Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала локална облачност и слаб до умерен променлив ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Утринските температури ќе се движат во интервал од 10 до 20 степени, додека дневните ќе достигнат од 33 до 40 степени Целзиусови. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени. Според прогнозата ...

Премиерлигашот Њукасл договори трансфер на чешкиот голман Лукаш Хорничек од Брага за сума од 32 милиони евра. Дваесетичетиригодишниот Хорничек веќе им се приклучи на соиграчите во тренинг кампот на Њукасл во Шпанија каде официјално ќе потпише петгодишен договор, објавија британските медиуми. Последните неколку дена беа емотивен ролеркостер откако првпат слушнав за овој трансфер, а сега сум многу среќен што сум тука. Ова е одлична можност во ...

Англискиот премиерлигаш Челзи продолжи со летните засилувања за новата сезона, потпишувајќи договор со 22-годишниот аргентински репрезентативец од средниот ред Валентин Барко. Аргентинецот, кој во Лондон доаѓа од француски Стразбур, со „сините“ потпиша седумгодишен договор. Финансиските детали за трансферот, засега, не се обелоденети. Барко беше дел од аргентинската репрезентација на неодамнешното Светско првенство и досега има пет настапи во ...

Романската армија подготвува нова минирачка акција на карпи во Дунав за да го зголеми протокот на вода до нуклеарната централа Чернавода, која се соочува со сериозни проблеми поради сушата, која предизвика драстично намалување на нивото на реката. Едниот реактор веќе е исклучен пред шест дена, додека другиот, според локалните медиуми, е на работ на затворање. Првата минирачка акција, спроведен на 2 август, не ги донесе очекуваните резултати, ...

Економијата на Cеверна Кореја расте благодарение на соработката со Русија и Кина. Како што пишува „Блумберг“.”, забележан е 3,5% раст на БДП на Cеверна Кореја во 2025 година. Агенцијата додава дека севернокорејската економија расте трета година по ред со најбрза стапка откако западните санкции беа заострени во 2017 година. Севернокорејската економија успешно се развива под санкции благодарение на економската и воената соработка со Русија и ...

Актуелниот европски првак ПСЖ му се приклучи на Јувентус во трката за потписот на голманот на Парма, Зион Сузуки, испраќајќи официјална понуда за јапонскиот репрезентативец. Италијанските медиуми објавија дека францускиот тим е подготвен да плати 33 милиони евра обесштетувањеза Сузуки. Јапонскиот репрезентативен голман, кој е роден во Њујорк, се етаблираше во еден од најдобрите голмани во Серија А откако ѝ се приклучи на Парма, одигрувајќи ...

На групите за туристи во Грција е објавено предупредување за сите оние што летуваат во регионот на Касандра. Според објавите, по спроведени микробилошки анализи на водата за пиење во Сивири и околните места, донесена е одлука е дека водата од чешма не треба да се употребува за пиење, но ни за подготвување храна или миење заби. Во објавата се додава дека за сите потреби треба да се употребува купечка или превриена вода. На групите за туристи ...

Пожар од големи размери беснее во јужниот дел на Албанија, кај Делвина и Финиќ, каде според министерот за внатрешни работи, Бесфорт Ламалари, ситуацијата е критична. Со часови се соочуваме со тешка ситуација поради пожарите во неколку села во Делвина и Финиќ, а апсолутен приоритет на службите е заштита на населението и домовите. Сите наши структури се на терен и операцијата продолжува без прекин, и од земја и од воздух, со ангажирање на ...

Џеј Клејтон положи заклетва како нов директор на американското Национално разузнавање, што надгледува 18 американски разузнавачки агенции. Тој ја презема функцијата по оставката во мај на поранешната директорка на националното разузнавање, Тулси Габард. Нејзиниот мандат е обележан со конфликти со демократите во Конгресот. Опозицијата ја обвини дека ја поддржува политичката агенда на американскиот претседател Доналд Трамп и шири неосновани ...

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против четири лица од селото Добри Дол, Општина Врапчиште, осомничени за кривичното дело „Предизвикување општа опасност“, поради пукање со огнено оружје на свадбена прослава. Според Обвинителството, оомничените, на 31 јули вечерта, во дворно место од семејна куќа во селото, на свадбена прослава, употребиле огнено оружје и тоа три пиштоли и една пушка од непозната марка и калибар со кои ...

Во швајцарскиот град Базел има епидемија на легионерска болест, при што едно лице починало, а 26 се заразени со легионелоза. Деветмина од заразените се хоспитализирани, од кои едно лице е во тешка здравствена состојба. Се претпоставува дека извор на заразата се ладилни кули вградени во деловна зграда во Базел. Легионерската болест е инфекција на белите дробови предизвикана од бактеријата „Легионела пнеумофила“ (Legionella pneumophila). ...

Сообраќајот на државните патишта во попладневните часови се одвива непречено по суви коловози, но е забележана зголемена фреквенција на возила на патните правци надвор од градските средини, информира Автомото сојузот на Македонија. На граничните премини има подолги задржувања поради зголемен интензитет на сообраќајот. На ГП Табановце за влез во државата се чека околу два часа, а за излез околу 30 минути. На ГП Пелинце (Прохор Пчињски) ...

Свидетелства, дипломи, нотни записи, црковни книги, ракописи, фотографии се чуваат на долгите полици во депоата на штипскиот Архив. МИА влезе во депото, каде што се чуваат архивските документи, а кои од историски аспект се бесценети. Истражувачи од сите страни на светот и граѓаните кои го посетуваат Архивот во Штип со голема љубопитност и внимание сакаат да ги видат старите документи, кои се чуваат во депоата, а за посетителите има и изложбен ...

Европската комисија и Урсула фон дер Лајен одбиле да ѝ дозволат на Шпанија да користи руски хеликоптери Ка-32 за гаснење na шумските пожари. Ваквата одлука дошла поради тоа што ваквите хеликоптери биле опфатени со санкциите против Русија. Како што пишува весникот „Берлинер Цајтунг“, санкциите го отежнале купувањето резервни делови и одржувањето на авионите. Во февруари 2024 година, ЕУ воведе санкции врз производителот на хеликоптери „SC ...

Стотици политички, правни и јавни личности во Јордан потпишале отворено писмо со кое бараат повлекување на американските сили од земјата, објави „Њујорк тајмс“. Тие го нарекуваат американското присуство безбедносен, политички и економски ризик што ја вовлекува земјата во војна во која не сака да биде дел. Како што пишува весникот повеќето јордански медиуми одбиваат да го објават писмото, а организаторите предупредуваат дека потписниците би ...

Европската комисија и Урсула фон дер Лајен одбиле да ѝ дозволат на Шпанија да користи руски хеликоптери Ка-32 за гаснење na шумските пожари. Ваквата одлука дошла поради тоа што ваквите хеликоптери биле опфатени со санкциите против Русија. Како што пишува весникот „Берлинер Цајтунг“, санкциите го отежнале купувањето резервни делови и одржувањето на авионите. Во февруари 2024 година, ЕУ воведе санкции врз производителот на хеликоптери „SC ...

Иран собори уште еден американски извидувачки дрон „MQ-9“ Рипер над Ормутскиот теснец, соопшти ИРГЦ. Секој дрон „MQ-9“ чини околу 30-40 милиони долари, а производствената линија на американската војска за ваквите дронови е веќе затворена од 2025 година, поради што секој ваков дрон што Американците го губат над Иран создава непријатен проблем со замена за Пентагон. Иран покажа дека има начин ефикасно да ги искористува ранливостите на „Рипер“: ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов соопшти дека за потребите на Гостивар, денеска се ангажирани три цистерни со питка и техничка вода. Едната цистерна на ТППЕ Гостивар, една на Бехтел и Енка и една од Боговиње. Истите до сега по два пати се упатени кон граѓаните и се планира до вечерва да бидат пратени уште со по два турнуса на дотур, соопшти Ангелов. Дистрибуцијата се врши во тесна координација со Општинскиот ...

Украински дрон погодил плажа полна со туристи во одморалиштето Архипо-Осиповка на Црното Море во близина на Геленџик во Краснодарскиот крај во Русија. Три лица загинале на лице место, додека 13 други, меѓу кои најмалку две деца, се ранети со различен степен на повреди. На интернет се објавуваат видеа кои се гледа моментот на нападот. ,Според извештаите на медиумите, при доаѓањето на дронот, луѓето во близина на водата се обиделе да избегаат, ...

До 18 часот денеска во државата се регистрирани вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои пет се сè уште активни, а десет се изгаснати, информираат попладнево од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни се пожарите во Општина Василево, помеѓу селата Доброшинци и Василево, каде гори сува трева, стрништа и дива депонија, во Општина Кичево, во атарот на селото Зајас, каде е зафатено стрниште, како и во Општина Кавадарци, помеѓу селата ...

„Дневникот на војводата Васил Чакаларов“ е автентичен историски документ, лични записи на еден од најпознатите војводи на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО), кој ги опфаќа годините од 3 јули 1901 до 30 август 1903, односно периодот непосредно пред и за време на Илинденското востание. Во него опишан е секојдневниот живот на четите во Костурскиот регион, подготовките за востанието, средбите со локалното ...

Пожарот во атарот на кавадаречкото село Раовец, кој беше активен и во текот на вчерашниот ден и ноќта, денеска повторно се реактивираше со голем интензитет, а во неговото гаснење се вклучени воздушни и копнени сили, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој додаде дека огнот се проширил кон тешко пристапен терен во близина на Тиквешкото Езеро, поради што веднаш биле ангажирани два „ер трактори“, а ...

Денеска во 08:41 часот на автопатот А1, на паркингот Милетково, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишија од слобода косовскиот државјанин Ш.З.(36), соопшти МВР. При контрола на сообраќајот било утврдено дека тој управувал патничко возило „мерцедес“ со косовски регистарски ознаки со брзина од 220 километри на час, на место каде што максимално дозволената брзина изнесува 120 километри на час. Против лицето ќе биде ...

Ноќва околу 00:10 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на регионалниот пат од Овче Поле кон Свети Николе Ј.К.(35) од Свети Николе додека управувал мотоцикл „сузуки“, а како сопатник се превезувал Х.К.(36) од Свети Николе истиот паднал на коловозот, а мотоциклистот го напуштил местото на настанот и се упатил кон ЈЗУ Свети Николе. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот констатирани во Клиничката болница Штип, по што ...

Кога ќе успееме да ги научиме луѓето како да имаат здрава цревна бариера, ќе имаме многу помалку болести и многу помалку карциноми – порачува српскиот гастроентеролог, интернист и онколог проф. д-р Дино Тарабар. Тарабар истакнува дека исхраната, пробиотиците и секојдневните животни навики имаат клучно влијание врз цревниот микробиом, а со тоа и врз целокупното здравје на човекот. Според него, сè повеќе научни докази покажуваат дека ...

Вчера во 18:30 часот во ОВР Ресен од страна на доктор од Здравствен дом Ресен било пријавено дека на место викано „Планинче“, атар на с.Јанковец, ресенско четирицикл марка „линхаи“ со ресенски регистарски ознаки управуван од Н.Т.(46) од с. Јанковец и сопатници Д.К.(28) од с. Јанковец и 9-годишен малолетник од с. Базерник, Демир Хисар изгубил контрола и се превртел. Од страна на доктор кај возачот и малолетникот биле констатирани тешки телесни ...

Претстојниот август 2026 година, ќе биде многу интересен за три хороскопски знаци. Според астролошките толкувања, два големи небесни настани, затемнувањето на Сонцето на 12 август и затемнувањето на Месечината на 28 август, можат да го означат крајот на еден период и почетокот на сосема нова фаза од животот. Најмногу промени се очекуваат во областите на љубовта, односите со другите, личниот развој, кариерата и финансиите. Овен Во текот на ...

Лицемерието изгледа вака, вели директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, споделувајќи фотографии од лидерот на СДСМ и доктор Венко Филипче. Доаѓа еден час на клиника, со фотоапарат, се фотографира среде операција, и потоа на концерт на Харис Џиновиќ или на јахтата на Заев. И сè така. Хуманизацијата не е успешна затоа што народот знае и за кинеските вакцини, и за модуларната болница и за тендерите, и за распаднатите и ...

Пожар кој доцна синоќа избувнал на околу 20 километри од Кавадарци бил подметнат на пет различни локации, а полицијата веќе има осомничено лице, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Тој информираше дека гаснењето било исклучително тешко поради стрмниот и непристапен терен, но благодарение на брзата интервенција пожарот бил ставен под целосна контрола во раните утрински часови. „Градоначалникот ...

Автобус се запали додека се движел по автопатот Тетово–Гостивар, предизвикувајќи интервенција на надлежните служби и отежнат сообраќај на оваа делница. Според првичните информации, пожарот избувнал за време на движењето на автобусот. На социјалните мрежи и во дел од медиумите беше објавено видео од инцидентот, на кое се гледа возилото целосно зафатено од пламен. Поради интервенцијата на противпожарните служби, сообраќајот на автопатот ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
2.32
36%
1017
weather icon

Белград

27ᴼ / 26ᴼ
3.05
50%
1019
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.29
35%
1018
weather icon

Софија

27ᴼ / 27ᴼ
1.59
47%
1017
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
5.15
48%
1018
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
1.02
59%
1018
weather icon

Атина

33ᴼ / 31ᴼ
6.26
50%
1012
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
1.64
29%
1014
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
1.55
37%
1015
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 24ᴼ
4.02
47%
1017
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 25ᴼ
1.34
40%
1020
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
6.72
100%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.2154

Currency

71.7145

Currency

37.6073

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52479

Currency

1.11569

Currency

0.55892

Родиум

278103.96

Злато

139576.04

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Паладиум

43628.56

Калај

56.36

Бакар

13.23

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29

Сребро

2044.16

Платина

56038.75

Алуминиум

3.28