
Скопје
34ᴼ /
34ᴼ



Младински Образовен Форум (МОФ) и Радио МОФ на 17 јуни (понеделник) од 17 часот во дворот на МОФ го организираат второто овогодишно издание на „ENGAGE Youth“ – младински настан за социјален активизам. Целта е младите да се спојат, здружат, ама и да си споделат знаења и искуства на теми поврзани со нивниот граѓански ангажман, за разни иницијативи од образованието, социјалата, културата или екологијата, а притоа да се говори и за поврзаноста со ...
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП) денеска соопшти дека средношколците кои ги исполнуваат условите за користење на бесплатен јавен превоз и оваа година имаат право бесплатно да се возат за време на летниот распуст. „Правото на бесплатен превоз за време на претстојниот распуст е согласно со Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2024 година, која, меѓудругото, вели ‘со почетокот на 2024 година ...
Пишува: Андреј Медиќ Лазаревски Обично не сакам јавно изнесување на некои лични ставови кои произлегуваат од фрустрирање од некои работи, а особено не кога тие работи се коментари на социјални мрежи, а особено не кога тие коментари се резултат на нечија малограѓанштина, неукост, непознавање на нештата или, ете, од така, да се искоментира колку да се искоментира, да се изруга нешто само оти постои. И ете, не издржав! Решив да ја напишам оваа ...
Министерството за образование и наука (МОН) ги објави резултатите од конкурсот за доделување стипендии на трет циклус студии за академската 2023/24 година. „Сите кандидати ќе добијат решение, а одбиените кандидати ќе имаат можност за поднесување жалба од денот на добивање на решението од страна на Министерството за образование и наука во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена. Кандидатите кои се прифатени ...
Поради високите температури, Министерството за образование и наука (МОН) препорача основните училишта да работат со скратени наставни часови. Оттука, тие препорачуваат основните училишта наставата да продолжат да ја реализираат со скратени наставни часови, но да се внимава да се запази суштината на наставната материја која се изучува и училниците и другите простории кои се користат во училиштето постојано да се проветруваат. Дополнително, тие ...
Универзитетот Харвард одлучи да го одложи доделувањето на дипломите на 13 студенти на една година, поради нивно учество во протестот за Палестина. Ова предизвика гнев и масовно напуштање на церемонијата на дипломирање која се случи на 23 мај, известува Ал Џазира. Поминати се повеќе од две недели од церемонијата за дипломците за 2024 година на колеџот Харвард, но Асмер Асрар Сафи од Пакистан, студент по социјални студии и етничка припадност, ...
Денешната програма на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“ во Прилеп на посетителите ќе им понуди три претстави. Во 17 часот на театарската сцена ќе настапат актерите од Театарот за деца и младинци од Скопје со младинската „Франкенштајн“, по мотиви од истоимениот роман „Франкенштајн“ од Мери Шели. Режијата е на Кокан Младеновиќ. Улогите ги толкуваат: Ангела Димитрова, Бојан Кирковски, Maтеа Јанковска, Наташа Петровиќ, ...
Овогодинешното издание на „Филозофскиот филмски фестивал“ (ФФФ) се доближува кон неговиот крај. На само два дена до затворањето, во Кинотеката на Македонија ќе се одржи проекцијата на новата, за првпат инаугурирана, Селекција на видеоесеи. На првата дневна проекција од 18 часот во Кинотечната сала, денес публиката ќе може да ги погледне четирите видеоесеја кои влегоа во Селекцијата. „Периферија“ (Peripheria, 2023) е краток филм на 25-годишниот ...
Во 2023 година, според состојбата на 30 септември, во установите за згрижување и воспитание на деца, односно во детските градинки и центрите за ран детски развој се регистрирани 37.804 деца, што претставува зголемување од 5.2% во однос на 2022 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Овој број, во 2022 година бил 34.356 деца. Со годишните извештаи во 2023 година се опфатени 117 установи за згрижување и воспитание на ...
Македонската филхармонија и оваа година ќе го реализира традиционалниот концерт „Филхармонија на отворено“, овојпат со музика од филмовите на режисерот Стенли Кјубрик. Концертот ќе се одржи во среда, на 19 јуни во Градскиот парк со почеток во 21 часот. „Концертот носи наслов ‘Одисеја 2024’, кој е инспирација од неговиот револуционерен филм ‘2001: Вселенска одисеја’, но и кој ја најавува новата концертна сезона на Македонската филхармонија во ...
Во Старата скопска чаршија во „Ла Кања“ во петок (14 јуни) ќе се одржи настанот „Кога мачката ја нема, глувците оро играат“ на „Партизанска штампа“ и другарите, каде ќе биде промовиран фанзинот „На пример“. Притоа ќе и има штампање во живо, свирка на „Ниандра“, но и инсталација на Вера и Лора, уметници резиденти во „Партизанска штампа“. „У петок дојдете си по вруќ фанзин, музика, понесете текстил за штампа, мезнете, пивнете сигурно ќе има и ...
На 58. издание на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“ кој оваа година се одржува од 7 до 14 јуни во Прилеп ќе се изиграат единаесет претстави во продукција на националните театри и шест претстави во придружната програма. Една од претставите која синоќа се играше пред прилепската публика беше претставата „Ало! Ало!“ на Театар „Комедија“ во режија на Синиша Евтимов. Додека фестивалот се приближува кон крајот, Радио МОФ ...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денеска свечено ги доделија наградите за „Креативност и новинарска етика“ Првата наградата е доделена на новинарот Михаил Милошевски од 360 степени со сторија со наслов „Бугарскиот клуб на Косово што го отвори Јотова – под клуч“. Се работи за југозападниот дел на најмладата европска држава, Косово и се наоѓа областа Гора. А таму, покрај ...
„Денес во нашата кампања и со помош на Едина Муса, и даваме видливост на Хани, на нејзината борбеност за живот и неверојатна убавина“, истакнуваат од Јавното претпријатие за хуман третман и благосостојба на животни Лајка. Тие велат дека Хани е во нивното прифатилиште неколку месеци и пристигнала по одредено лекување заради повреда на автопат по удар од автомобил, а заради нејзиниот прекрасен карактер и поради тоа што автопат не е локација каде ...
Хелсиншкиот комитет констатираше дека во 2023 година не е направен значаен напредок во законскиот и во институционалниот систем за заштита и унапредувањето на човековите права, објавувајќи го денес годишниот извештај. Една од најголемите закани за заштитата на човековите права и борбата против дискриминацијата, како што велат од Хелсиншкиот комитет е недовербата на граѓаните во институциите. Тие велат дека државата не се одважила да го реши ...
Во пресрет на општите избори во Јужна Африка на 27 мај, претседателот Сирил Рамафоса го потпиша Законот за канабис за приватни цели, со што Јужна Африка стана првата африканска нација што ја легализираше употребата на марихуана, известува Ал Џазира. Нацрт-законот го отстранува канабисот од листата на забранети наркотици во земјата, што значи дека возрасните сега можат слободно да го консумираат и одгледуваат растението, освен во присуство на ...
Фјола Цака Граѓаните на Косово се соочуваат со сериозни проблеми поради загадениот воздух. Истовремено, голем е бројот на градови и населени места кои ги трпат влијанијата на климатските промени, како што се топлотни бранови, поплави и шумски пожари. Институциите имаат преземено одредени активности, но треба да се направи многу повеќе. Косово произведува 88% од својата енергија благодарение на електраните Косово А и Косово Б, кои се меѓу ...
Петтиот ден од 58. издание на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, на публиката ќе ѝ понуди неколку претстави, промоции и работилници на различни теми. Имено, програмата започна рано утринава со работилница за млади новинари на која учесниците имаа можност да научат како да известуваат од театарски фестивал. Паралелно со тоа, се одржа и работилница за костимографија со Александар Ношпал. Веднаш потоа следеше ...
Иако едно од образложенијата за организирање на двојни избори беше дека на тој начин ќе се заштедат парите на граѓаните, новото истражување на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) покажа дека Државната изборна комисија (ДИК) за заедничките претседателски и парламентарни избори годинава потрошила 767 илјади евра повеќе отколку вкупно потрошените пари за претседателските и парламентарните избори во 2019 и 2020 година. Дури 41 отсто од ...
Втората по ред групна изложба на дела на професори и студенти од уметничките факултети и школи во Македонија наречена „Професори и студенти“ ќе се отвори во петок (14 јуни) во Галерија во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје со почеток во 19 часот, а ќе трае до 23 јуни. На изложбата се претставени дела на професори и студенти од Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултетот за дизајн и ...
Во четири фестивалски денови, помеѓу 20 и 23 јуни 2024 година, во паркот „Македонија“ во Кисела Вода, Здружението „Икуалити“ ќе го организира третото издание на Фестивалот на инклузија. „Поделен во 4 тематски зони – Паркот Македонија ќе биде дом на сите оние кои се отворени за дружење, кои несебично сакаат да споделуваат и создаваат незаборавни моменти и заедно ќе придонесат за креирање отворено општество, во кое секој од нас има своја улога и ...
Асоцијацијата на Македонската индустрија за видео игри – МГИ Скопје, организира настан на тема дизајн на игри на 13 јуни (четврток) во Заедницата за технолошки ентузијасти „Base42“ со почеток во 18 часот. „Дизајнирање на игри не е програмирање, арт, моделирање или ригување. Дизајнерот на игри не треба да владее Blender, ZBrush, 3ds Max, Maya, Unity, Unreal Engine, SketchUp или Houdini. Дизајн на игри е креирање и моделирање на механики, системи ...
Независната издавачка куќа „Шарла“ (Sharla) стигна до изданието број 100. Се работи за дебитантскиот албум на „Карла Левински“, бенд зад кој стојат двајца искусни играчи, гитарски херои од западната страна на скопската музичка географија: Сеад Хаџиќ – Сецко и Огнен Мангаровски – Оки. „По повеќе од 30 години активно присуство на сцена, и со дваесетина албуми под нивните појаси, премалку е да се каже дека ни е драго што се денес дел од приказната ...
Дел од потпорниот ѕид на улицата „Белградска“, која поминува над Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ утринава се урна, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов рече дека уште пред повеќе од една година до ЦУК стигнале пријави од граѓани дека ѕидот зад Детската клиника е во лоша состојба и постои опасност да падне. Од ЦУК велат дека веднаш по пријавите ги известиле сите надлежни институции, ...
Законодавството на Европската Унија ќе стане покомплицирано откако парламентарните избори понудија измешан сооднос на идеологии на целиот континент, пренесува Гардијан. Во тек е пребројувањето на гласовите од изборите за Европскиот Парламент кои се одржаа од 6 до 9 јуни во 27 држави-членки на Европската Унија и на нив треба да бидат избрани 720 пратеници, односно 15 пратеници повеќе од претходно поради приспособување на демографските промени во ...
Уметничка инсталација од отпад направена од млади, денеска напладне беше поставена на кејот во Охрид. Со скулптурата, млади од Охрид од клубот Артивизам при Младинскиот образовен форум (МОФ) испратија пораката против загадување на Охридското Езеро. Дополнително, со акцијата тие целат да ја подигнат свеста кај заедницата, особено кај младите за заштита на Охридското Езеро и животната средина. Младата Сара Петкоска посочи дека скулптурата е ...
Долгогодишниот член на Градскиот дувачки оркестар, Мицко Дамњановски за Радио МОФ вели дека со целата ситуација со хонорарците со МКЦ никој не го споменува овој Оркестар, за кој имало активни договори за 2023 година, но сепак музичарите останале без пет исплатени хонорари. Според него, тие добиле само празни ветувања како од администрацијата за култура на Град Скопје, така и од раководните структури на МКЦ. „Никој не’ нема нема контактирано од ...
Младинскиот културен центар во Скопје (МКЦ) викендов го посетија уметници, стрип цртачи и фанови на деветтата уметност кои ги поврза „Стрип трип“ фестивалот што оваа година се случи по вторпат. Како што и претходно најавија организаторите, програмата годинава ја исполнија промоција на повеќе дела од домашни автори и графичкиот роман „Чамбара“ преведен на македонски јазик, а напишан од италијанските автори Андреа Акарди и Роберто Рекиони кои ...
Четвртиот ден од 58 – то издание на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“ во Прилеп е во полн ек. На сцената во Центарот за култура „Марко Цепенков“ со почеток од 19.30 часот, публиката ќе има можност да ја погледне претставата „На дното“ во изведба на Народниот театар од Битола. Улогите ги толкуваат: Соња Ошавкова, Валентина Грамосли, Елена Моше, Илина Чоревска, Викторија Степановска – Јанкуловска, Маја Андоновска – ...
„Како се чувствувате во своето тело? Како општествените норми и стереотипите влијаат на вашата самодовербата и сликата за себе? Како телото е поврзано со идентитетот?“ прашуваат организаторките на работилницата насловена „Позади филтерот: Стереотипите и сликата за телото“ која ќе се одржи во четврток (13 јуни) во скопската европска куќа (Europe House Skopje). „Преку методи основани на неформалното образование, работилницата ќе отвори теми ...