Поранешниот дефанзивец и капитен на Јувентус, Џорџо Киелини, се врати во клубот откако се повлече од професионалниот фудбал пред помалку од една година. Челниците на Старата дама потврдија дека Киелини ќе ја преземе улогата на шеф на институционални фудбалски односи. Во таа улога, 40-годишниот Киелини ќе биде одговорен за одржување на односите со другите клубови во Серија А и низ Европа, како и со репрезентациите. Тој ќе биде директно одговорен ...

Во четвртото коло од Премиер лигата, екипата на Арсенал успеа да го совлада Тотенхем на гости во големото лондонско дерби, беше 0:1. Стрелец на единствениот гол беше Габриел во вториот дел, по паузата. Играта беше доста остра на двете страни, се играше претежно со посед на Тотенхем, Арсенал се бранеше брилијантно и на крајот – се одбрани, па слободно можеме да кажеме дека Микел Артета фантастично си ја заврши работата и го надмудри својот ривал ...

Рапсодија на Барселона во мало каталонско дерби. Фудбалерите на Барса ја наполнија мрежата против соседите од Жирона кои убедливо ги совладаа двата пати минатата сезона. Натпреварот на стадионот Мунисипал де Монтилви заврши со резултат 1:4 (0:2). Претходната сезона Жирона беше хит на Примера дивизион, а тоа го почувствува Барселона. Малиот клуб од Каталонија како домаќин и гостин го совлада славниот противник со по 4:2. Барселона овојпат со ...

Виктор Бонифас постигна два гола кога Баер Леверкузен го победи Хофенхајм со 4-1 во третото коло од Бундеслигата. Нигерискиот напаѓач предизвика скандал со начинот на кој го прослави секој од своите два гола во противничкиот гол. Бонифас ги соблече панталоните пред навивачите на Баер Леверкузен во секој од двата наврати кога го погоди голот на Хофенхајм. Ова предизвика бес и многу прашања за начинот на кој Нигериецот ја изразува својата радост. ...

Новак Ѓоковиќ викендов во Белград ќе игра за Дејвис куп репрезентацијата на Србија. По дури седум години, а можеби и последен пат во кариерата, Новак ќе игра на важен меч против Грција во националниот дрес во салата „Александар Николиќ“, во чиј тим нема да биде најдобриот тамошен играч Циципас. Поради ова и поради важноста на натпреварот, Новак упати посебен повик до навивачите, свесен дека можеби нема да добие шанса повторно да игра за Србија ...

Инвестицијата од 400.000 евра, добиени од УЕФА за изградба на стадион во Велес, на крајот заврши како потрошен капитал во мизерни услови, со терен обраснат со трње и кал. Идејата зад овој проект беше да се создаде простор за младите спортисти, но спортскиот терен што требаше да стане место за тренинг и натпревари, денес стои запоставен пишува алсат.мк „Овој стадион требаше да биде симбол на новиот спортски живот во Велес, но младите сега можат ...

Неверојатна ситуација го одбележа натпреварот од фудбалскиот шампионат на Црна Гора помеѓу Јединство и Дечиќ. Натпреварот во Биело Поле, како што пренесуваат медиумите во земјава, ја одбележа најскандалозната судиска одлука. Судиите дозволија фантомски гол. Во 40. минута играчот на Дечиќ Ренаго Аугусто шутираше со глава, а голманот на Јединство ја зафати топката пред гол-линијата. Меѓутоа, главниот судија, на асистенција од помошникот, ...

На 24 септември, Челзи ќе се соочи со четвртолигашот Бароу во третото коло на Карабао купот. „Телеграф“ објави интересен детал од системот за бонуси на Бароу – играчите на тимот ќе добијат поголема награда за поразот на претстојниот натпревар отколку за победата. Според британските новинари, играчите на Бароу ќе добијат бонус од 250 фунти за победи во првото до петтото коло од Лига купот. Од третата фаза, секој играч ќе добие по 1.000 фунти за ...

Играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, најави дека е подготвен да разговара за нов договор со Баварците. „Подготвен сум да разговарам за нов договор. Секогаш е убаво да се слушне поддршката од клубот. Сега само уживам во моментот“, изјави Кимич. Германскиот играч за врска игра за Баерн Минхен од 2015 година. Во тековната сезона учествуваше на четири натпревари во сите натпреварувања. Актуелниот договор на Кимих со Баерн е до ...

Екипата на Хајдук славеше одлична победа од 1-0 над Динамо Загреб во дербито од хрватската лига и стигна до врвот на табелата. Херој на тимот од Сплит беше Марко Ливаја, кој го постигна победничкиот гол во 70. минута од натпреварот. Екипата на Хајдук славеше одлична победа од 1-0 над Динамо Загреб во дербито од хрватската лига и стигна до врвот на табелата. Херој на тимот од Сплит беше Марко Ливаја, кој го постигна победничкиот гол во 70. ...

Ванда Нара и Мауро Икарди беа видени заедно на јавен настан, што беше доволно за повторно да се разгорат шпекулациите дека парот се обединил и започнал нов заеднички живот откако објавија дека се разделуваат во јули. Аргентинските таблоиди посветија големо внимание на заедничките фотографии, но неколку часа подоцна се јавила самата Ванда која јасно ставила до знаење дека нема намера да се смири со фудбалерот на Галатасарај. „Повторно со Икарди? ...

Холанѓанецот е незадоволен од начинот на кој се развива проектот Ред Бул. Холандскиот возач Макс Верстапен ја остави отворена опцијата да го напушти Ред Бул во наредните години. Светскиот шампион моментално не успева да доминира на начинот на кој тоа го правеше во претходните две сезони, ниту на стартот од актуелната, а за се ја обвинува болидот за кој е убеден дека не е на претходното и натпреварувачко ниво. Својата последна победа Макс ја ...

Поранешниот Формула 1 возач Ралф Шумахер го шокираше светот пред два месеци кога призна дека е геј. Братот на Михаел Шумахер веќе две години е во врска со партнерот Етјен, а сега дадоа и заедничко интервју. „Оваа хармонија и ова заедништво, исто така, меѓусебното разбирање, е нешто што никогаш претходно не сум го доживеал“, изјави Ралф за RTL Excluiv. Етјен се присети на моментот кога поранешната сопруга на Шумахер Кора дознала за нив. „Кога ...

Трансферот на Бразилецот Нејмар во Ал Хилал во летото 2023 година може да се сведе на следните зборови – најголемата измама на векот! 32-годишниот Нејмар пристигна во Ал Хилал за 90 милиони евра, колку што клубот од Саудиска Арабија плати на ПСЖ. Бразилецот потпиша договор до јуни 2025 година, но се повреди по само пет натпревари. Тој се опоравува од повредата на коленото од октомври, веќе 11 месеци. А се уште не е баш подготвен бидејќи падна ...

Лионел Меси се врати во игра за Интер Мајами по два месеци надвор од теренот поради повреда. Легендарниот Аргентинец постигна два гола во победата на домашен терен од 3-1 против Филаделфија Унион во меч од 28. коло на МЛС. Филаделфија изненадувачки поведе уште пред да помине првата минута од натпреварот. Микаел Уре со удар од работ на шеснаесетникот ја заби топката во долниот десен агол од голот на Интер Мајами. Филаделфија пропушти одлична ...

Фахад Ал-Мувалад, фудбалер на репрезентацијата на Саудиска Арабија и Ал Шабаб, е на одделот за интензивна нега во болницата Рашид во Дубаи. Причината бил пад од балконот на вториот кат од неговата куќа, а сето тоа се случило во четвртокот наутро. Тој се здобил со неколку скршеници и брзо бил пренесен во болница. Станува збор за долгогодишен репрезентативец кој дебитираше во 2012 година, беше во Русија на Светското првенство, но не играше во ...

Аргентинскиот фудбалер се повреди во финалето на Копа Америка на 14 јули, во кое неговата земја ја победи Колумбија со 1:0. Фудбалерот на Интер Мајами, осумкратниот освојувач на „Златната топка“, Лионел Меси се опорави од повредата на зглобот по двомесечно отсуство, објави тренерот на американскиот клуб, Херардо Мартино. Меси е подготвен“, изјави Мартино пред тренинг. Интер во недела и гостува на Филаделфија, а Мартино не кажа дали Меси ќе го ...

Фудбалерот на Барселона Рафиња е избран за најдобар играч на Ла Лига за месец август. Оваа информација Ла Лига ја објави преку социјалните мрежи. Барселона ги доби сите четири натпревари во август, додека Рафиња ја играше секоја минута. Минатото коло Рафиња постигна хет-трик во победата на Барселона над Ваљадолид од 7-0. POTM: Raphinha U23 POTM: Lamine Yamal MOTM: Hansi Flick Barcelona swept the La Liga awards for August 🧹 ...

Долгоочекуваното рочиште во Премиер лигата за прекршувањето на финансиските правила 115 од страна на ФК Манчестер Сити ќе започне во понеделник. Сити беше обвинет за кршење на правилата за финансиски фер-плеј во период од девет години од 2009 до 2018 година. Клубот ги отфрли сите обвинувања и освои три титули во Премиер лигата во тој период. Премиер лигата обвини дека Манчестер Сити ги прекршил правилата девет сезони со тоа што наводно не давал ...

Неверојатна приказна ни доаѓа од Шпанија. Новиот кошарски клуб на локалниот третолигаш Ховенс Лелијана ангажираше нов кошаркар и тоа не било кој кошаркар, туку Етјен Капу, поранешен француски репрезентативец. Капу на крајот од минатата сезона на 36 години ја заврши професионалната фудбалска кариера во која настапуваше за Тулуз, Тотенхем, Ватфорд и Виљареал и реши да се испроба во друг спорт. Поранешниот заден играч од средниот ред е висок 189 ...

Фудбалерите на Хајдук ја остварија можеби најважната победа сезонава бидејќи го совладаа Динамо, а интересна конференција за медиумите имаше тренерот на Џенаро Гатузо. Пред неколку дена Никола Калиниќ беше разрешен од функцијата спортски директор, а новинарите го прашаа Гатуз дали ќе се повлече. “Не се плашам да бидам отпуштен, се плашам само од смртта. Сакам да живеам, ми се допаѓа оваа работа што ме задоволува. А можам и без неа, заработив ...

Антонио Маурицио Скилачи, поранешен фудбалер на италијанските прволигаши Лацио и Палермо, сега е бездомник на Сицилија, а единствено што има е неговиот неразделен пријател, кучето. Maurizio Schillaci, il cugino di Totò, «in uno stato di denutrizione». L'appello sui social https://t.co/AG3MkHFsRs — Corriere della Sera (@Corriere) September 12, 2024 Скилачи (62) играше во Серија А во текот на 1980-тите, а кариерата ја заврши во 1993 година во ...

Галатасарај, кој сака да им ја донесе радоста со својата петта ѕвезда на своите милиони фанови, доживува бурни моменти во трансферите непосредно пред да заврши периодот на регистрација. Жолто-црвениот тим тргна по Ељиф Елмас, кој претходно настапуваше за Фенербахче и остави белег во Суперлигата. Остварен е контакт околу позајмицата на ѕвездата, пишуваат руските медиуми. Веста дека имало контакти ја објавија и германските медиуми, кои тврдат ...

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се откажа од учеството во Лејвер купот, соопштија денеска организаторите на настанот. „Многу сум разочаран што нема да можам да играм во Лејвер купот во Берлин следната недела. Тоа е тимско натпреварување и навистина за да и помогнам на тимот Европа морам да го сторам најдоброто за нив, а во моментов има и други играчи. кој може да им помогне повеќе да победи“, изјави Надал. Лејвер купот се одржува во Берлин од 20 ...

Бојан Миовски, кој синоќа постигна гол за 2:0 против Ерменија, не е повеќе ерген. Тој неколку часа по голот и победата објави фотографија на Инстаграм со неговата избраничка. Убави работи во изминатиот период му се случуваат на македонскиот репрезентативец. Прво потпиша 4 годишен договор со Жирона, тим со кој ќе игра во ЛШ, потоа постигна гол против Ерменија, а еве сега се ожени со својата избраничка. View this post on Instagram A post shared ...

Следната недела конечно почнува судењето на Манчестер Сити за дури 115 прекршувања на финансискиот фер-плеј. „Судењето на векот“ може да резултира со најголемата казна во европскиот фудбал, дури и поголема од познатиот скандал „Калчополи“ што ја потресе Италија на почетокот на овој век. Сити е обвинет за кршење на правилата за финансиски фер-плеј, а првото судско рочиште е закажано за в понеделник. Судењето ќе трае дури десет недели, а ...

Неверојатни сцени се видени на фудбалски натпревар во Италија – тренерот на една екипа истрча на теренот и во контра напад сопре противнички играч, предизвикувајќи вистински хаос на теренот. Italy's 6th division (Promozione) 🇮🇹 Pontassieve v Subbiano, the visitors' coach enters the pitch to stop a counter-attack 🫢 Most obvious red card in football's history 🟥 pic.twitter.com/UtsquhfQ9E — Lorenzo Bettoni (@LoreBetto) September 8, 2024 ...

Откако Ралф Шумахер пред неколку месеци објави дека е геј и дека живее со новото момче Етјен, папараците го демнат. Поранешниот Ф1-возач и брат на седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер оттогаш привлекува големо внимание во јавноста и неодамна беше бакнувајќи се на јахта. 14 години Ралф беше во брак со Кора, со која го има синот Дејвид. Тие раскинаа во 2015 година, но до неодамна никој не знаеше дека Ралф е во врска со маж. Самиот Етјен ...

„Не прави го тоа“. Леброн Џејмс со повишен тон ја кажа таа реченица кога на улиците на Париз му пријде момче и побара да се фотографира со него по освојувањето на златниот медал на Олимписките игри. Видеото набрзо стана вирално и се прошири на социјалните мрежи. Ден подоцна се појави видео од друг агол на кое се гледа што всушност бил проблемот и зошто американскиот кошаркар реагирал така. На тој клип се гледа дека момчето тргнало да го допре ...

Страшната вест од Газа е потврдена. Едно семејство беше избришано од лицето на земјата. Страшна и трагична вест ни доаѓа од Појасот Газа во Палестина. Во новото бомбардирање на Израелците загинаа најмалку 40 лица. Меѓу нив беше и Хамди Лубад, играч од средниот ред кој играше за Јармук. Покрај него, во нападот загинаа и неговата сопруга и четирите деца. Според новинарот Абубакар Абед, израелското бомбардирање било извршено од авион токму на ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
60%
1018
weather icon

Белград

23ᴼ / 21ᴼ
3.09
62%
1017
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
0.0
83%
1019
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
82%
1019
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.33
58%
1015
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.51
86%
1020
weather icon

Атина

24ᴼ / 23ᴼ
4.47
47%
1013
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
68%
1015
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
6.17
34%
1017
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 18ᴼ
2.57
63%
1013
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 19ᴼ
2.57
61%
1018
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
0.0
60%
1015
Currency

61.53

Currency

52.5197

Currency

72.0829

Currency

34.2833

Currency

38.3069

Currency

65.7588

Currency

7.32673

Currency

0.6714

Currency

0.36257

Currency

0.52345

Currency

1.31598

Currency

0.61434

Алуминиум

2.58

Иридиум

142132.66

Кобалт

42.99

Никел

15030.00

Рутениум

21637.45

Калај

34.19

Сребро

1157.08

Злато

105266.98

Бакар

10.18

Паладиум

36394.65

Платина

43046.71

Родиум

176025.34

Цинк

2.75