
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



На 21 и 22 јуни во Гевгелија ќе се одржи Арт Ум фестивалот со мултимедијална програма со изложби, уметнички инсталации, работилници и музички перформанси на етаблирани изведувачи од електронската музичка сцена. „После години музичко дејствување на локалната сцена, се подготвуваме да ви понудиме нешто посебно.Специјален настан каде ќе може да се забавувате, инспирирате и да се поврзете со уметноста и музиката. Придружете ни се за да бидете дел од ...
На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од активизам, култура, граѓанско општество, политика, образование… 1.Ќе се отстрануваат реквизитите за забавниот парк кај СЦ „Борис Трајковски“, најави МВР Ќе се отстрануваат реквизитите за забавниот парк, меѓу кои и панорамско тркало кои неодамна почнаа да се поставуваат пред спортскиот центар „Борис Трајковски“, најави денеска Министерството за внатрешни работи. Ваквата најава ...
Во Националнта галерија Чифте амам во Скопје отворена е ретроспективната изложба на делата на Драган Верговски – Алпи. Како што информираат организаторите, Драган Верговски-Алпи е истакнат советник конзерватор чие уметничко патување е длабоко обликувано од неговите ментори и од различните стилови на модерната уметност. Под менторство на професорот Борко Лазески, тој навлегува во теоретските основи на уметноста истражувајќи ги концептите на ...
Екологијата игра важна улога во секој аспект од нашиот живот. Таа не е важна само за нашата сегашност туку и за идните генерации. Аерозагадувањето ја загрозува нашата животна околина и влијае врз здравјето на луѓето и животните. Секојдневното вдишување на отровните ПМ честички предизвикува респираторни инфекции кај луѓето од сите возрасти. Во овој контекст, особено значење имаат акциите за чистење и одржување на животната средина што ги ...
Морган Спарлок, американскиот режисер на документарни филмови кој се прослави со филмот за брза храна „Јас во суперголемина“ (Super Size Me), почина од рак на 53 години, пишува „БиБиСи“. Во својата кариера Морган режираше повеќе од 20 филмови, вклучувајќи ги „Каде е Осама бин Ладен?“ од 2008 и „Тоа сме ние“ за турнејата на британскиот поп-бенд „Уан дајрекшн“ во 2013. Во 2005 година, Спарлок беше номиниран за Оскар за најдобар долгометражен ...
Во Чифте амам во тек е изложбата на фотографии „Али Фети Окјар – истомисленик и соработник на Ататурк“, проект на Националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп“. Како што информираат оттаму, изложбата беше и во рамките на Програма за остварување на национален интерес во областа на културата за 2023 година финансирана од Министерството за култура. Раководител на проектот е Рубинчо Белчески, историчар кустос ...
На 1 јуни (сабота), во дворот на Државниот студентски дом „Гоце Делчев“ со почеток од 18.00 часот ќе се одржи интерактивен мултимедијален настан – „Во(н) јавниот простор“, во организација на Еквалис. „Со овој настан ќе поттикнеме размислување за потенцијалите кои ги носат напуштените и заборавени објекти. Еден таков објект се наоѓа токму во непосредна близина на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје, а уште многу од нив се распространети низ ...
Реки пренасочени во цевковод, изградени брани во коритата, сечи на шумите околу нив и ерозија, е сликата со која се соочува подрачјето на Демир Капија, кое веќе шест децении е заштитено на хартија како споменик на природата, но не и во пракса, пишува „Мета.мк“ За овој вреден предел во следната една година ќе се изработува нова Студија за валоризација на природните вредности, која ќе треба да биде основа за нова и вистинска заштита. Се очекува ...
Во недела (26 мај) , на Школка во Градскиот парк во Скопје со почеток во 11.00 часот ќе се одржи настан под мотото „Се за нас – за нас“ , посветен на дијабетесот. Според организаторите – Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДМ) и Здружението на лица со дијабетес „Алергија“, овој едукативен и промотивен настан има за цел да изгради дијабетес култура и да ја крене свесноста за дијабетесот во нашата земја. „Идејата е да се ...
Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ објавува конкурс за доделување стипендии „Ацо Шопов“ на млади истражувачи од втор и трет циклус студии. Како што информираат оттаму, стипендиите се наменети за млади истражувачи кои во полето на хуманистиката во својот пристап ги инкорпорираат вредностите со кои се одликува творештвото на Ацо Шопов, односно: хуманизам, космополитизам, мултикултурализам и интеркултурна комуникација, еднаквост, толеранција и сл., ...
Повеќе од 1.000 студенти протестираа на дипломската церемонија на Универзитетот Харвард во Соединетите Американски Држави (САД) поради одлуката на администрацијата на универзитетот да не доделува дипломи на студентите кои учествуваа во протестите за поддршка на Палестина, пренесува Н1. Тие ја напуштија церемонијата извикувајќи „Слободна Палестина“. Шрути Кумар која е една од организаторите на протестот, за агенцијата Асошиејтед прес изјави дека ...
Книгата „Додека спиеш“ од македонската поетеса Биљана Стојановска ќе биде промовирана в понеделник (27 мај), во кафе-книжарницата „Буква“ со почеток во 20 часот. Ова е трета поетска збирка на авторката, a прва во издание на „Чудна шума“. Промотор ќе биде писателката Билјана Црвенковска, стихови ќе интерпретираат Ана Голејшка Џикова, Долорес Атанасова-Лори, Снежана Стојчевска и Елена Митреска. Поетскиот перформанс ќе биде придружен од музичката ...
Со 84 гласа за, 19 против и 68 воздржани, Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) вчера ја усвои нацрт-резолуцијата за Сребреница, со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница, пренесува Н1. Помеѓу земјите кои гласаа за, беше и Македонија, која исто така беше коспонзор на Резолуцијата. Резолуцијата беше предложена од Германија и Руанда, а спонзорирана од уште 30 земји, меѓу кои се и земјите од ...
Македонскиот филм на Жика Митровиќ, „Мис Стон“ снимен во 1958 година, ќе биде реставриран од Кинотека во рамки на проектот „Сезона на филмски класици“ кој е во организација на Европската асоцијација на кинотеки – „ACE – Association des Cinémathèques Européennes“ . Како што информираат оттаму, Кинотека со апликацијата за реставрација на филмот „Мис Стон“ е дел од 24 европски институции чиј главен фокус е зачувување на филмското наследство. Ова ...
Весна Попоска Историјата на Грузија е обележана со политички промени, конфликти и деликатен баланс помеѓу западното усогласување и руските интереси. Неодамнешните протести ги одразуваат подлабоките тензии и загриженоста за демократските вредности и суверенитетот. Грузијците протестираат од 17 април, против контроверзниот закон за „странскo влијание” (foreign influence act/foreign agents bill). Парламентот на земјата го помина првото и второто ...
Бобан Кочески е млад човек од Охрид, кој е активен младинец и е дел од Собранието на млади при Општина Охрид. Тој постојано учествува во разни иницијативи кои ги засегаат младите, и е дел од локалната младинска организација при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, а членува и во Советот на Ученичката заедница при неговото училиште како претставник на учениците од IV година. Тој е дел и од проекти на разни невладини организации, Еразмус+ проекти, и често ...
Бројот на Американци кои пушат канабис на дневно или речиси дневно ниво сега го надминува бројот на консументите на алкохол, покажува нова студија, пишува „Би-Би-Си“. Податоците, објавени во списанието „Зависност“ е базирано на податоци собрани од националното истражување за користење дроги и здравје во текот на четири децении. Истражувањето во 2022 забележа околу 17.7 милиони луѓе кои консумираат канабис на дневно ниво, што за првпат е повисоко ...
Локални власти, претставници на воспитно – образовниот кадар, претставници од невладини организации, млади и деца од општина Гостивар учествуваа на Локалната конференција „Гостивар – Општина посветена на децата“ во која учествуваше и Општина Дебар. „Клучната сесија на конференцијата вклучуваше теми кои се актуелни кај децата и младите како што е врсничкото насилство, правата на децата со посебни потреби, решавање на проблемот со кучиња скитници, ...
Музичката академија при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип (УГД) го најавува второто издание на Меѓународниот фестивал за современа музика кој ќе се одржува од 27 мај до 3 јуни. Годинава, велат од Универзитетот, во рамките на програмата ќе настапат познати светски имиња од различни држави, а воедно ќе се одржат и мастеркласови за студентите од Музичката академија. На 27 мај настапува чешкиот кларинетист Карел Дохнал со пијанистката Наташа ...
Од 25 до 31 мај во НУ Центар за култура во Битола ќе се одржи 25. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама под мотото „Таму каде што сенките се среќаваат со рефлекторите, слободата ја пронаоѓа својата сцена“. Во прилог е програмата на фестивалот сабота (25 мај) 20.00 – Свечено отворање на Фестивалот Голема Сала на НУ Центар за култура Битола Продукција Артивити Скопје ГЛУМЦИТЕ ПЕАТ Режисер: Дејан Пројковски Диригент: Љупчо Мирковски ...
Македонската соларна асоцијација третпат го организира Саемот за соларна опрема, кој годинава ќе се одржи од 31 мај до 2 јуни во Скопје Сити Мол. На саемот ќе учествуваат над дваесетина реномирани компании од Регионот и Eвропа. Посетителите ќе имаат можност да ги погледнат најновите трендови и технологии од секторот за соларна енергија, распоредени на 29 локации на приземјето и првиот кат на трговскиот центар. Во текот на трите саемски денови, ...
Студенти, постипломци и алумни на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ја формираа студентската иницијатива УКИМци за Палестина со која, како што велат, се приклучуваат на светското студентско движење за поддршка на Палестина и палестинскиот народ. Движењето е активно на социјалните мрежи каде вчера беа упатени барања до Универзитетот да заземе јасна позиција во однос на, како што пишува, геноцидот кој Израел го врши во Газа, по ...
Овој пат во рубриката #НизТвојотОбјектив имаме фотографии од Ангела Цветковска студентка на Архитектонски факултет во Скопје. Таа за Радио МОФ вели дека секој клик на блндата е обид да „замрзне“ дел од времето, зачувувајќи ја суштината на радоста, тагата и сè помеѓу. „Длабоко ги ценам различните форми на уметност, покажувајќи страст да творам и создавам. Мојата љубов кон фотографијата ја поттикна камерата на тетин ми, верен придружник на ...
На 28 мај со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе гостува Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана со камерната опера „Свадба“ од Ана Соколовиќ. Како што информираат од Националната опера и балет (НОБ), „Свадба“ е камерна опера на српски јазик за шест женски гласови, А капела и повремена придружба на ударни инструменти во изведба на самите пејачи. „Музиката и либретото се напишани од Ана Соколовиќ, српска ...
Исплата на платата за април, средба со идната Влада и итно отпочнување на реформи за реорганизација и оптимизација на работата, побраа вработените во АД Пошта на денешните протести во сите подружници во Македонија. Претседателот на Синдикалните организации на Македонска пошта, Боро Велигденов на денешната прес-конференција, рече дека АД Пошта веќе подолг период се соочува со огромна финансиска криза. „Не знаеме кога ќе земеме плата поради тоа ...
Меѓународниот ден за менструална хигиена ќе биде одбележан на 27 мај (понеделник) во Младинскиот културен центар (МКЦ) каде ќе има вечерна програма наменета за сите, а преку која ќе се информира за значењето на менструалната правда, како конечно да се искорени менструалната сиромаштија. Во фокусот на годинешниот настан ќе биде поставувањето на диспанзери за бесплатно пристапување до влошки за менструална хигиена. „Иницијативата која беше ...
Стефан, Евгенија, Дејвид и Мартин го полнат календарот со активностите што ги планираат за оваа пролет. Веќе имаа десетина настани предвидени за април и мај, а почнуваат да ги исполнуваат и празните полиња од летните месеци. Секоја недела, по училишните обврски, тие се собираат за дружба и заеднички проекти во локална граѓанска организација од Свети Николе, во недостаток на друг јавен простор наменет за младите во градот. Седумнаесетгодишниот ...
Норвешка, Ирска и Шпанија официјално ќе ја признаат Палестина како држава на 28 мај, пишува „ЦБС њус“. Според премиерот на Норвешка, Јонас Гар Стоере, решението со две држави е најдобра опција за Израел, а целта по признавањето на Палестина е да се постигне палестинска држава која е политички кохезивна. „Норвешка ќе ја признае независната палестинска држава со надеж дека тоа ќе помогне да се постигне мир со Израел“, изјави денеска на прес – ...
Во четврток, со почеток во 16 часот во Универзитетската библиотека „Св Климент Охридски“ во Битола, во склоп на проектот Цртај на македонски, ќе биде отворена Читалната на Горан Стефановски. „Неформално и опуштено, како што живееше Горан … ве очекуваме во четврток на 23 мај во 16.00 на добри муабети, на музика од винили со B-boy од плејлистите на Горан и со битолско пиво БАК“, велат организаторите на настанот. Специјални гости на отварањето ќе ...
„Македонија2025“ информира дека вчера се одржа третиот регионален Саем за наука, настан кој има за цел да ги поттикне учениците да се заинтересираат за науката и да ги презентираат своите научни проекти пред пошироката јавност. Саемот се одржа во поливалентниот простор на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ од Кисела Вода во Скопје. „Саемите за наука се имплементирани во рамки на Џонсон Мети Програмата за влијание на заедницата ‘Науката и Јас’, на ...