Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Државата губи повеќе од 2 милиона евра годишно со тоа што непотребно се враќаат пациентите кои имаат траен инвалидитет преку комисиите во Министерството за социјална политика, демографија и млади, кажа денеска министерот за здравство Азир Алиу. Траен инвалидитет е кога лицето е неподвижно, по губење екстремитети или по мозочен удар, а комисиите бараат состојбата на траен инвалидитет да се потврди на секои 6 месеци. За учество во комисииите на ...
Малкумина бизнис-лидери биле толку длабоко вкоренети во популарната култура како Илон Маск, амбициозниот претприемач кој стана централна фигура во интернет-културата и стекна богатство што го направи првиот трилионер во светот, односно првиот кој поседува илјада милијарди. Во време кога загриженоста за нееднаквоста е висока, а јавниот однос кон ултрабогатите се влоши, Маск успеа да задржи лојална група следбеници и покрај неговото огромно ...
„Скејтбордингот не е за девојчиња“, вториот филм на Дина Дума, ја освои наградата „Нора Ефрон“ на фестивалот Трајбека во Њујорк, каде ја имаше светската премиера. Наградата „Нора Ефрон“ се доделува на исклучителна режисерка која го претставува духот и визијата на легендарната режисерка, сценаристка, драматург и новинарка Ефрон, во чие обемно дело е и сценариото за класикот „Кога Хари ја сретна Сали“ и режијата на „Бессони во Сиетл“. Наградата ...
Ако и протестот не вроди со плод, ќе блокираме улици, рекоа жителите на скопската населбата Капиштец кои вечервa протестираа против бучавата од кафулето „Интермецо“. Организатори на протестот се граѓанската иницијатива „За пристоен Капиштец“, а на протестот кај кошаркарското игралиште во паркот во Капиштец дојдоа и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски и претходниот градоначалник Саша Богдановиќ. „Oвде сме собрани соседи, ...
Претседателот на САД Доналд Трамп рече дека ги откажал новите воени напади врз Иран, неколку часа откако се закани дека вечерва ќе ја ескалира тримесечната војна. Претседателот во објава на социјалните мрежи изјави дека го направил потегот „врз основа на фактот дека дискусиите со Исламската Република Иран се доведени до највисокото ниво на иранското раководство и одобрени“. Трамп, исто така, посочи дека е постигнат напредок во разговорите за ...
Пожар со поголеми размери се појави поладнево на ридовите Клисабаир и Кумлак кои гравитираат кон Штип и населените места, откако ноќеска беше локализиран пожарот на ридовите над градот во месноста Плуждино. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов кој е на местото, рече дека се ангажирани 3 „ер трактори“ со четири пилоти за гасење кои имаа по три лета и пожарот се става под контрола. Тој, како што кажа, добро ...
Претседателот Доналд Трамп денеска изјави дека САД ќе го погодат Иран „многу силно вечерва“ и дека во одреден момент сакаат да го заземат иранскиот центар за нафтена инфраструктура, островот Харг, откако нападите од двете страни во Заливот го поткопаа нестабилниот прекин на огнот. Ирански извори и западни претставници изјавија дека индиректните американско-ирански разговори за прелиминарен мировен договор се интензивирале. Но, влошувањето на ...
„Приказната за Силјан“, третиот документарец на Тамара Котевска, на фестивалот во Краков Полска ја освои наградата на Меѓународната федерација на филмски критичари- ФИПРЕСЦИ, едно од најстарите професионални асоцијации во светот што обединува здруженија на филмски критичари од 90 земји на сите континенти, кое годинава слави 101 година. Ова е само трет македонски филм што ја добива оваа значајна награда за 35 години самостојна Македонија – ...
Македонија има подобар зеленчук и овошје од Шведска, но ние сме подобри во нефрлање ѓубре во природата. Тоа би можело да се рашири повеќе како практика во ова земја, изјави шверскиот амбасадор Ола Солстром. Тој денес го посети Националниот парк „Пелистер“ и одговарајќи на новинарско прашање кои практики може Македонија да ги научи од Шведска во заштитата на природата, Солстром одговори: „Шведска и Северна Македонија делат едно нешто ...
Министерот за здравство Азир Алиу денеска кажа дека до него стигнале сомнежи од пациенти за злоупотреба на листата на чекање, но не може јавно да соопшти бидејќи не се доволно документирани. „Има такви случаи од типот на пример оди пациент со рак да се оперира, се враќа назад бидејќи крвната слика не е доволно добра за да може да се оперира. Пациентот прави крвна слика во друга лабораторија, излегува дека сè е во ред. Но, мора да ги ...
Правосилно осудениот поранешен градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски треба да се јави на отслужување казна затвор на 2 јули оваа година. Судија за извршување санкции од Кривичниот суд Скопје, на осудениот Јакимовски кому Апелациониот суд му ја потврди едногодишната затворска казна за бесправно градење, од која 5 месеци веќе му се одлежани во куќен протвор, му издаде упатен акт за издржување на казната затвор. Јакимовски в затвор ...
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) тврди дека авансната исплата на целата сума за евакуациските летови била неопходна поради исклучителните околности во кои се организирала евакуацијата на македонските државјани од кризното подрачје на Блискиот Исток. Иако вообичаено законските одредби предвидуваат авансно плаќање до 20 проценти од вредноста на договорот, од Министерството велат дека во овој случај станувало збор ...
Тимот од 15 обвинители кои го застапуваат големиот судски процес за катастрофалниот пожар во незаконската дискотека „Пулс” на 16 март 2025, со презентацијата на докази стигна до обвинетите членови на обезбедувањето од агенцијата „Рубикон“, како и до нејзиниот директор и до сопственикот Александар Нацев, кој тврди дека не е сопственик. Во катастрофата предизвикана поради неисполнувањето на обврските, меѓу другите и на членовите на ...
Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во новото истражување на јавна набавка утврди незаконитости од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) и укажува на можно местење на тендерот за избор на економски оператор за евакуација со авиони на македонските државјани за време на воените операции на Блискиот Исток во март, по почетокот на војната на САД и Израел со Иран. Според деталната анализа на ЦГК, евакуациските летови ...
Многу скоро ќе има парламентарни избори, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање при пуштањето во употреба на салата „Расадник“ во скопска Кисела Вода. Прашан да прецизира дали мисли на предвремени парламентарни избори во 2027 или на редовните во 2028 година, тој повторно не даде конкретен одговор, велејќи дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за избори кога и да побара опозицијата. „Политички умно е кога ќе ...
Заврши комплетната реконстуркција на салата „Расадник“ во скопската населба Кисела Вода. Салата се реконструираше со два милиона евра од Министерството за спорт. Салата е со капацитет за 1.000 гледачи и, како што кажаа градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски и министерот за спорт Борко Ристевски, ќе биде дом на ракометниот клуб „Вардар“. Општина Кисела Вода ја доби во владение салата во 2023 година. Претходно, 20 години стоеше руинирана и ...
Дина Дума покажува сигурен режисерски глас и јасна контрола врз материјалот што го обработува, се вели во рецензијата на европскиот филмски протал „Синеуропа“ за филмот „Скетбордингот не е за девојчиња“, кој на 4 јуни имаше светска премиера на фестивалот Трајбека во Њујорк. Филмот се прикажа во Меѓународната конкуренција за награди. Македонската премиера се најавува за септември. Во „Синеуропа“ меѓудругото се вели дека овој филм сугерира оти ...
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски воведе нов принцип на одговарање на советнички прашања, прво ги слушаше сите прашања на советниците, а потоа ги одговараше сите наеднаш. Ова е првпат градоначалник на Град Скопје да воспостави ваква пракса, со што се оневозможува дебата и не се добиваат конкретни одговори на прашањата оти се одговара општо, а како што рекоа советниците, се укинува и можноста за реплика. На вчерашната седница на Советот на Град ...
Претседателот на САД Доналд Трамп вчера ги прифати податоците што покажуваат дека инфлацијата се зголемила за повеќе од 4%, изјави дека ја „сака“ инфлацијата и повтори дека цените ќе паднат штом ќе заврши војната со Иран. Прашан за податоците на американската влада што покажуваат дека во мај инфлацијата се зголемила со најбрзо темпо за три години и дали тоа би можело да биде пречка за неговите колеги републиканци само неколку месеци пред ...
Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Драги Митковски вели дека има проблем со собирање на ѓубрето и со преполни контејнери поради големите контејнери од 3.200 литри. За нив од четири камиони кои ги има претпријатието, работи само еден. Овие контејнери не можат да се подигнуваат со другите возила, туку мора со специјални камиони. „Големите контејнери кои се поставени долж булеварите и главните улици го создаваат проблемот и се извор на диви ...
Територијалната противпожарна единица од Штип, заедно со Територијалното доброволно противпожарно друштво и месното население успеаја во текот на ноќта да го локализираат големиот пожар, кој вчера попладне се појави на ридовите кај викенд месноста Плуждино над градските гробишта кај Штип и кој во текот на ноќта почна да се шири и кон населбите Кадидере, Ридарска Чешма во штипско Ново Село и црквата „Свети Спас“. Според првичните информации, ...
Пратениците цел ден расправаат по интерпелацијата за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски кому СДСМ и Левица не само што му забележуваат за корупцијата во неговиот ресор и митото од бележани 50.000 евра фатено во гаражата на зградата кај што живее, туку и за катастрофалната состојба во земјоделието и останатите две области, шуми и вода. Пратеникот Димитар Апасиев од говорницата кажа дека Трипуновски не е ...
Делото „Коста Солев смртопис“ на македонскиот режисер и театролог Наум Пановски го доби Рациновото признание за 2026. Ова е одлука која со мнозинство гласови ја донесе жирито со проф. д-р Елизабета Шелева, проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева и проф. д-р Марија Ѓорѓиева-Димова. Во емотивното обраќање на прес-конференцијата, Шелева кажа дека тоа не е книга за смртта на поетот, туку за животот на Рацин. Посебно ја радува што насловната ...
Во основното училиште „Коста Рацин“ во Општина Брвеница денеска е означен почетокот на втората фаза на проектот „Училишта на 21 век“, што го спроведуваат Министерството за дигитална трансформација, во партнерство со Британскиот совет и Македонски Телеком. Проектот има за цел унапредување на квалитетот на образованието преку развој на вештини за критичко размислување, решавање проблеми и основи на кодирање кај учениците, со што тие ќе се ...
По премиерата на 2 јуни во Скопје, мјузиклот „Као какао“ првото гостување ќе го има на 19 јуни, на отворањето на 18. Битолското културно лето „Битфест“, во 19:30 часот во Големата сала на Центарот за култура во Битола. Во режија на Дејан Пројковски, „Као какао“ е приватна продукција на „Баги комуникации“. Влатко Стефановски, од чија музика е инспириран мјузиклот и насловен по истоимениот албум на легендарната група „Леб и сол“ од 1987 година, ...
Собранието денеска го разреши вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, кој по два месеца недоаѓање на работа, на 1 јуни поднесе оставка. Фетаи не дојде во Собранието да ја образложи оставката. И покрај тоа што не доаѓаше на работа, а премиерот Христијан Мицкоски одби да одговори на секојдневните прашања од новинари и од пратеници – дали знае каде е неговиот заменик, кој на функцијата дојде како кадар на коалицијата „Вреди“, дали зема ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов, денеска апелираше поранешни кадри на полицијата, Армијата и Пожарна или пензионирани лица летово да се вклучат во гасењето на пожарите. Како што рече Ангелов, тие ќе добиваат месечен надоместок од 44.000 денари или за три месеци можат да заработат 2.150 евра. „Нам ни се потребни возачи на специјалните противпожарни возила и тоа за 22 пинцгауери, за 5 хермелини и за 15 ...
„Ристе беше човек со големо срце и со искрена потреба да биде тука за другите“, рече оперскиот пејач Маријан Николовски на комеморацијата за колегата, баритонот Ристе Велков, кој со својот син и двајца негови другари загинаа во сообраќајка на обиколницата во Скопје на 21 мај. Комеморацијата во Операта започна со изведбата на „Хорот на Евреите“, најпознатиот хорски дел од операта „Набуко“. Во чест на колета, ја испеа дел од хорот на ...
Мостовите што се градат за пругата кон Бугарија на потегот Бељаковце-Крива Паланка претставуваат инженерско чудо, со столбови високи до 61 метар, рече вицепремиерот Александар Николоски кој денеска заедно со директорот на ЈП МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски и претставници од изведувачот „Ѓулермак“ извршија увид на градежните работи на трасата. „Се работи за исклучително предизвикувачки проект кој опфаќа изградба нови три станици, Кратово, ...
Намалени се цените на два два важни теста за рано откривање на рак на грлото на матката, кажа денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Сашо Клековски. Едниот е Ликвид ПАП-тест, чија цена е намалена од 2.200 денари на 1.250 денари. Намалувањето е над 40 осто и тоа истовремено е намалување на партиципацијата за корисничките од 250 на 150 македонски денари. Вториот тест чија цена се намалува е ХПВ генотипизацијата, чија цена ...