Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Направивме законска измена, ќе ги спонзорираме и децата од основното образование и од средното образование кои ќе освојат прва, втора и трета награда или златен, сребрен и бронзен медал на меѓународни натпревари и олимпијади. Обезбедуваме покривање на трошоците за учество на олимпијадите на учесниците и менторите, даваме стипендија од девет месеци на добитниците и еднократни награди на добитниците и на нивните ментори, изјави денеска ...
Во зградата на Македонската телевизија денеска и официјално беше отворен вториот дел од реконструираното одделение за управни работи. На настанот присуствуваше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој истакна дека реновирањето е дел од поширок процес за унапредување на условите во кои граѓаните ги остваруваат своите законски права. Според министерот, позитивните реакции од граѓаните се секојдневни, особено во однос на подобрените ...
Во Културно информативниот центар – Скопје денеска ќе биде одржана „Работилница по креативно пишување проза“, наменета за ученици од средните училишта кои имаат интерес за пишување и сакаат да го развијат својот креативен потенцијал. Работилницата ќе ја водат писателите Петар Андоновски и Фросина Пармаковска, кои преку практична работа и насочени вежби ќе ги запознаат учесниците со основите и техниките на прозното пишување. Настанот е ...
Иран го изненади светот покажувајќи ги своите вештачки „делфини самоубијци“ кои би можеле да ги променат правилата на поморското војување. По повеќе од 20 години таен развој, Иран претстави беспилотни поморски системи изработени во облик на делфини. Овие системи се вклопуваат во водата како вистински делфини и може да извршуваат прецизни борбени мисии – како дронови-камикази, но под вода. Иран го изненади светот покажувајќи ги своите ...
Денеска (06.05.2026) во 09:03 часот во СВР Скопје е пријавено дека во возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки на ул.„Перо Наков” во Скопје бил пронајден починат Н.Ј.(62) од Скопје. -Според пријавеното, тој починал додека го управувал возилото, информира МВР. Смрт констатирал лекар, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Денеска (06.05.2026) во 09:03 часот во СВР Скопје е пријавено дека во возило ...
– Цената на храната е зголемена под 1 отсто во април во споредба со март 2026 година, покажуваат анализите на Владата што ги прави врз основа на добиентите бројки од Државниот пазарен инспекторат – информирашпремиерот Христијан Мицкоски во изјава за медиумите по отварањето на пазарот за електрична енергија во Скопје. – Најмногу се зголемени транспортните услуги и секако тие ќе влијаат во крајниот износ на инфлацијата за април, која очекувам ...
Денес сме сведоци на еден значаен момент за македонскиот енергетски сектор. Особена чест ми претставува што сум овде, на официјалниот почеток на тргувањето на „Пазарот во тековниот ден“- Intraday Market, организиран од страна на „МЕМО ДООЕЛ“ Скопје. Ова не е само нова техничка алатка или уште една административна процедура. Ова е сериозен исчекор кон модерна, стабилна и европски усогласена енергетика. Тоа е показател дека чекориме напред, со ...
Лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера изјави дека неговата партија е подготвена за предвремени парламентарни избори. Јас уште од првиот ден барав предвремени избори. Утре да има избори ние сме подготвени, изјави Ахмети. Избори побара и Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, бидејќи според него, тоа било спас од владеењето на Вреди Лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера изјави дека неговата партија е подготвена за предвремени парламентарни избори. Јас ...
Просечната цена на бензинот во САД се искачи на 4,51 долари за галон, што е највисоко ниво од јули 2022 година, покажаа податоците на компанијата „GasBuddy“. Растот на цените се поврзува со продолжувањето на конфликтот во Иран и нарушувањата во Ормуската Теснина, клучен правец за глобален транспорт на нафта каде сообраќајот е ограничен. Според наводите на „GasBuddy“, цената на бензинот пораснала за 21 цент за галон во споредба со минатата ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на настан во организација на МЕМО ДООЕЛ Скопје официјално го означи почетокот на тргувањето на „Пазарот во тековниот ден“ – Intraday Market, оценувајќи го како значаен чекор кон модернизација и европска интеграција на македонскиот енергетски сектор. Во своето обраќање, Мицкоски порача дека воведувањето на Intraday Market не претставува само техничка новина, туку „сериозен исчекор кон модерна, стабилна и ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека годинава нема да има предвремени избори и оти ова е реформска година и година на консолидирање. Би сакал, вели, да има редовни парлемантарни избори во 2028 година, но ВМРО-ДПМНЕ како партија е подготвена доколку тие се одржат една година порано. – Некои од партиите се исплашија од оваа изјава за избори. Но мојот став го знаете, дека оваа година избори нема. Оваа година е реформска и година на ...
ЈП Паркинзи на Општина Центар воведува нов модел за организација и користење на јавните паркиралишта, со кој секоја станбена единица ќе добие бесплатно паркирање за едно возило во зоната на живеење, соопшти претпријатието. Како што информираат од ПОЦ, измените во новите подзаконски акти имаат цел да обезбедат поголема достапност на паркинг-просторот за жителите, подобра ефикасност во управувањето и унапредување на квалитетот на услугите. „Со ...
Јавен обвинител од Одделението за малолетници при Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Барање за поведување подготвителна постапка до судијата за деца во Основниот кривичен суд Скопје за 4 деца во судир со законот за кои постои основано сомнение дека презеле дејствија кои во Кривичниот законик се предвидени како кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1. Малолетничките, од кои една на возраст од 17 и три ...
Во земјава има над 5.500 сметководители и еден од предизвиците со кои се соочуваат е дигитализацијата која станува неминовен дел од нивното работење. Од Институтот на сметководители и овластени сметководители, кои денеска ја организираа Третата регионална конференција, велат дека сметководствената професија е една од најзасегнатите професии во делот на дигитализацијата. Претседателката на ИСОС Весна Прентоска со порака – дигитален бизнис ...
При увидот на Јавното обвинителство во опожарениот објект „Пулс“ во Кочани бил пронајден изгорен ресивер за активирање на пиротехнички уред, како и црн ранец марка „Најк Џордан“ во кој се наоѓале пластично куферче со два ресивера за активирање на пиротехнички средства, батерија од девет волти, марка Филипс и кеса со неискористено пиротехничко средство. Ова беше посочено денеска од страна на Јавното обвинителство при изведувањето на ...
Пулицеровите награди за 2026 година беа доделени, при што наградата за фикција ја освои Даниел Краус за романот „Ангел долу“, необично дело за Првата светска војна раскажано како една долга, непрекината реченица. Книгата беше пофалена како исклучително стилско достигнување што комбинира повеќе жанрови, пренесува EuroNews. Во категоријата драма, наградата ја доби Бес Вол за делото „Ослободување“, кое ги обработува темите на феминизмот, ...
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски очекува Македонија да биде меѓу првите држави на која ќе ѝ биде овозможен роаминг без дополнителни трошоци во ЕУ. Добри вести очекува на самитот ЕУ – Западен Балкан, кој ќе се одржи на почетокот на јуни во Подгорица. Смета дека ќе биде меѓу првите држави со кои Европската Унија ќе потпише договор за т.н. роаминг како дома. Има најава за почеток на преговорите, што е позитивен сигнал. ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека оваа година нема да има избори, нагласувајќи дека 2026 е година на реформи и консолидација, а редовните избори се очекуваат во 2028 година. Мојот став е дека оваа година избори нема. Оваа година е реформска и година на консолидација. Јас би сакал да имаме редовни избори, коишто ќе се случат наскоро, во пролетта 2028 година – изјави Мицкоски. Тој додаде дека, иако ВМРО-ДПМНЕ е секогаш подготвена за ...
Министерот за култура, Зоран Љутков синоќа во Брисел се обрати на манифестацијата „Денови на македонска култура во Белгија“. Во продолжение го пренесуваме обраќањето на министерот Љутков во целост. Вечерва, овде во Брисел, во пријателска Белгија пулсира македонскиот здив. „Деновите на македонската култура“ се отвораат како значајна врата кон нашиот културен свет , свет исполнет со танци, песна, боја и збор што носи длабока вредност. Секој ...
По повод 5. Мај – Денот на македонскиот јазик, директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска положи цвеќе пред бистата на Блаже Конески во парк Бундек. Со овој чин се одбележа значењето на денот и се оддаде длабока почит кон кодификаторот на современиот македонски литературен јазик и неговото непроценливо дело, потсетувајќи дека јазикот е нашата единствена татковина, темелот што нè обединува и нè поврзува со нашето ...
Официјално стартуваше пазарот за електична енергија. Директорот на МЕМО,Зоран Ѓорѓиевски на настанот на официјален почеток на стартот на пазарот „ден однапред“ порача дека денеска не се отвара само нов пазар, туку се отвара нова енергетска перспектива за нашата држава. Перспектива што значи стабилност, што значи доверба и што значи развој. На отварање на пазарот на електрична енергија во организација на МЕМО присуствуваат претседателот на ...
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска потпиша Меморандуми за соработка со шест високообразовни институции, со што се воспоставува нова рамка за институционална соработка меѓу Министерството и академската заедница. Кон крајот на минатата година, Министерството потпиша Меморандум за соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со чии професори и академски кадар веќе е воспоставена соработка. Меморандумите ...
Најавата дека во текот на летната сезона од 1 јуни до 30 август, примената на EES системот ќе биде олеснета во пракса за граѓаните на Србија на граничните премини со Грција предизвика голем интерес и во Македонија. Како сè ќе функционира на терен . Една клучна работа треба веднаш да се разјасни – не постои и не може да има официјален документ со кој EES системот се „укинува“ за граѓаните на Србија или за било која друга земја. Причината е ...
„Учиме екологија, другарство и емпатија низ филм и игра“ е насловена работилницата за деца што ќе се одржи в сабота (9 мај) во 12 часот во „Јавна соба“ во Скопје. Преку проекција на избран детски филм, ликовна работилница, групни активности и драмска игра, децата не само што гледаат, туку доживуваат, создаваат и учат како да ги препознаат и разберат светот околу себе и сопствените емоции. Работилницата е наменета за деца од 4 до 12 години, а ...
Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул, во соработка со Национална галерија на Македонија, на 8 мај 2026 година со почеток во 19:00 часот, ќе ја отвори изложбата „Архивски документи“ на истакнатата македонска уметница Жанета Вангели. Изложбата претставува комплексна синтеза на четиридецениско творештво, во кое архивата освен како сведоштво за минатото, функционира и како активен и динамичен простор на современа интерпретација. ...
Украина ја обвини Русија за прекршување на примирјето прогласено од претседателот Володимир Зеленски, кое стапи во сила на полноќ, при што едно лице загина, а три се повредени во северните и во источните делови на земјата. „Русија го прекрши примирјето што го прогласи Украина на полноќ, меѓу 5 и 6 мај“, напиша украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, на платформата „Икс“. Тој наведе дека руските напади продолжиле во текот на ...
Развивачот на „Чет-ГПТ“, „Опен-АИ (OpenAI)“, се очекува да потроши околу 50 милијарди долари оваа година за развој на компјутерската моќност, според соосновачот и претседател на оваа американска компанија за вештачка интелигенција – ВИ, Грег Брокман. Тој, всушност, ја откри таа бројка во своето сведочење во тужбата поднесена од технолошкиот милијардер Илон Маск, кој е исто така, соосновач на „Опен-АИ“. Имено, Маск тврди дека Брокман и шефот ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска се обрати на отворањето на Третата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители, што се одржува во организација на Институтот на сметководители и овластени сметководители, под мотото „Генерација со визија – Професија со иднина“. Во своето обраќање, министерот Андоновски истакна дека дигиталната трансформација не е само технолошки процес, туку суштинска ...
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија е подготвена за „продуктивни преговори“ за Украина, но само доколку тие доведат до конкретни резултати. Захарова за агенцијата РИА Новости изјави дека Москва и понатаму е отворена за преговарачкиот процес и контакти, но оти инсистира на „вистински резултати“. Таа додаде дека западните лидери, според руската оценка, се сè повеќе фокусирани на други ...
На 15 мај Скопје ќе пулсира во ритамот на рокенролот што обележа генерации. Легендарниот Ален Исламовиќ, гласот што стои зад некои од најголемите хитови на Бијело дугме и Дивље јагоде, пристигнува во Македонската филхармонија за концерт што ветува вистинска музичка магија. Со препознатливата емоција и моќ што ја носи во секоја нота, Исламовиќ ќе ја потсети публиката на времињата кога песните имаа душа, а музиката обединуваше. „Липе цвату“, ...