
Скопје
31ᴼ /
31ᴼ



Кина и Соединетите Американски Држави со по 40 златни медали се најуспешните нации на Олимписките игри во Париз кои вечерва свечено ќе бидат затворени. Најмногу медали во 16. натпреварувачки денови освоија американските спортисти, вкупно 126, а со одличја се закитија натпреварувачи од 91 држава. Македонија не освои медал на Игрите во Париз на кои настапи со шест олимпијци во пливање, таеквондо, борење, атлетика, стрелаштво и џудо. Топ 5 ...
Алжирската боксерка Имане Келиф (25) поднесе тужба во Франција поради злоставувањето кое го доживеала на социјалните мрежи за време на Олимписките игри во Париз. Келиф го освои златниот олимписки медал во Париз во категоријата до 66 килограми, но битките што ги водеше во рингот беа лесни во споредба со оние што ги водеше надвор од него. Таа се најде на удар на критики и обвинувања дека е маж откако Меѓународната боксерска федерација (ИБА) ја ...
Двајца дефанзивци на Баерн Минхен до крајот на денот или најдоцна до утре треба и официјално да станат нови фудбалери на Манчестер Јунајтед. Тие се снимени на аеродромот во Минхен на пат за Манчестер. Станува збор за Матијас Де Лихт и Нусаир Мазрауи веќе пристигнале на лекарски прегледи во Манчестер. По завршувањето на лекарските прегледи треба да потпишат договор со важност од пет години, плус со опција за продолжување на уште една сезона. ...
Викендов Миовски се прости од навивачите на Абердин, чии срца ги освои со одличните настапи во изминатите сезони. Сепак, македонскиот фудбалер прави чекор погоре во неговата кариера, ќе игра во шпанската Примера, но и во Лигата на шампионите. Негов следен клуб ќе биде минатогодишниот хит во Шпанија, тимот на Жирона, а според познатиот спортски новинар, Фабрицио Романо, кој важи за добро информиран, Абердин ќе добие нешто повеќе од 8 милиони евра ...
Бранителот на титулата Струга со победа ја отвори новата сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), совладувајќи го вечерва Тиквеш на домашен терен со минимални 1-0. Стартни победи запишаа и Шкендија на гостински терен против Беса (3-1) и Работнички пред своите гледачи против Силекс (1-0). Шкупи и Воска одиграа нерешено 3-3, а без победник заврши дуелот во Битола меѓу Пелистер и Гостивар (1-1). Премиерното коло од 33. сезона во ...
Кошаркарите на Соединетите Американски Држави го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз. Американците во финалето го совладаа домаќинот Франција со 98:87 и по 17-ти пат ја освоија титулата олимписки шампион, а по натпреварот беше создадена интересна фотографија од нивниот шампионски тим. Имено, американските НБА ѕвезди се најдоа пред арената Берси каде се играше финалето. Во целосна релаксација, Леброн Џејмс, Стивен Кари и остатокот ...
Македонскиот фудбалски прволигаш Гостивар, ангажираше звучно име во раководните структури. Имено, нов спортски директор на клубот ќе биде легендарниот фудбалер на Лил и Фенербахче Муса Соу. Напаѓачот има титули со овие два клуба, беше и најдобар стрелец во француската лига во сезоната 2010/2011, а за репрезентацијата на Сенегал на 50 мечеви постигнал 18 голови. Од активното играње фудбал се пензионираше во 2021 година. Еве дел од неговите ...
Со натпреварите од воведното коло попладнево ќе биде означен почетокот на 33. сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Бранителот на титулата Струга Трим Љум на домашен терен го пречекува освојувачот на националнио Куп, Тиквеш, додека најтрофејниот македонски клуб Вардар во воведното голо на гостински терен ќе игра против Академија Пандев Брера. Преостанатите двојки од воведното коло се Беса – Шкендија, Пелистер – Гостивар, Шкупи – ...
Србија ја одбрани олимписката титула во ватерполо во машка конкуренција откако денеска во финалето на Игрите во Париз ја совлада Хрватска со 13-11 (5-2, 3-3, 3-3, 2-3). Милош Чук со три голови ја предводеше Србија до триумфот, додека Јерко Мариниќ Крагиќ беше најефикасен во составот на Хрватска со три голови. Ова е трето последователно злато за српските ватерполисти на Олимписките игри, по Рио де Жанеиро во 2016 година и Токио во 2021 година. ...
Американската кошаркарска суперѕвезда Леброн Џејмс најави дека нема да настапи на следните Олимписки игри во Лос Анџелес. „Не, не се гледам себеси како играм во Лос Анџелес“, одговори 39-годишниот Џејмс на новинарско прашање дали размислува да игра на следните Олимписки игри. САД синоќа ја совладаа Франција со 98-87 во финалето на кошаркарскиот турнир на Олимписките игри во Париз, а Леброн Џејмс го заврши натпреварот со14 поени, шест скокови, ...
Во финалето на кошаркарскиот турнир на ОИ во Париз, селекцијата на САД славеа против Франција и тоа без поголеми потешкотии, а по доделувањето на медалите, објавата на еден од Американците ги насмеа сите. Имено, Тајрис Халибартон, закачи фотографија со златен медал, заедно со хит коментар. – Кога не правиш ништо на групен проект, а сепак добиваш А – напиша Халибартон. Инаку, Халибартон не одигра добро на овие Игри со оглед на тоа што во игра ...
Холандската атлетичарка Сифан Хасан направи неверојатен подвиг и го освои златото на Олимписките игри во маратон со нов олимписки рекорд. Хасан, која е родена во Етиопија пред 31 година, а под холандско знаме настапува од 2013 година, истрча 42 километри за 2 часа, 22 минути и 55 секунди и постави нов олимписки рекорд во маратон, кој претходно го држеше Етиопјанката Тики Гелана (2:23:07). 🔥🇫🇷 | GOUD VOOR SIFAN HASSAN! Wat een fenomenale ...
Италијанскиот фудбалски прволигаш Удинезе официјално го објави трансферот на 35-годишниот чилеански напаѓач Алексис Санчез, кој со клубот од Удине потпиша двегодишен договор. Чилеанскиот голгетер се враќа во редовите на Удинезе чиј дрес го носеше од 2006 до 2011 година. Во овој период настапи на 112 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 21 голови. „Клубот го враќа во семејството на Бјанконерите најголемиот талент откриен од ...
По Имана Келиф, уште една боксерка обвинета дека е маж, Лин Ју-Тинг, го освои златото на Олимпијадата во Париз. Тајванската боксерка го освои златото во категоријата до 57 килограми победувајќи ја во финалето Јулија Серемет од Полска со едногласна одлука на судиите и заврши на олимпискиот трон исто како и другата оспорувана боксерка, Алжирката Имане Келиф. Да потсетиме дека Меѓународната боксерска федерација (ИБА) ги суспендираше Келиф и Лин од ...
По завршувањето на олимпискиот кошаркарски турнир, ФИБА ги објави победниците на индивидуалните награди. Во идеалната петорка се најдоа двајца играчи од златниот тим и тоа Американците Леброн Џејмс и Стеф Кари. Заедно со нив меѓу првите пет се најдоа Србинот Никола Јокиќ, Германецот Денис Шредер и Французинот Виктор Вембањама кој исто така доби признание за најдобар млад кошаркар. За најдобар тренер е избран францускиот тренер Винсент Коле, кој ...
Денеска од 18:30 часот Хајдук и гостува на Локомотива во второто коло во хрватскиот шампионат, а сплитскиот клуб ќе ја нема најголемата ѕвезда Иван Перишиќ, кој беше исфрлен од тимот од тренерот Џенаро Гатузо. Имено, синоќа беше објавена веста која го потресе Сплит, а беше наведено дека Гатузо го исфрлил Перишиќ од тимот поради недисциплина. Веста за исфрлувањето од тимот на Инстаграм ја потврди и самиот фудбалер по полноќ. „Денеска е важен ...
Македонската таеквондистка Милјана Рељиќ постигна голема победа на Олимпијадата во Париз, победувајќи ја двократната олимписка шампионка Џејд Џонс со резултат 7:6. Со оваа победа, Рељиќ се пласира во четвртфиналето во категоријата до 57 килограми, каде што ќе се соочи со Летиција Ајуд од Либан. Борбата е закажана за 15:45 часот. Во меѓувреме, македонскиот борач Владимир Егоров го заврши настапот на Олимпијадата, откако загуби со 0:10 од ...
Етиопјанецот Тамират Тола ја напиша најубавата бајка на Олимписките игри во Париз и со нов олимписки рекорд го освои златниот медал во маратон. Триесет и тригодишниот Тола не се ни пласираше на Олимписките игри, но само две недели пред почетокот на натпреварувањето доби шанса да истрча маратон бидејќи неговиот репрезентативен колега Сисај Лема мораше да го откаже учеството на Париз поради повреда на тетивата. Тола ја изненади целата ...
Наполи помина низ многу тешкотии, но на крајот се пласираше во осминафиналето на турнирот во Копа Италија во дебито на Антонио Конте. Партенопеите завршија нерешено 0-0 со Модена на стадионот Диего Армандо Марадона, одејќи во пенал рулетот каде што наполитанците победија со 4-3. Натпреварот започна со притисок на Модена. Во 20. минута Антонио Палумбо упати опасен удар ниско на тревата, но не можеше да му отежне на Алекс Мерет. Наполи помина низ ...
Кошаркарите на Соединетите Американски Држави го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз, откако во финалето вечерва ја совладаа Франција со 98-87 (20-15, 29-26, 23-25, 26-21). Тоа е 17. олимписко злато на САД, петто по ред и осмо на последните девет олимписки турнири. Единствени кои успеаја да освојат злато во тој период беа аргентинските кошаркари кои славеа во 2004 година во Атина. Кевин Дурент стана првиот кошаркар во историјата ...
Австралискиот олимпиец Том Крег (28) е уапсен во Париз додека купувал кокаин и е во притвор. Крег, кој ја претставува својата репрезентација во хокеј на трева, бил уапсен синоќа околу полноќ на улиците на Париз, а како што пренесува FranceInfo, полицијата го затекнала како купува грам кокаин од дилер. Полицијата ги уапсила дилерот и Крег, а сега е во тек истрага од одделот за наркотици на париската полиција. „Можеме да потврдиме дека член на ...
Втор меч и второ реми за Данди Јунајтед во новата сезона во шкотскат лига, тим за кој играат македонските интернационалци Бабунски и Трапановски. Токму првиот имаше директен удел во резултатот 1:1, откако во 48-та минута му донесе предност на гостинскиот тим Данди Јунајтед од 0:1. Сепак радоста против Рос Каунти не беше комплетна, бидејќи домаќините во 95-тата минута постигнаа гол и избегнаа пораз. За потсетување во минатото коло Данди Јунајтед ...
Македонскиот олимпиец Дарио Ивановски со видео обраќање до македонската јавност по завршувањето на маратонот во Париз. -Пред се благодарност до Бога, што стигнав жив и драв. Пред се имав мала повреда на стапалото и коленото која ја влечев од шестиот километар. Тоа ме оневозможи да го одржам темпото кое го наметнавме на стартот. Од петтиот кон шестиот километар почнав да ја влечам ногата и почнав да се мачам, но тоа е што е. Го дадов максимумот, ...
Феноменална атмосфера во српската репрезентација по освоената бронза на Олимписките игри. Како и да беше, донесоа нов медал, ја израдуваа нацијата и после тоа направија вистински спектакл. Прво на терен, а потоа и во автобус на пат кон хотелот. Возејќи низ париските улици пееја и скокаа за селекторот Светислав Пешиќ. Kari 's ON FIRE 🔥🔥🔥#TeamSerbia ❤️💙🤍 #Paris2024 #Olympics pic.twitter.com/faG4mwm7ci — Košarkaški savez SRB (@KSSrbije) ...
Алжирската боксерка Имане Келиф, која е една од главните теми на актуелните Олимписки игри во Париз, синоќа го освои златниот медал победувајќи ја Кинеската Лиу Јанг, а по борбата испрати силна порака до светот. Многумина ја обвинија Келиф дека е маж, иако биолошки е жена, но според првиот човек на Меѓународната боксерска федерација (ИБА), таа има вишок тестостерон и машки XY хромозоми. ИБА суспендираше, но Меѓународниот олимписки комитет донесе ...
Српските кошаркари ја освоија бронзата на Олимписките игри во Париз со победата над Германија со 93:83. Србија одлично го отвори натпреварот и многу брзо поведе со шест поени разлика (9:3), а по првите 10 минути игра водеше со девет поени разлика (30:21). На почетокот на втората четвртина избраниците на Светислав Пешиќ отидоа на плус 14 (37:23), а Германците до полувремето успеаја да ја намалат разликата на осум поени, а Србија во вториот дел ...
Манчестер Сити го совлада Манчестер Јунајтед во пресметката во Комјунити шилд на пенали, за прв трофеј во новата сезона. По првичното испитување на силите, Сити имаше две големи шанси преку Боб и Мекати. На тоа возврати Рашфорд, кој беше малку непрецизен, а Доку го затвори првото полувреме со уште едно промашување од потенцијална ситуација. Јунајтед беше поконкретен во вториот дел, а на осум минути пред крајот поведе откако Гарначо погоди на ...
Германската полиција ја истражува несреќата во која главен актер бил дефанзивецот на Баерн Минхен, Матијс де Лигт, кој ја предизвика додека го возеше своето скапо Audi Q8 e-tron. Де Лигт удрил во друг автомобил на паркинг со ауди вредно 75.000 евра и побегнал од местото на несреќата, а поради ова сега му се заканува апсење, пишува Билд. 🚨🚨| The Munich police are INVESTIGATING Matthijs de Ligt for a suspected hit-and-run. He allegedly rammed a ...
Леброн Џејмс блесна против Србија со импресивен „трипл-дабл“ од 16 поени, 12 скока и 10 асистенции, што е само четвртиот таков учинок во историјата на Олимписките игри. По натпреварот, Џејмс ги пофали Србите за нивната борбеност и истакна дека натпреварот бил вистински тест за неговиот тим. „Знаевме дека ќе биде тежок натпревар и дека ќе ни треба целосен напор. Овој тест ни покажа каде сме и сега со нетрпение го очекуваме финалето против ...
Фудбалерите на Шпанија се победници на фудбалскиот турнир на Олимписките игри, а избраниците на селекторот Сантијаго Дени стигнаа до златниот медал со победата од 5:3 над домаќинот Франција по драма и продолженија. Шпанија загуби предност од 3:1 во регуларниот , но по продолженијата успеа да слави и да го освои турнирот, а мечот го одбележа фудбалерот на Барселона Фермин Лопез, кој стана најдобар стрелец на Шпанија на Олимписките игри досега. ...