Триесет талентирани ученици од шест средни скопски училишта учествуваа на втората креативна работилница за пишување поезија и други литературни творби „Запознавање со поетскиот универзум на Анте Поповски“, која се одржа во библиотеката на Гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“. Предавачи и обучувачи беа професорите по македонски јазик и литература Татјана Алексиќ и Митра Мими Спасова. Спасова со свое предавање посебно се осврна на ...

Тимот „Печалбари“ составен од Ангела Мијаковска, Невена Трајкоска и Берина Вуисланин победи на овогодишното Национално дебатно првенство во организација на Младинскиот образовен форум (МОФ). Оваа година беа прогласени и 10 најдобри говорници, а првите три места припаднаа на Ангела Мијаковска, Невена Трајкоска и Максим Јосевски. Дебатното првенство се одржа во просториите на средното скопско училиште „Никола Карев“ и универзитетот „Еуропа Прима“ ...

Втората конференција наменета за млади „Чувари на мудроста“ ќе се одржи на 11 јуни (вторник) со почеток од 10 часот во Младинскиот културен центар во Скопје и ќе биде бесплатна за сите студенти. Младите ќе добијат можност да слушнат совети од професори, уметници, архитекти и стопанственици во нашата држава, како и да добијат и дополнителни стручни совети на работилниците за брендинг и бизнис-план за стартап компании. Дел од учесниците кои ќе ...

Центарот за управување со кризи информира дека заради локалните врнежи на дожд има пријави за поплавувања и штети од град во Општина Куманово, Општина Старо Нагоричане и Општина Липково. На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за поплавен двор во кој има трафостаница на ЕВН. Локација е на улица „11 Октомври“ бр.77 зад објектот на „Живко Фурна“. „Регионалниот ЦУК Куманово веднаш извести до ЕВН за да се ...

Феминистичката теоретичарка и истражувачка Сара Ахмед на 5 јуни во Музејот на современа уметност ќе одржи предавање на тема „Смарањето (Killing Joy) како квир проект“ со што ќе започне 12. издание на Викендот на гордоста – Скопје. Темата на годинешниот фестивал е „Останувајќи со нелагодноста“, а тој ќе се одржува од 5 до 16 јуни на четири локации низ Скопје: Музејот на современа уметност, Станица 26, МКЦ и Театар Комедија. „Со оваа тема, ги ...

Хип-хоп групата „КЕМ“ од Скопје го најавува издавањето со песната „Taxi Driver Flow“ го најави издавањето на нивниот втор и долгоочекуван студиски албум „КАМЕН ПЛАМЕН ТАТКО“ на 26 мај годинава. Албумот ќе има слушачка промоција на 23 мај (четврток) во Излет кафе. Формирани во 2020 година, KEM брзо се пробија на македонската рап музичка сцена. Нивниот дебитантски албум, „Columba Noachi,“ понуди нов осврт на македонскиот хип-хоп, освојувајќи ги ...

Рекордни 523 предмети отворила Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) во 2023 година, соопшти КСЗД денеска, објавувајќи го Годишниот извештај за работата за минатата година. Во меѓувреме, лани биле пренесени и 76 предмети од претходната 2022 година, со што Комисијата вкупно работела на 599 предмети. Бројката од 523 нови предмети, велат дека претставува апсолутен годишен рекорд во досегашното работење на Комисијата, а во неа ...

Ќе се отстрануваат реквизитите за забавниот парк, меѓу кои и панорамско тркало кои неодамна почнаа да се поставуваат пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, најави денеска Министерството за внатрешни работи. Ваквата најава следува откако Град Скопје претходно соопшти дека фирмата Дизниленд Реквизити од Чаир, регистрирана пред само еден месец, без соодветни документи и дозволи и без потребна документација која гарантира безбедност, монтира ...

Во новоотвореното кино „Киноверзум“ во Кисела Вода се одржа македонската премиера на краткиот филм „Прошетка“ на режисерката и сценаристка Елеонора Венинова. По премиерата на филмот, членовите од екипата зборуваа за текот на снимањето и за предизвиците на снимање на филм во еден кадар. „Среќна сум што две години после снимањето и учествата на меѓународни фестивали конечно може да го споделиме филмот со македонската публика. Работев со прекрасна ...

Елени Стаматуку Не треба да заборавиме дека секогаш кога вештачката интелигенција е таа која произведува вести по претходна команда, новинарот, уредникот и главниот уредник секогаш ќе бидат тие кои ќе го имаат последниот збор. Сè до неодамна, успехот на еден извештај, истражување, па дури и на едноставните вести во медиумите во Грција се оценуваа исклучиво според бројот на кликови и споделувања, без притоа да се води сметка за точноста, ...

По повод Меѓународниот ден на исчезнати деца, Амбер Алерт Европа почнува со кампањата „Проверете. Размислете. Пријавете“ која ќе биде активна во 16 држави на 14 јазици. Иницијативата, која ги содржи најосновните чекори кои треба да се следат во случај на исчезнато дете, ќе биде насочена кон родителите и негувателите. Како што информираат од Министерството за Внатрешни работи (МВР), на почетокот на 2024 година потпишале Меморандум за разбирање со ...

Петнаесет млади поети на возраст од 16 до 25 години се избрани да читаат на „Отскочна даска #3“, преднастан на четвртиот „Скопскиот поетски фестивал“. „На конкурсот пристигнаа 41 пријава, а интерната жири-комисија, составена од членови на управниот одбор и на организацискиот одбор на фестивалот, го направи изборот“, посочуваат од фестивалот. Наедно, УО на фестивалот изрази задоволство од бројот на примените пријави, како и од квалитетот на ...

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ е во потрага по шестата генерација „Докуникулци“ на возраст од 14 до 18 години, кои сакаат да бидат дел од едногодишната работилница за креативен документарен филм. „Сигурно си чул/а некој од постарите како вели: „Денес е лесно, со тоа телефоните во џебот, можете сѐ да снимате и одма на Инста’. Ама не е баш така. Отвори во галерија и биди искрен/а… Колку од твоите видеа имаат приказна? ...

Каматата за новите кредити се „спушти“ по 5%. Вкупните кредити на месечно ниво поевтинуваат, но на годишно ниво каматите растат. Иако банкарите најавија олеснување на условите за кредитирање – оваа банкарска 2024 та започна со заострување на дел од кредитните услови, пишува Порталб.мк. Каматите за штедењето се во пораст, но и натаму има голем „јаз“ во однос на каматите за кредитите. Годишен раст на каматите за кредити – новоодобрените со пониска ...

Тимовите „Space Walkers“ и „Space Walkers Jr“. составени од млади од СТЕМ Академија освоија прво и второ место на Глобалната спортска роботска олимпијада на Крит, Грција. Македонските тимови се натпреваруваа и победија во категоријата „Пентатлон арена“, каде што роботите треба да решат 5 спортски мисии и да освојат што е можно повеќе поени. „Се гордееме со нашите тимови и со нивните достигнувања на овој глобален настан, каде што има учесници од ...

Во организација на Здружението за ликовни уметности „Форма“, во Куманово викендов се одржуваше шестото издание на фестивалот на улична уметност „Графити фест“. Графити и мурали се сликаа на ѕидовите на стамбениот блок на „Октомвриска револуција“, а потоа и во близина на средното училиште „Перо Наков“. Фестивалот има меѓународен карактер и на него учествуваа 18 уметници од Македонија, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, ...

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за Си-Ен-Ен изјави дека бара налози за апсење на водачот на Хамас Јахја Синвар и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху под обвинение за воени злосторства и злосторства против човештвото за нападот на Израел на 7 октомври и последователната војна во Газа, пренесува Ал Џазира Балканс. Во интервјуто, главниот обвинител на судот, Карим Кан, рече дека судот бара и налози за апсење за израелскиот ...

„Каков крај на стрип школата! Учениците не’ фасцинираа со нивните дела, јаки идеи и посветеност на професионално ниво“, велат дечките од „Макстрипови“, чија стрип школа се одржуваше од јануари до мај со поддршка на НВО центарот и МКЦ. „20 саботи поминаа во стрип едукација, но и разговори за животот, слушање добра музика, споделување на книги и стрипови, а посебно би ги нагласиле новите пријателства!“, посочуваат од „Макстропови“. View this post ...

Во вторник (21 мај) со почеток во 12 часот, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје ќе биде промовирано делото „Дни, години“ од Димитар Башевски, добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга за 2023 година според Струшките вечери на поезијата. Како што информираат од библиотеката на промоцијата во спомен-собата „Т’га за југ“ за „Дни, години“ ќе говори Иван Додовски, а стихови ќе интерпретира актерот Андреј ...

Македонското еколошко друштво (МЕД) информира дека денес, 20 мај, е Светскиот ден на пчелата. „Мрежата за искуствено учење (МИУ) ги поттикнува учениците да ги совладаат научните концепти преку активности за заштита на пчелите. Придружете се и помогнете да ја зачуваме природата“, соопштија од МЕД. Од МЕД преку свој блог пост веќе потенцираа дека, ако сакаме да преживееме и живееме во средина со богат биодиверзитет, треба да направиме сè што е во ...

Во сабота (25 мај) во Школка во Градскиот парк – Скопје истражувачи и активисти ќе побараат преземање акција за превенција од негативните климатски влијанија врз нашата држава. „Климатските промени претставуваат една од најголемите закани за нашето општество. Не само што влијаат на нашата животна средина и здравје, туку ја загрозуваат и нашата економија, земјоделството и природните ресурси. Времето за дејствување е сега, за да обезбедиме сигурна ...

„Може да поминам заедно со вас? Се плашам да одам долу сама“, ни рече една дваесетгодишна девојка додека се симнувавме по скалите на подземниот пешачки премин кај хотелот „Континентал“. Овој премин е изграден пред повеќе од 50 години и е замислен да функционира самоодржливо, односно со изнајмувањето или со продажбата на локалите во него да се покриваат трошоците за неговото одржување, а сопствениците да се грижат за хигиената и за светлото ...

Иранските државни медиуми ја потврдија смртта на претседателот на државата, Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Хусеин Амир Абдулахиан кои загинаа во хиликоптерска несреќа во неделата. Хеликоптерот се срушил во провинцијата на Источен Азербјеџан додека се движел кон градот Табриз, јавува „Гардијан“. Претседателот и шефот на дипломатијата се враќале од Азербејџан каде присуствувале на отворањето на брана на границата со Азербејџан. Во ...

Процесот на прегледување на апликациите за докторски и магистерски стипендии е при крај и резултатите ќе бидат објавени оваа недела, инофмира Министерството за образование и наука (МОН) за Мета.мк. Радио МОФ пред еден месец пишуваше за сè уште необјавените резултати од конкурсите кои беа отворени на почетокот на годинава, во јануари. Тогаш одговорот на МОН беше дека резултатите ќе бидат објавени „наскоро“, поради како што реакоа, надминатиот ...

Вечерва (понеделник, 20 мај) во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19:30 часот ќе се одржи Свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Годинашен лауреат е романот „Единствен матичен број“ од Лидија Димковска во издание на Издавачкиот центар „Три“. Одлуката за наградата, која се состои од плакета, оригинална статуетка ...

Новоформираната Национална установа Центар за култура на турската заедница во Република Северна Македонија – Скопје, вчеравечер во Даут-пашин амам го одржа прeмиерниот настан – концертот „Македонска-турска рапсодија“ со познатиот домашен музичар-канунист Џенгиз Ибрахим. Како што велат организаторите, публиката била воодушевена од репертоарот на концертот и музичките изведби кои беа еден вид синтеза на старо со ново, ритмички расплети и користење ...

Претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили вчера стави вето на законот за „странски агенти“ со кој, меѓу другото, се таргетираат медиумите, а против кој илјадници Грузијци протестираат со недели, јавува Радио Слободна Европа. Според законот, медиумите и невладините организации би требало да се регистрираат како субјекти кои „ги застапуваат интересите на странските сили“, доколку повеќе од 20 отсто од нивните финансии доаѓаат од странство. ...

Во рамките на фестивалот „Мајски оперски вечери“ на 23 мај со почеток во 20 часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе операта „Тоска“ од Џакомо Пучини, музичка драма, монументална, брилијантно оркестрирана, реалистична опера во три чина. Паоло Бресан од Италија диригира со изведбата на драматичната трагедија на Пучини, во режија на Огњан Драганов (Бугарија), сценографијата е на Зоран Николовски, а костимографијата на Марија ...

На Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ вчера традиционално беа доделени наградите за најдобри книжевни и визуелни остварувања од областа на литературата за деца. Награда за најдобра илустрација беше доделена на Наталија Лукомска за „Си беше еднаш… Најубавите бајки на сите времиња“, која е со адаптација на текст Оливера Ќорвезироска, во издание на „Арс ламина“. „Во ова дело Наталија Лукомска ни ги отвора портите на ...

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина… 1. Отворен првиот Центар за момчиња и мажи кои се соочуваат со насилство или имаат проблем со менталното здравје Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА го отвори првиот ММ-Центар за советување и поддршка на момчиња и мажи во Македонија, кој ќе нуди бесплатни психолошки и психотерапевтски ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
59%
1020
weather icon

Белград

14ᴼ / 12ᴼ
1.03
77%
1018
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
88%
1018
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
77%
1021
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
61%
1019
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
0.51
89%
1019
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
3.58
46%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
2.57
59%
1016
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
29%
1017
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 18ᴼ
1.54
55%
1019
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
0.89
53%
1018
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
64%
1018
Currency

61.535

Currency

52.2715

Currency

71.5586

Currency

34.3001

Currency

38.2823

Currency

65.9311

Currency

7.29403

Currency

0.66347

Currency

0.3626

Currency

0.52514

Currency

1.31283

Currency

0.6098

Алуминиум

2.60

Иридиум

142160.00

Кобалт

42.99

Никел

14963.50

Рутениум

22280.47

Калај

34.22

Сребро

1167.00

Злато

107269.63

Бакар

10.16

Паладиум

36748.30

Платина

44869.96

Родиум

176025.34

Цинк

2.72