Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и покрај донесените мислења за директна и немилосрдна дискриминација врз жени кои добиваат откази веднаш штом ќе им соопштат на газдите дека се бремени, сепак преплавена е од вакви претставки. Ваквите случаи станаа секојдневие, а државата не презема мерки да ја спречи оваа нечовечност. Комисијата утврди директна интерсекциска дискриминација врз основа на пол, род, здравствена состојба и ...

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди директна интерсекциска дискриминација врз основа на пол, род, здравствена состојба и лично својство бременост, во областа на работата и работните односи сторена од страна на сопружници, газда на синџир бутици и неговата сопруга вработена кај него како сметководителка и книговодителка. КСЗД не ги објавува идентитетите на странките во постапките. Дискриминираната продавачка имала ...