Повеќе од 500 тела на цивили жртви од инвазијата на украинските вооружени единици во рускиот Курски регион се откриени во масовни гробници во пограничната област. Овие бројки ги објави комесарката за човекови права Татјана Москалкова. Во соопштението се наведува дека специјалните комисии продолжуваат со својата работа во Курскиот регион за потрага по мртвите и исчезнатите. Од август 2024 година, базата на податоци за лица коишто се сметаат за ...

Професионални институции како Клиниката Мајо и Медицинскиот факултет на Харвард со години предупредуваат на истото: повеќето луѓе губат тежина на начин што не функционира на долг рок. Според Клиниката Мајо, здравото слабеење се базира на промена на навиките, а не на рестриктивни диети или елиминирање цели групи храна. Целта не е брзо намалување на килограмите, туку постепено создавање рутина што може да се одржува со години – со реалистична ...

Роби Вилијамс постигна огромен успех на британските албумски листи, надминувајќи ги Битлси и станувајќи изведувач со најмногу албуми на прво место во историјата на топ листите. Албумот на Вилијамс „Britpop“, објавен минатиот петок, е неговиот 16-ти албум на прво место во неговата соло кариера, која започна во 1997 година со „Life Thru A Lens“. Во текот на својата кариера, Вилијамс досега има вкупно 21 албум број еден, вклучувајќи ги и ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Куманово, бидејќи постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во автомобил со кој управувал осомничениот во Скопје полицијата пронашла околу 5 килограми марихуана, спакувана во вакумирани ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека едно од нештата што ќе се одлучат на парламентарните избори годинава ќе биде Унгарија да не стане „должнички роб“ поради, како што изјави, финансирањето на руско-украинската војна. На состанокот во Капошвар, Орбан рече дека Унгарците можат да кажат на парламентарните избори, што се закажани за април, да кажат „не“ на понатамошното финансирање на руско-украинската војна и на кандидатурата на ...

На 23.01.2026 во 11:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово – с. Јажинце, кај с. Слатино е случена сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес” со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.И.(33) од с. Доброште, тетовско и патничко возило „мерцедес” со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Х.(36) од с. Нераште, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, додека со ...

Италија официјално протестираше против ослободувањето со кауција на сопственикот на швајцарски бар кој беше место на смртоносен пожар на новогодишната ноќ. Италија, исто така, го повлече својот амбасадор од Швајцарија откако судската одлука предизвика жестоки критики во двете земји, објави Ројтерс. Жак Морети и неговата сопруга Џесика, сопственици на барот „Ле Констелашн“ во Кранс-Монтана, се под истрага за убиство од небрежност и други ...

Со стапувањето во сила на системот „Сејф сити“, камерите автоматски ќе санкционираат четири конкретни сообраќајни прекршоци, за кои се утврдени јасни и фиксни казни, согласно Законот за прекршоци и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. За пречекорување на брзината, казните зависат од тоа за колку километри на час е надмината дозволената граница: – до 20 km/h над дозволеното: 20 евра во денарска противвредност – од 20 до 30 km/h: ...

Амриканскиот претседател, Доналд Трамп, денеска изјави дека САД ќе воведат 100-процентна царина за целиот канадски увоз доколку Канада склучи трговски договор со Кина. Трамп на социјалната мрежа Truth Social изјави дека канадскиот премиер Мек Карни, кого го нарече „гувернер“, многу греши „ако мисли дека ќе ја направи Канада транзитно пристаниште за Кина да испраќа стоки и производи во САД“. Тогаш Кина би ја проголтала цела Канада, вклучително ...

Возењето во главниот град е значително смирено по тест‑периодот на системот „Безбеден град“, вели началникот на СВР Скопје, Сашо Топаловски. Тој истакна дека граѓаните веднаш го намалиле бројот на прекршоците со воведувањето на опомените, а новиот систем ќе регистрира четири клучни прекршоци кои најмногу ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот: брзо возење, поминување на црвено светло, нерегистрирани возила и неправилно паркирање. Преку ...

Јајцата се хранлива намирница бидејќи се богати со протеини и масти. Едно јајце со средна големина содржи приближно шест грама протеини и пет грама масти. Сепак, многу други намирници можат да бидат исто толку заситувачки и да понудат дополнителни хранливи материи. Според Health, постојат четири намирници што ќе ве држат сити подолго од јајцата. Темпех Темпех се прави од ферментирана соја. Богат е со протеини и масти. Во просек, 100 грама ...

Министерството за внатрешни работи соопшти дека утре на 25 јануари ќе ги тестира камерите од проектот „Безбеден град“ во Тетово и Куманово. Тестирањето ќе трае од 8 до 20 часот, а на секоја локација каде има поставено камера постапката ќе се изврши еднократно и ќе трае од 15 до 30 минути. Сообраќајот додека се спроведуваат активностите на конкретните локации ќе биде во прекин. Ги повикуваме граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги ...

Светата маченичка Татијана е една од најпочитуваните христијански светителки и симбол на непоколеблива вера, храброст и пожртвуваност. Света Татијана живеела во Рим во III век, во време кога христијаните биле сурово прогонувани. Потекнувала од угледно семејство, но уште од млада возраст целосно му се посветила на Бога. Била ѓакониса во Римската црква, служејќи им на сиромашните и болните, и ширејќи ја христијанската вера со љубов и милосрдие. ...

Документарниот филм „Приказната за Силјан“ по сценарио и режија на Тамара Котевска во февруари ќе биде прикажуван во Кинотека. Влезниците чинат 150 денари. Проекциите се закажани од 2 до 7 февраури, во 18 и во 20 часот и потоа од 12 до 14 февруари. Во срцето на рурална Македонија, земјоделецот Никола, притиснат од новите државни политики, случајно наоѓа ранет бел штрк на депонија и решава да му помогне. Нивниот кревок, полека граден однос со ...

Образованието е еден од врвните приоритети на Владата. Без квалитетно образование не можеме како општество да се развиваме и како држава да јакнеме. Затоа ги зголемуваме средствата кои ги вложуваме во нови училишта и спортски сали, во опрема и технички помагала, во дигитализација и можности за искористување на современи технологии во наставата. Магијата навистина е во знаењето, посебно во време кога се зголемуваат глобалните предизвици. ...

Комунистичката партија на Кина започна истрага против високите воени функционери Џанг Јуксија и Лиу Женли под сомнение за сериозни прекршувања на дисциплината и законот, соопшти денеска кинеското Министерство за одбрана. Џанг (75) е член на Политбирото на партијата и потпретседател на Централната воена комисија, додека Лиу е началник на Генералштабот на Заедничкиот штаб на истата комисија. Џанг се смета за најблизок воен сојузник на ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски уште еднаш ја потврди својата посветеност кон граѓаните, ставајќи ги нивните потреби и интереси на прво место. И во сабота, вратите на Град Скопје беа отворени за сите кои сакаа лично да ги споделат своите проблеми, идеи и предлози, во духот на отворена комуникација, достапност и одговорно локално раководење. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски уште еднаш ја потврди својата ...

Романскиот претседател Никушор Дан денеска ја отфрли идејата за организирање референдум за обединување на Романија со Република Молдавија. Зборувајќи во градот Фокшани, каде што присуствуваше на настаните посветени на Денот на обединувањето на романските кнежевства, Дан рече дека таквата мерка не е оправдана сè додека „нема волја од Република Молдавија да го стори тоа“, пренесе агенцијата Аџерпрес. Нема причина за тоа сè додека нема волја во ...

На денешен ден, 24 јануари 1946 година, со решение на Министерството за народна просвета на Македонија, првата македонска граматика беше одобрена за учебник во средните училишта. Нејзин автор е професорот Круме Кепески, еден од клучните фигури во кодификацијата на македонскиот литературен јазик. Граматиката по својот карактер била општа и, иако официјално наменета за образовниот систем, била користена и во администрацијата, како и од ...

Вечерва (24 јануари) во Кинотеката на Македонија завршува специјалната програма НАЈДОБРОТО ОД КИНЕНОВА. Ова е концентриран избор на најдобрите од најдобрите филмови кои беа прикажани на минатото издание, но и на изданијата претходно. Имаме два победника, филмови добитници на ГРАН ПРИ на МФФ КИНЕНОВА, првиот филм на победникот на последното издание на БЕРЛИНАЛЕТО, Даг Јохан Хагеруд, еден од најактуелните и најпровокативни Палестински филмови и ...

Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ во сабота во кафе-книжарницата „Буква“, ќе одбележи петгодишнина од својата работа. Роденденот се прославува под мотото „Ослободи ја младинската култура“ и токму затоа овој настан е отворен за целата публика, за сите уметници и секој може да земе директно учество во него. „Култура Бета“, најпрво како неформална, а потоа и како формална организација постои и работи во сите полиња ...

ОТКАЖАНИ ПРЕТСТАВИ Почитувани, Ве известуваме дека поради болест на актер се откажуваат следните претстави: • „Варвари“ – 22.01 • „На терапија“ – 24.01 • „Мој термин“ – 26.01 • „Мој термин“ – 14.02 Средствата за билетите купени онлајн ќе ви бидат автоматски рефундирани преку системот. Билетите купени на билетарница може да ги рефундирате на истото место, секој работен ден од 13 до 20 часот. Ви благодариме на разбирањето. ОТКАЖАНИ ПРЕТСТАВИ ...

Во Собранието вчера при усвојување на измените на Законот за прекршоци потребен да почне и официјално со функционирање системот безбеден град, ние пратениците и јавноста во Македонија, сведочевме на однесувањето на деструктивната опозиција олицетворена во СДС и ДУИ. СДС и ДУИ покажаа дека се нераздвојни дури и во опозиција. Пратениците на Венко Филипче и Али Ахмети, се здружија против безбедноста и животите на граѓаните во сообраќајот, се ...

Вратите на СДСМ се ширум отворени за секој чесен социјалдемократ, за секој работник, за секој интелектуалец кој ѝ мисли добро на државата, изјави претседателот на партијата, Венко Филипче, во неговото обраќање на почетокот од 31. Конгрес што денеска се одржува во Скопје. За да го победиме ова зло надвор, мора прво да бидеме челични внатре. Знам дека во минатото имавме турбуленции. Знам дека имаше разочарувања. Некои си заминаа, некои се ...

Венко Филипче во празниот говор за отчет пред Конгресот не објасни: Зошто е петта партија во Скопје и трета во Македонија? Не се огради ниту кажа лош збор за неговиот ментор Зоран Заев. Не се огради и го штитеше криминалот на кланот Дубаи чиј што составен дел е самиот тој, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на обраќањето на Филипче на 31. конгрес на СДСМ. Не објасни зошто СДС сервираше услуги кон Бугарија и Грција, го наметна францускиот ...

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, утре-недела (25.01.2026) ќе се спроведуваат активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор на подрачјето на градовите Куманово и Тетово. Како што информираа од Министерството, ективностите ќе се реализираат во временскиот интервал од 08:00 до 20:00 часот, при што на секоја локација со ...

Кога борбата за работничките права се претвора во себепромоција, тоа не е синдикализам – тоа е злоупотреба на работничкото достоинство . Што се работниците ??? Статисти во филмот што го режира ССМ ? „Доведувањето и промовирањето на претседател на ССМ на заеднички договорен протест од поштенските синдикати, без знаење и согласност на сите нив, претставува еднострано и недоговорено дејствување и злоупотреба на заедничката синдикална акција . ...

Кроација рекордс објави специјално издание на „Гитарски песни“ од Влатко Стефановски Изданието на „Гитарски песни“ од Влатко Стефановски е дел од најзначајниот и најамбициозен дискографски проект на „Хитмејкер“ – Ѓорѓе Новковиќ. Стефановски претставува инструментални верзии на десет евергрин од Ѓорѓе Новковиќ снимени со Кралскиот филхармониски оркестар во легендарното „Аби Роуд Студио Уан“. Кралската филхармонија ја водеше познатиот диригент ...

Последниот случај со Клиничката болница Жан Митрев и јавното сведоштво на докторот Митрев, целосно го разобличи начинот на владеење на СДС, Венко Филипче и Зоран Заев. Со овој случај се покажа дека за СДС и Филипче нема ништо свето, за да остварат личен ќар и придобивка, тие се спремни да тргуваат со здравјето на граѓаните и да го злоупотребат државниот апарат за да рекетираат и уценуваат стопанственици, се посочува во соопштението на ...

Изложбата „Атила“ дел од Horizons of Memory, е отворена во Унгарскиот национален музеј. Во рамките на изложбата се изложени и артефакти од Македонија. Гостите на церемонијата на отворањето можеа да видат 400 артефакти од 64 музеи од 13 земји: непроценливи богатства, оружје на освојувачите, искривени черепи пронајдени во гробови и легендарната историја на Хунската империја. Сето ова на изложбата чиј главен лик е Атила, владетелот на Хуните.На ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
87%
1007
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
89%
1009
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
2.57
80%
1010
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
6.69
77%
1009
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
4.41
84%
1012
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
86%
1009
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
3.13
77%
1004
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1003
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
2.57
100%
1005
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -1ᴼ
6.71
81%
1011
weather icon

Будимпешта

2ᴼ / 1ᴼ
2.57
94%
1011
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
6.17
93%
1010
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Калај

54.25

Сребро

3663.67

Цинк

3.34

Рутениум

45750.51

Паладиум

54624.12

Алуминиум

3.15

Бакар

11.99

Иридиум

221848.72

Платина

83354.78

Злато

156424.63

Родиум

355265.75

Кобалт

64.04