Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Активиран е метеоаларм за целата територија на Македонија поради најавените високи температури, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи. Предупредувањето се однесува на целиот регион и бара соодветна претпазливост од атмосферските услови. Од УХМР преку своето соопштение алармираат: „МЕТЕОАЛАРМ ЗА ДЕН 21.08.2026 Високи температури на територијата на целата држава!“. Метеоролозите апелираат на почитување на општите препораки за ...
Северна Кореја денес испали неидентификувана ракета кон Јапонското Море, објави јужнокорејската војска. Генералштабот на Јужна Кореја објави дека го регистрирал лансирањето, без да даде дополнителни детали, пренесува јужнокорејската новинска агенција Јонхап. Последното лансирање се случи околу една недела откако Пјонгјанг испали балистичка ракета со краток дострел во правец исток на 12 август. Лансирањето на ракетата доаѓа во време кога Јужна ...
Една жена загина, а друга е тешко повредена откако врз нив паднало дрво за време на силните бури што во текот на ноќта предизвикаа и голема материјална штета во повеќе делови од Германија, соопшти германската полиција. Двете жени, на возраст од 58 и 47 години, се шетале во Валдорф, во западната сојузна покраина Рајнска област-Пфалц, на околу 50 километри јужно од Келн. Кога започнало невремето, тие побарале засолниште под настрешница, но ...
Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани вчеравечер присуствуваше на концертот со кој беше заокружена музичката програма на 66-тото издание на фестивалот „Охридско лето“. Во своето обраќање тој истакна дека фестивалот и годинава понуди богата програма и средби со врвни уметници од земјата и светот. „Со настапот на квартетот „Глам“ од Полска и пијанистот Стен Брекинриџ од Соединетите Американски Држави ја заокружуваме музичката програма ...
Според Националниот индекс за сајбер-безбедност, кој го подготвува естонската Академија за е-управување, Македонија е рангирана на 30 место во светот, од вкупно 155. Со 84,17 поени, ова е напредок од 29 позиции во однос на претходното рангирање, кога бевме на 59 место во 2023 година, изјави Драгана Бојковска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник. Овој резултат е показател дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ гради сериозен и поорганизиран ...
Во последната недела, 47 лица се разболеле од западнонилска треска во Грција, со што вкупниот број на заболени лица достигна 157, објави Грчката Национална здравствена организација (ЕОДИ), додавајќи дека од почетокот на годината починале 13 лица од вирусот. Најголем број случаи е регистриран во источна Атика. Починатите лица биле претежно постари од 65 години, а од вкупниот број случаи, 116 се манифестирале со заболувања на централниот нервен ...
Преку системот за рана детекција на шумски пожари со смарт-камери, инсталиран во Центарот за управување со кризи, навреме е детектиран пожар во атарот на село Никуштак, Општина Липково. Од ЦУК соопштуваат дека по детектирањето на пожарот, веднаш се известени Територијалната противпожарна единица Куманово и Подружницата на Национални шуми – Куманово, со цел преземање соодветни мерки и интервенција на терен. Системот за рана детекција ...
Откако претседателот Мицкоски јасно кажа дека доколку СДС и Филипче побараат предвремени избори, истите ќе ги добијат, во СДС молк и повлекување. До вчера гласни со секојдневни прес-конференции, обвинувања и повици кон ВМРО-ДПМНЕ, денес одеднаш ги снема, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ . Очигледно е дека едно е да се биде гласен пред камерите, а сосема друго да се излезе пред граѓаните и да се побара нивната доверба. Ако СДС е толку ...
Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за последните податоци за градежништвото рече дека доколку се погледнат сите параметри ќе се дојде до заклучок дека градежништвото има раст за 30 процени во делот на издадени одобренија за градење. Економијата е еден од главните приоритети на оваа влада. Како дел од економијата и градежништвото, се разбира. И кога ќе ги погледнете ...
Еден од најкултните филмови во современата македонска кинематографија „Џган“ по сценарио и во режија на Вардан Тозија, годинава одбележува 10 години од светската премиера, кога филмот за првпат беше прикажан на најстариот филмски фестивал во Чикаго (Chicago International film festival). Јубилејот ќе биде одбележан на 25 август (вторник), со проекција на филмот на „Rooftop Open Air Cinema“, на отворената катна гаража во Скопје Сити Мол, со ...
Македонија во својата прва сезона на меѓународната завршница на Плазма Спортските игри за млади, која се одржува во Сплит, освои седум медали – три сребрени и четири бронзени. Нашата земја оваа година за првпат се приклучи кон големото семејство на Плазма Спортските игри за млади, заедно со Хрватска, Србија, Словенија и Босна и Херцеговина. Оваа година СИМ одбележува голем јубилеј – 30 години од своето постоење, а Сплит деновиве е во знакот ...
Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање за последните податоци за градежништвото, рече дека доколку се погледнат сите параметри, ќе се дојде до заклучок дека градежништвото има раст од 30 проценти во делот на издадени одобренија за градење. „Економијата е еден од главните приоритети на оваа Влада. Како дел од економијата е и градежништвото, се разбира. И кога ќе ги ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање каква е споредбата на растот на јавниот долг и БДП во двата периоди — на владеењето на Владата на СДСМ и ДУИ и Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ — истакна: „Кога водите еден процес, и во политиката мора да правите компаративна анализа. Ако не правите компаративна анализа, тогаш лутате во магла и не знаете каде ќе стигнете. Јас се обидов вчера да ...
Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес со магнитуда од 7,4 степени што ја погоди западна Колумбија се зголеми на 314 лица – покажува најновиот извештај што го објави Националната единица за управување со ризици од катастрофи (УНГРД). Во извештајот се посочува дека спасувачките екипи сè уште трагаат по 262 исчезнати лица. Бројот на повредени се издигна на 4.437, додека 364 лица се живи извлечени од урнатините. Вкупно 262.154 жители ...
Гостиварскиот основен суд им го продолжи притворот на екс директорката на Комуналец Гостивар, Артана Асани и на уште двајца раководители во претпријатието осомничени за загадување на водата за пиење. Од судот за Телма потврдија дека на предлог на обвинителството одлучиле да останат во притвор уште 30 дена. Адвокатот на двајца од осомничените за Телма вели дека ќе поднесе жалба затоа што смета дека нема основ да им биде продолжен притворот ...
НОЌ НА МУЗЕИ Охрид на една вечер станува музеј под отворено небо. На 12ти септември, ве очекува културна прошетка низ ул. Цар Самоил, со почетна точка кај Долна Порта, каде во периодот од 19:00 до 23:00 часот ќе ве очекуваат отворени музеи, галерии, ателјеа, винарии, занаетчиски работилници и уште многу културни содржини. Од една до друга локација, од една приказна до друга, низ улицата, просторот и културното наследство на Охрид. Во ...
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција рече дека граѓаните во моментов не бараат предвремени парламентарни избори, туку очекуваат продолжување на реформите и на процесите што ги спроведува актуелната Влада. Одговарајќи на новинарско прашање за можноста за предвремени избори, Мицкоски посочи дека коалицијата што ја предводи има четиригодишен мандат добиен од граѓаните. „Граѓаните не сакаат избори, граѓаните сакаат реформи ...
Проектот „Vintage Home Film and Video Formats for Intercultural Learning“ влегува во една од своите клучни фази. Развојот на едукативните модули е при крај, а паралелно со подготовката на материјалите, Кинотеката на Република Македонија активно работи на дигитализација на аматерски филмски материјали, кои ќе бидат искористени за потребите на проектот. Дигитализацијата на старите аматерски филмови претставува една од најзначајните активности ...
Најмалку 12 лица загинаа, а 33 се повредени во Киев во масовен руски напад извршен во текот на ноќта – соопшти градоначалникот на украинската престолнина Виталиј Кличко. Во објава на „Телеграм“, Кличко рече дека спасувачките и итните служби продолжуваат со расчистување на теренот и справување со последиците од нападот во реоните Соломјански, Свјатошински и Дарницки. Поради трагедијата, градоначалникот соопшти дека 21 август е прогласен за Ден ...
Н Косово постои петиција за промена на името во Дарданија. Покрената е петиција за преименување на Косово во „Дарданија“. Организаторите наведуваат дека Дарданија е античкото име на регионот и сметаат дека треба да се врати како официјално име на Косово – пишува во објавата. Целта на организаторите е да соберат 10.000 потписи, кои потоа ќе ги достават до „Собранието на Република Косово“, со барање Косово повеќе да не се нарекува така. . ...
На 19.08.2026 во 17:40 часот во Берово, полициски службеници од ОВР Берово го лишија од слобода Љ.М.(62) од с.Русиново, беровско. Претходно, тој со патничко возило „форд“, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило и во ограда од двор на куќа. При преземање мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,62 промили алкохол во крвта, информира МВР. Извршен е увид, за настанот е известен јавен ...
Оваа година, домашните диџеи ќе го отворат второто издание на најголемиот летен електронски музички фестивал во Македонија „Скопје се лади“, кој на 5 септември ќе го претвори Стадионот на АРМ Скопје во вистинска музичка оаза. Потоа, на сцената ќе настапи светски познатиот турски DJ и продуцент Burak Yeter, еден од највлијателните имиња на глобалната електронска денс сцена. Авторот на мегахитовите „Tuesday“ и „My Life Is Going On“(главната ...
На 21 август од 20 часот во Ликовниот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи концерт на класична музика на кој ќе настапи ТРИО ДОЛЧЕ. Концертот е со поддршка на Министерството за култура и туризам. Учесници : Светлана Богданоска Ристеска – флејта, Андријана Дукоска – виолончело и Марија Шамоска Буџаковски – пијано. Програма: Scherzo (Allegro vivace) Schäfers Klage ( Andante espressivo) February | Carnival April | ...
Во Грција продолжува да расте бројот на случаи на Западнонилска треска, а надлежните здравствени власти регистрирале вкупно 157 заразени и 13 смртни случаи од почетокот на сезоната. Според последниот неделен извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), сите починати пациенти биле на возраст над 65 години, со просечна возраст од 82 години. Само во изминатата седмица биле потврдени 47 нови случаи, како и четири смртни случаи. ...
Во ДУИ веќе не се знае кој ја води партијата. Али Ахмети пушта пробни балони за повлекување, Бујар Османи се загрева за лидерската фотелја, а луѓето на Артан Груби испраќаат пораки и ги потсетуваат сите кој до вчера бил главен во партијата. Три приказни и една голема паника – наведува Вреди. Ахмети глуми дека ја држи ситуацијата под контрола, но есапот никако не му излегува. Ако го брани Артан, го зема на свој грб целиот негов политички ...
Американскиот јавен долг за првпат надмина 40 трилиони долари (40 илјади милијарди долари), покажуваат податоците на Министерството за финансии на САД, со што дополнително се зголемува притисокот врз државните финансии. Новото рекордно ниво е достигнато само пет месеци откако долгот во март достигна 39 трилиони долари, и порано од очекувањата на аналитичарите. На растот на долгот, меѓу другото, влијаеле и милијарди долари пропуштени приходи ...
Државниот испитен центар ги објави прелиминарните резултати од августовскиот испитен рок од полагањето на државната матура. Освен на интернет-страницата http://www.matura.gov.mk, резулатите се објавени и на огласните табли во училиштата. Учениците кои сметаат дека е направен превид при вреднувањето на тестот имаат право да поднесат приговор до Училишната матурска комисија. Во согласност со упатството на Државниот испитен центар, приговорот, ...
Од почетокот на годинава заклучно до јуни од наплата на патарина во државава инкасирани се рекордни 1.919.775.277 денари (над 31 милиони евра), во споредба со минатата 2025 година наплатени се 21.891.532 денари повеќе, информираа за МИА од Јавното претпритијатие за државни патишта (ЈПДП). Најфреквентна наплатна станици е Тетово по што следуваат Петровец, Романовце, Глумово, Миладиновци, Желино, Гостивар, Стоби, Кадрифаково, Преод, Сопот, ...
На 24 август (понеделник), во рамките на BookStar 2026, во Скопје ќе гостува познатата филозофка, авторка и професорка Леа Ипи, која живее и работи во Велика Британија. Нејзиното гостување ќе го означи и првиот официјален преднастан на годинашното издание на меѓународниот книжевен фестивал „BookStar“, посветен на темата „FREE AT LeAST?“ или „ЧУМУ СЛОБОДА?“. Ипи во Скопје доаѓа како авторка на книгата „Слобода“ (Free), дело во кое преку ...
„Скејтбордингот не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума денеска ќе биде прикажан во главната натпреварувачка програма за игран филм на 32. Сараевски филмски фестивал, каде што ќе ја има својата европска премиера и ќе се натпреварува за престижното „Срце на Сараево“. Учеството во Сараево има посебна симболика за филмот. Токму на „Синелинк индастри дејс“, индустриската платформа на Сараевскиот филмски фестивал, „Скејтбордингот не е за ...