
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Еден од најпознатите настани кој многу гејмери го чекаа со нетпрение, „БлиКон 2024“ е откажан, објави компанијата „Близард“ во четвртокот, пренесува gg.mk. Како што велат од компанијата за видео игри, одлуката за неодржување на големата гејминг-конвенција ја донеле по „внимателно разгледување во текот на минатата година“. „Оваа одлука не беше донесена лесно, бидејќи БлизКон останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас ...
Признанието „Златен објктив“ кое го доделува Кинотеката на Северна Македонија оваа година оди кај Столе Стојан Попов, режисер, сценарист, продуцент и автор. Свеченото доделување на „Златниот објектив“ на нашиот голем доајен на филмската уметност – Столе Попов – ќе се одржи кон крајот на мај оваа година, во просториите на Кинотеката на Македонија. Исто така, по повод Денот на Кинотеката – на 29. април, сите кинотечни печатени и електронски ...
Со темата „Вкусот на дворот“, во скопскиот „Макка бар“ утре од 12 часот ќе се одржи ХНУ перформанс, односно истражувачко студио за храна, наука и уменост. Како што велат организаторите, НХУ преку готвењето храна ја истражува поврзаноста помеѓу кулинарството, науката и уметноста. „Поточно односот идеја-процес-готово дело. ХНУ го поставува прашањето за врската помеѓу рецептот и крајниот вкус. Дали секој рецепт може да биде претворен во добар ...
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) на 1 Мај заедно со работниците излегува на протести на кои годинава ќе побара враќање на трошоците за храна и трошоците за превоз во висина од 20 проценти од просечната плата, зголемување на платите, а особено зголемување на минималната плата на најмалку 450 евра, уште во првите 100 дена на новата влада, најави претседателот на ССМ Слободан Трендафилов. „Ние работниците излегуваме на протест на 1 Мај. ...
Учениците од основните и средните училишта, од понеделник (29 април) до 6 мај за прв пат ќе бидат на пролетен распуст. Оваа година покрај воведувањето на пролетен распуст промена има и во календарот за настава за основците, така што учебната година за нив ќе заврши на 17 јуни. Како што претходно информираше Министерството за образование и наука (МОН), училиштата нема да работат на 8 мај (среда) поради одржување на вториот круг од ...
Граѓанските иницијативи, независните иницијативи кои учествуваа на локалните избори и еко-здруженија денеска до политичките партиите доставија прашања, на кои очекуваат конкретни одговори до 2 мај. „Со досегашното делување стекнавме искуство, но и големо знаење за состојбите и потребите за промени. Неброено пати ги повикувавме институциите за да бидеме заедно на страната на промените, за да се подобрува, унапредува и да се обезбеди квалитетен ...
Во вторник (30 април) со почеток во 12 часот, во кафе барот Порта Џез во Битола ќе биде поставена изложбата на уметничка фотографија „Импровизации“ на Глигор Кондовски. Како што информираат од Младинскиот културен центар – Битола (МКЦ – Битола), изложбата е посветена на мултимедијалниот македонски уметник, продуцент и автор Мирко Попов, а фотографиите се направени од фестивалите: ПМГ Рекордингс и Крај Вардарот Џез. „Во својот најнов фотографски ...
Вечерва (26 април) со почеток во 20 часот, во Националната галерија Мала Станица ќе биде отворена изложбата „Рефлексии“ која е дел од овогодинешниот Танц Фест. Како што информираат организаторите на изложбата ќе бидат изложени фотографиите од 20 годишната историја на фестивалот, фотографии од селектираните дела на Благоја Мицевски и фотографиите на реномираната уметница Карла Шу од Холандија. Изложбата ќе биде отворена до 2 Мај. Повеќе детали за ...
Завршена е фасадата и кровот на новиот објект на НУ Турски театар. Во тек е јавната набавка за внатрешните инсталации, односно механика, електрика, машинство и водовод и канализација. Ова денес го изјави директорката на театарот, Ајлин Емин Скоро која заедно со министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска беше на увид во градежните работи на објектот кој се наоѓа близу Железничката станица во Скопје. Турскиот театар постои 74 години, ...
Државното средно училиште „Математичко – информатичка гимназија“ (МИГ) Скопје распишува конкурс за упис на ученици во прва година за учебната 2024/25 година. Конкурсот е отворен до 31.5.2024. Заинтерсираните учениците можат да се пријават преку праќање писмо на интерес (со податоци за ученикот и родителот/старателот: име и презиме, училиште и општина каде ќе заврши основно образование, телефонски број од ученикот, телефонски број и електронска ...
Петнаесеттина ученици од скопското средно училиште „Здравко Цветковски“ (ГУЦ) денеска ги посетија просториите на Радио МОФ и се запознаа со работата на нашиот медиум. Средношколците ги прошетавме низ редакцијата, се запознаа како се „пече“ новинарскиот производ, која е улогата на новинарите во штитењето на јавниот интерес, а зборувавме за етичките и професионални стандарди. Исто така, зошто е важно да се гради доверба меѓу медиумите и младите. ...
Обединетите нации (ОН) во својот нов извештај за сексуално насилство во конфликти, објавија дека во 2023 година регистрирале вкупно 3 688 случаи, односно 50 отсто повеќе во однос на претходната година. Според извештајот, повеќето случаи односно околу 95 отсто вклучувале жени и девојки, а во 32 отсто од инцидентите жртви биле деца. Прамила Патен, специјална претставничка на генералниот секретар на ОН за сексуално насилство во конфликтни зони, ...
Со изложбата на писателката Дубравка Угрешиќ, „Црвеното училиште“ која ќе се отвори во петок (26 април) во 19:30 часот во КСП Центар „Јадро“, ќе започне деветтото издание на фестивалот за критичка култура „Крик“, во организација на Контрапункт. „Крик 09“ годинава се одржува во тематската рамка „Желбени машини – уметноста како (р)еволуција“. Изложбата е составена од објекти, цртежи и книги и на нејзиното отворање ќе говорат Маја Бојаџиевска и ...
Од 25 до 27 април во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид и Europe House Струга ќе се одржи групната меѓународна изложба „Периферии“. Како што информираат организаторите, оваа изложба настанала за време на триесетдневната резиденција на осуммина меѓународни уметници кои престојувале во Охрид како дел од проектот „ПРОСПЕР: ПРОтотип за одржливи резиденции на ПЕРиферии“. Идејата на резиденцијата била да се инспирираат уметниците да ...
Со концерт на дуото „Син пустиње“, Младинскиот културен центар во Битола по 10. пат ќе го одбележи Меѓународниот ден на џезот, 30 април. Концертот ќе започне во 22 часот во кафе бар Порта Џез во Битола. „’Син пустиње’ е поетско-музичка авантура на двајца уметници од Сараево (БиХ), поетот и прозаист Ахмед Буриќ, на кој му се придружува пејачот, инструменталист и истражувач на Севдах Дамир Имамовиќ. Во проектот се познатиот гитарист Тони ...
Недовршениот портрет од австрискиот сликар Густав Климт познат како „Портретот на госпоѓица Лизер“, вчера е продаден за 30 милиони евра на наддавање во Виена. Портретот, кој бил нарачан од семејството на еврејскиот индустријалец Адолф Лизер во 1917 година никогаш не бил завршен бидејќи само една година подоцна Климт починал. Долго време се мислеше дека ова дело е изгубено, но всушност со години било изложено во приватна вила во близина на Виена, ...
Изминатиов период има голема раздвиженост во музичкото училиште „Боро Џони“ во Струмица. Освен ученици и наставници, во салата за концерти можеа да се забележат и голем број родители, браќа, сестри, баби и дедовци. Причината е годишниот концерт на учениците од ова музичко училиште. Авторка: Соња Појразовка Видео и Монтажа: Соња Појразовка и Филип Костовски *Оваа објава е дел од #МладинскиГлас – мини рубрика на Радио МОФ каде се објавуваат ...
Бројот на девојчиња од 15 до 19 години кои живеат во брачна заедница е пет пати поголем отколку бројот на момчиња на оваа возраст, односно во брак живеат 1.355 адолесцентки наспроти 260 адолесценти. Истовремено, 1,9 отсто од вкупното женско население во оваа возрасна група има родено едно или повеќе деца, што е незначително намалување споредено со бројките од 2018 година. Овие податоци се дел од публикацијата „Профил на детската популација во ...
„Социјалистичка зора“ и Социјален центар „Дуња“ повикуваат на масовен првомајски протест во Скопје. Во среда, 1 мај, тие се собираат пред споменикот на УРС-овите синдикати, (спроти „Југодрво“) во 11 часот и се приклучуваат на протестот на Сојузот на синдикатите на Македонија, за да го одбележат интернационалниот ден на трудот. „Да покажеме борбеност, единство и одлучност во борбата против непријателите на работниците – капиталистичката држава и ...
По повод Денот на планетата Земја, културниот центар „Лабораториум“ и организацијата „За почиста Македонија“ организираа еко-акција за чистење на Скопскиот аквадукт. „Прекрасна понеделничка акција кај аквадуктот. Дождот од претходниот ден се повлече и дозволи да се соберат преубави ентузијастични луѓе кои за 2 саата го претворија аквадуктот од депонија во рај и наполнија не еден, туку два камиона до горе со сѐ и сешто од ситно ѓубре, како ...
Кандидатите Гордана Силјановска Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски од СДСМ ќе се соочат во вториот круг од претседателските избори. Ова доаѓа откако тие освоија најголем број гласови, од пребројани 3.349 од 3.508 избирачки места според податоците на Државната изборна комисија, односно Силјановска Давкова која освои 348.452 гласови, двојно повеќе од Пендаровски кој освои 173.034 гласови. По изборите, Силјановска Давкова им се ...
Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство izbori@jorm.mk не пристигна ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите, информираат од Јавното обвинителство. „Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, изборниот ден во првиот круг од изборите за Претседател на Република Северна Македонија помина мирно и без поголеми нарушувања на изборниот ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) информира ќе достави претставка за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од новинската агенција Мета.мк до Државната изборна комисија (ДИК). „Претставката се однесува за непрофесионален однос на претставник од избирачкиот одбор на избирачко место бр.2762 во општина Кисела Вода во Скопје каде колешката Јордановска била спречена во извршување на својата професионална новинарска ...
Излезноста на претседателските избори до 15 часот, според податоците на порталот на Државната изборна комисија (ДИК) е 35.26%, што претставува зголемување од 6.37% во споредба со изборите во 2019 година. Досега гласале 534.988 луѓе. Општина Новаци има најголема излезност од 57.69%, а во апсолутни бројки најмногу гласале во Аеродром – 29.852. Инаку, претходно во текот на денот, излезноста до 13 часот била 24.82%, а до 11 часот излезноста била ...
Во четврток (25 април) на техничкиот кампус на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ), со почеток во 20:00 часот ќе се одржи кино на отворено каде ќе се прикажат два филмови од домашна продукција. Како што информираат организаторите, настанот има за цел да го преслика духот на летното кино. На филмското платното ќе бидат прикажани филмовите: „Тага“ во режија на Тина Величковиќ и „Лена и Владимир“ во режија на Игор Алексов. „Дебитантските ...
Со селекција од својата програма, ЕХО фестивалот на планински филм продолжува да се дружи со вљубениците во планините и планинските спортови во неколку градови низ Македонија. Па така, наредно патување и дружба на 25 април е во Штип во Домот на млади, каде ќе има програма од 19 часот. „Продолжуваме со Штип, каде што гостуваме повторно, со избор на филмови од последното 14то издание на ЕХО, а ќе ја претставиме и новата книга која ја објавивме: ...
Универзитетот Колумбија ги продолжи часовите на далечина на главниот кампус во Њујорк до крајот на семестарот, поради тензичните протести за војната во Газа кои се се случуваат на колеџите низ САД. Хибридната настава доаѓа откако некои студенти пријавиле антисемитистичко вознемирување додека се на кампус. Околу 133 студенти беа уапсени во понеделникот за време на протестите на Универзитетот на Њујорк. Десетици апсења исто така имаше на Јеил, ...
Излезноста до 11 часот на претседателските избори е 12.78%, односно 229.417 гласачи, покажуваат податоците на порталот на Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е пресметана врз основа на 97.43% од обработените избирачки места. Најголема излезност според податоците има во Крива Паланка каде досега гласале 24.5% од избирачите, односно 4.016 луѓе. Во апсолутни бројки, најмногу луѓе гласале во Битола 12.450. Инаку, изборниот процес тече во ...
Во четврток (25 април), со почеток од 19 часот во галерија „Метаноја” ќе биде отворена изложбата на уметникот Панче Ѓорѓиев насловена „Дрвото на животот”. Како што информираат организаторите оваа изложба е прва во склоп на уметничката резиденција која „Галерија Метаноја“ ја остварува во соработка со „Балканскиот институт за вера и култура“. Инаку, Панче Ѓорѓиев завршил педагошка академија во класата на Проф. Ристо Калчевски и Данчо Ордев. ...
Зеленото инженерство и циркуларната економија беа во фокусот на овогодишниот Хакатон што вчера се одржа на Технолошко-металуршкиот факултет (ТМФ) во рамки на Конференцијата за зелено инженерство, одржливи материјали и технологии за циркуларна економија. Од вкупно 10 учесници кои ги презентираа своите идеи, победник на Хакатонот е Филип Алчевски со темата „Иновативни употреби на летечката пепел за одржлив развој“, второто место го освои тимот на ...