Босна и Херцеговина, Србија, Албанија, Црна Гора и Македонија ги усогласија своите политики со одлуката на Советот на Европската Унија за рестриктивни мерки против тероризмот. Информацијата денеска ја потврди Каја Калас, претсваничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, пишува „Бриселс тајмс“. На 30 јули, Советот на Европската Унија донесе одлука по редовна ревизија на листата на лица, групи и субјекти кои се предмет на ...

Македонската кошаркарска репрезентација на 30 август ја очекува гостување во Виена против Австрија во рамките на втората фаза од претквалификациите за Евробаскетот 2029, а домаќините веќе го објавија списокот на кошаркари на кои ќе сметаат. Селекторот на Австрија, Арамис Наглиќ, повика 13 кошаркари, предводени од Богиќ Вујошевиќ. Тој беше најдобар стрелец во квалификациите за Светското првенство 2027, со просек од 19,8 поени по натпревар. ...

Рибата е меѓу најдобрите извори на омега-3 масни киселини, познати по благотворното влијание на здравјето на срцето. Иако многумина се прашуваат дали е подобро да се јаде во одреден период од денот, експертите истакнуваат дека е многу поважно колку редовно рибата ја вклучуваме во исхраната, пишува „Хелт“. Дали воопшто е важно кога јадете риба? Нивното дејство не е моментално, за разлика од хранливите материи кои можат директно да влијаат на ...

Американското Министерство за правда објави проширено обвинение во 14 точки против 17 членови на институтот „Мабна“, иранска компанија која наводно организирала широка кампања на хакерски упади во универзитети, компании, државни институции и во невладини организации низ светот. Според обвинението, од најмалку 2013 година групата нападнала 144 универзитети во САД, 178 странски универзитети, најмалку 42 американски и 11 странски компании, пет ...

Долгогодишниот тапанар на легендарната американска рок-група „Зи-зи топ“, Френк Берд, почина во понеделникот на 77-годишна возраст. Веста за неговата смрт ја потврди претставникот на групата, Боб Мерлис. Берд починал додека бил под палијативна нега, опкружен со семејството на својот ранч во Ричмонд, Тексас. Точната причина за смртта не е соопштена. Од својот долгогодишен пријател и соработник се прости и гитаристот и пејач на „Зи-зи топ“, ...

Најмалку девет луѓе, меѓу кои и четиригодишно дете загинале, а шестмина се повредени во пожар што избувнал рано утринава во петкатница во индискиот град Калкута, објави „Телеграф Индија“. Пожарот избувнал околу 1:45 часот по полноќ во зграда на улицата „Мирза Галиб“, во која биле сместени неколку хотели. На местото биле испратени пет противпожарни возила, а во спасувачката акција се вклучиле и полицијата и екипи на Одделот за управување со ...

Поранешниот украински министер за одбрана Михајло Федоров повика на одржување избори за време на војната, што се толкува како сериозен политички предизвик за претседателот Володимир Зеленски, објави Ројтерс. Во видео објавено на Јутјуб, Федоров порача дека „демократијата не може да биде заложник на Русија“, додавајќи дека Украина се бори „токму затоа што сака да остане слободна европска држава“. Од почетокот на руската инвазија во февруари ...

Обединетите Арапски Емирати воведоа трговско ембарго кон Иран на неодредено време, откако го обвинија Техеран дека лансирал две балистички ракети кон земјата, објави „Ал џезира“. Министерството за надворешни работи на ОАЕ соопшти дека одлуката е донесена поради „ескалацијата што го загрозува мирот и безбедноста во регионот“. „До понатамошно известување се прекинуваат целата трговија, комерцијалната размена и финансиските трансакции со Иран“, ...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ...

За омлетот да биде сочен, компирите прво треба лесно да се испржат и да не пожолтат. Овој вид омлет често се прави во секоја шпанска куќа, а е познат и како „тортилја еспанјола“ (tortilla española-tortilla de patatas). Шпанскиот омлет или тортилја од компири е еден од омилените традиционални специјалитети во оваа сончева, прекрасна земја, а неговата популарност не нè изненадува – се прави многу лесно и со само три главни состојки што речиси ...

Универзитетот Харвард, САД, се согласи да плати 53 милиони долари за решавање на тужбите поднесени од семејства кои донирале тела од роднини на Медицинскиот факултет за истражување и образование, а чии делови од телото потоа биле украдени и продадени на црниот пазар, објави „Ројтерс“. Предложената спогодба беше поднесена во државниот суд во Бостон и сè уште треба да се одобри од судот. Харвард и тужителите предложија формирање два фонда во ...

1662.- Починал Блез Паскал, француски математичар, физичар, писател и филозоф. Конструирал математичка машина (аритмометар) која ги вршел четирите математички операции. Математички прв го третирал проблемот на веројатноста во хазардните игри и ги поставил основите на законот на веројатноста, ја измислил хидрауличната преса и утврдил дека притисокот на воздухот опаѓа со висината, така што со помош на барометар може да се утврди висината на ...

Поскапувањето на бензините за 4,5 денари и на дизелот за 6,5 денари што стапи во сила од вчера, една минута по полноќ, стана нов фронт за препукување на политичките партии. За граѓаните, пак, ова значи дека сега еден литар бензин БС 95 го плаќаат по 91,5 денари, БС 98 по 93,5 денари, а дизелот по 98 денари. Веднаш по објавувањето на веста, во текот на завчерашниот ден на бензинските пумпи се создадоа редици од возила. СДСМ излезе со партиско ...

Министерот за здравство Сашо Клековски вечерва изјави дека ќе биде направено сè што е можно за неколку дена да бидат обезбедени суровините што се неопходни за работа за циклотронот каде што се произведува средството што е неопходно за снимање на пет-скенот, кој не е во функција повеќе од еден месец, а каде најчесто се упатуваат онколошките пациенти. „Не е расипан пет-скенот. Пет-скенот беше во редовен сервис и за време на редовниот сервис се ...

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 19 август, прочитајте што ви предвидуваат ѕвездите за денес. Овен Работниот ден ќе бара брзи реакции, но не дозволувајте нетрпеливоста да ве наведе на погрешна одлука. Добро размислете пред да прифатите нова обврска. Во љубовта, отворениот разговор ќе ви помогне да разјасните нешто што ве мачи подолго време. Внимавајте на заморот и најдете време за одмор. Бик Вашата упорност ќе ви помогне да завршите ...

Топлинскиот бран конечно попушта, деновите стануваат сè поподносливи. По недели поминати под клима-уредот, конечно можеме сè повеќе време да поминуваме на терасите и во градините и да уживаме во летните вечери. И тогаш се појавува првиот комарец. Па, вториот. И набрзо идиличното седење на терасата се претвора во мавтање со рацете, гребење по убодите и потрага по нешто што овие мали напасти ќе ги држи подалеку. Токму затоа не е лошо да ...

Високиот крвен притисок (хипертензија) е еден од главните фактори за ризик од појава на срцеви заболувања и мозочен удар. Затоа, лекарите постојано советуваат комбинација од здрави животни навики и соодветна терапија кога тоа е потребно. Покрај редовната контрола, исхраната игра клучна улога во одржувањето на притисокот во здрави граници. Меѓу намирниците кои посебно се издвојуваат за здравјето на крвните садови е цвеклото, односно свежиот ...

Нашето расположение, однесување и начинот на кој го доживуваме светот честопати се под влијание на процеси за кои не сме целосно свесни. Понекогаш, иако физички не сме изморени, имаме чувство дека сè ни е премногу, пишува „Сенса“. Менталниот замор може да се наталожува постепено, особено кога долго време ги потиснуваме емоциите, се оптоваруваме со проблемите на другите или се обидуваме да ги исполниме високите очекувања што самите сме си ги ...

Апликацијата за запознавање „Бамбл“ беше замислена како поинаква апликација од останатите. Кога беше лансирана во 2014 година, на жените им понуди едноставен концепт: ако се спојат со маж, тие мора да го започнат разговорот. Правилото требаше онлајн запознавањето да го направи побезбедно и да им даде контрола на жените. Оваа недела „Бамбл“ го укина тоа правило. Одлуката следува откако компанијата веќе го ублажи првичното правило со опцијата ...

На 46-годишна возраст ненадејно почина Елвис Мекиќ, брат на македонскиот пејач Елвир Мекиќ. Тажната вест за „Слободен печат“ ја потврдија блиски соработници на Елвир Мекиќ. Од Елвис со емотивна објава се прости пејачот Јоце Панов, кој откри дека биле блиски пријатели и дека неколку години поминале во секојдневно дружење. Панов на Фејсбук објави повеќе заеднички фотографии и напиша дека ќе го памети својот пријател насмеан, како и по песните ...

Сè повеќе мажи се одлучуваат за естетски корекции за зголемување на обемот на пенисот со помош на филери. За разлика од филерите за усни кои веднаш се забележуваат, за оваа процедура нема официјални бројки ниту строга регулација, па практично секој може да почне да ја нуди. Сепак, овој тренд веќе го привлекува вниманието и на лекарите и на јавноста, пишува „Би-би-си“. Зошто мажите се одлучуваат на овој чекор? Пациентите кои се одлучуваат за ...

Фудбалерите на Динамо Загреб ремизираа 2-2 на свој терен во двомечот од плеј-офот за Лигата на шампионите против Викинг од Норвешка. Динамо имаше одличен почеток на натпреварот и уште во првите десет минути поведе со 2-0 и во тие моменти изгледаше дека чекори кон резултат кој ќе го донесе на чекор од елитното натпреварување. Прво Бељо го отвори резултатот во шестата минута, а потоа Лисица во 10-тата зголеми на 2-0. Следуваа уште две-три ...

Напад со дрон во близина на нуклеарната централа Запорожје уби еден работник, а 15 се повредени, објави Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), пренесе „Украинска правда“. Сите жртви биле вработени во електраната или работници ангажирани преку подизведувачи, објави МААЕ, повикувајќи се на раководството на електраната. Тројца од повредените добиле сериозни повреди.Поради сериозно оштетување на опремата, електраната целосно го запре ...

Ракометарите на Охрид со победа го отворија настапот на турнирот „Крсто Андоновски“ каде што ја бранат титулата освоена минатата година. Пред својата публика во салата „Билјанини Извори“, охриѓани славеа над У-20 репрезентацијата на Египет со 31:27. Домашниот состав во текот на целиот натпревар ја контролираше играта и резултатот. На полувремето Охрид замина со предност од три гола, а во неколку наврати имаше можност да стигне и до плус ...

Рано утринава во 00:10 часот во неготинско село, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода 25-годишниот Д.Ш. од истото село, информира МВР. Младиот човек кој имал здравствени проблеми, со остар предмет се заканувал и ја нападнал неговата 62-годишна мајка, но не ја повредил. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и Центар за социјални работи Неготино, а по документирање на настанот против него ќе ...

Љупчо Дориев продолжува да игра во одлична форма во првенството на Узбекистан. Македонскиот напаѓач повторно се запиша во листата на стрелците, овојпат во победата на Согдиана од 2-1 против Кизилкум во 18. коло од шампионатот. Дориев погоди во 38. минута за водство на домашниот тим од 1-0, кој до крајот успеа да ја сочува предноста и да стигне до значајни три бода. За македонскиот офанзивец ова беше уште еден погодок во фантастичниот ...

Кралскиот двор на Јордан објави дека принцезата Иман и нејзиниот сопруг Џамил Термиотис по вторпат станале родители. Добрата вест ја потврди и кралицата Ранија, која објави фотографија на Инстаграм со својот сопруг, кралот Абдула Втори, новородените близначки. – Фала му на Бога што си добро, драга Иман. Семејството доби нова радост, среќата е уште поголема, а благословите се множат. Честитки до Иман и Џамил, како и до мојата драга Амина, ...

Речиси четири години по избувнувањето на скандалот во кој се проневерени пари наменети за украинската набавка на оружје за одбрана од руската инвазија, случајот го работат судските институции на неколку земји, а трагата на парите води и до Босна и Херцеговина. Украинското обвинителство потврди за Радио Слободна Европа дека хрватскиот претприемач Матијас Зубак, сопственик на една од компаниите вклучени во неуспешната набавка, има статус на ...

Кралот Чарлс и официјално ја започна својата традиционална летна одмор-сезона во шкотскиот замок Балморал. 77-годишниот британски монарх пристигна на кралскиот имот во Шкотските планини на 18 август, само две недели откако замокот беше затворен за посетители, пишвуа „Пипл“. Кралот беше пречекан од локалното население, како и од припадниците на Кралскиот полк на Шкотска и нивната позната, но и прилично палава маскота, понито од расата Шетланд ...

Поради силен ветер, пожарот во прилепскиот дел на Мариово кој синоќа зафати делови од селото Чаниште, повторно се активирал попладнево, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Огнената линија во моментов се протега на околу 20 километри, од течението на Црна Река до врвот Маргаро. „На терен се прилепските пожарникари, тимови на ДЗС составени од доброволци од Битола, а дополнително се ангажирани и ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
60%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32