
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Советот на Европската Унија даде зелено светло за првиот Закон на Европската Унија за борба против насилството врз жените и семејното насилство, за кој земјите-членки имаат рок од три години да го применат во националното законодавство, јавува Ал Џазира Балканс. Новиот закон бара од сите земји-членки на ЕУ да го криминализираат „женското генитално осакатување, принудните бракови и сајбер насилството, како што се споделување интимни фотографии ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска соопшти дека за време на предизборниот молк, вчера, биле регистрирани неколку настани, за кои, како што велат, се преземени соодветни мерки. Во координација со Основното јавно обвинителство Куманово, од МВР велат дека преземени се активности во врска со настан дека лице од Крива Паланка на повеќе граѓани од Крива Паланка делело бонови за точење на гориво на бензинска пумпа. „Извршен е претрес на ...
Руското државно обвинителство објави дека ја означило невладината организација за човекови права „Фридом Хаус“ за непожелна во земјата, пренесува Н1. Во соопштението на обвинителството се наведува дека од почетокот на руската „специјална воена операција“ во Украина, организацијата „активно учествувала во промовирањето на политиката на непријателските држави во врска со руско-украинскиот конфликт“. Образложението е дека „Фридом Хаус“ „повикува на ...
Утрово во 7 часот започнаа единаесеттите по ред парламентарни избори во Македонија, како и вториот круг од претседателските избори. Граѓаните со само една посета денеска ќе можат да гласаат на 3.480 избирачки места. На парламентарните избори, тие ќе можат да избираат помеѓу 17-те изборни листи, меѓу кои коалицијата „За европска иднина“ предводена од СДСМ, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата „Храбро за Македонија“ ...
Македонскиот филм „Лена и Владимир“ во режија на Игор Алексов ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на меѓународниот филмски фестивал „Julien Dubuque“ (JDIFF), соопшти „ДМФ Филмс“. На фестивалот, кој се одржа од 24 до 28 април во Дубјук, Ајова, беа прикажани преку 150 филмови од целиот свет, вклучително и 31 долгометражен филм во конкуренција, а филмот „Лена и Владимир“ на фестивалот го промовираа актерот Тони Наумовски и режисерот ...
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ во САД. „Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата ...
Повеќе од 250 волонтери вклучени во 11 акции учествуваа на националната волонтерска акција Ден на добри дела во Македонија кој се организираше по прв пат во земјава. Во организација на Младинскиот културен центар (МКЦ) Битола, иницијативата која има за цел да ги обедини луѓето од целиот свет да прават добри дела за другите, се спроведе во 7 градови низ Македонија Денот на добрите дела во Македонија промовираше солидарност, волонтирање и помагање ...
Општинските јавни претпријатија, државните фирми и ЈП, здравството, за три месеци ги зголемиле доспеаните а неплатени обврски. На крајот на март внатрешниот долг се приближи до половина милијарда евра, пишува Порталб.мк. И натаму највисоките должнички суми се по основ на градежни работи, комуналии, материјали и ситен инвентар. Долгот на државните ЈП и фирми е зголемен за повеќе од двојно Вкупниот внатрешен долг на крајот на првиот квартал од ...
Од 8 часот утрово во дел од Скопје започна посебен сообраќаен режим кој ќе трае до 18 часот поради одбележување на Денот на полицијата, претходно соопшти Министерството за внатрешни работи. Па така, за сообраќај ќе биде затворен бул. „АСНОМ“ на потегот од крстосница со бул. „Србија“ до крстосница со бул. „Февруарски поход“. „Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот. Секторот за ...
Престижната Пулицерова награда за известување од јавен интерес вчера им беше доделена на истражувачкиот медиум „ПроПублика“ за нивното „иновативно“ известување за тоа како милијардери им се додворувале на судии на Врховниот суд на САД давајќи им поклони и обезбедувајќи им патувања, пренесува Данас. Наградата за известување од јавен интерес им беше доделена на Џошуа Каплан, Џастин Елиот, Брет Марфи, Алекс Миерјески и Кирстен Берг како репортери ...
Во скопската кафе-книжарница „Буква“ на 10 мај од 21 часот ќе се одржи изложба на Марија Јаќовска, но и свирка на бендот „Кокиче“. „Марија Јаќовска е дипломирана графичарка и воедно мултидисциплинарен уметник. По завршувањето на студиите има спремено изложба на колажи и слики во комбинирана техника, кои ќе можете да ги видите во петок. Кокиче е бенд во кој се Филип Методиев на гитара, Дарио Циевски на тапани и електроника, Теодор Јуруковски на ...
Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 18-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Спречување службено лице во вршење службено дејствие. Како што соопштуваат од Обвинителството, момчето на 2 мај, во куќа на улицата „Димката А. Габерот” во Кавадарци, додека двајца инспектори од МВР сакале да фатат побегнат затвореник од КПУ Гевгелија, кој бил роднина на сега осомничениот, заедно со ...
Еден од водечките модерни фински дет-метал бендови „Wolfheart“, на 10 мај ќе засвири и на македонско тло. Бендот ќе има концерт во МКЦ, а организаторите од „Terravoid“ велат дека се работи за состав кој со своите мистични приказни за кралствата од Северот ги замрзна срцата на металците ширум светот. „Со гости на своите албуми како Jesse Leach од Killswitch Engage и Karl Sanders од Nile, Wolfheart се етаблираат на светската метал сцена како ...
Албанскиот театар од Скопје на покана од македонскиот Културно – информативен центар, во саботата вечерта во Тирана ја изведе претставата „Диво месо“ од Горан Стефановски во режија на Мартин Кочовски. Текстот „Диво месо“ од Горан Стефановски, беше напишан и изведен далечната 1979 година. За својата драма „Диво месо“, Горан Стефановски ќе каже: „Кога ја пишував пиесата ‘Диво месо’ мислев дека таа се однесува на минатото. Сега гледам дека се ...
Израелските одбранбени сили (ИДФ) најавија дека започнале со евакуирање на 100.000 жители на Рафах, најјужниот град во Газа, каде повеќе од половина од населението на Газа е сместено, пренесува Гардијан. Евакуацијата укажува дека контроверзната копнена офанзива во Рафах набргу ќе започне. Во последните месеци, Израел цврсто стои зад ставот дека офанво Рафах е потребна за да се постигнат стратешките цели на ИДФ во однос на елиминирање на Хамас. ...
Младите луѓе секогаш наоѓаат простор на долго и широко во програмите на партиите за сите избори. Така и оваа кампања, како некои партии ветуваат Министерство за млади, други надградување на мерката „Купи куќа за млади“, трети воведување бесплатно високо образование, четврти изградба на детска болница, а петти долгорочни кредити за новоформирани младински компании што ќе ги субвнционира државата. СДСМ и коалицијата „Програма за европска иднина“ ...
Младите Енис Асипи и Христијан Божиновски, млади со оштетен слух ја спроведоа работилницата „Преобликување на перцепциите: идентитет и младинско учество“ која се одржа во просториите на Младински образовен форум (МОФ) во Скопје. „За време на работилницата за млади, учесниците беа водени низ интерактивни активности за запознавање и дискутираа за важноста и потребата од активно младинско учество во општеството. Учесниците имаа прилика и да ...
Независното радио „Канал 103“, кое на 1 мај одбележа 33 години постоење, за својот роденден објави компилација „Најубави“ со точно 33 теми од домашни музичари, за да се одбележи идејата за солидарност, музика и другарство на ова култно радио. Со своето раѓање во 1991 година, „Стотројка“ е постара од државата, со безвременски статус на „искра светлина од мрачните лавиринти на МРТ“. „Стотројка“ стана и феномен без преседан на овие простори, ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во изјави дека неговата влада едногласно гласала за затворање на локалните канцеларии на телевизијата Ал Џезира, пренесува агенцијата АП. Според кабинетот на Нетанјаху, одлуката стапува на сила веднаш. Тоа може да вклучи затворање на канцелариите на каналот во Израел, конфискација на опремата за емитување, спречување на емитувањето на каналот и блокирање на неговите веб-страници, меѓу другите мерки, се вели ...
На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина… [Видео] Што очекуваат младите од новата Влада? Промени во образованието, можност за напредок и вработување, подобрување на студентскиот стандард, повеќе зелени површини и поголема финансиска помош се дел од одговорите кои ги добивме на нашата анкета во која ги прашавме младите што очекуваат од новата Влада. ...
Иако новинарите не работат во непријателско опкружување, раширените дезинформации и недостатокот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството кон медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади. Понатаму, владините функционери имаат тенденција на лоши и понижувачки ставови кон новинарите, стои за Македонија во Индексот за слободата на медиумите 2024. Македонија е рангирана на 36-то место на Индексот ...
Контрапункт во рамките на деветтото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, платформа која ја покрена во 2016 година, на 7 мај од 19:30 часот во Центар-Јадро организира промоција на македонското издание на книгата „Партиципациска уметност: парадигматски пресврт од објекти кон субјекти“. Се работи за книга од Сузана Милевска, за која велат е една од нашите најзначајни теоретичарки на визуелната уметност култура и кураторка. Промоцијата ќе ...
Во сабота на 18 мај во Културниот центар Лабораториум, ќе се одржи најпознатиот балкански дрег спектакл „Драгославија“. Како што информираат организаторите, на шоуто ќе настапат Драгословен(к)ите Ерик Дагер, Бодлиерка, Рубела Феминин, Кварцна Ружа, Менталика и Vesna MDMAzel, гостите од Ex-Yu, како и македонските артисти, Дарија Бафи, Тиа Дол, Лазарус, Естела Дарк, Иги Мона Асентра, Линда Социјалиста, Фенди Мама, Карли, Електра Блосом, и ...
По повод 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје, на 1 јуни во Ист Гејт Мол ќе биде отворена дигиталната изложба „LIVELYYY” на Гијомит, во продукција на Еlektroni[K] . Како што информираат организаторите, посетителите ќе имаат можност од огромен мурал на рамна површина (6м х 10м) да добијат „жив“ 3Д универзум низ зголемена реалност преку апликација на нивните мобилни телефони. Повеќе детали за настанот може да најдете ...
Какво е влијанието на јутуберите и тик-токерите на социјалните мрежи врз младите? Кои се позитивните и негативните страни од секојдневното користење на социјалните мрежи? Зошто младите почесто ги избираат како извори за информирање? На дел од овие прашања се фокусиравме во новиот YouThink подкаст, каде зборувавме со младиот тик – токер и инфлуенсер Александар Динев, кој од свое искуство ни посочи како на правилен начин да се користат ...
На 10 мај со почеток од 20 часот ќе се одржи третото издание на „Клиници“ во организација на Europe House Skopje. „Инспирирани, испровоцирани, поттикнати од таквите мудри изреки, почнуваме со еден нов концепт на книжевни читања наречен ‘Клинци’. Секое издание ве запознаваме со четворица автори и авторки кои се дел од младинската книжевна сцена, ве запознаваме со нивната поезија и проза, а секое издание ќе биде дополнето и со изложба“, велат ...
Владата на Берлин ја подарува вилата некогаш во сопственост на министерот за пропаганда на Адолф Хитлер, Јозеф Гебелс, пишува „Гардијан“. Ваквата одлука на Владата следува по децениската дебата дали вилата треба да се пренамени или уништи. „На секој што би сакал да ја преземе вилата, му нудам да ја преземе како подарок од државата“, рече министерот за финансии, Стефан Еверс. Иако Владата постојано се обидувала да им го продаде местото на ...
На 11 мај со почеток во 12 часот на сцената на Македонската филхармонија премиерно ќе се изведе „Симфонија од дивината“ („Wild Symphony“), чиј автор е светски познатиот писател Ден Браун. „Станува збор за проект базиран врз новата, илустрирана детска книга на Ден Браун, најпродаваниот автор според ‘Њујорк Тајмс’, кој се прослави со романите ‘Кодот на Да Винчи’ и ‘Ангели и Демони’. Интересно е што овој светски познат писател ја создаде и музиката ...
На 11 мај во 12 часот на сцената на Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се игра претставата за деца „Далматинко” во продукција на Театар ХИТ Скопје. „Далматинко е урнебесна хит комедија за деца. Целото дејствие се случува во куќата на кучето Далматинко кое е најбогатото куче во населбата. Далматинко се променува целосно кога е избран да биде дизајнер на модната ревија за кучиња, но почнуваат многу незгоди кој му ги приредуваат ...
Утре (4 мај) со почеток во 11 часот на Градскиот плоштад во Крива Паланка, ќе се одржи ретро шоу на стари автомобили олдтајмери од Македонија и соседството. Како што информираат организаторите, љубителите на старите автомобили ќе можат да уживаат во ретро авто-собир и ревија на околу 30-тина автомобили, стари и по 40 години. „Старата класа возила од минатиот век ќе тргне од собирното место и ќе пристигне во 10,30 часот на паркингот кај ресторан ...