Филипче не е лидер, туку потрчко на Заев, едно дугме-политичар кој има единствена улога да го покрива и штити неговиот криминал. Тој е социопатски случај на лажго и манипулатор, додека штетата од неговото работење ја плаќаат сите граѓани.Димната завеса за тоа се измислените теми, измислените напади и наводните скандали. Една таква тема е и темата со наводното населување на мигранти, обвини денеска Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ. На оваа тема се гледа ...

ВМРО-ДПМНЕ е навистина загрижено за здравјето на Венко Филипче. По денешната прес-конференција, увидовме дека човекот живее во некој сопствен универзум, во кој само тој си верува. Филипче денес на прес-конференцијата говореше за случај во соседна држава, со кој ние и како држава и како политичка партија немаме никаква поврзаност. Ова го докажува моментот дека господиниот Филипче забегал со своите ставови. Филипче постави прашање за непостоечка ...

Лишено од слобода лицето кое насилно упадна во студиото на „Инфомакс“, веднаш по добиената пријава, информираат од МВР. Полициски службеници од ПС Кисела Вода го лишија од слобода Г.С.(43) од Скопје, веднаш по добиената пријава на 10.12.2025 во 23:45 часот од страна на А.М., водител на емисија на порталот Инфомакс, кој во СВР Скопје пријави дека во редакцијата на порталот, лоцирана на ул. „Востаничка“ во Скопје, машко лице влегло во редакцијата, ...

Мадлен Викам, најпозната по својот бестселер „Исповедите на една купохоличарка“ и под псевдонимот Софи Кинсела, почина на 55-годишна возраст. Викам, која романописецот Џоџо Мојес ја нарече „кралица на романтичната комедија“, напиша повеќе од 30 книги за возрасни, деца и тинејџери, кои се продадени во повеќе од 45 милиони примероци. Во април 2024 година, Викам објави дека кон крајот на 2022 година ѝ е дијагностициран глиобластом, агресивен вид ...

Во петок, 12 декември, со почеток во 19 часот, во Галеријата на Факултетот за ликовни уметности во Белград, на адресата Кнез Михаилова 53, ќе биде отворена изложбата „Нишки / Threads“, најновиот резултат од соработката меѓу Факултетот за ликовни уметности во Скопје и Факултетот за ликовни уметности во Белград. Изложбата ќе биде достапна за посетителите до понеделник, 29 декември 2025 година. „Нишки“ претставува мултимедиумска поставка со дела од ...

Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, нa својот фејсбук профил објави видео од пробивање на 14-от тунел на железничката делница Бељаковце-Крива Паланка која е во изградба. Добро е кога на крајот од тунелот ќе се појави светло. Рано изутринава го пробивме претпоследниот од вкупно 15 тунели на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка. Ова е вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија, напиша Ивановски. Градбата на оваа ...

Досегашниот претседател на Управен суд, Бурим Сејдини, ќе биде в.д. претседател на Судот, додека не се избере нов. Ваква одлука денеска донесе Судскиот совет на денешната 533. седница. Беше кажано дека на 14 декември на Сејдини му истекува мандатот, па затоа се бира в.д. претседател до избор на нов. Сејдини ги исполнил потребните критериуми за позицијата и тој со 11 гласа за беше определен да биде в.д. претседател на Управен суд од 15 декември. ...

На 10.12.2025 околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи Север е пријавено дека во воздухоплов кој пристигнал од Словачка, повеќе лица под дејство на алкохол, кои се дел од навивачка група, за време на летот и по слетувањето не ги почитувале правилата, агресивно се однесувале и ги вознемирувале останатите патници и екипажот. Полициски службеници веднаш пристигнале на ...

Британската писателка Софи Кинсела — светски позната по популарниот серијал романи „Шопингхоличарка“ — почина на само 55 години, а веста за нејзината смрт ја потврди семејството. На Кинсела, чие вистинско име е Мадлен Софи Викам, во 2022 година и беше дијагностицирана со агресивен тумор на мозокот. Во соопштението објавено на нејзиниот Инстаграм-профил, семејството наведува дека писателката починала спокојно, покрај своите најблиски. Семејството ...

Во Македонскиот културен центар во Тирана се одржа промоцијата на книгата “Два корена, едно творештво” на проф. д-р Кимет Фетаху. Оваа книга е од голема важност бидејќи содржи ризница на неистражената албанска литература од албански автори со македонско потекло кои пишувале не само на албански, туку и на македонски јазик. Кимет Фетаху е доктор на науки, универзитетски професор и голем активист за правата на Македонците во Република Албанија. ...

Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, нa својот фејсбук профил објави видео од пробивање на 14-от тунел на железничката делница Бељаковце-Крива Паланка која е во изградба. Добро е кога на крајот од тунелот ќе се појави светло. Рано изутринава го пробивме претпоследниот од вкупно 15 тунели на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка. Ова е вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија. Градбата на оваа траса изобилува со ...

Сперма од дарител со ген што предизвикува рак била искористена за да се родат речиси 200 деца, објавија британските медиуми. Според истрагата на „Би-Би-Си“, која е еден од медиумите вклучени во проектот, сперма со генетска мутација била искористена и во Србија и во Македонија. Дарителот на сперма имал генетска мутација Дарителот кој не бил свесен дека носи генетска мутација што драматично го зголемува ризикот од рак станал татко на најмалку 197 ...

Главниот уредник на Хабертурк ТВ, еден од главните турски телевизиски канали, беше приведен во Истанбул како дел од истрагата за дрога насочена кон личности од медиумската и забавната индустрија, објавија турските медиуми. Канцеларијата на главниот јавен обвинител во Истанбул соопшти дека се издадени налози за апсење на осум лица под сомнение за купување, поседување или употреба на дроги или стимуланси за лична употреба и обезбедување простор ...

Како и во изминатите денови, така и денеска, грчките земјоделци, кои нивните трактори ги имаат паркирано на неколку гранични премини, меѓу кои и Евзони (Богородица) и Ники (Меџитлија) кон нашата земја, ќе ги затворат границите за сообраќај на неколку часа, јави дописничката на МИА од Атина. Се очекува блокадата на Евзони и денеска да биде во периодот од 12 до 16 и од 18 до 22 часот по локално време, со што целосно ќе биде во прекин сообраќајот ...

Албанскиот премиер Еди Рама неодамна објави амбициозен план да ја направи својата земја прва во светот што ќе се ослободи од готовина пред крајот на оваа деценија. Рама, кој освои четврти мандат во мај, вети дека ќе ја внесе земјата во Европската Унија до 2030 година. Во јули, тој објави уште еден голем план со иста временска рамка. – Имаме амбиција Албанија да стане безготовинско општество до крајот на оваа деценија, што значи дека сите ...

На 10.12.2025 околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи Север е пријавено дека во воздухоплов кој пристигнал од Словачка, повеќе лица под дејство на алкохол, кои се дел од навивачка група, за време на летот и по слетувањето не ги почитувале правилата, агресивно се однесувале и ги вознемирувале останатите патници и екипажот. Полициски службеници веднаш пристигнале на ...

По фантастично успешната премиера во Скопје и меѓународната премиера во Париз, Франција, делото „Дон Кихот во Скопје“ ќе ја има и својата битолска премиера. В недела, на 14 декември, во Офицерскиот дом во Битола, со почеток во 20 часот, овој разновиден проект инспириран од култната приказна за славниот витез Дон Кихот на Мигел де Сервантес ќе биде претставен и пред битолската публика. Делото е создадено по повод Националниот ден на Шпанија – 12 ...

Во пресрет на повторените локални избори што ќе се одржат на 11 јануари во четири општини, денес официјално ја поднесовме кандидатурата на нашиот кандидат за градоначалник, Аријан Ибраим, во Државната изборна комисија, за Општина Центар Жупа – тврдината на Демократската Партија на Турците, се вели во соопштението од ДПТМ. Центар Жупа е општина во која со години заеднички вложуваме труд, доверба и посветеност. Нашиот кандидат Аријан Ибраим, преку ...

„Кошари“, зачинето јадење од леќа, ориз и тестенини кое често се продава на улиците на Египет, и италијанската кујна се признати од УНЕСКО како дел од нематеријалното културно наследство. Египетската номинација ја истакнува долгата историја на јадењето, кое е создадено со комбинирање на состојки од различни региони – леќа од регионот на Плодна полумесечина во југозападна Азија, потоа ориз од Источна Азија и домати и лути пиперки од Америка, ...

Проекцијата на филмот во рамките на редовниот репертоар на Синеплекс ќе се одржува од 11 до 18 декември. „Луда љубов”, на Жил Лелуш, со Адел Егзаркопулос, Франсоа Сивил и Малори Ванек во главните улоги, е моќна романса која ги следи Жаки и Клотер, двајца млади луѓе од Северна Франција во осумдесетите години, чии животни патишта се испреплетуваат во љубовна приказна што ги надминува сите пречки. Филмот беше претставен на фестивалот во Кан, во ...

Голем број Бугари вечерва го исполнија „Триаголникот на власта“ на протест под слоганот „Оставка! Пеевски и Борисов надвор од власта“ на протест што го организираа „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“. Како што јави БТА, граѓаните го исполнија просторот од статуата на „Света Софија“ до зградата на Народното собрание. Луѓе има на плоштадот „Независност“, плоштадот „Атанас Буров“, пред зградата на БНБ. Толпа граѓани го исполниле и ...

Утре, 12 декември, со почеток во 18 часот, во мултимедијалниот центар „Матица ексклузив“, книгоиздавателството „Матица македонска“ ќе ја промовира монографијата „Професорот Петре Т. Георгиевски: Социологијата како професија и како вокација“, објавена по повод 85 години живот и 60 години научно-истражувачка работа на истакнатиот професор. Автори на монографијата се научните работници Златко Жоглев и и Ружица Цацаноска. Промотори на изданието ќе ...

Американскиот финансиер и сексуален престапник Џефри Епстин и шведската принцеза Софија неколкупати се среќавале во Њујорк, пред таа да се омажи за принцот Карл Филип во 2015 година и да стане принцеза на Шведска, покажале документите од истрагата за Епстин. Во обелоданетите документи и е-пошта од истрагата за осудениот и сега починат сексуален престапник Џефри Епстинн се наведува дека претприемачката Барбро Енбом ги поврзувала младите Швеѓанки ...

Советот на Град Скопје ги намали надоместоците на членовите на управните одбори и на надзорните одбори на јавните градски претпријатија, информира скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Намален е и бројот на членовите на одборите. Јавното управување мора да биде одговорно, рационално и насочено кон интересот на граѓаните. Затоа, на денешната седница на Советот на Град Скопје, која продолжува и во вечерните часови, донесовме важна одлука со ...

Oвен Овни, фокусирајте се на детали и планирање, особено во проекти што бараат прецизност. Денес, вашиот партнер може да ве изненади со искрен гест на внимание. Слободните Овни можат да запознаат некого преку заеднички активности. Грижете се за вашата енергија – кратките паузи во текот на денот ќе ви помогнат да останете продуктивни. Бик Бикови, финансиските прашања бараат внимание – проверете ги сите документи пред да потпишете. Малите ...

Среброто тивко со години живееше во сенка на златото, а сега му се случува нешто што многумина го нарекуваат историски момент: цената првпат ја проби границата од 60 долари за унца и со тоа го запиша својот најсилен подем досега. Фјучерсите се искачија до околу 60,4 долари за унца, а „спот“ цената во еден ден скокна за нешто над 3%. Истовремено, најголемиот берзански фонд врзан за сребро (SLV) има раст од над 100% од почетокот на годината – ...

Американските Федерални резерви ја намалија референтната каматна стапка за уште 25 базични поени, трето намалување годинава, во услови на забавување на пазарот на труд и инфлација над целта од 2%. Федералните резерви на САД (ФЕД) денеска донесоа одлука за ново, трето по ред намалување на каматните стапки во 2025 година, со цел да се поддржи пазарот на труд кој покажува знаци на забавување, и покрај тоа што инфлацијата и понатаму останува над ...

Добредојдовте во 2015 година, ова се петте минути со Чавез снимани пред 10 години. Емисијата ја чувавме по стари компјутери. Како да знаевме дека ќе ни се најде. Да се е исто, само њега нема, уствари се појави и тој, бизнисменот од Дубаи. А тука е и неговата екипа од СДСМ, демек повторно ќе пукале бомби..Во 2025 Тик так так так… Зоран Заев го прекина одморот во Дубаи за да кажува шегички на Фејсбук.Во стилот на итрецот од Македонски приказни ја ...

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Скопје информира дека денеска, 11 декември 2025 година, поради планирани технички зафати на ЕВН Македонија АД, без електрична енергија ќе останат делови од општините Ѓорче Петров и Илинден. – Во периодот од 09:00 до 13:00 часот, без електрична енергија ќе остане улица Бунарџик. – Во периот од 09-00 до 15-00 часот, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на улиците: Мице Козар и Ѓуро ...

Оркестарот на Македонската филхармонија в петок во 20 часот ќе го одржи концертот насловен „Музика. Сега!“ на кој како солист ќе настапи виолистот Александар Земцов од Германија. Диригент е маестро Емил Табаков, а на програмата се Концертот за виола и оркестар од Алфред Шнитке и суита од операта „Кавалер со ружа“ оп.59 од Рихард Штраус. Маестро Александар Земцов зад себе има навистина богата кариера како виолист, но во последниве години тој е и ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
70%
1028
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
0.0
83%
1024
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
0.51
90%
1024
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
69%
1029
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
86%
1028
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
1.03
98%
1024
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
4.12
67%
1026
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
44%
1026
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
62%
1027
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
4.12
100%
1026
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
94%
1025
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
0.0
58%
1028
Currency

61.5517

Currency

52.5497

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57482

Злато

138322.05

Бакар

10.76

Паладиум

50830.33

Калај

41.29

Сребро

2049.55

Платина

59937.34

Цинк

3.03

Родиум

255598.44

Рутениум

29192.88

Иридиум

145787.60

Алуминиум

2.88

Кобалт

58.42