Страшна вест пристигнува на Божиќ од Франција, бидејќи салата на кошаркарскиот клуб Гравелин целосно изгорела. Во страотен пожар, салата на северот на Франција се претвори во чад и пепел, а претседателот на клубот со треперлив глас и се обрати на јавноста и ги потврди најмрачните сомнежи: Heart breaking scenes in France this morning. The Gravelines Sportica which is the home of LNB Pro A team BCM Gravelines-Dunkerque is currently on fire. ...

Властите во Франција покренаа истрага за наводен случај на даночна измама во кој е вмешан поранешен потпретседател на француското собрание, кој успеал да маневрира така што ПСЖ добил даночни предности со плаќањето на сумата од 222 милиони евра на Барселона за потписот на Нејмар во 2017 година. „DIARIO AS“ информира дека истражителите имаат телефонски разговори меѓу поранешниот потпретседател на собранието Хуго Ренсон од претседателската партија ...

Реал Мадрид забележа нова победа, а каталонските медиуми повторно тешко ја прифатија. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Антонио Рудигер по корнер во 78. минута, а на социјалните мрежи кружи видео во забавена снимка од акцијата по која беше постигнат голот. Модриќ изведе корнер и шутираше во шеснаесетникот, каде во гужвата Дани Карвахал го повлече својот чувар и на тој начин, според мислењето на каталонската јавност, му овозможи на ...

Челзи договори спонзорски договор со компанијата за криптовалути BingX, а неговото лого ќе стои на дресовите на клубот до крајот на сезоната 2023/24 „Атлетик“ информира дека „сините“ ќе добијат сериозна сума од зделката, а во исто време „БингХ“ ќе го прошири своето влијание на европскиот пазар. Логото ќе се појави на предниот дел од комплетите за тренинг на клубот од Премиер лигата во 2024-2025 година. Според информациите, најверојатно новиот ...

Манчестер јунајтед постигна договор со камерунската федерација голамнот Андре Онана да може да остане за натпреварот против Тотенхем. Според „The Athletic“, голманот ќе биде подготвен за настап на премиерлигашкиот натпревар против Спарс на 14 јануари, а потоа ќе одлета на Купот на Африка. Камерун ќе се сретне со Гвинеја на 15 јануари. Во тековната сезона Онана одигра 20 натпревари во англиското првенство и седум пати ја сочува мрежата „чиста“. ...

Како што потврди во вторникот Тотенхем, Пепе Матар Сар го продолжи договорот со лондонскиот клуб до 2030 година. Едно од најинтересните „откритија“ сезонава, Сенегалецот Пепе Матар Сар му се обврза на Тотенхем во следните шест години. Во првиот тим влезе по доаѓањето на Ангелос Постекоглу. Тој се појави на 18 од 20 натпревари, а на 16 беше стартер. Committing his future to Spurs 🤍 After @papematarsarr15 signed a new contract with the Club ...

Австриецот Јан Херл со скокови од 134 и 127, м метри и освоени вкупно 267,5 бода е победник на третата од четирите скокалници во рамките на Новогодишната турнеја. Домашниот ски-скокач зад себе ги остави Јапонецот Рјоју Кобајаши кој освои 258, 7 бода и својот сонародник Михаел Хајбек кој собра 254 бода. Во пресрет на последната станица од „Четири скокалници“ на турнејата лидер е Рјоју Кобајаши со 857, 6 бода, пред Андреас Велингер со 852,8 и ...

Фудбалерот на Ливерпул, Фабио Карваљо би можел да се врати во Фулам. Ливерпул реши да ја раскине неговата позајмица во РБ Лајпциг, поради несоодветна минутажа, но веднаш е во потрага по нов клуб за него до крајот на сезоната. Очигледно, тоа би можело да биде неговиот поранешен клуб – Фулам. Карваљо ги одигра своите најдобри игри во Фулам, чија академија се приклучи на Бенфика како 11-годишник. Ги помина сите помлади категории на Фулам, стигна ...

Фудбалерот на Брајтон, Џејмс Милнер учествуваше во синоќешниот натпревар од 20. коло на англискиот шампионат против Вест Хем (0:0). Триесет и седумгодишниот Англичанец го одигра својот 632. премиерлигашки натпревар и се искачи на второто место во оваа статистичка категорија достигнувајќи го Рајан Гигс. Рекордер во најсилната англиска фудбалска лига според одиграни натпревари е Герет Бери со 653. Милнер пред да се пресели во Брајтон, настапуваше ...

Се одиграа уште два натпревари од 19.коло во шпанското првенство. Реал Мадрид на својот стадион ја победи Мајорка со 1:0, додека Селта од Виго го победи Бетис со 2:1. Стоперот Антонио Ридигер му донесе победа на Реал – по центаршутот на Лука Модриќ од корнер во 78. минута. Реал беше поконкретен ривал во поголемиот дел од натпреварот. Избраниците на Карло Анчелоти ја воспоставија иницијативата од самиот почеток и создадоа неколку шанси во првото ...

Милан денеска на позајмица го врати Матео Габија од Виљареал. На почетокот на сезоната Габија замина на позајмица во шпанскиот клуб до крајот на 2023/2024 година. „Милан соопштува дека претходно го раскинал договорот со Виљареал на позајмица на Матео Габија. Фудбалерот денеска се враќа во првиот тим “, се вели во соопштението на Милан. 24-годишниот италијански одбранбен играч оваа сезона за Виљареал одигра 13 натпревари во сите натпреварувања. ...

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека е горд на фактот што Бразил го повикал да биде селектор на таа репрезентација. Во еден момент се чинеше дека тоа е завршена работа и дека Анчелоти во јуни ќе седне на клупата на Бразил. Дури отиде дотаму што бразилските медиуми го нарекоа актуелниот вршител на должноста тренер Фернандо Диниз „чувар на клупата на Анчелоти“, но работите во меѓувреме се променија. Соработка, барем во блиска ...

Фудбалскиот клуб Баерн Минхен изминативе две години минуваше низ бројни турбуленции, а сега нова бура предизвика Лерој Сане. Баерн по секоја цена сака да го обнови договорот со крилниот напаѓач, но Сане одби да преговара до крајот на Европското првенство кое летово се одржува во Германија. Сане има бројни понуди на маса, беше контактиран од Ливерпул, неколку пати се шпекулираше дека Клоп во него гледа идеална замена за Мохамед Салах, иако може ...

Тренерот на Жирона, Мичел, би можел да биде првата мета на Њукасл во случај на разделба со Еди Хау! Марка открива дека чудотворецот од Жирона е реална мета на управата на Њукасл, која ќе мора да анализира полоша ситуација од лани. Навистина, повредите го осакатија Њукасл од почетокот на оваа сезона, но и покрај тоа, некои сметаат дека резултатите требало да бидат подобри. Њукасл испадна од Лигата на шампионите, иако во последното коло лесно ...

Рафаел Надал за Ел Паис изјави дека има неколку фактори зошто неговото ривалство со Федерер добива поголемо внимание отколку со Новак Ѓоковиќ. „Има неколку фактори. Некои од нив нема да ви ги кажам бидејќи ми е тешко, не е моја работа да ги коментирам“, изјави Надал. „Но, во однос на тенисот, тоа е јасно. Тоа е комбинација на многу радикални стилови. Роџер беше совршенство во однос на естетиката, елеганцијата и техниката. (Имам многу добра ...

Кошаркарите на Денвер го совладаа Бруклин на гости во НБА лигата со резултат 122:117. Актуелните шампиони уште еднаш до победа ги предводеше великанот Србин Никола Јокиќ, кој забележа дабл-дабл и беше на прагот на уште еден трипл-дабл. Постигна 31 поен (12/17 од поле), имаше 11 скока и додаде седум асистенции. Згора на сето тоа имаше три украдени и ниту еден промет. На теренот мина 34 минути. Одличен беше и Мареј со 32 поени, девет асистенции и ...

Познатиот англиски репрезентативец Вејн Руни доби отказ во Бирмингем. По само 83 дена Руни доби отказ и тоа само еден ден по поразот од Лидс со 3:0. Самите навивачи скандираа Руни да си замине и бараа да биде отпуштен. – Фудбалот е работа на резултати и разбирам дека тие не беа на нивото на кое би сакал да бидат – изјави Руни. Како менаџер, Руни работеше во Дерби и ДЦ Јунајтед, а во Бирмингем дојде на почетокот на сезоната, но раководеше со ...

Фудбалерот на Ливерпул Мохамед Салах изјави дека сака да го освои Купот на африканските нации со селекцијата на Египет. Африканскиот куп на нации ќе се одржи од 13 јануари до 11 февруари во Брегот на Слоновата Коска. Египет ќе игра во групата Б со Гана, Мозамбик и Зеленортските Острови. „Сакам да победам во тоа натпреварување. Сакам да играм за мојата земја. Имаме фантастични фудбалери“, изјави Салах. Напаѓачот синоќа играше за Ливерпул во ...

За време на зимскиот преоден рок би можеле да работат и фудбалските клубови Барселона и Жирона. Како што е познато, капитенот на Жирона, Алеис Гарсија е на мета на Барселона како замена за повредениот Гави, но како и секогаш, финансискиот фер-плеј е проблем за Каталонците. Жирона првично објави дека клаузулата на Гарсија е 20 милиони евра, но се покажа дека е само 12 милиони евра. Слично се случи ова лето, кога извори од Жирона побараа 10 ...

Манчестер Јунајтед имаше турбулентна есен, но работите би можеле да се подобрат во остатокот од сезоната. По подолга пауза, од денеска Лисандро Мартинез и Каземиро тренираат со остатокот од тимот, што е одлична вест за Ерик тен Хаг. Се уште не се знае кога ќе бидат подготвени да се вратат во натпреварувањето, но сигурно е дека тоа ќе биде до крајот на јануари. Мартинез е надвор од терените од крајот на септември, додека Касемиро се повреди во ...

Тренерот на Арсенал, Микел Артета смета дека неговиот тим треба да се засили на три позиции. Според „Тајмс“, Артета би сакал да добие нов бек, дефанзивен играч за врска и напаѓач. Задоволувањето на барањата на Артета е тешко поради финансиските ограничувања и природата на пазарот во средината на сезоната. Арсенал бараше напаѓач од највисоко ниво. Но, поради недостаток на достапни опции и во поглед на финансиските можности на клубот, потписот на ...

Соработката меѓу Килијан Мбапе и Пари Сен Жермен се чини дека е при крај. Капитенот на Франција може да замине на лето како слободен играч доколку во следните месеци не се случи чудо и нов пресврт во преговорите со „светците“. Наводно, Мбапе повторно е најблиску до Реал Мадрид, се споменува можна преселба во Ливерпул, а поранешниот француски репрезентативец Кристоф Дугари, член на таа легендарна генерација од 1998 и 2000 година, има само една ...

Крилниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Џејдон Санчо е блиску до враќање во Дортмунд. Според авторитетниот инсајдер Фабрицио Романо, преговорите меѓу клубовите веќе се дојдени до одлучувачка фаза. Санчо сака да се пресели во Дортмунд, а Борусија е решена да го финализира договорот што е можно поскоро. Манчестер јунајтед е подготвен да го позајми 23-годишниот фудбалер. Но, англискиот клуб ќе мора да продолжи да плаќа дел од платата на Санчо. ...

Фудбалскиот клуб Јувентус би можел да добие засилување од Лацио. Сигурниот Ромео Агрести открива дека Фелипе Андерсон е мета на Јувентус, кој му нуди поголема плата од Римјаните. Андерсон има договор до лето, Лацио му понудил да му плаќа нешто повеќе од три милиони евра по сезона, но Бразилецот побарал четири кои засега му ги нуди само Јувентус. „Старата дама“ е позната по тоа што носи слободни играчи, а Фелипе Андерсон е следната желба на ...

Тренерот на Барселона, Чави е свесен дека финансиските можности на клубот не дозволуваат трансфер на врвен играч од типот на Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе. -Халанд или Мбапе? Сега не можеме да помислиме на Халанд или Мбапе да се приклучат на Барса. За жал, не можеме да си дозволиме да ги ангажираме овие играчи. Задоволен сум со играчите што ги имам. Треба да достигнеме подобро ниво, бидејќи во овој клуб секогаш треба да бидеме на врвот, изјави ...

Фудбалерот на Лутон, Андрос Таунсенд го продолжи договорот со премиерлигашот, официјално потврди лондонскиот клуб. Во текот на својата кариера, поранешниот ученик на младинскиот тим на Тотенхем играше за Јеовил Таун, Лејтон Ориент, МК Донс, Ипсвич, Милвол, Лидс, Бирмингем, Квинс Парк Ренџерс, Њукасл, Кристал Палас и Евертон. Беше надвор од терените повеќе од еден година пред летото потпиша за Лутон. Својот последен натпревар за Евертон го ...

Почетокот на новата година, воедно и почеток на нова недела значи и нова ранг-листа на АТП. Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски новата година ја почнува од 325. место со скок од едно место во однос на минатата недела и со ист број поени – 159. Горазд Србљак има 10 поени и се наоѓа на 1057. место и има пад од пет позиции. Трет македонски тенисер со сингл ранг е Обрад Марковски – 1.453. место со три поени и има скок од едно место. Во ...

Манчестер Јунајтед летово го доведе камерунскиот голман Андре Онана, откако имаше одлична сезона во Интер. Менаџерот Ерик тен Хаг веруваше дека долгорочно го решил проблемот со првиот голман, во тоа веруваа и навивачите на „црвените ѓаволи“, но Онана не се снајде, многуте голови кои тимот ги прими му го нарушија душа, па на Олд Трафорд размислуваат да му донесат конкурент. Посебно што Онане ќе отсуствува околу еден месец, бидејќи ќе игра за ...

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ сака да остане во клубот уште една сезона. Тој има намера да ужива во секој момент со тимот. – Мојот план е да продолжам да ја пишувам историјата на Реал Мадрид, да победувам и да освојувам трофеи. Се надевам дека ова ќе се случи сезонава. Сакам да уживам во секој момент во најдобриот клуб во светот, бидејќи не знам уште колку ќе трае ова, го цитира „ITASportPress“ Модриќ. Триесет и ...

Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе веќе си резервирал куќа во Мадрид, пренесува „El Chiringuito“. Ова укажува дека 25-годишниот Французин се подготвува да се пресели во Реал Мадрид. Во шпанските медиуми се пишува за директен контакт на Мбапе со претседателот на мадридскиот клуб Флорентино Перез. Во текот на вчерашниот ден беше објавено дека Реал Мадрид доставил официјална понуда до францускиот фудбалер и поставил краен рок за донесување одлука – ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
94%
1012
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
3.6
67%
1010
weather icon

Загреб

18ᴼ / 14ᴼ
1.03
70%
1011
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
77%
1013
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
3.2
84%
1011
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
0.0
89%
1011
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
2.57
59%
1010
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
77%
1012
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
72%
1011
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 15ᴼ
2.06
54%
1012
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
62%
1010
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
7.72
76%
1012
Currency

61.525

Currency

53.9688

Currency

71.8364

Currency

34.5242

Currency

39.1483

Currency

65.5163

Currency

7.46101

Currency

0.65242

Currency

0.37903

Currency

0.52878

Currency

1.42095

Currency

0.63592

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15519.00

Рутениум

20190.67

Калај

31.20

Сребро

1057.05

Злато

107001.17

Бакар

9.87

Паладиум

29707.29

Платина

30669.41

Родиум

172810.26

Цинк

2.57