Актуелниот селектор на Аргентина, Гиљермо Милано ќе седне на клупата на најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 и најмалку до крајот на актуелната сезона ќе ги предводи „црвено-црните“. Како што соопшти двократниот европски првак, „постигнат е договор за соработка до крајот на сезонава, со можност истиот да биде продолжен. На почетокот на следниот месец Милано ќе пристигне во Скопје и ќе ја преземе екипата на Вардар“. Милано ...

Марко Ангуло, повремен репрезентативец на Еквадор, почина вчера на 23-годишна возраст. Јужноамериканската земја е обвиена во црнило поради смртта на играчот од средниот ред на ЛДУ Кито, кој 35 дена се бореше за живот. Имено, тој беше на интензивна нега повеќе од еден месец и во тој период имаше неколку операции откако во октомври имаше сообраќајна несреќа. Тогаш беа убиени две лица, меѓу кои и фудбалерот Роберто Кабезас, а сега како ...

Светот на фудбалот ни понуди неверојатни превирања и историски натпревари низ годините, но она што се случи во Велика Британија минатиот викенд ќе биде многу тешко да се повтори некаде. On 90 minutes Northern League team Yarm & Eaglescliffe were 5-2 down to Sunderland Westend, after one of the greatest come backs in history at 96 minutes they won the match 5-6 pic.twitter.com/bRyaRZ2lF7 — Grassroots (@Teamgrassroots_) November 10, 2024 ...

Македонската женска кошаркарска репрезентација загуби вечерва во Скопје од Украина со 98-49 во рамки на квалификациите за Европското првенство 2025. За избраничките на селекторот Александар Ашаданов ова е трет пораз во третиот натпревар по кој се последнопласирани во квалификациската група Г. Најефикасни во македонските редови беа Митрашиновиќ со 17 и Хемпе со 16 поени, Во следното четврто коло, македонските кошаркарки в недела ја ...

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров го објави списокот на повикани ракометари за претстојните квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство 2026. Во рамки на ЕХФ неделата Македонија ќе игра квалификациски натпревари против Естонија и со Литванија. На списокот на Лазаров се наоѓаат: Голмани: 1. МАРКО КИЗИЌ РК АЛКАЛОИД 2. МАРТИН ТОМОВСКИ GER 1. VFL POTSDAM 3. ИВАН ГАЛЕВСКИ РК АЛКАЛОИД Леви крила: ...

ФК Вардар одржал Собрание на акционери, со цел да се избере новата раководна структура на клубот. Комити соопштија дека за извшрен директор е изгласан Миленко Неделковски. СООПШТЕНИЕ! Групата го известува членството, како и целокупната јавност, дека денес беше одржано Собрание на акционери на ФК Вардар АД Скопје, а со цел избор на нови членови во одборот на директори. На истото присуствуваа и претставници на групата, во својство на ...

Дури осум фудбалери во последен момент го откажаа доаѓањето на собирот на репрезентацијата на Англија пред предизвиците во Лигата на нации. Како причина за ваквата одлука на осумте играчи се наведуваат повредите, а јавноста во Англија со право се прашува дали навистина се повредени или немаат мотив да играат во Лигата на нации, на последните натпревари под водство на Ли Карсли. Карсли од 1 јануари ќе го наследи Томас Тухел на клупата на ...

Во главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево од утре до недела ќе се одржи Балканското првенство во карате во кадетска, јуниорска и младинска конкуренција на кое ќе настапи многуброен македонски состав. Во борбата за медали на ова 24 Балканско првенство, како што е соопштено, ќе настапат 90 македонски каратисти во ситекатегории во машка и женска конкуренција. Пријавени за настап на Балканското првенство се вкупно 1.234 каратисти од 13 ...

Фудбалерот на Барселона, Феран Торес се опоравува од повредата на тетивата здобиена минатиот месец поради која не играше натпреварот против Реал Сосиедад во неделата. Каталонците беа поразени со 1-0 и наместо на натпреварот со Сосиедад, Феран отпатува во Валенсија за да помогне во спасувачките напори во поплавените подрачја во Шпанија. Во претходната недела, Валенсија беше погодена од огромни поплави, а ураганот Дана на крајот однесе ...

Легендарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ продолжи да развива бизнис не толку поврзан со фудбалот, но сепак длабоко вклучен во спортот. Ибрахимовиќ, кој се уште е член на Милан бидејќи е стручен советник на сопственикот Гери Кардинале, денеска го отвори „Падел центарот“ во Стокхолм. Шведскиот фудбалер со години инвестира пари во развојот на падел, најбрзо растечкиот спорт во светот. Тој стана косопственик на брендот Padel Zenter, кој ...

Поранешниот претседател на Анкарагуџу Фарук Коџа беше осуден за брутален напад врз судијата Халил Умут Мелер во турската Суперлига минатиот декември. Како што јавува државната новинска агенција Анадолу, судот го осудил на три години и седум месеци затвор за намерна телесна повреда. Коча исто така доби дополнителна шестмесечна затворска казна поради заканите и дополнителни пет месеци условна, а затворски казни добија и уште три лица кои ...

Барселона синоќа беше оштетена на гостувањето кај Реал Сосиедад бидејќи голот на Роберт Левандовски беше неправедно поништен поради наводен офсајд. Полјакот постигна гол во првото полувреме за водство на Каталонците од 1-0, а судиите во ВАР-салата му предложија на главниот судија Гиљермо Куадра да го поништи, што и го направи. Снимката која требаше да ја оправда одлуката на судијата излезе веднаш, но се чини дека се покажа спротивно. Имено, ...

Младиот португалски стручњак Рубен Аморим во голем стил се прости од Спортинг Лисабон, по што ќе го започне ангажманот на клупата на Манчестер Јунајтед. Во последните четири години, колку и да звучи нереално, Аморим го претвори Спортинг Лисабон во доминантна сила. Sporting were down 2-0 at halftime in Rúben Amorim's final match in charge. Then: 58’—Braga 2-1 Sporting 81’—Braga 2-2 Sporting 89’—Braga 2-3 Sporting 90+4’—Braga 2-4 Sporting ...

Англискиот гигант „Манчестер Јунајтед“ покажува сериозен интерес за крилниот напаѓач на „Реал“ Родриго, тврди шпанското издание Diario SPORT. Бразилскиот напаѓач е главната трансфер цел на новиот тренер Рубен Аморим, кој го презема последниот натпревар на Спортинг во недела навечер. Родриго е незадоволен од статусот на нецврст стартер оваа сезона. Досега Бразилецот учествуваше на 14 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна три ...

„Барселона“ падна по втор пат сезонава во Ла Лига – 0:1 како гостин на „Реал Сосиедад“. Сепак, по натпреварот настана голем скандал поради поништувањето на ВАР-от на Роберт Левандовски во 13. минута. Полуавтоматскиот систем објави дека имало заседа врз полскиот интернационалец, а судијата Гиљермо Куадрадо Фернандез ја потврди одлуката. Во стоп-моушн снимките од ситуацијата, хаосот и самата ВАР графика, постојат сомнежи дека системот ...

Ова лето, во еден од најбомбастичните трансфери досега, Килијан Мбапе стана фудбалер на Реал Мадрид, каде пристигна како слободен играч по истекот на договорот со Пари Сен Жермен, но засега не му цветаат рози на Сантијаго Бернабеу. Четири натпревари го чекаше Мбапе да дебитира во дресот на кралскиот клуб, по што влезе во препознатлива форма, но следеше повреда на мускулот поради која го пропушти октомврискиот репрезентативен собир. Тренерот ...

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед сакаат привремениот тренер Руд ван Нистелрој да остане во тимот по доаѓањето на новиот менаџер Рубен Аморим, потврди голманот Андре Онана. Холанѓанецот го презеде местот на отпуштениот Ерик тен Хаг и ги предводеше „црвените ѓаволи“ до победа од 2-0 над грчки ПАОК во Лига Европа во четвртокот. Ван Нистелрој, поранешен напаѓач на Манчестер Јунајтед, викендов ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ против Лестер Сити ...

Бразилскиот напаѓач Нејмар (32) го повреди бутниот мускул, поради што ќе биде надвор од терените меѓу четири и шест недели, а ќе се утеши со богатиот договор од 300 милиони евра по сезона, кој го потпиша летото минатата година. View this post on Instagram A post shared by 90min (@90min_football) Нереалната висока плата долго време е тема на многу разговори, а станува и малку бизарно кога ќе се земат предвид некои податоци. Имено, Нејмар ...

Една од најуспешните хрватски таеквондистки Хана Влашиќ почина ненадејно на возраст од 22 години, објави денеска Таеквондо федерацијата на Хрватска. Покрај големиот број државни златни медали, Влашиќ во кариерата ги освои титулите европски кадетски шампион (2017) и европски јуниорски шампион (2019 година). „Таа беше пример и пример за вистински спортист, посветена и бескомпромисна во остварувањето на нејзините спортски цели. Нејзиниот белег ...

Професионалната фудбалска дисциплинска комисија на Турската фудбалска федерација (ТФФ) го суспендираше тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо на еден натпревар. Тој е казнет и со приближно 2.600 евра. Мурињо во изјава за телевизијата „Беин спортс“ ги критикуваше судијата Огужан Чакир и ВАР судијата – Атила Караоглан. -Ги обвинувам луѓето од Фенербахче кои ме доведоа овде. Ми кажаа само половина вистина. Не ми ја кажаа целата вистина бидејќи да ...

Кошаркарите на Денвер Нагетс ја постигнаа првата победа во НБА лигата оваа сезона совладувајќи го Торонто во Канада со 127:125, но дури по продолжение. Клучна фигура во победата на тимот од Колорадо беше репрезентативецот на Србија, Никола Јокиќ , кој на теренот мина 44 минути и за тоа време оствари учинок од 40 поени, 10 скока, од кои седум под свој кош, четири асистенции и една украдена топка. Back-to-back 40-point games for Nikola Jokić ...

Тотален хаос владееше синоќа на улиците на Амстердам, каде Ајакс беше домаќин на израелски Макаби од Тел Авив во натпреварот од Европската лига, а нереди беа забележани и на улиците на холандскиот град. Хаос предизвикаа навивачите на Макаби, кои под полициска придружба се движеа кон стадионот низ улиците на Амстердам, а се започна со пеење и морбидни провокации против Газа. Israel’s Maccabi Tel Aviv hooligans, protected by police, chanted ...

Со нокаут пред крајот на првата рунда, македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски го заврши полуфиналниот меч на Европското сениорско првенство во Атина и обезбеди пласман во финалето за одбрана на шампионската титула и златниот медал од пред две години. Илиоски, во категоријата лоу кик до 86 килограми беше убедливо подобар од грчкиот репрезентативец Христос Филис и борбата ја реши уште пред да заврши првата рунда, откако при водство со 3-0 го ...

Фудбалерот на Милан, Алваро Мората се здоби со тешка повреда на главата и е примен во болница по сударот со соиграчот Страхиња Павловиќ на денешниот тренинг. Мората за време на утринскиот тренинг се здоби со сериозна повреда на главата при судирот. Брзо беше пренесен во болница, а прегледот со магнетна резонанца беше негативен. Алваро е подобар, но ќе остане на опсервација во болница, како што налага протоколот во слични ситуации“, се вели ...

Двејн Вејд е иден член на Куќа на славните, еден од играчите со потпис на Мајами, човек кој освои три титули со клубот и остави неизбришлива трага. Тој има статус на божество во тој град, уште од 2003 година кога беше избран со петтиот пик на драфтот зад Леброн Џејмс, Дарко Миличиќ, Кармело Ентони и Крис Бош. Dwyane Wade shaking his head at his statue 😭 pic.twitter.com/2NBBHhNWyC — BricksCenter (@BricksCenter) October 28, 2024 Поради сето ...

Македонскиот кикбоксер Стефан Михајловски со бронзен медал го завршува Европското сениорско првенство во Атина, откако не успеа да се пласира во финалето по поразот од украинскиот репрезентативец Серхи Бабенко во денешниот полуфинален меч. Во Олимписката сала каде што од неделата се одржува првенството, Михајловски имаше огромна поддршка од неговите колеги од македонската репрезентација и иако храбро и добро се бореше, сепак не успеа да го ...

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс ги сподели своите емоции по неговиот прв натпревар со синот Брони Џејмс во НБА-лигата. Ноќеска Лејкерси ја победија Минесота (110:103) во воведниот натпревар од регуларниот дел од сезоната во НБА. Џејмс Јуниор одигра речиси три минути и забележа еден скок. – Никогаш нема да го заборавам овој момент. Колку и да стареам, колку и да ми се влошува меморијата со годините, никогаш нема да го ...

Младиот фудбалер на Барселона Пау Кубарси заработи несреќна повреда на натпреварот против Звезда во Белград. Иако Барса победи со 5:2, повредата на дефанзивецот Кубарси ги загрижи навивачите на Блауграна. Имено, по еден дуел во 67. минута, капитенот на Црвена звезда Урош Спајиќ ненамерно го удри во лицето 17-годишниот стопер, кој се здоби со расекотина и остана да лежи со крваво лице. Así le ha quedado la cara a Pau Cubarsí. Al central del ...

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе изрази незадоволство од неговата позиција на теренот, пренесе шпански „Спорт“. Според изворот, Французинот не сака да игра во врвот на нападот. Напаѓачот е уверен дека би бил покорисен доколку се користи на крилната позиција. По поразот од Барселона (0:4) во шпанското првенство, стручниот штаб на „белиот балет“ беше незадоволен од настапот на Мбапе во одбраната. Мбапе игра за Реал од летото 2024. ...

Голем број изненадувања се случија синоќа во натпреварите од Европската и конференциската лига, а едно помалку беше забележано во Букурешт каде ФЦСБ го победи Митјиланд со резултат 2:0. Головите за романскиот тим ги постигнаа Танасе (16.минута) и Бирлигеа (46.минута), а вториот гол ќе биде предмет на многу дискусии на социјалните мрежи. Имено, Данците се обидоа да го изненадат ривалот изведувајќи координирана акција од центарот, што значеше ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
2.06
93%
1017
weather icon

Белград

-3ᴼ / -4ᴼ
3.09
79%
1014
weather icon

Загреб

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
83%
1011
weather icon

Софија

0ᴼ / -3ᴼ
1.54
67%
1018
weather icon

Сараево

-9ᴼ / -9ᴼ
1.18
96%
1021
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 1ᴼ
0.0
89%
1010
weather icon

Атина

11ᴼ / 7ᴼ
3.09
73%
1016
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
3.09
81%
1016
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
93%
1016
weather icon

Букурешт

-5ᴼ / -7ᴼ
1.54
88%
1021
weather icon

Будимпешта

0ᴼ / -1ᴼ
5.14
86%
1015
weather icon

Истанбул

2ᴼ / 2ᴼ
7.2
87%
1019
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Паладиум

5433.48

Платина

83354.78

Алуминиум

3.15

Рутениум

45750.51

Иридиум

221848.72

Цинк

3.34

Калај

54.20

Бакар

11.71

Родиум

348835.60

Кобалт

64.04

Злато

150834.91

Сребро

3663.67