Поранешниот играч од средниот ред на Ливерпул, Барселона и на аргентинската репрезентација Хавиер Маскерано ќе биде назначен за тренер на Интер Мајами. Ова го објави новинарот Фабрицио Романо. Маскерано моментално ја предводи младинската репрезентација на Аргентина. Според информациите, раководството на МЛС клубот веќе се договорило со 40-годишниот стручњак и тој ќе потпише долгорочен договор. Маскерано е фаворизиран за тренер на тимот од ...

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал по поразот на шпанската репрезентација синоќа од Холандија (1:2) во четвртфиналето на Дејвис купот, проговори како навивачите треба да го паметат. – Титулите се важни, но најмногу сакам да бидам запаметен како добар човек од мал град на Мајорка и момче кое постигна повеќе отколку што можеше да замисли, изјави Надал на тернот во Малага. Rafa Nadal with tears in his eyes as he says goodbye to tennis. His family ...

Европскиот шампион и победник во Лигата на нации на УЕФА, Шпанија ќе игра против Холандија во четвртфиналето на најмладото натпреварување на УЕФА како гостин на 20 март, а потоа како домаќин во реваншот на 23 март 2025 година. Второто дерби ќе го играат Италија и Германија, Хрватска повторно ќе ги вкрсти копјата со Франција, додека Данска за ривал ја има Португалија. Победниците ќе се квалификуваат за завршниот турнир кој ќе се одржи од 4 ...

Напаѓачот на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување на нов договор со клубот, пренесе „Барса Универзал“. Според изворот, договорот со 17-годишниот шпански репрезентативец ќе биде продолжен на 6 години кога тој ќе наполни 18 години. Во договорот ќе биде вклучена откупна клаузула од една милијарда евра. Оваа сезона Јамал одигра 16 натпревари за Барселона, постигнувајќи 6 гола и 8 асистенции. Актуелниот договор со Каталонците е до ...

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола доцна синоќа го продолжи договорот со клубот на уште две години, што значи дека на клупата на „граѓаните“ ќе помине најмалку една деценија. Поминаа осум години откако каталонскиот стручњак го презеде Манчестер Сити, а потпишувањето на двегодишно продолжување на соработката му гарантира најмалку една деценија работа во која го предводеше тимот до врвот на европскиот и светскиот фудбал. Гвардиола ...

Македонската олимпијка во таеквондо, Милијана Релиќ, викендов во Загреб освои бронзен медал. На меѓународен натпревар од светските Г1 турнири во Загреб, Релиќ поради доброто рангирање во првото коло беше слободна. Потоа, во наредното второ коло ја победи Американката Хлое Чуа со 2:0 во рунди. Исто така, во борбата за медал, во нерешена борба и со одлука на судиите, Релиќ ја совлада и Србинката Надја Савковиќ со скор 2:1. Во досегашните ...

Легендарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ на социјалните мрежи објави видео од чудесниот гол кој го постигна додека играше фудбал со своите пријатели. Овој сега 43-годишен фудбалер покажа дека не заборавил да игра фудбал и постигна фантастичен „карате гол“ на натпревар со пријателите на вештачка трева. „Чудо на природата“, напиша Ибрахимовиќ на Инстаграм и го сподели голот што го постигна. View this post on Instagram A post shared by ...

Некогаш славниот француски напаѓач и фудбалер на Манчестер Јунајтед, Луис Саха, по завршувањето на својата играчка кариера создаде милијарди евра благодарение на голем деловен потфат. Додека некои фудбалери брзо го расфрлаат целото богатство стекнато на фудбалските терени, Луис Саха паметно ги вложи своите пари и заработи цифра неспоредлива со онаа што ја имаше додека блескаше на терените ширум Европа. Саха ја заврши кариерата во 2013 ...

Здружението за промоција на спортски активности 35 години Вардарци Скопје кое ги застапува навивачите на „црвено-црните“ Комити , побараа смена на актуелното раководство на ФК Вардар. Новиот сопственик на клубот Атила Бижен Жалили, за извршен директор на Вардар го назначи Миленко Неделковски, додека за неизвршни членови во раководството се именувани Владо Петровски, Александар Кузмановски и Борче Крстовски-Илиоски. Комити се незадоволни од ...

Заврши победничката серија на Кливленд кавалирс и со тоа нема веќе непоразени екипи оваа сезона во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА. Актуелниот шампион Бостон селтикс ноќеска го победи Кливленд со 120:117. Ова е прв пораз за Кавалирс по 15 последователни победи од почетокот на сезоната. Најзаслужен за победата на домаќините е Џејсон Тејтум кој постигна дабл-дабл со 33 поени и 12 скока. Во поразениот тим се истакна Донован Мичел ...

Кошаркарот на Денвер нагетс, Расел Вестбрук постигна 12 поени, 10 скока и 14 асистенции ноќеска на натпреварот со Мемфис на гостински терен. Овој трипл-дабл беше 200-ти за 36-годишниот Американец во НБА. Тој стана првиот играч во историјата на лигата кој има вакво достигнување. Во тековната сезона Вестбрук одигра 13 натпревари во НБА, со просек од 10,8 поени, 4,4 скока и 6 асистенции. Инаку, Денвер го победи Мемфис со 122:110. Со осум ...

Бразилскиот напаѓач Винисиус Јуниор (24) направи ДНК тест за да се открие од каде потекнуваат неговите предци. Синоќешниот натпревар против Уругвај се совпадна со празникот во чест на Бразилците со африкански корени, а Бразилскиот фудбалски сојуз започна кампања за да им помогне на репрезентативците да го истражат своето потекло. Претседателот на бразилската федерација Едналдо Родригес на таткото и на Винисиус им врачи потврда дека ...

Кошаркарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ рано се истакна за уште една награда за МВП во НБА-лигата, објави „Basketball Reference“. Според пресметките на американскиот портал за резултати, статистика и историја во НБА-лигата, шансите на Јокиќ за успех се 91,2%. Најголем конкурент на Србинот е Џејсон Тејтум од Бостон селтикс. Просеците на Србинот по 10 натпревари се 29,7 поени, 13,7 скока, 11,7 асистенции, 1,7 украдени топки и 1,0 блокирани ...

Соочувањето меѓу Мајк Тајсон (58) и Џек Пол (27) пред нивната борба во раните утрински часови утре не помина без тензија бидејќи Тајсон беше налутен од јутјубер што случајно му згазна на ногата. Овој потег го налути поранешниот најмлад шампион во тешка категорија, па реагираше со шлаканица. “Јас бев во чорапи, а тој во патики. Тој ми стапна на прсти бидејќи беше г***0. Иако сакав да мислам дека е несреќа, сега верувам дека тоа го направи ...

Неверојатни сцени го одбележаа возбудливиот натпревар во Матурин, во кој Венецуела првпат во својата историја успеа да остане непоразена против Бразил (1:1). По десетина киксови од исто толку дуели со овој ривал на домашен терен, селекцијата на Фернандо Батиста пружи отпор, но ако ги прашате, гостите се незадоволни со некои недозволени постапки. Имено, во четвртата од петте минути од судиското продолжение во второто полувреме, одеднаш се ...

Аргентина им се врати на победите во јужноамериканските квалификации за Светското првенство. „Гаучосите“ остварија неочекувано тешка победа од 1:0 против последнопласираниот тим на Перу. Херој за домаќините во Буенос Аирес беше Лаутаро Мартинез, кој го постигна единствениот гол на натпреварот во 55. минута, но тоа беше спектакуларно. Претходно асистираше Лионел Меси, кој направи дар-мар низ одрбаната на Перу. LAUTARO MARTÍNEZ WHAT A GOAL!!! ...

Поранешниот играч на Интер, Фреди Гуарин, откри како во текот на кариерата се „заглавил“ во пеколот на алкохолот до тој степен што понекогаш пиел и до 70 пива навечер, а еднаш дури и скокнал од балкон. Денеска 38-годишниот Гуарин објави крај на фудбалската кариера во летото 2021 година. Тој играше за Интер од 2012 до 2016 година, каде одигра 141 натпреварувачки натпревар и постигна 22 гола и 38 асистенции. Во тој период почнал да паѓа во ...

Тренерот на Милано, Еторе Месина, по синоќешната победа над Реал Мадрид во Евролигата не штедеше пофални зборови за македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ. Популарниот Нено синоќа постигна 22 поени и беше најдобар поентер на натпреварот. Извонредната партија се покажа како клучна за победата на Милано над кралскиот клуб. – Погледнете каква игра демонстрира. Да не заборавиме дека Нено е само дебитант во Евролигата. Во ...

Повредата на Елиф Елмас е посериозна отколку што се мислеше. Како што е познато тој се повреди на мечот со Летонија поради што мораше да ја напушти играта во 24-та минута и не беше во составот против Фарски Острови. Со дополнителните прегледи било утврдено дека станува збор за кинење на мускулните влакна, па поради тоа до крајот на годината, односно паузата во Германија нема да игра. Според првичните прогнози рехабилитацијата би била од 6 ...

Судејќи според тензиите пред борбата, вечерва не чека тотален хаос во пресметката помеѓу Мајк Тајсон и младиот Џек Пол. На вчерашното мерење се случи своевиден скандал. На самата промоција на борбата, кога двајцата ривали ќе се соочат, Тајсон малку претера, па кога Пол застана на линијата, му удри шлаканица. Огромен е интересот за овој дуел во тешка категорија, а се очекува да не започне пред 05 часот наутро. View this post on Instagram A ...

Министерството за спорт на Македонија излезе со официјално соопштение во кое се објавува поништувањето на решенијата за извршување на спортска дејност на ЖРК Скопје и ЖРК Гевгелија. Соопштението ви го пренесуваме во целост: „Во врска со последните случувања во ракометниот Куп на Македонија во женска конкуренција, по одигрувањето на Женската ракометна лига за сезоната 2024/2025 и појавата на неспортско однесување од страна на ЖРК Гевгелија и ...

Американскиот фудбалер за врска Кристијан Пулишиќ со „танцот на Трамп“ славеше постигнат гол ноќеска за репрезентацијата против Јамајка (4:2) во реваншот од четвртфиналето на Лигата на нации во КОНКАКАФ. Дваесет и шестгодишниот крилен напаѓач погоди во 14. минута. По голот Пулишиќ танцуваше во стилот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Репрезентацијата на САД во Сент Луис, ја победи Јамајка со вкупни 5:2 и се пласираше во ...

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон во интервју за „Кориере дела сера“ зборуваше за бројни фази од неговата долгогодишна кариера, а сето тоа по повод претставувањето на неговата автобиографија со наслов „Џанлуиџи Буфон, падни, стани, падни, стани“. Како што откри, најдобрите играчи против кои играл биле Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Андрес Иниеста и Зинедин Зидан и смета дека Нејмар требало да освои пет Златни топки. Тој ...

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим нема да има толку голем буџет за трансфери како што имаше неговиот претходник Ерик тен Хаг. Ова секако се однесува на претстојниот јануарски преоден рок, но генерално трендот на клупското раководство се менува во таа насока. Новите косопственици на Манчестер Јунајтед веќе презедоа голем број мерки за намалување на трошоците. Ова ќе влијае и на другите трошоци. Всушност, Рубен Аморим е ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ сподели интересно видео на својот Инстаграм профил, во кое демонстрира уникатна техника на медитација. Во видеото, Ѓоковиќ изведува „шпага“ на тениската мрежа, комбинирајќи флексибилност и ментална концентрација. Авторот на видеото се обидел дискретно да ја сними оваа сцена, но кога Ѓоковиќ го забележал, нагло го свртел кадарот. Инаку, Ѓоковиќ го откажа својот настап на Завршниот Мастерс во Торино поради ...

Поранешниот фудбалер на Арсенал и Франција, Патрик Виеира ќе стане тренер на Џенова, објави инсајдерот Фабрицио Романо. Според италијанскиот новинар, раководството на Џенова веќе има постигнато договор со 48-годишниот фудбалски стручњак. Се очекува наскоро и официјално да биде промовиран новиот тренер на Џенова. Виеира ќе го замени сегашниот предводник на тимот, Алберо Џилардино кој е во Џенова од декември 2022 година. Џенова по 12 кола е ...

Со победата од 1:0 против Фарски Острови, македонската фудбалска репрезентација и официјално го освои првото место во Дивизијата Ц во Лигата на нации, па од следната сезона ќе игра во Дивизијата Б. Освен овој рекорд, кој за прв пат во историјата го постигнува Македонија, поставени се уште неколку други. Имено, за прв пат во историјата Македонија во групната фаза во едно натпреварување го завршува без пораз, поточно со пет победи и едно ...

Бентанкур, зборувајќи за репрезентацијата на Јужна Кореја на една уругвајска ТВ станица, рече дека Сон и сите негови соиграчи/сонародници изгледаат исто. ФА соопшти дека Бентанкур употребил навредливи зборови. „Се вели дека играчот од средниот ред на Тотенхем го прекршил Правилото Е3.1 на ФА со тоа што се однесувал на несоодветен начин и/или употребил навредлив јазик и/или ја омаловажувал играта. Бентакур е обвинет за наводно прекршување на ...

Секој што фрли поглед на веб-камерата од Алијанц Арената на почетната страница на Баерн во неделата, виде необична слика. Наеднаш немаше трева на стадионот и само пет дена пред натпреварот против Аугсбург. Имено, по НФЛ натпреварот пред седум дена помеѓу Каролина Пантерс и Њујорк Џајантс, беше одлучено теренот целосно да се замени. До саботата, работниците сè уште беа зафатени со отстранување на старата, истрошена трева и транспортирање во ...

Манчестер јунајтед е подготвен да го вклучи Џошуа Зиркзе во зделката за Виктор Осимен. Според весникот „Il Mattino“, Манчестер јунајтед го понудил холандскиот напаѓач на Наполи со доплата од 30 милиони евра. Меѓутоа, претседателот на наполитанскиот клуб Аурелио Де Лаурентис се противи на размената и размислува да го продаде Осимен само доколку се плати целата сума. Се дознава дека Наполи е подготвен да го пушти Нигериецот позајмен во ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
2.06
93%
1017
weather icon

Белград

-3ᴼ / -4ᴼ
3.09
79%
1014
weather icon

Загреб

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
83%
1011
weather icon

Софија

0ᴼ / -3ᴼ
1.54
67%
1018
weather icon

Сараево

-9ᴼ / -9ᴼ
1.18
96%
1021
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 1ᴼ
0.0
89%
1010
weather icon

Атина

11ᴼ / 7ᴼ
3.09
73%
1016
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
3.09
81%
1016
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
93%
1016
weather icon

Букурешт

-5ᴼ / -7ᴼ
1.54
88%
1021
weather icon

Будимпешта

0ᴼ / -1ᴼ
5.14
86%
1015
weather icon

Истанбул

2ᴼ / 2ᴼ
7.2
87%
1019
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

3663.67

Кобалт

64.04

Иридиум

221848.72

Бакар

11.71

Паладиум

5433.48

Платина

83354.78

Алуминиум

3.15

Родиум

348835.60

Рутениум

45750.51

Злато

150834.91

Цинк

3.34

Калај

54.20