Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Нов смртен случај од западнонилска треска во Македонија. Се работи за 76-годишен пациент, кој имал и други сериозни заболувања и починал на Клиниката за инфективни болести, соопшти директорот на Клиниката, Фадил Цана. Тој рече дека пациентот претходно бил хоспитализиран кај нив 27 дена, но поради дополнителните придружни сериозни заболувања и тешката невроинвазивна форма на мозокот и мозочната обвивка, во доцните попладневни часови настапил ...
Актерката Хајден Панетиер, најпозната по своите улоги во сериите „Херои“ и „Нешвил“, почина на 36-годишна возраст. Таа беше пронајдена во нејзиниот стан во Гринвил, Јужна Каролина, а новите детали што се појавуваат упатуваат на тоа дека причината за смртта е веројатно предозирање, со оглед на тоа што на местото на настанот е пронајден наркан, лек што се користи за брзо поништување на ефектите од предозирање со опиоиди. Наркан, лек што обично ...
Модернизацијата на Армијата се реализира според планираната динамика, веќе се испорачани оклопните возила ЏЛТВ и „Страјкер“, артилериските системи „Боран“, најголем дел од системите за противвоздушна одбрана „Мистрал 3“, а до крајот на годината се очекуваат и првите два нови хеликоптери, најави министерот за одбрана, Владо Мисајловски, на свеченоста по повод Денот на Армијата во Охрид. Министерот најави и ново законско решение за ...
Агенцијата за храна и ветеринарство апелира до јавноста да не се создава непотребна загриженост при појава на поединечна угината птица во урбана средина, вклучително и гаврани и други диви преселни птици. „Особено внимание треба да се посвети доколку се забележи поголем број угинати гаврани или други диви преселни птици на исто подрачје и во краток временски период. Граѓаните кои ќе забележат ваква невообичаена појава се повикуваат да ја ...
Американската тенисерка Аманда Анисимова, која неодамна играше против Лина Ѓорческа на Вимблдон се најде во центарот на вниманието, но овојпат не поради својот тенис. Анисимова во Синсинати ја совлада Еала со 2-1 во сетови, откако славеше со 6-4, 4-6 и 6-2. Сепак, нејзината победа остана во втор план по еден необичен момент за време на мечот. При една од паузите, Американката извади пијалак кој вообичаено не се гледа на тенискиот терен. ...
Синоќа по полноќ во скопската општина Аеродром дошло до сериозна тепачка поради што кривично ќе се гонат пет луѓе. „Единицата за насилен криминал при СВР Скопје – Одделение за насилен криминал поднесе кривична пријава против Е.М., Е.Р.(30), Ѓ.А., А.Р.(32) и еден малолентик поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 396 став 3 од Кривичниот законик“, информираа од МВР. Во 01:15 часот по полноќ, на ...
Дипломатот Крум Ефремов ќе биде нов амбасадор на Македонија во Бугарија, а во тек се подготовките за неговото заминување во Софија, соопшти денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Муцунски на прес-конференција рече дека постапката за именување на амбасадорот во Софија веќе не е класифицирана, поради што може јавно да го соопшти името. Ефремов е професионален дипломат и актуелен директор на Директоратот ...
Пеп Гвардиола во период кога Манчестер сити имаше послаби резултати одлучил да употреби своја животна ситуација за да ги разбуди фудбалерите. Шпанскиот стратег пред две години во соблекувалната зборувал отворено за разводот со Кристина Сера и се обидел на тој начин да ги мотивира фудбалерите. Гвардиола неодамна, по девет години на клупата на „граѓаните“, го напушти Манчестер сити. Во периодот додека го водеше англискиот гигант, тој се ...
Силни емоции, по кои завладеала заглушувачка тишина што траела долго, а потоа била прекината со силен аплауз од присутната публика – така поминала светската премиера на „Добри луѓе“, документарниот филм на македонскиот режисер Милчо Манчевски посветен на трагедијата во Кочани, прикажан во натпреварувачката документарна програма на 32. Сараевски филмски фестивал на 16 август 2026. Во интервјуто за „Слободен печат“, Милчо Манчевски зборува за ...
Еден од четворицата осомничени за намерно предизвикување десет пожари на подрачјето на Задар и Задарската жупанија, Владимир Чупиќ, е сопственик на земјиштето во бенковачкото село Билјане Доње на кое со години се наоѓаше озлогласеното „Црно Брдо“ — депонија со околу 140.000 тони канцероген индустриски отпад, објави хрватскиот портал Нет.хр, повикувајќи се на извештајот на РТЛ Данас. Чупиќ за целиот случај проговорил дури во мај минатата ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, најави дека во четврток и петок ќе се одржи Амбасадорски совет, каде еден од говорниците ќе биде и заменик-претседателот и министер за надворешни работи на Република Чешка, Петр Мацинка, кој утре ја започнува официјалната посета на Македонија. Амбасадорскиот совет ќе се одржи во Скопје, а на него учествуваат шефовите на македонските дипломатско-конзуларни претставништва ...
Хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст. Во текот на животот беше препознатлива по остриот, провокативен и често контроверзен стил, а во интервјуата, книгите, колумните и јавните настапи остави зад себе бројни изјави кои и денес се прераскажуваат. Нејзиниот хумор беше директен, неретко суров и без цензура, а преку него зборуваше за политиката, општеството, мажите и жените, парите, љубовта, сексот и ...
Преписката на социјалните мрежи по концертот на „Мизар“, „Синтезис“ и „Меморија“ во Струмица доби продолжение. Откако драмскиот писател и автор Митко Бојаџиски реагираше за високите цени на пијалаците на настанот, а во првичната објава по грешка напиша дека настапила групата „Нокаут“ наместо „Меморија“, повторно се огласи Петар Георгиевски – Камиказа, лидерот на „Меморија“. Камиказа и претходно со доза хумор му забележа на Бојаџиски за ...
Јубилејна изложба под наслов „90 години од раѓањето на Јован Петров“, посветена на творештвото на овој значаен македонскиот уметник и конзерватор, од 12 август е поставена во објектот Чифте амам при Националната галерија во Скопје. Свеченото отворање на изложбата и промоцијата на печатеното јубилејно-монографско издание ќе се одржи на 20 август, во 20 часот, во просторот на Чифте амам. Изложбата ќе ја прогласи за отворена директорот на ...
Нова сериозна турбуленција ја погоди ФИФА. Оперативниот директор на светската фудбалска федерација, Кевин Ламур, ја напушти функцијата во Цирих, само неколку недели откако јавно го критикуваше претседателот Џани Инфантино поради плановите за продажба на идните приходи од Светското првенство. Ламур застана во одбрана на вработените во ФИФА, тврдејќи дека тие биле „доведени во заблуда“ поради начинот на кој Инфантино го водел процесот поврзан ...
Тамара Тодевска направи хуман гест кој ги допре срцата на многумина. Таа беше дел од големото роденденско изненадување за Леон, момчето со аутизам чија животна приказна пред неколку месеци беше споделена на социјалните мрежи и допре до многу луѓе. Леон вчера, на 17 август, го прослави својот 13. роденден, а Тамара дојде да го изненади и да биде дел од неговиот посебен ден. На фотографиите и видеата од прославата се гледа веселата атмосфера, ...
Клиника за ин витро во Северен Кипар е обвинета дека најмалку 30 деца, од кои повеќето се Британци, биле зачнати со погрешни донори на сперма или на јајце-клетки, објави „Би-би-си“. Родители велат дека внимателно избирале анонимни донори врз основа на информации за нивната здравствена историја, изглед, карактер, образование и интереси. Сепак, тие се сомневаат дека бараните донори на сперма и јајце-клетки не биле користени во нивните третмани ...
Над 100 луѓе со и без попреченост, возрасни и млади на 15 август учествуваа на инклузивната велосипедска тура „Преспански аванТУРИ“, возејќи долж крајбрежјето на Претор и Сливница со стандардни и адаптивни велосипеди, со цел да се спои концептот на движење, дружење и уживање во природата покрај Преспанското Езеро. Според организаторите на настанот, особен интерес предизвикале адаптивните велосипеди. „По турата, за време на пикникот и ...
Директорот на ДЗС Стојанче Ангелов информираше дека во моментов активен е пожарот од Велес кој преминува кон Зелениково. Тој им се заблагодари на велешките пожарникари, за кои кажа дека со „ползење и пробивање низ екстремно густа вегетација полна со трња, изложувајќи се на ризик“ значително го намалиле пожарот и заштитиле две загрозени села. Во Македонски Брод пожарот е значајно намален. Имаме пожар на територија на општина Студеничани село ...
Селекторот на египетската фудбалска репрезентација, Хосам Хасан, доживеа неверојатна сцена откако неговата сегашна и поранешна сопруга се степале во хотелско одморалиште. Инцидентот завршил со тоа што Хасан морал да биде пренесен во болница бидејќи му се слошило откако бил сведок на жестокиот конфликт. Хасан и неговата сегашна сопруга Дан-Адам се одморале во хотел во одморалиштето Марина, на северниот брег на Египет. Тие штотуку завршиле со ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера се закани дека САД ќе го нападнат ОМан и изјави дека Иран нема да го прифати договорот што тој го смета за неопходен за завршување на војната со САД и дека треба да се предаде, додека преговорите меѓу двете земји и натаму се во застој, пренесе „Ројтерс“. – Нема да склучат договор каков што сметам дека е потребен. Видете, ние сме таму поради една причина: Иран не смее да има нуклеарно оружје – им ...
Танкер за нафта управуван од грчка компанија вчера бил нападнат во Црното Море откако натоварил товар со потекло од Русија, објави „Блумберг“, повикувајќи се на извори запознаени со случајот. Танкерот „Скирос“ од класата „Суецмакс“, кој може да превезува околу еден милион барели нафта, бил нападнат откако натоварил нафта на терминалот на Каспискиот нафтоводен конзорциум (ЦПЦ) во близина на рускиот црноморски пристаништен град Новоросијск. Од ...
Јапонскиот амбасадор во Москва утрово бил повикан во руското Министерство за надворешни работи, откако Токио упати остар протест поради првата посета на претседателот Владимир Путин на спорните Курилски Острови, објави „Москва тајмс“. Јапонија тврди дека четирите најјужни острови од Курилскиот Архипелаг, кои се наоѓаат северно од префектурата Хокаидо, биле незаконски заземени од Советскиот Сојуз откако тој го објавил своето предавање во ...
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре е првиот рок за пријавување кандидати за запишување на студии во прва година. На 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава се слободни вкупно 8.851 место за бруцоши во академската 2026/2027, која ќе почне на 1 октомври. Според Конкурсот на УКИМ, од вкупниот број слободни места, 4395 се за студенти во државна квота (редовни студенти кои се финансираат од ...
Цела ноќ тим од доброволци на Дирекцијата за заштита и спасување работеше на гаснење на пожарот во атарот на прилепското село Чаниште, каде гори на два крака. Последна информација од ДЗС е дека во селото не е изгорена ниту една населена куќа и дека синоќа сите жители останале во своите куќи. Огнената стихија изгоре неколку стари напуштени куќи или куќи во кои сопствениците престојувале повремено. Нема повредени лица. Инаку, во изминатите 24 ...
Ракометниот клуб Вардар стартуваше нов серијал под наслов „Љубовта наша голема“, преку кој клубот сака да им оддаде признание на навивачите, кои веќе 65 години се важен дел од историјата и идентитетот на „црвено-црните“. Во пресрет на новата сезона, во серијалот ќе бидат претставувани долгогодишни навивачи на Вардар, кои ќе ги споделуваат своите најубави спомени, омилени моменти и емоции што ги поврзуваат со клубот. Честа да биде прв гостин ...
Денеска се одбележуваат 123 години од раѓањето на Никола Мартиноски, еден од најважните македонски уметници – пример за највисоки вредности остварени во македонското ликовно творештво. Мартиноски остави длабоки траги во културата на визуелните ликовни уметности во нашата средина. Значењето на неговото творештво се согледува преку уметничките вредности кои го определуваат неговото историско место. Приказната за фреските во кафеаната „Океан“ ...
Еурофарм Пелистер 2 продолжува да го засилува составот, а ново име во тимот е Давид Димевски, кој пристигнува од Куманово. Димевски примарно игра на лев бек, но може да покрие повеќе позиции во бековската линија. Младиот ракометар е и поранешен младински репрезентативец на Македонија, а настапуваше и на Светското младинско првенство во 2025 година. Пелистер 2, кој во новата сезона ќе го предводи Бранислав Ангеловски, летово ги ангажираше и ...
Според податоците на Националниот институт за статистика (ИНСТАТ), бројот на странски посетители кои престојувале во сместувачките капацитети во јуни, во Албанија, изнесувал 445.846, што е зголемување за 20,6 проценти во споредба со истиот месец минатата година, додека вкупниот број на посетители се зголемил за 17 отсто, пишуваат албанските медиуми. Бројот на ноќевања се зголемил за 9,8 отсто на годишно ниво. Најголем раст е забележан во ...
Една од највпечатливите водителки и пејачки на балканската естрада Сузана Манчиќ годинава доаѓа во Македонија како дел од 33. издание на фестивалот „Охрид фест–Охридски трубадури“. Некогашната мегапопуларна лото-девојка ќе настапи на втората интернационална фестивалска вечер на 27 август, по повод јубилејот – 50 години кариера. За некои генерации таа засекогаш останува легендарната „лото-девојка“, една од најубавите и најпосакуваните жени на ...