Преку одбележување на Светскиот ден на животната средина официјално беше отворена новата Европска куќа во Тетово. Со ова, како што велат оттаму, градот доби нов центар што ќе се сосредоточи на поттикнување на развојот на младите, зачувување на културата и културното наследство, зачувување на животната средина, како и вмрежување на сите активни чинители во заедницата. „Официјалното отворање се случи во среда, а настаните почнаа со официјалното ...

Четиринаесетото издание на „Филозофскиот филмски фестивал“ (ФФФ) започнува вечерва со проекција на шпанско-аргентинската копродукција „Затвори ги очите“ Cerrar los ojos / Close Your Eyes, 2023]. Со почеток во 20:30 часот во летното кино „Мирно лето“ во Кинотеката на Македонија, посетителите ќе можат да ја проследат македонската премиера на енигматичниот и вдахновен поетски филм на 83-годишниот шпански режисер Виктор Ерисе [Victor Erice]. „Во ...

Формирање неколку нови министерства, спојување, како и укинување, промени и трансформации на некои агенции, секретаријати и државни инспекторати се дел од предлог измените на Законот за организација и работа на органите на државната управа. Овие измени веќе денеска по скратена постапка ќе се најдат пред новите пратеници. За нивно усвојување е потребно двотретинско мнозинство. Неопходноста од измените и дополнувањето на Законот, како што се ...

Автомобили, возила на Брза помош, нервозни пациенти, насобрани роднини… Ако појдете на влезот во хируршкиот блок при комплексот клиники „Мајка Тереза“, ваква е сликата што ќе ја затекнете. И внатре е преполно – во холот, во ходниците пред амбулантите, како и пред некои од операционите сали. Ќе видите и пациенти легнати во болнички кревети, во ходници, додека чекаат прием и преглед од доктор, пишува новинската агенција Мета. Поминаа повеќе од две ...

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразуваат загриженост за говорот на омраза кон новинарите, особено новинарките, на социјалните мрежи во земјава. „Овој вознемирувачки тренд претставува сериозна закана за слободата на медиумите и ги поткопува демократските вредности и принципи што ги поддржуваат Македонија и нејзините меѓународни партнери. Дополнително, ваквите ...

„Од препознаени по својот волонтерски придонес во контролата и надминувањето на прекубројноста на бездомните кучиња, вдомување и со сопствени пари стерилизирање на бездомни кучиња со цел да се намали нивната бројка на улица, активистите од Здружението ‘Animal lovers’ од Струмица стигнаа до момент да врз нив се демонстрира моќ, сила и власт од страна на институциите, јавните претпријатија и градоначалникот на општина“, истакнуваат од Здружението ...

Третиот по ред базар за облека, книги, играчки и други прозводи од „втора рака“, но и рачно изработен накит и аксесоари, ќе се одржи во сабота (8 јуни) од 11 до 15 часот во „Јавна соба“, на кој ќе има 35 штандови, односно најмногу досега. „Ќе доживеете едно сосема поинакво пазарање во ‘Јавна соба’ оваа сабота, во забавна, опуштена и пријателска атмосфера. Има голема можност да се најде нешто уникатно што го нема во регуларните молови“, велат ...

Ѓорѓи Хаџи Василев Социо-економската криза и светската геополитичка нестабилност ги разбудија егзистенцијалните и безбедносните прашања и дилеми кај електоратот – прашања на кои радикалната левица, либералите и умерената десница не можат да одговорат, додека радикалната десница наметнувајќи се како „спасител на Европа“ вешто го користи моментумот за придобивање и мобилизирање на европскиот граѓанин. Јунските парламентарни избори во Европската ...

Во Скопје денеска почнува книжевниот и творечки фестивал за деца и млади „YES фестивал! Млади европски приказни, млади креативци“ во организација на издавачката куќа „Чудна шума“. „Посетителите на фестивалот ги очекуваат многубројни и разновидни креативни работилници со домашни уметници и писатели, како и со гости писатели и илустратори од Словенија и Хрватска, промоции на книги за деца и млади на неколку издавачки куќи, изложба на илустрации од ...

Неформалното здружение за култура и образование „Дума ин сума“ објави повик за учество во работилница за креативно пишување на млади на возраст од 14 до 19 години, насловена како „Поетиката на периодиката“ која ќе се одржи на 17, 18, 19 и 24 јуни во Културниот центар „Јадро“, од 12 до 17 часот. Како што појаснуваат организаторите, на работилницата ќе се истражуваат нефикционални книжевни форми и минати, подзакриени реалности. Сите заинтересирани ...

Повеќе од 200 студенти од Бреинстер и Бреинстер Некст колеџ имаа можност да се претстават пред педесеттина водечки компании од земјава и регионот, на ИТ-саемот за вработување, „Brainster Job Fair“, што вчера се одржа во културно-едукативниот центар „Лабораториум“, а во организација на Бреинстер. На саемот учествуваа компании од различни сектори од индустријата како софтверски компании, маркетинг агенции, регрутерски компании, телекомуникациски и ...

Второто издание на Фестивалот „Стрип трип“ ќе се одржи на 8-9 јуни (сабота и недела) во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје со почеток од 12 часот. Фестивалот, велат организаторите, ќе понуди богата програма за сите фанови и љубители на оваа уметност преку промоции на повеќе дела од домашни автори, како и промоција на графичкиот роман „Чамбара“ од италијанските автори Андреа Акарди и Роберто Рекиони кои ќе бидат специјални гости на ...

Жените прават помалку грешки и имаат подобра ментална агилност за време на нивниот менструален циклус, иако тоа можеби е периодот кога се чувствуваат најлошо, покажува нова студија, пишува „Гадријан“. Истражувањето, спроведено од Институтот за спорт, вежби и здравје открива дека времето на реакција на жените, точноста и вниманието на деталите се изострени додека менструираат, што ги предизвикува актуелните хипотези за тоа како жените спортуваат ...

„Shelter Mvmnt“ овој петок, 7 јуни, прават нова журка во клубот „Фортрес“ (Fortress) во Старата скопска чаршија. На музичката агенда е Khonsu, свеж, мистериозeн и мрачен проект, движен по нарација. Се работи за нов музички израз на Антонио Симоновски, претходно познат во психоделичната заедница по проектите Cosmic Dimension и Mentalian. Толе и Мартин ака Његовски доаѓаат од вибрантните улици на Белград директно во Скопје, со, како што велат ...

Студентите сместени во „третата“ зграда – единствената од трите згради во студентскиот дом „Стив Наумов“ која во моментов е во функција, добиле задолжение да се иселат од домот најдоцна до 24 јуни, и покрај тоа што, согласно договорите што ги имаат потпишано со ДСД „Скопје“, имаат право да престојуваат таму до 30 јуни, пишува Мета.мк. Причината за предвременото иселување на студентите е подготовката за градежните зафати за реконструкција на ...

Околу 8.000 лица во земјава се водат како глуви или наглуви. Нивниот пристап до институциите како пошта, училиште, суд, полиција или банка е отежнат, а најмногу потешкотии имаат при одењето на лекар. Лекарскиот преглед е речиси невозможен без придружба. Автор: Енис Асили Менторка: Катерина Топалова Овој материјал е изработен во рамките на регионалната иницијатива „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“ финансирана од Фондот за градење мир на ...

Дарко Костадиновски денеска е избран за нов претседател на Уставниот суд, соопштија оттаму. Костадиновски е доктор на правни науки. Пред да стане уставен судија, од 2001 до 2018 година работел во Кабинетот на претседателот на Македонија. Исто така, работел и како асистент на советникот за надворешна политика, раководител на одделението за ЕУ и НАТО и државен советник за надворешна политика. Мандатот на претседателот на Уставен суд е три години, ...

Платформата X, поранешно Твитер, која е во сопственост на Илон Маск, во текот на викендот ги ажурира политиките за формално да дозволи содржини за возрасни и насилство, пренесува Ал Џазира. Според ажурираните упатства, платформата ќе им овозможи на корисниците да споделуваат сексуализирана содржина се додека таа е консензуална и јасно означена. „Сексуалното изразување, без разлика дали е визуелно или писмено, може да биде легитимна форма на ...

Вкупно 29 пратеници од минатиот пратенички состав ќе добиваат апанажа, односно плата од државата во висина на пратеничката, откако денеска Комисијата за прашања на изборите и именувањата им ги прифати барањата. Десет членови на Комисијата гласаа „за“, а против гласаше само пратеникот на Левица Борислав Крмов. Според информациите на Собранието, од списокот на пратеници кои поднесоа барање за апанажа, може да се забележи дека најголемиот број од ...

Бавна дигитализација, недоволна промоција и слаба искористеност на е-услугите, утврди Државниот завод за ревизија (ДЗР) по ревизијата на тема ефикасност на Националниот портал за е-услуги. Тие посочуваат дека 140 закони, заедно со Законот за општа управна постапка сè уште не се усогласени со пакетот закони за дигитализација. Дополнително, тие нотираат дека се на порталот се поднесени 0.556 поднесени барања по регистриран корисник и издадени ...

Со „Приказната за генијалната Матилда“, изведена на македонски јазик од членовите на Студиото за детски и младински мјзикли „Бродвеј јуниор“ од Скопје, вечерва (4 јуни) со почеток во 19 часот, стартува фестивалот посветен на мјузикли за деца и млади. „Фановите на Матилда нема да сакаат да ја пропуштат оваа шанса да пеат заедно со „Чудо“ (Miracle), „Кога ќе пораснам“ (When I Grow Up), Деца на револтот“ (Revolting Children) и други познати песни ...

Уметницата Гордана Јаневска ќе ја отвори својата самостојна изложба на слики насловена „Допир“ на 5 јуни (четврток) од 20 часот во Уметничкиот центар „Арт хаб“ во Градскиот трговски центар (ГТЦ). Ќе бидат презентирани околу 30 слики изработени во техниката акрил на платно. „Ова е прва самостојна изложба на Јаневска во Македонија, но во нејзината биографија се забележани нејзините претставувања во Истанбул, Бодрум, Белград, Лондон, Форли“, велат ...

Јавното претпријатие „Лајка“ објави повик за волонтери за разубавување на шелтерот и боксовите за кучиња. „Доколку сте љубители на кучиња и сакате да сте општествено одговорни и хумани придружете ни се заедно со нашите добро познати уметници Драш и Мачка!“, се вели во соопштението. Настанот на кој ќе се бојат боксовите на кучињата, оградите, и ќе се уредуваат зелените површини ќе се одржи на 15 јуни од 10 до 14 часот во ЈП „Лајка“. „Ние ќе ги ...

И натаму од општинските буџети најмногу пари се трошат за плати и социјални придонеси. На приходната страна, државните трансфери се „најбогатиот“ извор на финансии а во некои општини високо котира наплатата по основ на „даноци на специфични услуги“, Во второто продолжение „Порталб.мк“ ги анализира локалните буџети на Струга, Тетово, Чаир, Сарај и на Град Скопје. Приходи и расходи во предизборие Општина Струга во првите три изборни месеци од ...

Филозофскиот филмски фестивал (ФФФ) годинава по 14. пат ќе се одржи од 7-13 јуни во Кинотеката на Македонија и во негови рамки ќе бидат прикажани повеќе од 35 филмови во повеќе категории, ќе има излагања и вовед во некои од филмовите, како и предавање на еден од гостите. Организатори на фестивалот се Филозофското друштво на Македонија во соработка со Филозофскиот факултет во Скопје и Кинотеката на Македонија. Мотото на овогодинешното издание на ...

Во овој поткаст, Ангела Ивановска од новинарскиот клуб на МОФ разговара со пејачката Јасна за нејзината кариера и за начинот на настанување на нејзината инспиративна музика која е мешавина на џез, блуз и многу други стилови на музика. Ангела Иваноска *Оваа објава е дел од #МладинскиГлас – мини рубрика на Радио МОФ каде се објавуваат содржини од членовите на младинските новинарски клубови на Радио МОФ. Аудио подскастот е изработен од Ангела ...

Со едноминутен молк за сите загинати во Газа, читање поезија од повеќе поети, со извици „Слободна Палестина“, но и со упатени пораки до Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), денеска на платото на најголемиот универзитет во Македонија се одржа протест на студенската иницијатива УКИМци за Палестина. Од иницијативата на студенти, постдипломци и работници на УКИМ, рекоа дека го организираат овој протестен собир, пред се’, за да ја искажат ...

Денес (понеделник, 3 јуни) на платото пред Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје ќе се одржи протестен собир за солидарност со Палестина. „Сакаме уште еднаш да потенцираме дека Универзитетот како една од најзначајните академски и високообразовни институции, е должен да го прекине срамниот молк и да заземе став за едно од најголемите злосторства во поновата историја. Должни сме и ние“, велат од студентската иницијатива УКИМци за Палестина ...

Нема слично искуство како тоа да се изгубите во добра книга, но еден читател од Финска се чини дека во тоа се внесол до крајност. Вработените во библиотека во Хелсинки биле повеќе од изненадени кога копија од романот „Бегалците“ на Артур Конан Дојл била вратена во библиотеката по повеќе од осум децении откако била позајмена. Романот, кој е преведен од англиски на фински јазик, е вратен во Централната бибилотека во Хелсинки – „Оди“ во ...

Нема слично искуство како тоа да се изгубите во добра книга, но еден читател од Финска се чини дека во тоа се внесол до крајност. Вработените во библиотека во Хелсинки биле повеќе од изненадени кога копија од романот „Бегалците“ на Артур Конан Дојл била вратена во библиотеката по повеќе од осум децении откако била позајмена. Романот, кој е преведен од англиски на фински јазик, е вратен во Централната бибилотека во Хелсинки – „Оди“ во ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
2.06
25%
1014
weather icon

Белград

28ᴼ / 27ᴼ
1.03
25%
1014
weather icon

Загреб

31ᴼ / 29ᴼ
1.54
30%
1014
weather icon

Софија

26ᴼ / 25ᴼ
3.09
28%
1015
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
1.58
14%
1015
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 26ᴼ
0.51
56%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
5.66
38%
1014
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
3.6
37%
1015
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
4.63
27%
1014
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
2.57
24%
1015
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
5.66
26%
1014
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 25ᴼ
9.77
34%
1016
Currency

61.535

Currency

52.957

Currency

71.2664

Currency

34.3349

Currency

38.2185

Currency

65.9076

Currency

7.40502

Currency

0.65614

Currency

0.35998

Currency

0.52641

Currency

1.29138

Currency

0.60459