Младинскиот образовен форум (МОФ) и оваа година организираше Летна академија на која учествуваа околу 80 млади средношколци и студенти од целата држава. Тие следеа предавања од областите на дебата и критичко размислување, дигитално граѓанство и права, онлајн активизам и препознавање на дезинформации и новинарство и медиуми. Во видеото подолу разговараме со учесниците на траката Онлајн активизам и препознавање на дезинформации кои ни откриваат ...

КСП Центар Јадро распиша конкурс за изработка на мурал на објектот на Центар-Јадро. „Со овој отворен конкурс, Центар – Јадро ја продолжува иницијативата за изработка на темпорални мурали кои ќе бидат изработувани на фасадата на центарот преку кои ќе се промовира уметноста во јавен простор а менувањетото на изгледот на фасадата ќе го истакне и промовира отворениот модел на инстиуцијата како простор во којшто постои плуралност на идеи и ...

И оваа година ниту една македонска високообразовна установа не се најде на Академското рангирање на светските универзитети за 2024 година, позната како „Шангајска листа“. На врвот на листата се наоѓаат универзитетите „Харвард“, „Стенфорд“, „МИТ“, „Кембриџ“ и „Беркли“. Од регионот, Белградскиот универзитет се најде на позиција помеѓу 401-500 место, односно бележи пад од минатата година кога беше рангиран помеѓу 301-400 место. Во меѓувреме, ...

Овогодишното четврто издание на Младинскиот филмски фестивал (МФФ) ќе се одржува од 30 август до 1 септември под мотото „Реално е!“, а ќе понуди низа филмски проекции, но и придружна програма со музика. На крајот на летото, а пред официјалниот почеток на фестивал, организаторите вечер (26 август) повикуваат на претфестивалска журка со краткиот филм „Налепница“ од Георги М. Унковски и музичка селекција од режисерот. Исто така, ќе настапи и ...

Песната „Твоја ли е градината, Алиса“ на македонскиот автор Андреј Медиќ Лазаревски ја доби наградата „Енхалон“, која се доделува на „Струшките вечери на поезија“ за најдобра песна од млад автор прочитана на фестивалот. Жири-комисијата во состав Митко Гогов, Иван Шопов и Игор Трпчески, во своето образложение велат дека станува збор за песна во која доминира интертекстуалната игра. „Повикувајќи се на светскиот класик ‘Алиса во земјата на ...

Општина Центар денеска објави јавен повик за ангажирање лични асистенти во проектот „Образование за сите“. Оттаму ги повикаа сите заинтересирани лица што ги исполнуваат условите да се пријават на повикот, односно, да имаат: Предност, како што соопштија од општината, ќе имаат кандидатите што имаат завршено високо образование – дипломиран наставник по предметна/одделенска настава, дипломиран психолог, дипломиран педагог, дипломиран дефектолог ...

Талибанските власти во Авганистан донесоа нов збир на закони за пороци и доблести под исламистичкиот режим, меѓу кои има и правило за забрана за слушање на женскиот глас во јавност, пишува „Си-Си-Ен“. Законите беа донесени минатата среда откако беа одобрени од врховниот лидер Хибатула Ахунџада. Тие опфаќаат аспекти од секојдневниот живот како јавен превоз, музика и прослави. Меѓу новите правила, членот 13 се однесува на жените и гласи дека ...

Меѓународна изложба „Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.“ на која ќе учествуваат десетина уметници од европската и балканската уметничка сцена, ќе биде отворена на 3 септември во Националната галерија на Македонија – Мала станица. Изложбата е во рамки на 19. Фестивал за современи уметности „АКТО“. „’Нема време за работа. Нема време ослободено од работа.’ е меѓународен изложбен проект кој вклучува уметници од Република ...

Се намалува бројот на високообразован кадар во земјата кој активно бара работа, покажува евиденцијата на Агенцијата за вработување на Северна Македонија (АВРСМ). Ако се направи споредба/анализа на невработеноста според степен на образование, за изминатите пет години, може да се забележи опаѓање на бројот на лица со високо образование кои бараат работа, а паѓа и бројот на невработени лица кои се стекнале со титула, пишува новинската агенција ...

По годишноодморската пауза вратите на Кинотеката, домот на седмата уметност, во септември повторно се отвораат. „Разновидноста, во неколку форми, е карактеристика на оваа понуда за гледачите. Различни жанрови, разновидни земји во кои се продуцирани, разновидно време во кои се создадени. Оваа инклузивност го подразбира и значителниот број на регионалните копродукции, како дел од месечнава програмска понуда“, велат од Кинотека на Македонија. ...

Бројот на ковид случаи е во пораст. Иако една од главните препораки на Комисијата за заразни болести е лицата со хронични болести и лицата над 65 години да се вакцинираат против Ковид-19, нема вакцини во поликлиниките при Здравствен дом Скопје, пишува агенцијата Мета.мк. Мета.мк се обратила до поликлиниките Букурешт во Карпош, Бит Пазар и во Чаир, каде што го добиле истиот одговор – „вакцини немаме, не можете да се вакцинирате“. Ова се ...

Во организација на здружението за субкултура „ПП Џез Фестивал“, од четврток до недела (29-31 август) на летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи 13. издание на фестивалот „Прилеп џез викенд“ (Prilep Jazz Weekend). „Прилепскиот џез фестивал и овој пат ќе понуди одлична програма со повеќе концерти, и перформанси, со што ветува доживување на ново и незаборавно искуство на сите љубители на добрата музика“, велат ...

Досега не слушнавме аргументи и анализи во намерата да се одземат ингеренциите на Градот над јавните претпријатија кои треба да се грижат за јавната хигиена и за одржувањето на зеленилото во Скопје и за јавниот транспорт, велат од граѓанската иницијатива Шанса за Центар, по најавите на скопските градоначалници за расформирање на градските претпријатија и за преземање на нивните надлежности. На пример, велат од иницијативата, градоначалниците ...

Фестивалот „Друга приказна“ годинава се одржува по деветти пат, првпат во „Кафе Станица“ (Ленинова 64а). Дел од програмите ќе се одржат во „Јадро“ и „Ла Кања“. На книжевниот фестивал што ќе се одржува од 30 август до 1 септември учествуваат десетина странски гости и дваесетина од нашата земја. Фестивалот го организира книгоиздателството „Темплум“. Во продолжение програмата: Петок, 30 август КАФЕ СТАНИЦА (Ленинова 64а) 19 ч. – „30 години ...

Алгоритам развиен од експерти од Барселона може да предвиди кои лекови ќе бидат најефективни за лекување на генетски болести и рак, покажа истражувањето објавено вчера во списанието „Nature Genetics“, а пренесува Ал Џазира Балканс. Развиениот компјутерски модел за предвидување е алатка за јавна употреба наречена „RTDetective“ и овозможува забрзување на развојот и ефикасноста на клиничките испитувања за широк спектар на нарушувања предизвикани ...

Универзитетското студентско собрание (УСС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) информираше дека Министерството за образование и наука (МОН) им прифатило две од барањата што ги испратија пред неколку денови, со цел да се подобри студентскиот стандард. „Идните бруцоши можат да аплицираат на повикот за користење на мерката субвенциониран студентски оброк до 5 септември со што ќе се стекнат со правото на користење на мерката од ...

Четвртото издание на Синестетика ќе се одржи на 31 август, сабота, на на ледината Шамак, над Козле на Водно, со почеток на пладне. Организаторите Виктор Танасковски и Ива Дамјановски ова издание решија да се вика „Настава во природа“ – ден пред први септември и последниот викенд пред враќање во школските клупи. „Се надеваме дека ќе ве инспирираме да научите нешто што можеби сте сакале да го пробате и запознаете. Ние мислиме дека нема ништо ...

ОДАС (Организација за дијалог и афирмација на средношколците и студентите) реагира на нефункционалниот и несигурен јавен превоз кој може да ги остави средношколците и студентите без начин да стигнат на училиште или факултет, пренесува агенцијата Мета.мк. „Тековниот застој и прекин во системот на јавен превоз во Град Скопје доведе до можноста учениците и студентите да останат без сигурен и достапен начин да стигнат до училиште или факултет. ...

„Во образованието никој не смее да биде изложен на дискриминација и сегрегација, секое дете имаат право на образование. Оваа Влада има и програмска определба дека во текот на мандатот ќе ја зголеми инклузијата на децата Роми во основното и во средното образование. Истото важи и за децата од сите други етнички заедници. Заедно со со општина Штип ќе најдеме решение за сите предизвици, затоа што наш приоритет се младите и нивното квалитетно ...

Со вчерашната изложба на фотографии од минатото на рокенролот и промоција на книгите на Тошо Филиповски почнаа активностите за овогодишниот „Рудар рок фест“, кој денеска продолжува од 12 часот со првата берза на винили, цедеа и касети во Пробиштип. Потоа, од 19:30 часот стартува и главната хард-рок музичка програма. Организаторот вели дека со оглед на препознатливоста на Пробиштип преку рударството, хард-рок музиката е културен и уметнички ...

„Ако ја затрупаат, јас ќе застанам пред багерот, нека ме затрупаат“. Човек во години, со својот емоционален крик ја нагласува моралната дилема како една урбана градина, зелена оаза на периферијата на Скопје, може да биде уништена од багери бидејќи се наоѓа на јавно земјиште што не е во сопственост на оние што го обработуваат и одржуваат со децении. Човекот, практично, е оној глас што сите нас ни вели: зошто воопшто да се ништи зелен предел ...

Туристичката автобуска линија на ЈСП Скопје веќе четири години не функционира. Панорамските автобуси за линијата сега веќе се пуштени во употреба за да се пополни недостатокот на автобуси во јавниот превоз, каде фалат околу 40-50 автобуси за летниот возен ред, односно 100 автобуси за зимскиот од септември. Во меѓувреме, од туристичкиот сектор сметаат дека ваквата линија е од нужна потреба, а од ЈСП најавуваат дека активно работат за нејзино ...

Промоција на антологијата „Од поети за поети“, во избор на македонскиот поет Милован Стефановски, ќе се одржи вечерва, 23 август во рамки на „Струшките вечери на поезијата“ со почеток во 20 часот на летната сцена на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“. „Во изборот на посветени песни од современите македонски поети, под заеднички наслов ‘Од поети за поети’, се застапени претставници на сите генерации, вкупно 53 поети од кои десет се ...

Стотици луѓе вчеравечер се собраа под широко отвореното небо над Куршумли ан за заедно да го затворат овогодишниот јубилеен петнаесетти фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“. Откако се доделија наградите, фестивалџиите ги „докопаа“ своите емоции низ времето со краткометражниот филм „Помеѓу нежноста и насилството“ и македонската премиера на филмот „Патување пеш“ од режисерката Тамара Котевска. Вечерта ја заокружи уникатен концерт ...

Државата, општините да воспостават механизми за следење – превенција, евиденција, санкција во случај на дислоцирање на кучиња од една во друга општина, бара организацијата „Анима Мунди“. Од таму апелираме на итно постапување во случаи на напуштање, или пострашно масовен истовар на кучиња од една општина во друга. „Доволно е да се читаат коментари кои ги оставаат граѓаните, за да се сфати дека принципот ‘грижо моја, прејди на друг’ беспрекорно ...

Обединетите нации (ОН) процениле дека во 2050 година шесте земји од Западен Балкан ќе имаат околу три милиони жители помалку од денес, дека Србија ќе има најголема загуба во апсолутни бројки, а процентуално, Босна и Херцеговина и Албанија предничат, кои до средината на векот ќе загубат повеќе од 20 отсто од своето население, пренесува агенцијата Мета.мк. Наместо минатогодишните 16.977.000, Западен Балкан во 2050 година ќе има 13.975.000 ...

Во склоп на овогодишниот „Рудар Рок Фест“, вечерва во 19 часот во Домот на културата во Пробиштип ќе има изложба на фотографии од минатото на рокенролот во Македонија и промоција на книгите на Тошо Филиповски. „Ќе имате можност преку фотографија да го почувствувате минатото на рок музиката кај нас. Ќе бидат изложени повеќе од триесет ретки фотографии од рок настани од шеесетите години па наваму“, посочуваат од фестивалот. Во вториот дел, во ...

Министерот за транспорт Александар Николоски во изминатиов период даде многу изјави дека јавниот интерес му бил во прв план, особено кога се работи за општина Карпош и Центар, каде според него не смее да има нови станбени згради, велат од „О2 Иницијатива“. Оттаму, посочуваат тие, на дело ќе видат колку навистина го мисли тоа што го кажува. „Министре, еве Ви шанса да покажате дека навистина го имате јавниот интерес во прв план. Бараме итно ...

Универзитетското студентско собрание (УСС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје во изминатите денови испратило сеопфатни барања за подобрување на студентскиот стандард до Министерството за образование и наука (МОН). УСС бара од МОН измена на Правилникот за начинот и постапката за финансирање, создавање и усовршување на научно – истражувачките кадри. „Целта е да се овозможи и студентите што се на интегрирани студии од 3+2 ...

Смртните случаи од жештина во Европа би можеле да се зголемат тројно до крајот на векот, а бројките непропорционално се зголемуваат во јужноевропските земји како Италија, Грција и Шпанија, покажа студијата објавена во „Lancet Public Health“, а пренесува Гардијан. Студот убива повеќе луѓе отколку топлината во Европа, а некои тврдат дека климатските промени ќе имаат корист за општеството со намалување на тие смртни случаи. Но, студијата покажа ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
87%
1007
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
3.58
71%
1002
weather icon

Загреб

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
93%
1000
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
71%
1007
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.75
84%
1006
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
1.03
97%
1000
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
3.13
67%
1006
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
82%
1007
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
100%
1006
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
75%
1006
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
2.57
72%
1001
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 11ᴼ
1.03
81%
1008
Currency

61.635

Currency

52.9053

Currency

70.7501

Currency

38.0585

Currency

38.3837

Currency

67.3039

Currency

7.74807

Currency

0.70936

Currency

0.33312

Currency

0.52509

Currency

1.15814

Currency

0.54978

Злато

151413.64

Кобалт

45.39

Калај

55.99

Цинк

0.00

Паладиум

47550.95

Рутениум

51376.89

Алуминиум

3.64

Родиум

320703.70

Бакар

13.22

Иридиум

253540.09

Сребро

2812.48

Платина

68577.54