
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



На тлото на Европа се играат мечевите во Лигата на нации, а на американскиот континент квалификации за СП. Аргентина го совлада Чиле со 3:0, а шоуто му припадна на Хулијан Алварез го постигна прекрасен гол од далечина. Претходно Мекалистер погоди за 1:0, а точка на мечот стави Дибала со гол во судиското продолжение. Аргентина е лидер со 18 бодови по 7 одигани мечеви, Уругвај е втор со 13, а Колумбија трета со 12 бодови. OH MY GOD JULIÁN ÁLVAREZ ...
Комбинираниот состав на селекцијата на Србија, одигра без голови на стартот од новиот циклус на Лигата на нации против Шпанија во Белгад. Добро одиграа избраниците на Драган Стојковиќ Пикси, солидно се спротивставија на актуелниот европски првак, но шансата на мечот ја имаше Лука Јовиќ кој промаши чист зицер во моменти кога голманот на Шпанија веќе „легна„ на тревата. Веројатно ова е доволен доказ зошто италијанскиот тим Милан не го пријави Лука ...
Ајша Кари, сопругата на американскиот кошаркар Стивен Кари, преживеа вистинска драма по финалето на кошаркарскиот турнир на Олимписките игри во Париз. Имено, таа заедно со пријателка го следела натпреварот помеѓу Америка и Франција, каде нејзиниот сопруг постигна осум тројки и ја одведе својата земја до петтото врзано олимписко злато, а потоа проблемот настанал на улиците на Париз. Ајша, како што може да се види на видеата објавени на ...
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ги засили денеска своите редови со искусниот 29-годишен српски фудбалер Немања Босанчиќ. Српскиот интернационалец игра на позиција централен играч за врска, а во редовите на скопскиот прволигаш доаѓа од литвански Паневезис. За Босанчиќ ова е враќање во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) во која настапуваше две сезони (2020/21 и 2021/22) како играч на Струга во чиј редови постигна десет голови и ...
Галатасарај не успеа да се пласира во Лигата на шампионите, но без разлика на тоа, реши во преодниот рок во Турција да изгради исклучително силен тим, кој треба да се обиде да атакува на трофејот во Лига Европа. Виктор Осимен пред два дена пристигна во редовите на шампионот на Турција, а последен во низата желби на првиот човек на клубот од Истанбул е бразилскиот играч за врска Касемиро. Касемиро е на удар на островските медиуми по многу лошо ...
Македонската фудбалска репрезентација од вчера е во Торшавн каде утре со почеток во 15 часот ја очекува дуелот против Фарски острови на отворањето на Лигата на нации. Селекторот Благоја Милевски за саботниот дуел, како и натпреварот против Ерменија, закажан за 10 септември во Скопје, дополнително го повика капитенот на репрезентацијата до 21 година Марио Илиевски. Ова доаѓа откако Милевски се соочи со непланирани откажувања во нападот поради ...
Црвена Звезда доби уште едно големо засилување. Дресот на тимот од Белград ќе го носи Раде Круниќ, кој ја задолжи „шестката“. Тој доаѓа на местото на одличниот Кореец, Ин Бом Хванг, кој се пресели во Феенорд. Инаку, Круниќ доаѓа од Фенербахче, каде играше изминатиот период како позајмен фудбалер на Милан. Претходно играше за Емполи, Верона, Борац Чачак и Сутјеска Фоча. Круниќ има 30 години и е активен репрезентативец на Босна и Херцеговина. Пред ...
Македонската фудбалска репрезентација ги привршува во Скопје мини подготовките за саботниот дуел против Фарски острови на гостински терен на стартот од новата сезона во Лигата на нации. Повратникот во репрезентативниот табор Давид Бабунски истакна денеска дека целта на гостувањето во Торшавн е освојување на трите бодови за што ќе биде неопходно одговорност во играта и тактичка дисциплина. „Тоа што се случувало досега треба да ни служи да ...
Бројни трансфери во историјата на фудбалот пропаднаа поради лекарски прегледи, но тоа што се случи на крајот од преодниот рок летово речиси и не се случило досега. Англискиот премиерлигаш Фулам во последните часови од преодниот рок требаше да потпише веќе „завршено“ засилување. Станува збор за фудбалерот Ернест Нуама од Гана, кој од минатото лето успешно настапува за Лион. Угледниот француски весник „Л’Екип“ опишува што се случи, а таква ...
Македонската фудбалска репрезентација попладнево со чартер чет отпатува за Торшавн каде в сабота против домаќинот Фарски острови го игра воведниот натпревар во Ц-дивизијата во Лигата на нации. Натпреварот за закажан за в сабота во 15 часот, на стадионот „Торсволур“ со капацитет од 6.500 седишта. Судиската четворка доаѓа од Литванија, предводена од 31-годишниот Манфредас Лукјанчукас. Избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе го заокружат ...
Винисиус Жуниор, ѕвездата на Реал Мадрид, згрозен од расизмот во Шпанија, апелираше на таа земја да и се одземе организацијата на Светското првенство во 2030 година доколку ништо не се промени. Тој прилично ги изненади сите во Шпанија со тоа. Бразилецот често е на удар на расистички извици од трибините на натпреварите во Примера, тој во неколку наврати бараше драстични постапки од судиите и постојано го актуелизираше ова прашање. Сега отиде ...
50 годишниот тренер Горазд Михаилов е назначен за шеф на стручниот штаб на првиот тим на Брера Струмица. Ова е одлуката на управата на клубот, откако пред два дена, спогодбено се раздели со српскиот стратег Бојан Круљ откако екипата го забележа и третиот последователен пораз во првенството Горазд Михаилов со играчите имаше состанок а го одработи и првиот тренинг на Спортскиот центар Пандев. Михаилов беше тренер на скопски Вардар каде во ...
Навивачите на Барселона ги добија најдобрите можни вести бидејќи претседателот на клубот Жоан Лапорта најави враќање на клубот на реновираниот Камп Ноу до крајот на годината. Фудбалскиот храм во центарот на Барселона продолжува да добива нов изглед откако клубот започна проект за реконструкција на стадионот вреден 1,4 милијарди евра во 2022 година. Стадионот ќе биде зголемен од 99.000 на 104.000 седишта. Претседателот на клубот Жоан Лапорта ...
Како и што беше најавено денеска од Европската куќа на фудбалот го објавија комплетниот распоред за новата сезона во Лигата на шампионите. Новост е сезонава што натпревари место вторник и среда ќе се играат и во четврток, а како и во минатите години најчесто дуелите ќе се играат во терминот од 21:00 часот. Сезоната започнува на 17 септември со натпреварите Јанг Бојс – Астон Вила и Јувентус – ПСВ. Последното коло од групната фаза е закажано за ...
Македонската репрезентација на 7. и 10. септември ќе се соочи со Фарски Острови и Ерменија, во рамки од новата сезона во Лигата на нации. Дебитантот во најдобрата македонска репрезентација, Кристијан Трапановски размислува оптимистички во пресрет на првиот гостински меч против Фарски Острови. „Задоволство ми е што сум дел од националниот тим на Македонија. Се надевам дека ќе ја искористам оваа шанса и ќе ги покажам моите квалитети. Групата ме ...
Српскиот фудбалер и некогаш еден од најталентираните напаѓачи во Европа, Лука Јовиќ, доживеа целосен колапс во кариерата бидејќи неговиот Милан не го ни пријави за новата сезона од натпреварувањата на УЕФА. Јовиќ (26) дефинитивно добил порака од клубот дека на него не се смета. Пред неколку години во Франкфурт и Реал Мадрид важеше за еден од најперспективните напаѓачи во Европа, но никаде не се наметна, па наскоро ќе се раздели со Милан. ...
Манчестер Јунајтед конечно ја постигна договор со Париз Сен Жермен за трансфер на уругвајскиот играч од средниот ред, Мануел Угарте. Клубот ќе плати почетна сума од 42,5 милиони фунти, која со бонусите може да достигне 50,7 милиони фунти (60 милиони евра). Угарте, кој е роден во 2001 година, беше примарна цел на Манчестер Јунајтед ова лето. Со заминувањето на Жоао Невес во ПСЖ, преговорите се завршија, и Угарте ќе замине за Манчестер за ...
Девојката на Џуд Беингам, Лаура Селија Валк ги воодушеви обожавателите позирајќи во деколтиран горен дел. Холандската манекенка (25) се верува дека се забавува со ѕвездата на Реал Мадрид и Англија во последните месеци. Но, овој пар не се одмори заедно ова лето бидејќи го впиваа сонцето на различни локации. View this post on Instagram A post shared by Laura Celia (@lauraceliav) View this post on Instagram A post shared by Laura Celia ...
Манчестер Јунајтед се договори за продажба на играчот од средниот ред Ханибал Меџебри на Барнли, објави експертот за трансфери Фабрицио Романо. „Црвените ѓаволи“ ќе го пуштат тунискиот репрезентативец на позајмица до крајот на сезоната со задолжителна опција за откуп. Ханибал тренираше со Манчестер Јунајтед во текот на летото, но не е дел од плановите на Ерик тен Хег за новата сезона. Фудбалерот од средниот ред во наредните денови ќе ги мине ...
На првото официјално светско првенство во Мастерс А во Саберо, Шпанија, велешкиот и македонски кајакар, член на Македонската кајакарска репрезентација Љубомир Спасиќ денеска се пласира на третото место и за 0.62 не успеа да го освои второто место, односно за 21.3 секунди не успеа да биде светски шампион. Тој трката ја заврши со време 20:16:34, или за 21:37, послабо време од шампионот Лорен Маритин од Франција и за само 0:62 послабо време од ...
Турскиот интернационалец Салих Јозџан е пред разделба со Борусија Дортмунд на крајот од летниот преоден рок, а интерес за него покажува второлигашот Хановер 96, пишува Sky Sport Germany. Озџан се уште ги разгледува опциите за својата иднина, а раководството на Дортмунд е подготвено да преговара за соодветни понуди за играчот, кој има договор со клубот до 2026 година. 26-годишниот играч од средниот ред беше привлечен со големи очекувања во ...
На Олимписките игри во Париз, Новак Ѓоковиќ го освои последниот трофеј што му недостигаше во кариерата и стана херој за многумина. Сепак, иако се закити со слава, иако доживеа спектакуларен пречек во Белград, тоа нема да му значи многу кога е АТП листата во прашање. Всушност, тоа воопшто нема да му значи ништо! Најдобриот тенисер на сите времиња не доби ниту еден поен за настапот на Олимписките игри, а овој понеделник излезе на второто место на ...
Македонската пливачка легенда Томи Стефановски за 4 часа пливаше во Охридското езеро за инклузија на децата со атипичен развој и инвалидизираните лица во рамки на хуманитарниот настан „Пливање за инклузија“. Повод за овој подвиг, пливање 15 километри од хотел Десарет во месноста Пештани, до Црквата Св. Јован Канео и назад до охридското пристаниште, е 15 годишнината од препливување на каналот Ла Манш. „Оваа соработка која настана и ме мотивираше ...
Легендата Свен-Јоран Ериксон почина на 76-годишна возраст. Поранешниот тренер на Мартин Петров и Валери Божинов во јануари годинава објави дека во најдобар случај му останува уште една година откако му бил дијагностициран рак на панкреасот. „Почивај во мир Свен-Јоран Ериксон. Мислите на сите во клубот се со семејството и пријателите на Свен во овој крајно тажен момент“, напиша Ливерпул. Мерсисајдерите ја исполнија желбата на менаџерот да водат ...
Легендарниот тренер Свен-Јоран Ериксон почина на 76-годишна возраст, објавија медиумите во Англија. Во јануари оваа година, Ериксон рече дека во најдобар случај има уште една година живот откако му беше дијагностициран рак. Менаџерот пред неколку дена се прости од светот со трогателно писмо, навестувајќи дека ги живее последните моменти од животот. Швеѓанецот, роден во 1948 година, беше првиот странски тренер на англиската репрезентација, што ...
Билетите за натпреварот Македонија – Ерменија во Лига на Нации ќе бидат со цена од 200 (Источна и Западна трибина) и 400 денари (Јужна и Северна трибина), објави Фудбалската федерација на Македонија. Натпреварот е прв од новиот циклус во Лига на Нации. Ќе се игра на 10 септември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Ерменија ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на ...
Наполи е се поблиску до потписот на Ромелу Лукаку од Челзи на постојан трансфер, пренесува Фабрицио Романо. „Партенопеите“ веќе ја доставија својата официјална понуда до „сините“ од Лондон. Според информациите, понудата на Наполи е доволно добра за да биде прифатена од англискиот клуб. Челзи јасно му стави до знаење на Наполи дека зделките за Ромелу Лукаку и Виктор Осимен ќе бидат два одвоени договори, при што Сините сакаат прво да ја завршат ...
Една од главните приказни на неодамна завршените Олимписки игри во Париз беше боксерската шампионка Имане Келиф. 25-годишната Алжирка беше обвинета дека е маж затоа што Меѓународната боксерска федерација (ИБА) ја исфрли од Светското првенство во 2023 година и и забрани учество на Олимпијадата. Сепак, таа се појави во Париз бидејќи Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ја прекина соработката со ИБА и и дозволи да настапи на најголемиот спортски ...
Премиер лигата се враќа оваа недела, со речиси сите, освен еден од натпреварите од првото коло одиграни во најконкурентната лига на светот. Сепак, некои промени се случија во правилата во англиската елита, но кои се тие? Загревањето на резервите Оваа сезона, на клубовите од Премиер лигата ќе им биде дозволено да имаат до пет играчи кои се загреваат на периметарот на теренот за време на еден натпревар во секое време. Минатата сезона, на тимовите ...
Барселона е во завршна фаза од преговорите со Спортинг Лисабон за продажба на напаѓачот Витор Роке, објави трансфер експертот Фабрицо Романо. Зделката ќе биде вредна 30 милиони евра, на кои ќе се додадат бонуси врз основа на настапот на Роке во Спортинг. Во моментов се прецизираат последните детали за трансакцијата. Во исто време, Порто исто така е во преговори со Барселона за Витор Роке, а змејовите гледаат на Бразилецот како алтернатива на ...