Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека не смета оти врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хаменеи, е мртов, туку дека е многу тешко ранет. Говорејќи во емисијата на конзервативниот политички коментатор Глен Бек, Трамп истакна дека според неговите информации иранскиот лидер не е починат, туку претрпел сериозни повреди. Моџтаба Хаменеи, син и наследник на иранскиот врховен лидер Али Хаменеи, ја презеде функцијата по смртта на ...

Двајца од осомничените уапсени во врска со планираниот напад со палење фабрика за беспилотни летала во источна Словачка се Летонци, а третиот е Украинец, соопштија словачките власти. Канцеларијата на регионалниот обвинител во источниот град Прешов соопшти дека еден од Летонците е уапсен во Германија, додека другиот Летонец и Украинецот се приведени во Словачка. Словачката полиција соопшти вчера дека го осуетила заговорот. МИА Двајца од ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека економијата на земјата повторно расте по три години рецесија и стагнација, и покрај војните во Заливот и Украина, како и глобалните трговски спорови. Тој нагласи дека основните економски показатели го поддржуваат овој оптимизам, а рецесијата ќе биде целосно надмината до крајот на годината благодарение на добрите стапки на раст во третиот квартал. Говорејќи на прес-конференција по ...

„Од твоето Гари до Света Гора! Ни остави наследство и тежок товар — да го чуваме наследството создадено од тебе, да не паднеш во заборав и некои други да не те присвојат! Горди сме што сме твои.“ Овие реченици ги изговорија гарчани на свеченото отворање на спомен-собата на големиот македонски копаничар Петре Филиповски – Гарката, роден токму во Гари, од каде што тргнал да ги живописува црквите ширум Балканот. За гарчани важи правилото: каде ...

Со пригодно обраќање на скопскиот бискуп и струмичко-скопски епископ монсињор д-р Киро Стојанов денеска во „Порта Македонија“ беа отворени „Деновите на Света Мајка Тереза“, манифестација што се одржува од 26 август до 5 септември по повод 10 години од канонизацијата на Света Мајка Тереза. Во своето обраќање, Стојанов истакна дека Скопје и културниот контекст во кој Мајка Тереза се родила и го поминала детството имале значајна улога во ...

Бројот на активното население во второто тримесечје од 2026 година е зголемен за 0,8% во однос со истото тримесечје од минатата година, додека бројот на невработени лица е намален за 1,5%. Според податоците на Државниот завод за статистика, активното население во земјава е 798 718 лица од кои 708.698 се вработени, а 90.020 се невработени. При тоа стапката на активност изнесува 52,5, стапката на вработеност 46,6, а стапката на невработеност ...

А1 Македонија слави седум години со нова комуникациска платформа, која компанијата ја заокружува со пораката „Твој А1“. Од таму велат дека во фокусот се луѓето и нивните потреби, а технологијата треба да биде во нивна служба. „Само овие 7 години инвестиравме 250 милиони евра во технолошки платформи, технолошки решенија и тоа сѐ со цел за да го подобриме квалитетот на сервисот, квалитетот на нашите услуги, нормално за врвно корисничко ...

Едно до 10 деца во Македонија на возраст од 12 до 17 години било изложено на сексуална експлоатација и злоупотреба преку интернет. Ова го открива извештајот на меѓународниот истражувачки проект „Disrupting Harm“ (деструктивна штета) за злоупотреба на деца преку дигитални технологии. Најчеста форма било изложувањето на сексуална содржина без согласност, како и барањето, децата да испраќаат интимни фотографии или видеа. Документот кој денеска ...

Последните најави од Брисел за зајакнати мехнизми за проширување на Унијата се позитивен сигнал за македнската влада оценува министерот за европски прашања Беким Сали. Според него, влада во моментов е фокусирана на спроведување на обврските од реформската агенда во поставените рокови до 2028-ма година. Иако Македонија добива пораки дека ја следи динамиката на исполнување, вели потребни се интензивни чекори за реализација на обврските. ...

Општина Пехчево едногласно одби на нејзина територија да се гради дата-центар, но оваа одлука брзо ја разгоре политичката и јавната дебата во земјава. Додека премиерот порача дека дата-центри се новата нафта за економскиот развој и обвини дека одредени структури намерно го кочат напредокот на Македонија, реакциите остануваат поделени. Основната дилема што ја загрижува јавноста е како овие центри ќе го променат секојдневниот живот, преку ...

По години чекање, машините конечно влегуваат на трасата Скопје - Блаце. Почна изградбата на автопатот долг 10,5 километри кој треба да го смени патувњето кон Косово – со пет тунели и осум мостови на еден од најтешките терени за градење во земјава. Според најавите ќе биде готов за четири години, за да се спои со веќе изградените 1,5 километар во близина на ГП Блаце. Станува збор за инфраструктурен проект кој ќе го спои Скопје со ГП Блаце и ...

Требаше да се вработат уште во април лани, но се уште немаат решен статус. Голем дел од околу 1500 лица ангажирани со договор за дело во здравството и понатаму чекаат решенија за вработување. Речиси и да нема клиника и болница без “договорци”, повеќето средно медицински и административно-технички кадар, кои работат и по 10-тина години во неизвесност дали месецот ќе земат плата, а притоа извршуваат исти задачи како и нивните вработени колеги. ...

Тројца сомнителни на западно-нилска треска кои се хоспитализирани на Инфективна ги чекаат лабораториските анализи а шестмина од заразените поради сериозните компликации се на одделот за интензивно лекување. Министерот за здравство информираше дека од 50-те досега потврдени случаи на вирусот, 25 веќе се на домашно лекување. Освен од Скопје, вчера имаше и прв заразен од Куманово кој е во тешка состојба а епидемиолошката анкета треба да покаже ...

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 14. седница едногласно ги донесе одлуките и упатствата за спроведување на предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври. Претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ, информираше дека за организацијата и спроведувањето на изборите е предвиден вкупен финансиски план од 21,1 милион денари. Средствата, како што посочи, вчера биле одобрени од Владата. Од вкупната ...

Повеќе од 20 пожари на отворен простор се регистрирани во текот на денешниот ден, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Најголеми напори во моментов се вложуваат во гаснењето на пожарот на планината Китка, каде огнот е распространет на голема територија и има неколку активни краци. Во акцијата се вклучени и „ер тракторите“, кои дејствуваат од воздух врз критичните делови од пожарот. -Даваме сè од ...

Бројот на активното население во второто тримесечје од 2026 година е зголемен за 0,8% во однос со истото тримесечје од минатата година, додека бројот на невработени лица е намален за 1,5%. Според податоците на Државниот завод за статистика, активното население во земјава е 798 718 лица од кои 708.698 се вработени, а 90.020 се невработени. При тоа стапката на активност изнесува 52,5, стапката на вработеност 46,6, а стапката на невработеност ...

Британецот Роберт Даниел Крету (40) од Ливерпул е осуден поради лажирање смрт на 30 кучиња, при што преку наплата на осигурителни полиси од различни осигурителни компании незаконски се стекнал со околу 36.300 евра“, соопшти лондонската полиција. Тој поднел 30 лажни барања до различни осигурителни компании, тврдејќи дека осигурените кучиња угинале во различни несреќи. „Во еден случај кучето за време на прошетка избегало, истрчало на патот и ...

Македонскиот боксер Ален Рустемовски не успеа да се пласира во финалето на Медитеранските игри 2026 во Таранто, откако попладнево беше поразен во полуфиналната борба во категоријата до 60 килограми. Рустемовски во мечот за пласман во финалето загуби од шпанскиот боксер Марин Ернандез. Со пласманот во полуфиналето, македонскиот репрезентативец го завршува настапот на Медитеранските игри со бронзен медал. Македонскиот боксер Ален Рустемовски ...

Катастрофални поплави денеска го погодија Непал, при што загинаа десетици луѓе, а стотици се водат како исчезнати. Најтешко е погоден планинскиот округ Расува, во близина на границата со Тибет. Според последните информации, најмалку 22 лица го загубиле животот, додека стотици сè уште се водат како исчезнати. Меѓу исчезнатите има и голем број странски туристи. Огромниот воден бран однел куќи, возила и делови од патната инфраструктура, а ...

Европската комисија ги објави официјалните датуми за почеток и крај на летното сметање на времето до 2031 година. Според важечките правила на Европска Унија, летното сметање на времето започнува последната недела од март и завршува последната недела од октомври секоја година. Оваа година, зимското сметање на времето ќе почне на 25 октомври, додека летното сметање на времето во 2027 година ќе започне на 28 март и ќе заврши на 31 октомври. ...

Словачката влада одобри нацрт-закон со кој би се забранило користење социјални мрежи од деца под 16 години, нагласувајќи дека тоа ќе го спречи развојот на зависност и ќе го намали социјалниот притисок и радикализација. Доколку биде усвоен од парламентот, законот ќе им забрани на децата да креираат сметки на социјалните мрежи и ќе бара од корисниците да ја докажат својата возраст, покажуваат документите објавени на веб-страницата на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја засили реториката кон Канада, нарекувајќи го северниот сосед една од „најлошите земји во светот за соработка и преговори“. Во разговор со политичкиот коментатор Глен Бек, Трамп ја обвини Отава дека со децении ги искористува САД, воведува „неверојатни“ царини и посочи дека годишниот трговски дефицит од 60 милијарди долари е јасен знак дека треба да ѝ се покаже на Канада оти повеќе не може така ...

Прв случај на западнонилска треска оваа година е регистриран денеска во Бугарија, објави Националниот центар за борба со заразни болести. Првиот случај на инфекција со вирусот Западен Нил оваа сезона е регистриран кај пациент од Пловдив на возраст од 63 години, кој развил невролошки компликации по летниот одмор на Црното Море. Според здравствените власти, инфекцијата е официјално регистрирана помеѓу 17 и 23 август. Мажот побарал медицинска ...

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска објави метеоаларм за утре, 27 август, врз основа на кој одредени делови на државата се во портокалова фаза. Времето утре ќе биде сончево и топло со мала со умерена локална облачност и услови за краткотрајна нестабилност во попладневните часови. Во Скопје и Демир Капија се предвидува температурата да достигне до 39 степен, во Гевгелија 38, додека во Велес и Штип до 37 степени. За време на ...

Апелацискиот суд Скопје информира дека по одржана нејавна седница по кривичниот предмет, во јавноста познат како „Талир“, донесе пресуда со која жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје ја одби како неоснована и ја потврди ослободителната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје за поранешниот премиер Никола Груевски. Пресудата, како што се посочува, е донесена по одржана нејавна седница на 26 август годинава и разгледување на списите ...

По повод 26 Август - Меѓународниот ден на кучињата, ЈП „Лајка“ потсетува дека овој ден не е само можност да ја славиме поврзаноста меѓу луѓето и кучињата, туку и повод сериозно да размислиме за нашата одговорност кон нив. Кучињата се дел од нашето секојдневие и од заедницата во која живееме. Сепак, голем број од нив и понатаму завршуваат на улица како последица на неодговорно сопствеништво, неконтролирано размножување, напуштање и ...

Во лекувањето на одредени пациенти учествувале од три до шест или осум стручни медицински лица, не може да се бара индивидуална одговорност - тврди одбраната за случајот „Онкологија“, кој се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти. Техничкиот советник на првообвинетиот, доктор Владимир Даниловски, на денешното сослушување во Основниот кривичен ...

Со помош на беспилотно летало на силите на ФРОНТЕКС рано утрово во четири одделни случаи во морскиот дел јужно од грчкиот остров Крит биле откриени вкупно 257 мигранти во четири чамци, а сите безбедно биле префрлени на пристаниште, јави дописничката на МИА од Атина. Во изминатиот период зголемен е бројот на чамци со мигранти по т.н. јужна рута односно во морскиот дел јужно од Крит и малиот остров Гавдос, а од вчера наутро, заклучно со ...

На Клиниката за инфективни болести 21 лице се лекува од западнонилска треска. Од нив кај 18 од нив веќе е потврдено присуството на западнонилска треска, а за три лица се чека потврда, додека шестмина се на интензивно лекување, изјави денеска на прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски. -Во моментов имаме 53 пациенти кои прележале, имаат или се сомнителни за западнонилска треска. Од тоа 50 се потврдени, три се сомнителни ...

СВР Битола поднесе кривична пријава против 48-годишниот З.С. од Прилеп, поради сомнение дека сторил кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. Според информациите, пријавениот во повеќе наврати во текот на август 2026 година извршил обљуба врз својата поќерка, која е помлада од 15 години. Против него е поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство. СВР Битола поднесе кривична пријава против 48-годишниот З.С. од ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07