
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Меѓународниот универзитет во Струга не може да основа Факултет за здравствени науки. Донесената одлука од претходното владино раководство е поништена, а информацијата беше потврдена денеска на првата седница на новата Влада, соопштуваат од Министерството за образование и наука (МОН). Иако Проектот за основање на Факултетот не ги исполнувал законските услови, велат тие, претходната Влада донела одлука со која дала одобрение истиот да се ...
Eдна третина од средношколците од прва и втора година наседнуваат на спам пораки, речиси половина не препознаваат мамки и говор на омраза во медиумските наслови, а под гледање телевизија подразбираат гледање Нетфликс, ХБО или други стриминг платформи. Истовремено, само 41% на школо добиваат доволно информации за тоа како да ги користат медиумите, а кога „висат“ на интернет, тогаш најмногу гледаат Тик-ток видеа и кратки видеа, односно рилови на ...
Новиот министер за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска зборуваше за укинување на т.н. балансер. Односно, дека тој процес ќе се одвива во фази. „Во првата фаза ќе се вратиме на законските основи на Пописот од 2021 година, а потоа со закон и промена на методологијата ќе одиме кон целосно укинување на алатката балансер при што целосно ќе се почитува темелната вредност на Уставот – соодветна и правична застапеност на етничките ...
Околу 1,5 терабајт податоци се украдени при хакерскиот напад што го доживеа „Kadokawa Group“, матичната компанија и сопствениците на „FromSoftware“, кои во светот на гејмерите веќе изградија култен статус откако направија видео игри како „Dark Souls“, „Bloodborne“, „Sekiro“ и „Elden Ring“ . Како што пренесува gg.mk, хакерскиот напад компанијата го почувствувала скоро во секоја гранка: издаваштво, дистрибуција, веб-услуги, трговија. Но, во ...
Новата министерката за образование и наука Весна Јаневска смета дека постои политички консензус дека од бројни направени реформи, ниедна не го дала очекуваниот ефект и затоа, вели таа, образованието ни е во многу лоша состојба. „Па дури и последните ПИСА резултати покажуваат дека што и да правиме, не се поместуваме од долниот дел на табелата со држави“, вели таа, потенцирајќи дека сега нешто посериозно мора да се направи во координација со сите ...
Фондацијата „Атанас Близнакоф“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје, Фондацијата „Атанас Близнакоф“ во Соединетите Американски Држави (САД) и Фондацијата „МК2025“ објавија отворен повик за доделување 40 стипендии за талентирани студенти кои ќе се запишат во прва година на прв циклус студии на кој било факултет при УКИМ во учебната 2024/2025 година. „Стипендиите се доделуваат на студенти кои постигнале исклучителни резултати ...
Новиот министер за транспорт и врски Александар Николоски смета дека од следната сезона е возможно во Скопје да се воведе градски воз, односно да се искористи постојната железничка инфраструктура за градски превоз со возовите што беа набавени од Кина уште пред скоро една деценија. Според активистите, железничкиот транспорт треба интермодално да биде поврзан со останатиот јавен превоз во Скопје, да се направи цела систем – со автобуси, БРТ или ...
Среда, 16.03.2022 година, 8 часот наутро. Невенчаниот сопруг, по претходна расправија, ја удира сопругата со бокс во левото око, а попладнето околу 16 часот насилно ја зема и ја носи на планина. На вратот ѝ става конец за да ја обеси, ја соблекува гола, а потоа се премислува – ја враќа назад дома и ѝ уринира во устата. Насилството тука не запира. Околу 20 часот, тој почнува да ја тепа со боксови по лицето и да ја малтретира. Жената успева да ...
Реге-диџејот и водител во Радио МОФ, Гето Руди, заедно со неговиот колега-водител, исто од Радио МОФ – Гиле, овој петок (28 јуни) од 20 часот ќе пуштаат музика на журка во „Буква“. „Да го фатиме магискиот, постмодерен воз за Кочабамба! Машиновозачите Гето и Гиле возат со одлична музика од македонските и југословенските простори – ОД ВАРДАР, ПА ДО ТРИГЛАВ! Попатни станици ни се Скопје, Белград, Нови Сад, Сараево, Загреб и Љубљана. Да се ...
Во Парк Македонија во скопската општина Кисела Вода се одржа тридневниот Фестивал на инклузија, чие 3. издание според организаторите донесе позитивна енергија, поддршка и заедништво. Здружението „Икуалити“ вели дека фестивалот храбро и истрајно ја потврди својата основна мисија дека секој еден од нас умее и може, со вистинска поддршка и љубов од околината. „Третото издание на Фестивалот на инклузија ги разбуди најдлабоките емоции, ги ангажираше ...
Скопје во 2028 година треба да биде „Европска претстолнина на културата“, но, од друга страна, културните институции што се во надлежност на Град Скопје работат во тешки услови откако во последниве две години значително им е намалена финансиската поддршка од градската администрација на Данела Арсовска. Ова значи помалку пари за културна дејност, но и за да подмират основни трошоци за струја или парно, што ги води во финансиски грч и неизвесност ...
Во месец јули во Кинотеката на Македонија, во летното кино „Мирно лето“ ќе се прикажуваат постари и понови филмски остварувања од нашата национална кинематографија. Почетокот на месецот е посветен на постарите наслови, средината на современите домашни остварувања и филмовите од фестивалот „Синедејс“, а крајот на јули на филмови за земјотресот. Филмот „Волчја ноќ“ во режија на Франце Штиглиц, а според сценарио на македонскиот писател Славко ...
Со повеќе од 50 музички артисти од домашната и странската сцена за два дена (28 јуни) започнува четиринаесетото издание на „Д Фест“, најголемиот фестивал во Македонија. „Единствениот настан кој во тридневна авантура спојува одлична музика, уметност, камп, плажа, спорт, работилници, игри, дружење и илјадници најпозитивни фестивалски луѓе во земјава!“, напишаа од „Д Фест“ на нивната Инстаграм страница. Оваа година фестивалот ќе трае 3 дена и ќе ...
По формирањето на новата Влада, Платформата за родова еднаквост изразува сериозна загриженост за недоволната вклученост на жените на сите нивоа на управување. Имено, велат тие, и покрај тоа што државата постигна пресвртница со изборот на првата жена Претседателка на државата – достигнување за пофалба што Платформата го поздравува, сепак, Платформата смета дека вклученоста на жените на високи позиции на влијание и одлучување е во застој. ...
Младите македонски поети Ивана Јовановска, Андреј Медиќ Лазаревски и Павлина Атанасова од 27 до 30 јуни ќе настапат на фестивалот „Стих у регији“ во Загреб, Хрватска. „Поетите ќе се претстават со нивната поезија пред загребската публика на повеќе читања, а во рамки на фестивалот ќе се одржи и посебен настан – разговор за нивната поезија, што ќе го модерираат Иван Херцег, директор на фестивалот, и Славомира Рибарова“, велат од ПНВ Публикации. ...
Кинотека на Македонија објави повик до сите млади филмаџии, музичари, графичари, ликовни уметници и разни креативци да учествуваат на конкурсот „После дождот“ во чест на јубилејот, 30 години од македонскиот и светски класик, филмот „Пред дождот“. „Сними оригинален краток филм (меѓу 30 секунди и 30 минути), во кој ќе користиш барем една реплика од филмот ‘Пред дождот’. На било кој видео формат. Креирај оригинален плакат за филмот, оригинален ...
Папратот влезе во книгата на светски рекорди поради тоа што содржи повеќе ДНК отколку било кое живо суштество на планетата Земја. Генетскиот материјал на растението или геномот содржи 160 милијарди базни парови на ДНК и тој би достигнал околу 100 метри должина со што ќе го надмине Биг Бен. За споредба, човечкиот геном содржи околу 3 милијарди базни парови и се протега на околу 2 метри. Научниците велат дека е „лудо“ колкава количина ДНК може да ...
Еколошката организација „О2 Иницијатива“ изработи инфографик, со кој поттикнуваат прашања за можните ризици од корупцијата при носење на Детален урбанистички план. Како можен ризик ја посочуваат партиската/личната поврзаност на нарачателот на ДУПот со градоначалникот. Потоа, планерски куќи избрани и платени од инвеститорот, исто така членови на комисии назначени од градоначалникот, платени за таа функција, дополнително можен ризик е личното ...
Камен темелник за нов објект за ООУ „Свети Климент Охридски” денес беше поставен во општината Кисела Вода, од каде велат дека наместо досегашното училишно здание што годинава одбележа точно 100 години постоење, учениците ќе добијат модерен, современ објект на 3.600 квадратни метри со 19 училници и 7 кабинети и сите останати потребни простории. „Досегашниот објект кој за многумина има големо сентиментално значење, нема да биде срушен, туку ќе ...
Министерството за образование и наука (МОН) информира денеска го промовираше новиот информациски систем за управување со образованието, кој вклучува и нов електронски дневник, со кој сметаат дека ќе се надминат предизвиците со кои се соочуваат корисниците во изминатиот период. Изработката е финансирана со средства од ИПА фондовите на Европската унија, а на промоцијата и примопредавањето на новото софтверско решение присуствуваше и министерката ...
Делата на уметниците кои годинава гостуваат на меѓународната уметничка колонија „Арт поинт Гумно“ ќе бидат изложени во сабота (29 јуни) од 18 до 21 часот во село Слоештица. Овогодинешната тема на колонијата, од која се инспирирани делата на уметниците е насловена „Слоешница – име за цел еден свет“. „Во периодот од 15 до 30 јуни, 10 уметници од Македонија, Грција, Чешка и Србија создаваат скулптури, слики, фотографии и видеа што ја отсликуваат ...
Во чест на 90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски, вчера (25 јуни) во амфитеатарот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) се одржа промоција на „Книга за Петре (Сите лица на расказот)“, во издание на издавачката куќа „Арс Ламина“. Книгата содржи 19 раскази инспирирани од ликот и делото на Андреевски и е дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, а сликата на корицата и илустрациите на страниците се дело на сликарот ...
Досега државата стипендирала 389 студенти во странство и отприлика за секој од нив од државната каса издвоила 160 илјади долари, а ретко кој од нив се враќа да работи во Македонија, иако така е предвидено според закон. Ова го покажува истражувањето на Младински образовен форум (МОФ) „Неискористен студентски потенцијал“, кое исто така укажува дека стипендии повеќе користат ученици од приватните школи, додека нивни врсници од државните училишта не ...
Амбасадата на Јапонија во соработка со Културно информативниот центар – Скопје ја најавува изложбата на големите јапонски мајстори за дрворези кои го отсликуваат јапонскиот лебдечки свет УКИЈО-Е од XVII и XVIII век Изложбата се вика „Јапонскиот лебдечки свет“, а ќе биде отворена на 28 јуни, петок, во 19 часот. „По повод 30 години од воспоставување на дипломатските односи помеѓу нашите земји изложбата патуваше со 30 УКИЈО-Е реплики во Велес, ...
„Зрно“ годинава ќе го има своето трето издание, иако, велат од фестивалот, имале понижувачка поддршка од Министерството за култура. Организаторите тврдатр дека „Зрно“ годинава има уште побогата и поквалитетна програма. Во моментов, во Темишвар, Романија, е поставена изложбата на дела настанати на минатогодишните работилници за благородни фотографски процеси, кои се одржаа во село Цапари, во просторот на семејството Филевски. Меѓународната ...
Поразителни податоци објави Државниот завод за ревизија, а во однос на ефективноста на преземените мерки на надлежните органи за заштита на критичните информациски системи. Со ревизијата на успешност опфатен е период од 2020 до 2022 година, но и период пред и по завршување на ревизијата, до денот на изготвување на извештајот, пренесува агенцијата Мета.мк. Ревизијата утврдила дека институциите и органите не обезбедуваат ефикасна и целосна заштита ...
По долгогодишна борба за екстрадиција против САД, Џулијан Асанж, основачот на „Викиликс“, е ослободен од затвор во Обединетото Кралство (ОК) откако се согласи да се изјасни за виновен по една точка од обвинението за кршење на законот за шпионажа и отпатува дома во Австралија, пренесува Ал Џазира. „Џулијан Асанж е на слобода. Тој го напушти затворот ‘Белмарш’ утрото на 24 јуни, откако таму помина 1901 ден. Високиот суд во Лондон му одобри кауција ...
Модернизација на образованието и стимулација на научно-истражувачката дејност во Македонија, преку замена на импровизациите и ад хок одлуки со инклузивни долгорочни политики креирани со придонес на сите засегнати страни, најавува новата министерка за образование и наука Весна Јаневска која денеска ја презеде функцијата од досегашниот министер Јетон Шаќири. Како што посочи по средбата, многу скоро ќе започне процесот на темелна обнова на сите ...
Со 77 гласа за и 22 против, пратениците во македонското Собрание вчера (23 јуни) ја изгласаа новата влада предводена од премиерот Христијан Мицкоски кој денеска официјално ја презема својата функција од Талат Џафери, досегашниот претседател на Владата. Новата влада е составена од коалицијата „Твоја Македонија“ на партијата ВМРО-ДПМНЕ со 15 членови, албанската коалиција „Вреди“ со 6 членови и движењето „Знам“ предводено од Максим Димитриевки, ...
Во организација на Факултетот за работи што не се учат – ФРУ ќе се одржи меѓународна изложба и симпозиум „Куќата што се распаѓа“ од 27 до 29 јуни во Музејот на Македонија. „Изложбата и симпозиумот ‘Куќата што се распаѓа’ нашироко говорат за политиките на просторот и промените во градовите во однос на интересите на различните структури на моќ, односот кон заедничкото наследство, како и идентитетот на колективноста и грижата на градовите – ...