„Нетфликс“ соопшти дека филмот „Narnia: The Magician’s Nephew“ на Грета Гервиг ќе има широка кинодистрибуција следната година и ќе се прикажува повеќе од 45 дена, што е прв таков потег на стриминг гигантот. Напишан и режиран од Гервиг, филмот е првата адаптација на книгата на К. С. Луис од 1955 која го истражува потеклото на Нарнија. Ќе биде објавен во кината на 12 февруари, а достапен на „Нетфликс“ од 2 април. Ова е значително отстапување за ...

Пробиштип денеска (16 мај) ќе го организира првото издание на панк-рок фестивалот „Хаос фест“, со учество на пет домашни бенда. Настанот ќе се одржи во клубот „Бункер“, а свирките почнуваат во 18 часот. На првото издание ќе настапат „Сајд квест“ од Прилеп, „Прв ред“ од Пробиштип и скопските групи „Флукс“ (фото), „Лоши деца“ и „Дископс“. Влезот е 500 денари. Пробиштип исто така е домаќин на метал и рок фестивалот „Рудар фест“, чие 12. издание ...

Анталија повеќе од 20 години е најбезбедна туристичка дестинација, велат хотелските менаџери од популарното турско летувалиште. Според Ѓок Турк, менаџер за сместување во хотелот „Сиам елеганс“ во Белек, поради воените конфликти во Газа и Сирија, на почетокот од годината тој и неговиот тим очекувале послаб интерес од редовните гости. „Драго ми е што се излажавме, затоа што освен нашите редовни гости што секоја година со радост ги пречекуваме, ...

Македонски филмови ќе се прикажуваат на фестивалот „Кочани под ѕвездите“, кој почнува вечерва (15 мај) и ќе биде на отворено, кај Споменикот на слободата, дело на Глигор Чемерски. Од 18 часот ќе се прикаже анимираниот филм „Јон Вардар против галаксијата“ (фото), а од 21 часот е документарецот „Медена земја“. Утре од 18 часот е проекцијата на „Диџеј Ахмет“, па следниот ден се „Година на мајмунот“ (18 часот) и „Трето полувреме“ (21 часот). ...

Две нови изведби на мјузиклот „Као какао“ ќе се одржат на 11 и 12 јуни во Македонскиот народен театар (МНТ), објави „Баги комуникации“. По неколкумесечни подготовки, македонскиот мјузикл „Као какао“ ќе ги има првите изведби на 2 и 3 јуни во МНТ од 20:30 часот. Мјузиклот е инспириран од музиката на Влатко Стефановски, за чии композиции се подготвени нови аранжмани. Станува збор за мелодрамска љубовна приказна сместена во 1970-тите, каде што ...

Поп-ѕвездата Делта Гудрем (фото) значително ги зголеми шансите на Австралија за победа на Евровизија во Виена, по извонредната изведба на моќната балада „Помрачување“ во вчерашното второ полуфинале. Гудрем, која се прослави во австралиската ТВ-серија „Соседи“, сега е втор фаворит за победа, зад Финска, на која долго време ѝ се даваат најголеми шанси да го крене трофејот. Австралија настапува на Евровизија од 2015 и досега нема победа. Покрај ...

Поп-рок групата „Меморија“ го најави следниот концерт на 23 октомври во арената „Јане Сандански“ во Скопје, како и снимањето на документарен серијал посветен на бендот и развојот на македонската рок музика низ децениите. Музичкиот новинар, водител и некогашен член на бендот, Антонио Димитриевски, на прес-конференција кажа дека целиот проект ќе биде концептуално насочен не само кон историјата на „Меморија“, туку и кон корените на македонската ...

Енергична забава со хитовите на „Продиџи“ и „Рамштајн“ направи битолскиот оркестар „Дива“ на концертот „Индустриска симфонија“ во Младински културен центар во Скопје. Јасна Димитровска, Огнен Димовски и Жарко Јакимоски заедно со оркестарот на оригинален начин ги изведоа хитовите на кои цела сала скокаше. Несекојдневниот, алтернативен проект на „Дива“, кој секогаш прави уникатни концерти, доби заслужен бис на крајот. Интересно беше што ...

Турскиот диџеј и продуцент Махмут Орхан ќе има настап на 25 јули на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, пбјави продукцијата „Прагма“. Еден од најпопуларните диџеи и продуценти на светската електронска сцена, Орхан зад себе има настапи на фестивали како Тумороуленд, Коачела и Егзит, како и на Ибица. По успешниот албум „Пангеа“ од 2024, Орхан продолжува да ја освојува публиката со својот препознатлив спој на современи електронски ритми и ...

Хрватска, Србија и Израел се меѓу земјите кои се пласираа во финалето на Евровизија во Виена по првата полуфинална вечер. Пет земји, вклучувајќи го седумкратниот победник Ирска, ја бојкотираат годинашната Евровизија поради учеството на Израел. Настапот на Ноам Бетан изнуди мешани реакции од публиката. Оттаму можеа да се слушнат и свирежи и антиизраелски слогани, додека други го извикуваа името на пејачот во знак на поддршка. Австриската ...

Во организација на Музичката академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, од 12 до 14 мај ќе се одржи четвртото издание на Фестивалот за современа музика, како промоција на светското и домашното музичко творештво. Програмата содржи три камерни концерти, на кои ќе настапат реномирани странски и домашни уметници. „Акустичниот простор на Уметничката галерија ‘Безистен‘ на отворањето ќе го облагородат звуците на камерниот состав ‘Трио ...

Триесет и еден отсто од возрасните и 80 отсто од светската адолесцентна популација не ги исполнуваат препорачаните нивоа на физичка активност, вели Светската здравствена организација (СЗО) во чест на 10 мај, Светскиот ден на физичката активност. Извештајот го објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), каде што стои дека, според проценките на СЗО, околу пет милиони смртни случаи годишно се поврзани со недоволната физичка активност и затоа ...

Култниот македонски рок бенд „Архангел“ ја објави првата песна од својот нов албум, прв по пауза од повеќе од две децении. Со синглот „Дни оловни“, за кој музиката и текстот ги напиша фронтменот Ристо Вртев, бендот го најавува и самостојниот концерт „Срцевина“, закажан за 13 јуни на Стадионот на АРМ во Градски парк во Скопје. Снимањето, миксањето и мастерингот на песната се правени во студиото „Клиник саунд“ на Нино Спиркоски во Скопје. На ...

На 11 мај од 20 часот, во Сули Ан во Скопје ќе биде претставен „Resonant Earth: Collective Ritual“, нов музички проект на Јордан Костов. „Проектот се темели на слободна интеракција помеѓу музичарите, водена од едноставна структура и неколку основни мотиви, што овозможува секоја изведба да се развива органски и да создава секогаш нова и неповторлива форма“, вели Костов. На сцената ќе настапи осумчлен меѓународен состав: Јапинг Ванг (јангџин), ...

Колумбиската поп-ѕвезда Шакира ја откри официјалната песна на Светското фудбалско првенство во САД, Канада и Мексико, до чиј почеток останува нешто повеќе од еден месец. Песната насловена „Dai Dai“ се најавува како химна на претстојниот Мундијал, на кој за првпат ќе играат 48 репрезентации. Песната и официјално ќе биде промовирана на 14 мај, а во неа учествува и нигерискиот пејач Бурна Бој. Ова е втора соработка на Шакира со ФИФА откако таа ...

Диригентот на Битолскиот оркестар „Дива“ Владимир Димовски ќе настапи денеска (7 мај) на концертот со хитовите од детскиот фестивал „СИ-До“, што ќе се одржи во Центарот за култура во Битола. Со концертот ќе се одбележат 30 години постоење на детскиот фестивал. Владимир Димовски денес работи како диригент, продуцент и аранжер и е основач на Камерниот оркестар на Битола. Тој вели оти малкумина знаат дека тој во 1995 ја испеал песната „Кети, ...

Двата нови албума на легендарниот гитарист Влатко Стефановски ќе бидат промовирани утре (7 мај) од 12 часот во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје. Тој ќе ги претстави „Guitar Sings“ (инструментален албум) и „Muscle Memory“ (нов студиски албум), издадени за „Кроација рекордс“. Скопската промоција следува по нивното неодамнешно претставување во Сплит, во пресрет на доделувањето на престижната музичка награда „Порин“. Стефановски доби специјално ...

На 8 мај во македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул ќе се отвори изложбата „Архивски документи“ на професорката и уметница Жанета Вангели. Ова е нејзино прво самостојно претставување пред турската публика и содржи 41 дело во техника принт на плексиглас и аудиоматеријали. Кураторката Маја Крстевска вели дека оваа изложба на Вангели е сублимација на главните интересни зони кои се во нејзиниот фокус. На 8 мај во македонскиот ...

Групата „Нокаут“ на 9 мај во арената „Јане Сандански“ во Скопје ќе го одбележи својот 30-годишен јубилеј со славенички концерт, најавен како вистински аудио-визуелен спектакл. Настанот, како што беше кажано на вчерашната прес-конференција, ќе биде со најсовремено озвучување и продукција, со цел публиката во целата сала да има еднакво и квалитетно доживување. За првпат, „Нокаут“ ќе настапи на кружна сцена од 360 степени, со што, како што велат ...

„Одисеја“ ќе биде еден од најепските филмови на Кристофер Нолан, но нема да биде и најдолг. Тој потврди дека неговиот нов филм ќе биде пократок од „Опенхајмер“, кој му ги донесе првите оскари во кариерата. „Тоа е епски филм, како што налага темата, но е пократок“, рече Нолан. „Опенхајмер“, биографската драма за Роберт Опенхајмер и создавањето на атомската бомба за време на Втората светска војна, траеше 180 минути. И покрај тоа, филмот стана ...

Помина најголемата и најекстравагантна ноќ во модата. Познати личности пристигнаа на Мет гала 2026 со нивниот пристап кон годинашната тема костимографија, при што организаторите ги замолија гостите да експериментираат со раскошниот и чуден кодекс на облекување. Токму затоа, ѕвездите не играа на сигурно, туку дефилираа носејќи уметнички дела по нарачка во чест на кодексот на облекување „Модата е уметност“. Годишниот настан служи за собирање ...

Хорот „Света Злата Мегленска“ ќе одбележи 30 години постоење со концертот насловен „Воскресение твое“. Тој ќе се одржи на 8 мај од 20 часот во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде што публиката ќе има можност да ужива во внимателно избран духовен репертоар кој го отсликува богатото музичко наследство и традиција. На концертот ќе диригира Летка Полизова-Димовска, која вели дека концертот е значајна пресвртница за хорот, кој ...

Националниот џез оркестар на 5 мај ќе настапи на манифестацијата „Денови на македонската култура“ во Белгија. Настанот се одржува во културниот центар „Бозар“ во Брисел. НЏО настапува со својата програма „Македонски сновиденија“, уникатна фузија на македонски фолклорни мотиви и современ џез. Диригент на концертот е маестро Владимир Николов. Ова е дел од пошироката програма на „Денови на македонската култура“, која има за цел да ги афирмира ...

Тони Зен, Маја Саздановска, Пајак и Адријан Гаџа ќе бидат дел од гостите на концертот на Јован Јованов и Елвир Мекиќ, кој ќе се одржи на 6 јуни во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Од Србија, гости ќе бидат Слаѓа Делибашиќ и Џус. „Ќе има и специјален гостин како изненадување, чие сценско име започнува на буквата В. Настанот е насловен ‘Сензација во бело’, а публиката е повикана да го испочитува правилото за облекување и да дојде во бело, ...

На 4 мај во 20 часот во „Лабораториум“ во Скопје ќе се одржи промоција на поетската книга „Некој друг“, од Јовица Ивановски. Книгата ќе ја промовира поетот Дарко Лешоски, а песни ќе чита актерот Нино Леви. Ивановски е роден во Скопје, 1961 година. Автор е на дваесет и една книга поезија и неколку избори на македонски и англиски. Застапен е во повеќе антологии и препеан на петнаесетина јазици. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“ на ...

Скопскиот ресторан „Мато Наполетано“ официјално стана дел од AVPN (Associazione Verace Pizza Napoletana), Асоцијација со седиште во Наполи, Италија, која претставува најрелевантната организација во светот во областа на неаполитанската пица. Ова членство и признание се доделуваат на ресторани кои строго ги почитуваат традиционалните методи и стандарди за подготовка на неаполитанска пица, дел од нематеријалното културно наследство на човештвото ...

Македонскиот состав „Кафе де Анатолија“ имаше успешен промотивен настап во Букурешт, Романија со публика од целиот свет. По настапите во Романија, Малта, Дубаи, Ибица и Санторини, продукцијата куќа ќе настапи во Скопје, во „Јавна соба“ на 8 мај. „Скопскиот настап е дел нашата нивната актуелна европска приказна и ќе понуди комплетен концертен концепт, не само диџеј сет, туку и визуелно и звучно патување за публиката“, велат од „Кафе де ...

Поради лошото време, фестивалот „Денес сè е во знакот на џезот“, во организација на Националниот џез оркестар, наместо на отворено, ќе се одржи во Филхармонијата. Фестивалот ќе се одржи по 10. пат по повод Светскиот ден на џезот. Организаторите информираат дека сите концерти ќе се реализираат според планираната програма. Влезот е слободен. Програмата започнува во 16 часот со настапот на „Пич вајс џез“, по што следува „Некст ту сајленс“. Од ...

Американската актерка Лора Дерн се приклучи на екипата на четвртата сезона на „Белиот лотус“, само неколку дена откако Хелена Бонам Картер го напушти проектот поради креативни несогласувања. Четвртата сезона се снима на југот на Франција и дејството се случува за време на Канскиот филмски фестивал. По заминувањето на Бонам Картер минатата недела, продуцентите од „Ејч-Би-О“ изјавија дека „откако почнало снимањето, станало јасно дека ликот ...

Популарниот јужноафрикански диџеј и продуцент Блек Кофи (Black Coffee) ќе го има првиот настап во Македонија на 19 јуни. Како што објави организаторот „Авалон“, журката ќе биде на отворено, на Стадионот на АРМ во Градски парк во Скопје. „Во моментов, Блек Кофи се смета не само за еден од највлијателните диџеи и продуценти на денешнината, туку и за еден од најактуелните артисти без разлика на музичкиот жанр“, велат од „Авалон“. Со вистинско ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
3.62
20%
1015
weather icon

Белград

34ᴼ / 34ᴼ
2.68
45%
1016
weather icon

Загреб

36ᴼ / 36ᴼ
1.9
35%
1016
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
4.41
37%
1019
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
4.53
26%
1018
weather icon

Љубљана

36ᴼ / 33ᴼ
0.45
37%
1017
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
7.15
43%
1015
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
4.33
39%
1015
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
2.03
32%
1015
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 32ᴼ
2.24
29%
1019
weather icon

Будимпешта

39ᴼ / 38ᴼ
1.34
25%
1015
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
8.14
94%
1018
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Бакар

12.33

Злато

131072.82

Калај

50.56

Кобалт

56.29

Родиум

249168.29

Алуминиум

3.20

Паладиум

38195.09

Сребро

1902.84

Рутениум

49029.89

Платина

51923.46

Цинк

0.00

Иридиум

233896.68