Двата дома на францускиот парламент усвоија закон за забрана на социјалните мрежи за лица под 15 години, што ќе стапи во сила во јануари 2027. Франција со тоа ќе стане првата земја од ЕУ со ваква забрана. Законот значи дека секој во Франција ќе мора да ја потврди својата возраст за да пристапи до социјалните медиуми и доаѓа во време кога Велика Британија и ЕУ развиваат свои ограничувања како одговор на загриженоста за менталното здравје на ...

По невремето со силен ветер и дожд што вчера ја зафати територијата на Македонија, преку единствениот број за итни повици 112 се примени над 9.000 повици од граѓани, соопшти утринава Ценатрот за управување со кризи (ЦУК). Според Министерството за внатрешни работи (МВР), во Скопје до 22 часот се евидентирани 117 оштетени патнички моторни возила, 35 оштетени покриви, 189 паднати дрва, 7 семафори, 5 пожари и 10 повредени лица. Според прогнизата ...

Штипските комуналци и техничките служби на Клиничката болница во Штип вчера цело попладне и во текот на ноќта работеа на санацијата на кровната конструкција која од невремето беше откорната, а дел од пациентите од најгорните катови од Ортопедското одделение и Одделението за реанимација кои прокиснаа се преместени во други простории. „Уште вчера, веднаш по невремето кога дел од најгорните катови прокисна, дваесетина пациенти од Ортопедија и од ...

Ноторна лага е дека советниците на ВМРО го поддржале Деталниот урбанистички план (ДУП) во Општина Центар, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. На 14 јули, советниците на мнозинската СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Центар здружно изгласаа на Водно под Јужна обиколница да се градат хациенди, за кои треба да се сече шума. Со 13 гласови „за“ од советниците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ беше изгласан Нацрт-деталниот урбанистички ...

Доналд Трамп одобрил договор со Саудиска Арабија кој потенцијално би можел да ѝ обезбеди капацитет за збогатување ураниум за неговата цивилна нуклеарна програма, изјавија за новинската агенција „АП“ две лица запознати со ова прашање. Според нив, се очекува договорот да биде јавно објавен наскоро. Договорот треба да трае 30 години и да вклучи и американски фирми во развојот на програмата. Тој би можел да овозможи изградба на објект за ...

Украински дронови погодија уште две складишта на најголемиот руски онлајн продавач „Вајлдберис“, при што се повредени 15 лица. „Во текот на ноќта се погодени логистичките центри на компанијата во Краснодар и Невиномиск, што доведе до евакуација на работниците“, рече основачката на „Вајлдберис“, Татјана Ким. Ова е вторпат за четири дена Украина да ги нападне објектите на фирмата. Магацините во Тамбов и Електростал беа погодени викендов, при ...

Со силна порака за човечноста, достоинството и моќта на уметноста како средство за лекување и разбирање, преку проекцијата на хибридниот играно-документарен филм на режисерот Митко Панов, започна осмото издание на Бич филм фестивал во Охрид. Филмот е снимен во соработка со штитениците од Психијатриската болница во Демир Хисар, а во разговорот со режисерот Митко Панов по проекцијата се отвори искрена дискусија за менталното здравје и улогата ...

Креаторот на ЧетГПТ, „ОпенАИ“, објави дека неговиот систем за вештачка интелигенција (ВИ) сам хакирал друга компанија за вештачка интелигенција, што е означено како „невиден сајбер инцидент“. „Имавме значаен безбедносен инцидент за време на евалуацијата на нашите модели“, изјави извршниот директор на „ОпенАИ“, Сем Алтман, во соопштение објавено на социјалните мрежи. Стартапот за вештачка интелигенција „Hugging Face“ минатата недела соопшти ...

Прогласена е 30-дневна кризна состојба во Општина Гостивар, со оглед дека локалната самоуправа не може да се справи со настанатата состојба откако цели 22 дена пумпи внесувале вода со фекалии во градскиот водоов, а целта е побрза координација на институциите, ставање на водоснабдителниот систем во функција и обезбедување вода за пиење во најкраток можен рок, соопшти Владата. Одлуката е донесена на денешната седница, по предлогот на ...

САД го нападнаа Иран 11. ноќ по ред, додека Доналд Трамп се закани со удари врз иранска нуклеарна постројка. Иранските медиуми објавија дека противвоздушната одбрана била активирана и во Техеран и во Бушер, каде што се наоѓа единствената иранска нуклеарна електрана. Иран се закани со жестока одмазда во регионот ако САД навистина го нападнат подземниот нуклеарен комплекс близу Натанц, познат како планината Пикекс. САД сметаат дека тука се ...

Володимир Зеленски го смени шефот на украинската војска Олександр Сирски по шест дена протести, кои почнаа по разрешувањето на популарниот министер за одбрана Михајло Федоров. Дополнително беше потврдено дека Федоров бил сменет поради конфликтот со Сирски, кого многумина го обвинуваа за командување во советски стил и дека не бил спремен да спроведе радикални промени во војската. „Армијата што водеше тешка одбранбена кампања пред две години ...

Петнаесет повредени лица се примени во две клиники по невремето што попладнето го зафати Скопје, од кои девет на Kлиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), а шест на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје. (Фото: СДК.МК) Центарот за управување со кризи (ЦУК) вечерва соопшти дека во периодот од 17:00 до 21:00 часот беа примени повеќе од 8.300 ...

Над 1.000 повици од граѓани се евидентирани засега во Центарот за управување со кризи (ЦУК) поради невремето проследено со силен ветер, кое попладнево го зафати Скопје, соопшти директорот Мухамед Али. Во Скопје е пријавена падната кровна конструкција од зграда на улицата Женевска бр. 10, при што се оштетени повеќе патнички возила. Регистрирани се и паднато дрво врз моторно возило на улицата Методија Митевски, паднато дрво на улицата Никола ...

Два танкера што превезувале саудиска сурова нафта го смениле курсот во Црвеното Море по заканите од јеменските хути, додека растечкиот конфликт на Блискиот Исток го наруши превозот низ две од најзначајните енергетски рути во светот. Целосното затворање на теснецот Баб ел-Мандеб би можело да го намали глобалното снабдување со нафта за уште 7%. Пренасочувањата се случија откако американските сили бомбардираа цели на југот и западот на Иран, ...

Стручни тимови и инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) се на терен во Гостивар и околината, за да да се види како е организиран делот на опслужување на храна во смисла на ресторани, сендвичарници, кафулерија, преработувачката индустрија, кажа денеска директорот Оливер Миланов на прес-конференција во Владата. Тој додаде дека донесената забрана за користење на водата од гостиварскиот водовод, за пиење и за подготвување храна, ...

Првично ќе треба да се направи хиперхлорирање на водоводниот систем во Гостивар, кажа денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по посетата на Општата болница „Ферид Мурат“ во Гостивар. Цели 22 дена пумпи внесувале вода со фекалии во градскиот водовод, а Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска апелираше дека водата сѐ уште не може да се користи во градот каде има над 3.150 заразени и од 19 јули е прогласена епидемија. ...

Негативни се резултатите од мострите за труењето со храна на вработените во штипската фирма „Адиент“, каде по работниот ручек шестмина вработени се пожалиле на болки во стомакот и со симптоми на труење од тоа што го јаделе за време на работниот ден во фабриката и биле хоспитализирани. По добивањето на негативни резултати од сите испитувања во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Агенцијата за храна, штипските епидемиолози веќе го затвораат ...

Eксминистерот за локална самоуправа Златко Перински е именуван за в. д. директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), на предлог на министерот за здравство Сашо Клековски, соопшти Владата по денешната седница. Перински е магистер по менаџмент на човечки ресурси. Изминативе две години беше министер за локална самоуправа, а претходно беше и генерален директор на скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“, како и управител на ...

Стручни тимови и инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) се на терен во Гостивар и околината, за да да се види како е организиран делот на опслужување на храна во смисла на ресторани, сендвичарници, кафулерија, преработувачката индустрија, кажа денеска директорот Оливер Миланов на прес-конференција во Владата. Тој додаде дека донесената забрана за користење на водата од гостиварскиот водовод, за пиење и за подготвување храна, ...

Прогласена е 30-дневна кризна состојба во Општина Гостивар, со оглед дека локалната самоуправа не може да се справи со настанатата состојба, а целта е побрза координација на институциите, ставање на водоснабдителниот систем во функција и обезбедување вода за пиење во најкраток можен рок, соопшти Владата. Одлуката е донесена на денешната седница, по предлогот на Управувачкиот комитет во состав: министерот за одбрана Владо Мисајловски, ...

Основното јавно обвинителство Гостивар отвори истрага и побара триесетдневен притвор за директорката на гостиварското јавното претпријатие „Комуналец“ и двајца раководители на сектори, кои се сомничат за тешки дела против животната средина и природата, беше соопштено на денешната прес-конференција во Гостивар, на која што присуствуваше државниот обвинител Ненад Савески. Тројцата се товарат дека дале налог за поставување пумпи со кои ...

Основниот суд во Кавадарци по предлог на ОЈО Кавадарци му изрече задолжително психијатриско лекување во здраствена установа на Игор Р. (27), кој беше обвинет за убиство на мајка си Сијка Р. (54). Бидејќи обвинетиот според наодите на вештите лица-психијатри е непресметлив на неопределено време и не го сфаќа значењето на делото, сместен е веднаш во Психијатриската болница „Негорци“. Убиството се случи на 30 март годинава во Росоман во семејната ...

Царинската управа започнува зајакнати контроли на сите пловни објекти на Охридското езеро за да се спречат малверзациите со привремен увоз од страна на сопственици со странско државјанство. Истовремено таа апелира до сопствениците да го регулираат царинскиот статус на пловилата, бидејќи ќе им ги заплени. Злоупотребите најчесто се прават со привремен увоз на пловила од страна на носители на странски државјанства, кои ги пробиваат роковите за ...

Русија ја проценува штетата по украинските напади врз складишта управувани од најголемиот руски онлајн продавач „Вајлдберис“, при што загинаа осум лица, а повеќе од 70 беа повредени. Руските аналитичари ја проценија вкупната економска штета на 100 милијарди рубли (1,3 милијарди долари), со што ова е еден од најскапите напади врз комерцијалната инфраструктура во Русија од почетокот на војната. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави ...

Основното јавно обвинителство Гостивар вечерва донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за Тешки дела против животната средина и природата предизвикани со дејствија на Загадување на вода за пиење, откако на 17 јули водата во градот беше забранета за пиење и друга употреба, а од вчера е прогласена епидемија. Осомничените соизвршители: Артана Асани како в. д. директорка на ЈП „Комуналец“ – Гостивар, Леон Нуредини, ...

Претседателот Володимир Зеленски се сретна со некои од највисоките команданти на украинската војска, во обид да го смири растечкото незадоволство од раководството на одбраната, што ги предизвика најголемите улични протести од почетокот на руската инвазија во 2022. И покрај воената состојба, илјадници луѓе излегоа на улиците во Киев и други градови неколку дена по ред за да протестираат против смената на министерот за одбрана Михајло Федоров и ...

Доналд Трамп изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нема да биде уапсен кога ќе ги посети САД откако градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, кажа дека сè уште размислува за ова. „Бенјамин Нетанјаху нема да биде уапсен, на никаков начин, додека е во САД“, напиша Трамп на социјалните мрежи, пофалувајќи го Израел што им помогнал во војната против Иран. Меѓународниот кривичен суд во Хаг (МКС) издаде налог за апсење на Нетанјаху во ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) потврди дека се приведени директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“ во Гостивар, Артана Асани, заедно со техничкиот директор Леон Нуредини и раководителот Вадедин Дервиши, поради загадувањето на водата во градскиот водовод од што досега се затруени 3.100 лица. „Полициски службеници од Полициската станица (ПС) Гостивар во координација со Основното јавно обвинителство Гостивар лишија од слобода ...

Дрво падна врз 88-годишна жена во паркот на улицата Јуриј Гагарин во скопската населба Козле. Дрвото се скршило од силниот ветер и според очевидците, за една секунда се срушило врз жената. Жената беше во свесна состојба, со мала повреда на раката и сите кои беа во паркот и игралиштето за деца веднаш ѝ помогнаа. За брзо време дојде екипа на Брзата помош и ѝ пружи помош на повредената жена. Б. НЕСТОРОСКА Дрво падна врз 88-годишна жена во ...

Јеменските хути, кои се поддржани од Иран, објавија дека воведуваат поморска блокада на Саудиска Арабија, потег што отвора нов фронт против САД во нивната војна против Иран и ја проширува заканата за глобалните резерви на енергенси и за трговијата надвор од Заливот. Објавата уследи и покрај назнаките дека Техеран и Вашингтон сакаат да продолжат со дипломатијата за да го запрат тековниот циклус на напади, што речиси го уништија кревкиот ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
0.51
28%
1019
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
3.09
45%
1023
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
2.5
26%
1024
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
4.12
38%
1021
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
5.33
30%
1022
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 27ᴼ
2.06
34%
1024
weather icon

Атина

31ᴼ / 30ᴼ
10.29
52%
1014
weather icon

Тирана

37ᴼ / 35ᴼ
2.06
28%
1016
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
2.06
24%
1017
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
5.66
36%
1024
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 26ᴼ
5.14
29%
1024
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 30ᴼ
8.49
71%
1017
Currency

61.525

Currency

53.3367

Currency

72.0965

Currency

37.6933

Currency

38.2981

Currency

65.6638

Currency

7.91633

Currency

0.64399

Currency

0.33503

Currency

0.52409

Currency

1.11698

Currency

0.55954

Платина

55942.30

Цинк

0.00

Злато

141408.63

Бакар

13.17

Сребро

2106.74

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Родиум

280515.26

Калај

56.26

Алуминиум

3.31

Кобалт

56.29

Паладиум

43178.45