Македонската сениорска репрезентација го одработи првиот собир во „Т Арена“ во Скопје, со што и официјално започна краткиот подготвителен период за гостувањето кај Австрија во рамките на втората рунда од претквалификациите за Евробаскетот 2029. Селекторот Хозе Мариа Берокал на располагање има речиси комплетен состав, а токму ростерот со кој Македонија ќе настапи во Виена беше една од темите на разговор со предводникот на националниот тим. ...

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, му даде на Џани Инфантино две опции, од кои ниту една не вклучува останување на претседателот на ФИФА на власт до следната година. „Едната опција е тој да сфати дека нема поддршка, не само поддршка од оние што гласаат, туку и поддршка од фудбалската заедница, поддршка од навивачите, поддршка од сегашни и поранешни играчи, тренери. Другата опција, рече тој, е да се кандидира на мартовските избори. Во ...

Роберт Просинечки повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Киргистан. Челниците на азиската репрезентација направија обостран раскин на договорот и формално се заблагодарија на Просинечки. Легендарниот хрватски фудбалер едвај осум месеци остана на клупата на Киргистан, период во кој немаше ниту еден триумф во четири средби. Киргистан одигра две нерешени дуели против Палестина и двата без погодоци, а загуби од Мадагаскар со 2:5 и ...

Селекторот на шпанската фудбаалската репрезентација, Луис де ла Фуенте, рече дека е тажен за она што се случи во саботата на „Сан Мамеш“ во Билбао, кога имаше и аплаузи, но и гласни свирежи кога триото светски прваци од Атлетик го покажаа пехарот од освоениот Мундијал. Унаи Симон, Ејмерик Лапорт и Нико Вилијамс пред публиката во нивниот Билбао го покажаа пехарот од СП кој го освоија играјќи за Шпанија, но се слушаа и свирежи од баскиските ...

Точно пред една недела во скопска Кисела Вода бил уплатен тикет каков што се прави еднаш во животот. Обложувачот наредил дури 27 натпревари, од кои 19 „во фикс“, додека останатите осум се со услов да бидат добитни „пет од осум“. На тикетот има натпревари од неколку различни дена, а бил уплатен на 200 денари влог. На крајот, неверојатно, но освен мечевите ставени „во глава“ кои мора да се погодат, на тикетот се погодени и сите осум останати ...

Денеска беше објавен распоредот за петото коло од Прва фудбалска лига на Македонија, а тоа што повторно е впечатливо е дека во викенд термините ќе се играат само два меча и тоа еден во сабота и еден во недела. Возбудувањата во следното коло ќе започнат на 28 август во петок која на програмата се две средби. Дербито ќе се игра во Кратово каде домашниот Силекс ќе ја пречекуав Шкендија. Тетовци се единствени со перфектен учинок во првенството, ...

Бразилецот Винисиус за време на победата на Реал Мадрид од 2-1 над Еспањол во саботата не придонесе многу за тимот и тоа значително го фрустрираше, па во еден момент од натпреварот ја истури својата фрустрација врз својот соиграч Арда Ѓулер. Вини беше вознемирен што Турчинот не му ја додал топката нему, туку на Килијан Мбапе, кој беше во полоша позиција. Камерите го фатија овој мал испад на Бразилецот. „Арда, Арда! Дај ми ја само еднаш, ...

Аргентинецот Енцо Фернандес, кој поради случувањата на СП 2026, сезонава ќе биде исвиркуван на сите стадиони во Англија каде што ќе гостува, синоќа одигра околу половина час за Челзи, но може наскоро да потпише за Манчестер сити. Според информација на познатиот новинар Фабрицио Романо, кој важи за експерт за трансфери, Енцо веќе се согласил да премине во Сити кај тренерот Мареска, под чие водство играше добро минатата сезона. Челзи би го ...

Бонус тип квотата која ја нуди Sport Life за денеска е 28.0 и тоа за три меча. Условот за добивка е на трите мечеви од квалификациите за Лига на шампиони кои се играат вечерва да има 1-2 гола во прво и 2+ гола во второ полувреме. Во основната понуда, за оваа игра за трите меча вкупната квота е 23,6, па затоа вреди да се одиграат во пакет како Бонус тип бидејќи така ќе добиете многу повеќе. Бонус тип квотата која ја нуди Sport Life за ...

Тотенхем го објави трансферот на крилниот напаѓач кој играше во Манчестер сити, Савињо. Договорот е до 2031 година со опција за продолжување на уште една сезона, а трансферната цена е 75 милиони фунти плус дополнителни 10 милиони фунти во бонуси. Конвертирано во евра, потпишувањето на играчот би ги чинело Спарсите приближно 100 милиони. Савињо дојде во Манчестер сити во 2024 година од Троа за 25 милиони евра, а најдобрите игри ги имаше во ...

Шкендија е единствената екипа со максимален учинок по првите четири кола во Прва фудбалска лига на Македонија. Тетовци се безгрешни, а по нив следува низа од три екипи со по седум бодови, а тоа се Тиквеш, Силекс и Струга ТЛ. Актуелниот првак Вардар ја прекина мини-кризата од два порази и славеше над Силекс со 4:1, па сега со шест бода е на шестото место. Следното петто коло ќе биде посебно. За прв пат по три и пол години нема да се одигра ...

ФК Вардар го освежи својот состав со Сирики Дијабате, 23-годишниот централен одбранбен фудбалер од Брегот на Слоновата Коска настапува на позицијата централен дефанзивец. Тој со своите 192 сантиметри и физичките предиспозиции, ќе биде нова опција во одбранбената линија на Црвено-црните и столб на одбраната по заминувањето на Дарко Велковски. Инаку, Диабате откако го имаше своето европско деби во француски Амиен, имаше краток престој во ...

6044 Сабах – Хапоел Бер Шева (18.45 часот) Израелскиот тим го доби првиот меч со 2-1 и со минимална предност отиде во Баку, каде што и Сабах се надева на историја и влез во лигашката фаза на ЛШ, меѓу 36-те најдобри тимови во Европа. Во почетниот состав на Сабах има само двајца Азербејџанци, останатите се странци, но сега треба да одиграат најдобро што знаат и да го добијат најважниот натпревар. Сабах во претходното коло против Архус, кога ...

Квотите на денот во Sport Life прават вкупен коефициент од 54.63 и прималиви се за играње. Овие предлози може да ви ги решат дилемите што да одиграте за денеска. Квота од 2.20 има за Сабах – Хапоел Бер Шева и тоа дека нема да биде нерешено и ќе паднат 2-4 гола. Предлог од 2.50 се нуди за Ал-Наср да даде 1-2 гола во двете полувремиња против Ал-Етифак. Селтик да не победи во Линц против ЛАСК и притоа да има гол(оови) во двете полувремиња е ...

Шпанскиот првак Барселона летово направи доста промени во составот, а им остануваат уште 7 дена до затворањето на летниот преоден рок и Каталонците може да изненадат со неколку трансфери. Петмина играчи би можеле да го напуштат тимот во рок од една недела: Френки де Јонг, Хектор Форт, Марк Касадо, Жил Кунде и Алекс Балде. Според „Трансфермаркт“, вкупната вредност на овие играчи е 175 милиони евра. Тренерот Ханси Флик дозволил тие да бидат ...

Пет тениски и 11 фудбалски натпревари се најдоа во денешниот Супер тип на Sport Life каде зголемените квоти се мошне примамливи бидејќи делува оти многу од нив ќе бидат добитни. За тениските дуели се нудат практично „сигурици“ како џокери за подобрување на можната добивка, додека изборот на игри кај фудбалските средби е далеку поголем и побогат и сами бирате дали да искористите супер квота за конечен тип или некоја од другите четири опции со ...

Македонскиот кадетски кошаркарски репрезеннтативец, Александар Зунзуровски, потпиша стипендиски договор со белградски Партизан и следната сезона треба да игра за кадетите на Црно-белите. Ова потпишување привлече големо внимание и во Србија бидејќи Зунзуровски се сели директно од редовите на нивниот најголем ривал, Црвена ѕвезда, каде што важеше за лидер на својата генерација. Вака Зунзуровски ја продолжува серија „киднапирања“ на ...

Екипата на Челзи со победа од 3-2 во локалното соседско дерби со Фулам ја отвори новата сезона во Премиер лигата, но голманот Роберто Санчез направи грешки при примените голови што ги налутија навивачите. Менаџерот Чаби Алонсо после мечот го бранеше голманот. „Не сакам да обвинувам индивидуалци. При првиот гол можевме подобро да се браниме и да избегнеме примање гол, но тоа е дел од играта“, рече Алонсо. Санчез во 23-тата минута, тој ...

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 20 години доживеа убедлив пораз од 3-0 од селекцијата на Турција на Медитеранските игри во Таранто. Нашите фудбалери со овој пораз речиси ги загубија шансите за пласман во полуфиналето, со оглед дека во првото коло одигравме 0-0 против Тунис, а до крајот на групната фаза ни останува уште дуелот против Мароко. Сите три гола за Турција беа дело на Оздер Озџан и тоа во 26-тата, 41-вата и во ...

Шкендија го доби дербито против Струга со 2-1, а и двете екипи добија по еден пенал. На крајот се покажа дека оној кој го реализираше Бесарт Ибраими во 86-тата минута беше и одлучувачки за победникот на овој меч. Судиската комисија при Фудбалската федерација на Македонија ги анализираше и двете ситуации, а заклучот е дека судијата Стојанче Трпчевски оправдано покажал на белата точка. „Клучна судиска ситуација во 56. минута од натпреварот од ...

Чаби Алонсо дебитираше со победа на клупата на Челзи во Премиер лигата, откако „сините“ славеа со 2-3 на гостувањето кај Фулам. Резултатот беше отворен по само 32 секунди игра, а акцијата на Челзи со гол ја круниса Жоао Педро. Радоста на „сините“ траеше до 23-тата минута, кога Џошуа Кинг го израмни резултатот. Сепак, Морган Роџерс во 41-вата минута го врати Челзи во водство. Во второто полувреме и двете екипи постигнаа уште по еден гол. Кол ...

Гави предизвика загриженост кај навивачите на Барселона откако поради повреда го напушти теренот уште во финишот на првото полувреме против Елче. 22-годишниот играч за врска се фати за десното колено и со солзи во очите го напушти теренот, но денешните лекарски прегледи донесоа добри вести. Утврдено е дека нема сериозна повреда, туку болката е последица на директен удар во коленото. Нема дополнителни оштетувања и се очекува Гави наскоро да се ...

Манчестер сити започнал контакт со агентите на Коди Гакпо, а „граѓаните“ веќе разговараат и со Ливерпул за можен трансфер. За Холанѓанецот има сериозен интерес и од Тотенхем, а уште во јули ги договорил личните услови со лондонскиот клуб. Сепак, неговата иднина повторно е неизвесна. Доскоро се сметаше дека Ливерпул е подготвен да го продаде Гакпо, но само доколку успее да го доведе Бредли Баркола од ПСЖ и уште едно крило. Во последните ...

По мала пауза, Ненад Димитријевиќ повторно е дел од македонската сениорска репрезентација. Еден од најдобрите македонски кошаркари повторно ќе го носи националниот дрес во августовскиот ФИБА прозорец, во кој Македонија ја очекува важен дуел против Австрија во Виена. Повратникот во сениорскиот национален тим со големи амбиции го очекува новиот репрезентативен циклус. Противникот добро го познава, но верува дека Македонија има доволно време за ...

Фудбалерите на Шкендија остануваат перфектни и по четири првенствени кола, откако на теренот на ФФМ ја совладаа и Струга со 2-1. Тетовските „црвено-црни“ сега имаат максимални 12 бода на прволигашката табела, односно по пет повеќе од Тиквеш, Силекс и Струга. Шкендија поведе преку Фахд Нѕенге во 29-тата минута, а истиот фудбалер погоди и во 35-тата минута, но голот му беше поништен поради офсајд. Во второто полувреме Струга израмни на 1-1 ...

Лина Ѓорческа не успеа да го повтори успехот од Вимблдон, па загуби уште во првото коло од квалификациите на САД Опен. Нашата тенисерка беше поразена со максимални 2-0 од Јапонката Маи Хонтама, 7-6 и 6-3. Во првиот сет и двете тенисерки имаа по два брејка, па освојувачот на првиот поен во мечот мораше да биде решен во тај-брејк, а таму Јапонката беше далеку поуспешна со 7-1. Во вториот сет Ѓорческа освои само еден брејк, но загуби три, па ...

Новото засилување на Барселона, Ентони Гордон, покажа дека може да биде сериозна опција и во центарот на нападот. Англичанецот имаше одлично деби во Ла Лига во убедливата победа од 5:0 против Елче, откако влезе во игра во 65-тата минута. Само две минути подоцна Гордон асистираше за голот на Рафиња, а подоцна повторно одлично проигра во акцијата по која Фермин Лопес погоди за 4:0. Со тоа стана првиот фудбалер во 21 век со две асистенции на ...

Претседателот на Фудбалската федерација на Камерун, Самуел Ето, застана во одбрана на првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, тврдејќи дека тој направил многу за развојот на африканскиот фудбал. „Инфантино му помогна на нашиот континент. Им помогна на федерациите побрзо да се развиваат и тоа мора да го признаеме. Треба да го поддржиме за сè што направи досега“, изјави Ето. Легендарниот напаѓач смета дека Инфантино значително го променил ...

Женската ракометна репрезентација на Македонија го доживеа и вториот пораз на Медитеранските игри, но за разлика од првиот дуел, кога загубивме од Грција со 31-25, овој пат избраничките на Даниел Новеска доживеаја вистински дебакал. Тунис беше многу подобар противник и славеше со 32 гола разлика, 43-11. Високиот пораз беше најавен уште по првите 30 минути, кои Тунис ги доби со 20-4, а клучни се чини дека беа двете серии од по 6-0. И второто ...

Шампионот на Македонија, Вардар, конечно, по пауза од еден месец, успеа да забележи победа откако со 4-1 славеше над Силекс во меч од Првата лига. „Црвено-црните“ последниот триумф го имаа против штипската Брегалница (2-0) на 25 јули, а оттогаш следуваа елиминација од Рига во Конференциската лига, но и порази од Шкендија и од Струга во домашното првенство. Вардар рано, уште во третата минута го отвори резултатот против Силекс, и тоа со голот ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07