. Влазерими однесе убедлива победа откако со 6:0 на домашен терен го декласираше некогашниот прволигаш Ренова од Џепчиште. Во првиот дел стрелци беа ...
Во Пржино нема бодови – лидерот Скопје забележа победа од 2:0 над Каменица Саса и чекори сигурно кон освојување на титулата во Првата женска фудбалска лига. Мечот од 18. коло го решија Емили Митковска која погоди во 27. минута и Рабија Дервиши која стрелаше во 61. минута. Трите бодови останаа во Струмица, откако Тиверија Брера со 3:0 славеше над струшки Ас Јунајтед. Резултатот беше отворен по десеттина минути игра на теренот со вештачка трева ...
Со четири погодоци и без победник заврши натпреварот во Дојран меѓу Дојранско Езеро и Малеш од Берово (2:2), со што беше комплетирано 13. коло во Трета лига – Исток. Домаќините први стигнаа до предност. Илија Иванов во 25. минута го отвори резултатот и донесе водство за Дојранско Езеро, но гостите од Берово возвратија пред паузата. Во 40. минута Ерол Пилов ја погоди мрежата за израмнување и резултат 1:1 на полувреме. Во второто полувреме ...
Само една гостинска победа во 16. коло на Трета лига – Југ, откако тимот на Питу Гули од Крушево со 0:1 славеше над Млекар со голот на Соте Андреески постигна во 73. минута. Лидерот Борец стигна до нов триумф откако на домашен терен со 2:0 славеше над Тополка со двата гола на Илхан Имеров. Венец со лото победа над Влазними Јуниор, откако во Долни Дисан беа постигнати седум погодоци (7:0). Двојни стрелци беа Кирил Неделков и Петар Ристовски, а ...
Фудбалерите на Шкендија запишаа важна победа во 23. коло од Првата македонска фудбалска лига, откако на домашен терен го совладаа Арсими со минимални 1-0. Херој на тетовци беше капитенот Бесарт Ибраими, кој со одличен погодок го реши натпреварот. Од самиот почеток Шкендија ја презеде иницијативата и се обидуваше да го наметне својот ритам на игра. Иако во воведните минути немаше многу конкретни шанси, домашниот тим успеа да ја пробие ...
Без победник заврши големото дерби на Југот во рамки на 13. коло од Трета лига – Исток, откако Ударник и лидерот Победа Валандово одиграа без голови (0-0) пред повеќе од 1000 гледачи на стадионот во Пирава. Натпреварот се одигра во фантастична атмосфера, каква што ретко се гледа дури и на мечеви од повисок ранг. Преполните трибини, песната на навивачите и големата страст за фудбалот уште еднаш покажаа дека Пирава и целиот регион живеат за ова ...
Фудбалерките на Истатов стигнаа до лесна рутинска победа од 0:3 над Речица во гости, во меч од 18. коло на Првата женска фудбалска лига. Елма Шемсовиќ го отвори резултатот за водство на гостинот од 0:1, резултат со кој се замина на полувреме. Во вториот дел Ана Нешковска во 57. минута постигна гол за двојна предност на „истатовки“, а во 73. минута Радица Чонева постигна гол за конечни 0:3. Тимот на Истатов кој го води стратегот Кирил Изов ...
Македонската ракометна јавност вечерва ќе биде насочена кон Битола, каде што Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 ќе го одиграат големото дерби во рамки на второто коло од плеј-офот во Суперлигата. Натпреварот започнува во 19:00 часот, а салата во Битола е распродадена и се очекува жешка атмосфера. Дуелот доаѓа во исклучително важен момент од сезоната. Пред почетокот на ова коло Вардар е лидер на табелата со 44 бодови, додека Еурофарм Пелистер е ...
Фудбалерите на Тиквеш одиграа одличен натпревар пред својата публика во Кавадарци и со убедливи 6-0 го совладаа тимот на Шкупи, продолжувајќи ја победничката серија во домашниот шампионат. Домашниот состав тргна силно уште од самиот старт. Веќе во 5. минута Тиквеш стигна до водство, кога по центаршут на Тодоров, новото засилување Лавал со удар со глава ја затресе мрежата на гостите за 1-0. Кавадарчани продолжија со притисок, а по неколку ...
По нерешениот резултат против АП Брера на домашен терен, и победата на Вардар во Кратово, Шкендија од еден, заостанува три бода од лидерската позиција која и натаму ја имаат „црвено-црните“ од Скопје. Сега дополнително истата изнесува шест бодови, после триумфот на првопласираниот над АП Брера на домашен терен, па Шкендија нема друг избор освен освојување на три бода на домашен терен против Арсими. Освен Шкупи, Арсими оваа пролет не победи ...
Екипата на Арсими во рамки на 23. коло од Првата Фудбалска лига ќе се соочи со Шкендија во Тетово. Иако гостиварскиот тим е во резултатска криза, верува дека токму овој натпревар може да донесе пресврт Дефанзивецот на Арсими, Ајрадин Цуцули, зборуваше пред важниот натпревар против Шкендија во Тетово, искрено признавајќи дека екипата минува низ тежок период. “Свесни сме дека како тим поминуваме низ не толку добар период. Последните резултати ...