Првпат го гледав The Big Short (2015) по грешка, кога наместо на The Revenant, улетав на проекција на филмов во Кино Милениум. Не си поминав лошо тогаш, ама па не ми беа јасни многу фрази, жаргони со кои се расфрлаа ликовите. Филмот ја прикажува економската мега-криза од 2008 година, ама низ очите на неколку личности кои ја предвидоа оваа криза неколку години претходно. Тие дури се обложуваат дека кризата ќе дојде, надевајќи се дека барем ќе се ...

Првпат го гледав Moneyball кога излезе пред десетина години. Тогаш не ми остави којзнае каков впечаток, само се сеќавам дека имаше доста галама околу филмот. Мене не ми беше ништо посебно, уште еден филм за бејзбол. Дури ми беше малку досаден колку што се сеќавам. Кога пак го гледав пред некој ден, ми стана јасно дека тогаш не сум бил спремен за филмов. Одличен е. Повеќе од одличен. Ептен ми се свиѓа кога некој филм ми ги „отвора“ очите кога ќе ...