Одлуката на Советот Општина Куманово да земе кредит од 1, 6 милиони евра кај комерцијалните банки не е донесена согласно законот, утврдил Државниот инспекторат за локална самоуправа, откако советниците на СДСМ поднесоа преставка за законитост на постапката. Мнозинството во Советот на Општина Куманово на 4 јули годинава, изгласа Општина Куманово да почне постапка за задолжување кај комерцијални банки во износ од 100 милиони денари за купување ...

Наместо за 25 денари, од утре на откупните пунктови во Струмица, пиперката-ајварка за конзервно-преработувачките капацитети ќе се откупува за 30 денари по килограм. Ваков договор се постигна откако изминативе 4 дена денови земјоделците протестираа, а министерот за земјоделство Борче Серафимовски имаше одделни средби со земјоделците, откупувачите и фабрикантите. „Од утре па натаму, црвените пиперки ќе се откупуваат за прва класа по цена од 40 ...

Сириски суд го осуди соборениот диктатор Башар ал-Асад на смрт откако го прогласи за виновен за воени злосторства и злосторства против човештвото за време на граѓанската војна во земјата. Сепак, Асад е недостапен за властите зашто избега од Дамаск во Москва по падот на неговиот режим во декември 2024, со што заврши петдецениското владеење на неговото семејство. Во истиот случај, судот го осуди на смрт и Атеф Наџиб, братучед на Асад и ...

Од 13 август до 14 септември ќе трае јавната анкета за Нацрт-Деталниот урбанистички план (ДУП) за Градска четврт Ј 05 – Барутанаво Скопје. Со планот на планината Водно ќе се сече шума за да се градат хациенди. Се предвидува изградба на дваесетина нови објекти, кои ќе се градат на стрмен предел и имаат голема површина за градба. Општина Центар соопшти дека граѓаните ќе можат своите забелешки да ги наведат во анкетни листови во писмена форма, ...

Доналд Трамп тајно ги заменил авионите додека го напуштал самитот на НАТО во Анкара минатиот месец поради можна закана од Иран, објавија американските медиуми. Тој се качил во претседателскиот авион „Ер форс уан“ пред телевизиските камери, пред да биде шверцуван во камион за кетеринг на аеродромот и превезен до воен авион, без новинарите и дел од персоналот на Белата куќа во авионот да знаат за ова, објави „Вашингтон пост“. Официјални лица ...

Функцијата на судовите не се состои во извршување на одлуки на други државни органи, туку во самостојно и независно судење врз основа на Уставот, законите и ратификуваните меѓународни договори, велат Судскиот совет и Здружението на судиите во врска со потегот на Уставниот суд да пријави во обвинителството судија од Основниот граѓански суд, поради неизвршување на одлука на Уставниот суд. Во заедничкото соопштение, Судскиот совет и Здружението ...

Русија ја бомбардирала Украина со севернокорејски ракети ноќеска, според украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во рускиот напад врз Запорожје загинаа шест лица, а најмалку 19 се повредени, изјави градоначалничката Рехина Харченко, додавајќи дека се оштетени осум згради. Зеленски кажа дека градот бил погоден со севернокорејски балистички ракети, руски проектили „Циркон“ и со наведувани воздушни бомби. „Тоа беше зол напад, чија цел беше ...

Доналд Трамп одговори на иранските услови за мировен договор, барајќи од Иран да плати отштета за луѓето убиени во војни, напади и протести, што веројатно ќе ги усложни напорите за повторно отворање на Ормускиот Теснец. Барањето на Трамп, кое претходно не беше изнесено, уследи откако Иран побара прекин на војната, воена отштета и укинување на санкциите, што во голема мера е во согласност со условите од прелиминарниот мировен договор потпишан ...

Работиме на пеколни температури, но со овие откупни цени ќе нема за живиот, а камоли за одмор, рекоа струмичките земјоделци кои протестираат веќе четврти ден. „Срамота, срамота“, скандираа на денешниот протест кој го одржаа пред канцелариите на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, гневни на игнорантскиот однос на Министерството и на фабрикантите. Земјоделците се незадоволни бидејќи понудени се цени кои се пониски од ланските. ...

Рускиот врховен суд ѝ забрани на едниствената либерална, антивоена партија да учествува на парламентарните избори во Русија следниот месец. Јаблоко е единствената регистрирана партија во Русија која се противи на војната против Украина. Пресудата уследи по тужба од малата националистичка партија Родина, која ја обвини Јаблоко за странско финансирање, кршење на законот за авторски права и за промовирање екстремизам. Стотици луѓе, претежно ...

Најмалку 132 лица загинаа и прогласена е вонредна состојба откако Колумбија беше погодена од еден од најсилните земјотреси во последните години. Бројот на жртви веројатно ќе се зголемува зашто се стравува дека има заробени под урнатините. Повеќе од 480 лица се повредени. Земјотресот со јачина од 7,4 степени според Рихтерова скала се случил на длабочина од 103 километри во покраината Чоко. Се почувствувал на огромна површина, стотици километри ...

Најмалку 79 луѓе загинаа откако силен земјотрес ја погоди западна Колумбија, уривајќи згради во неколку градови и заробувајќи луѓе под урнатините. Ова се случи само неколку дена откако Абелардо де ла Есприеља положи заклетва за нов претседател. Земјотресот со јачина од 7,4 степени, според Геолошкиот завод на САД, се случил на длабочина од 107 километри во близина на Сан Хозе дел Палмар во Чоко, ретко населена покраина на пацифичкиот брег на ...

Десетици згради се урнаа во западниот дел на Колумбија откако земјата ја погоди земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтерова скала. Досега е потврдена смрт на 18 луѓе, но се очекува бројот да расте. Епицентарот бил во Сан Хосе дел Палмар, заедница со околу 4.800 жители, 400 километри западно од Богота. Земјотресот се случил на длабочина од 96 километри, а се почувствувал и во Еквадор. Гувернерката на регионот Чоко, Нубија Кордоба, ...

Денес на гробиштата во Љубојно беше погребан Васко Томулевски (44) еден од најголемите борци за ова преспанско село да остане живо. Со право преспани го нарекуваа Душата на Љубојно. Томулевски загина во сообраќајна несреќа на 9 август, кога возејќи мотоцикл изгуби контрола и излета од патот. Продавницата и ресторанот на сретсело кои со години ги држеше, беа главно сврталиште не само на Љубојно, туку и во цела Преспа. Организираше настани, ...

Униптен е тревникот на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола по двата концерта на 1 и 2 август, на балканската ѕвезда Здравко Чолиќ и на светски познатиот диџеј Стив Аоки. Советникот од независната граѓанска иницијатива Поинаку, Иван Чулакоски, објави фотографии на кои се гледа дека е оштетена голема површина трева од спортскиот терен. „Со штици беше покриено три дена во најжешкото без вода. Шо мислевте? Не мислевте! Едно прајш, 3 расипваш. ...

Четири возила, меѓу кои и камион натоварен со дрва, утринава се судрија на патниот правец Гостивар-Стража во близина на каменоломот „Прогрес 98“. Несреќата предизвика сериозни проблеми во сообраќајот и се создадоа долги колони од возила во двата правци на патот кој има само три сообраќајни ленти. Според првичните информации, во судирот учествувале три патнички автомобили и еден камион што превезувал дрва. Од силниот удар дел од товарот се ...

Ако до крајот на седмицата не ги добијат заостанатите субвенции по грло добиток и премијата за предадено млеко за 2025 година, пелагониските сточари ќе излезат на протести како струмичките земјоделци и со механизација ќе го блокираат граничниот премин Меџитлија. Тие се пожалија дека доцнат субвенциите и за 2026 година. „Премиерот рече дека со раблансот ќе се исплатат субвенции и дека најмногу пари се дадени досега. Но, јас гледам дека сега ...

Нема јавен превоз до комплексот Македонско село во Горно Нерези. Комплексот беше повторно отворен пред една година откако не работеше седум години, но посетителите освен со кола, нема како да стигнат до Горно Нерези. До Македонско село вози автобусот со број 25. Од ЈСП „Скопје“ за оваа делница пуштаат миникомбе кое е брендирано со ознаките на комплексот. Но, автобусот го нема. Комбето е старо и постојано се расипува, па се случува посетители ...

Лицата над 65 години се почувствителни на здравствените ефекти од високите температури и топлотните бранови. Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) вели дека согласно националните и меѓународните препораки, лицата над 65 години се сметаат за една од ризичните категории на населението. Според Управата за хидрометереолошки работи (УХМР), продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура во ...

Најмалку 13 луѓе се убиени, а десетици се повредени во украински напад со дронови врз руската република Татарстан, а медиумските извештаи сугерираат дека е погодена петрохемиска фабрика. Радмир Бељаев, градоначалникот на индустрискиот град Нижнекамск, рече дека дроновите таргетирале и цивилни и индустриски објекти за време на нападот, при што 39 лица се повредени. Непотврдени извештаи велат дека била погодена петрохемиската фабрика ...

„Ме боли кога ќе речат дека оваа земја нема иднина“, рече синоќа Игор Џамбазов на концертот „Силно светнал ден“ во Охрид, со кој започна музичкиот караван по повод 35 години од независноста на Македонија. Драган Мијалковски (Фото: СДК.МК) Актерот и шоумен беше водител на мјузиклот во режија на Дејан Пројковски, заедно со актерката Драгана Левенска, на стадионот „Билјанини извори“. Настапија над 120 уметници: пејачи, музичари и танчари во ...

Искусниот битолски планинар Виктор Калаузи по илјадити пат пеш се искачи на врвот Антена (2.601 метар) на Пелистер. Тој речиси пет децении педантно ги бележи своите планинарски тури, а вчераго запиша и јубилејното илјадито искачување на највисокиот пелистерски врв. Но, за него ова не е трка по рекорди. Јубилејот го одбележа скромно, со неколку пријатели планинари и чаша шампањ на врвот, без големи прослави, но со многу спомени од патеките што ...

Џансевер Далипова, една од најпопуларните пејачки на ромска музика во регионот, почина на 8 август на 59 години. Почина во болница во Есен, Германија по долгогодишна борба за живот, соопштија нејзиниот менаџер и семејството. Позната како Џансевер или Џансевер Џансевер, оваа светски реномирана ромска пејачка е родена во Велес на 8 јули 1967. Таа е многу популарна во Македонија, Бугарија, Турција и Балканскиот Регион по нејзиниот моќен глас и ...

Володимир Зеленски изјави дека до 50.000 севернокорејски војници ќе бидат испратени во Русија и воедно ја повика Јужна Кореја да обезбеди поддршка за украинската противвоздушна одбрана. „Донесена е одлука за распоредување на 30.000 до 50.000 Севернокорејци на територијата на Русија“, кажа Зеленски, без да објасни како ја добил информацијата. Тој рече дека се пронајдени неколку севернокорејски ракети на територијата на Украина, без да ги ...

Кинеските власти евакуираа повеќе од милион луѓе од нивните домови во источна Кина, вклучувајќи го и Шангај, откако тајфунот Делфин се приближи кон копното. Тој имаше максимална брзина на ветерот од 150 километри на час кога првпат удри во Јухуан, а еден час подоцна го погоди и градот Венжоу, соопштија метеоролошките власти. Тајфунот го запре транспортот низ регионот, при што 1.400 летови беа откажани само во Шангај. Бурата се движи кон ...

Украина негираше дека ја таргетирала Бугарија, откако дрон експлодираше во близина на стратешкиот Транс-балкански гасовод што ги поврзува Турција и Украина, во близина на романската граница. Министерството за одбрана на Бугарија соопшти дека дронот бил од тип широко користен од украинската војска. „Во близок контакт сме со бугарската страна за да се разјаснат околностите на инцидентот. Можеме со сигурност да кажеме дека украинските вооружени ...

Реките Тополка и Бабуна не се препорачуваат за капење, покажуваат анализите на водите извршени од Центарот за јавно здравје Велес во јуни. Двете реки се планински и извираат од планината Јакупица. Така летово, велешани можат да најдат освежување од високите температури само на Градскиот базен и во базените на хотелите во околината на градот. Езерото Младост две години е забрането за капење. Тополка не е безбедна во Чашка на мерното место ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отфрли американскиот план за Газа од 15 точки, наведувајќи дека војската нема да се повлече сè додека Хамас не биде вистински разоружан. Одборот за мир на Доналд Трамп минатиот месец соопшти дека постигнал договор за целосно разоружување на Хамас и другите вооружени групи во Газа. Но, Хамас изјави дека ќе го предаде своето тешко оружје само доколку Израел ги прекине сите форми на агресија и ги повлече ...

Володимир Зеленски изјави дека е задоволен од резултатите на 40-дневната операција замислена да ја принуди Русија да ја заврши војната, сугерирајќи дека украинските сили ќе продолжат да ја напаѓаат руската логистика. Зеленски ја задолжи Службата за безбедност (СБУ) да ја започне операцијата кон крајот на јуни, при што беа погодени рафинерии, десетици руски танкери што го снабдуваа окупираниот Крим и бројни магацини на „Вајлдберис“, ...

Во тек е потрага по М. М., 71-годишен скопјанец, кој вчера (8 август) скокнал во Преспанското Езеро кај Сливница, Ресенско, по паднати весла од чамецот и не излегол од водата. Во СВР Битола околу 12:30 часот било пријавено дека на брегот на езерото во село Сливница излегле двајца рибари, кои информирале дека во чамецот останале двајца други. Според пријавеното, околу 12:20 часот, едниот од нив, М. М. од Скопје, скокнал во езерото по веслата ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Кобалт

33.53