
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



Пред полното гледалиште во паркот на МКЦ, со македонската премира на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд“, но и со настап на истоимениот ансамбл, синоќа беше отворен 23-от Меѓународен фестивал на европски филм – „Синедејс“ (Cinedays). Музичкиот документарен филм кој е во режија Андреас Јонсен и во продукција на МКЦ, Rosforth и Rumraket, а се снимаше во текот на април 2023 година, претставува музичко патешествие на групата „Ефтеркланг“ во потрага ...
Најголемиот музички фестивал во нашиот регион „Егзит“ кој се одржува во Нови Сад го започна своето 24. издание на 10 јули. Богатата програма се одржува на повеќе од 40 бини и зони, содржи звучни имиња, а ќе трае до 14 јули. Помеѓу големиот број на музичари кои се појавија или допрва ќе настапат на „Егзит“ се и македонскиот алтернативен рок бенд „Луфтанза“ кои гостуваа како финалисти на годинешните европски музички награди „Хеми“, а својот настап ...
Хелсиншки комитет за човекови права издаде ново истражување насловено како „Извештај за потребите и приоритетите на ЛГБТИ+ луѓето во Република Северна Македонија“. Според него, 60% од испитаниците дека културните институции и настаните во Македонија не се доволно инклузивни и не ги вклучуваат ЛГБТИ+ луѓето, па оттаму многу им е важно да се организираат посебни социо-културни настани. Речиси 90% од испитаните луѓе сметаат дека ЛГБТИ+ луѓето не се ...
Македонскиот филм „М“ на режисерот Вардан Тозија ќе ја има хрватската премира во рамите на официјалната конкуренција за наградите „Златна арена“ на годинешното 71. издание на Пулскиот филмски фестивал. „Дистописката бајка за загубеното момче во опустошениот свет на нашата блиска иднина, чиј мнозински продуцент е Дарко Попов од ‘Фокус Покус Филмс’, е реализирана, меѓу другите, во копродукција со хрватската продукција ‘4Филм’ и Хрватскиот ...
Во близина на детското одмаралиште Бунец, и некаде 40 метри од главниот пат за Маврово се спроведуваат градежни активности кои најгрубо ја деградираат и сакатат природата и живиот свет, нанесувајќи неповратна штета на природниот баланс во целиот регион, на државата и нашите природни ресурси, реагираат од Здружението „Анима мунди“. Според активистите се гради стрелиште, во близина на хранилиште на дивеч за кое мештаните не знаат речиси ништо, без ...
„Од 23 јули до 1 август, во индустриската хала на центарот ‘Лабораториум’ ќе се одржи привремената изложба ‘Скопје вибрира поп ап’ чија што цел е да понуди содржини во културниот и социјалниот живот во летниот период во градот Скопје. Истовремено им дава можност на младите дизајнери и уметници да ги прикажат своите колекции и уметнички дела, при што им се дава предност на младите учесници и оние кои за прв пат се претставуваат во јавноста“, ...
Во рамки на овогодинешното трето издание на фестивалот „Зрно“ ќе се отвори изложбата „Еден“ на младата визуелна уметница Тијана Борбељ од Србија вечерва (12 јули) во Мобилната галерија во паркот на франкофонијата во Скопје со почеток во 20 часот. „Изложбата не враќа во некои минати времиња, ни поставува прашања за сегашноста и ја загатнува иднината, преку нејзините фотографии од стари семејни албуми на ‘фолксдојчери’ од Војводина, најдени на ...
Уставниот суд денеска поведе постапка за оценка на уставноста на одредби од Законот за заштита на децата кои се однесуваат на државна помош за новороденчиња. Судот со мнозинство гласови изразил сомнеж во усогласеноста со уставните одредби на законското решение државата да дава парична помош само за прво и второ новородено дете, со што ги дискриминира следните родени деца во семејството. „Според Уставниот суд, во овој закон, конкретно во членот ...
Институтот за развој на заедницата (ИРЗ) организира мини фестивал за човекови права утре, 11 јули, со почеток во 10 часот во просториите на Центарот за младински активизам Крик, а во рамки на Балканскиот караван на давателите на социјални услуги во заедниците. „Балканскиот караван е настан кој има за цел да собере учесници од организации, даватели на социјални услуги од земјите од Западен Балкан, кои ќе патуваат со караванот, ќе ја презентираат ...
Македонија годишно губи 146 милиони кубици вода за пиење. Скоро половина од водните претпријатија работат со финансиска загуба, а кај најголем дел од нив и загубата на вода е поголема од 40%. Ова го покажува новото истражување на водата за пиење на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), коe открива дека во Македонија има 67 снабдувачи на вода и секој наплаќа различна цена за својата услуга. Според истражувањето, најниска цена за потрошената ...
Вчера, 9 јули, беше десеттиот ден откако студентите од организацијата „Став“ (Студентите против авторитарните власти) ја блокираат работата на Ректоратот на Универзитетот во Нови Сад, а надлежните и понатаму не одговараат на нивните апели да се обезбедат регуларни услови за одржување на избори за Студентски парламент на Филозофскиот факултет, пренесува Бета. Тие спијат во зградата на Ректоратот одржувајќи протест под мотото „Една листа не е ...
„Затворив прозор за да проветрам дома“ се честите иронични коментари што се шират по социјалните мрежи откако вчера повторно, по којзнае кој пат, гореше некогашната депонија Вардариште, една од еколошките бомби на Скопје. Граѓани од Гази Баба, Лисиче, Аеродром и воопшто целиот град велат дека во време на летни горештини се гушат со токсични гасови и смрдеа на изгорена гума, пластика и отпад што веќе со години гори од Вардариште. Од Центарот за ...
Студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје нема да работи следната академска година, јавува новинската агенција Мета. Комплексот ќе биде затворен во целост сè додека не се реновира. Откако пред десетина дена се отселија сите студенти, се затвори и третата зграда, од каде и ќе почне реконструкцијата. Нема да функционираат ниту бараките, и покрај тоа што во овие објекти е исправно сè, ниту пак студентската менза. Австриската компанија „Штрабаг“ која ...
Подобрување на наставните планови и програми за основно и гимназиско образование, фокусирање да се забрза напредокот во средното стручно образование. Промени во високото образование со модернизирање на студиските програми, запирање на практиката на купување дипломи. Исто така, декларација, односно стратегија во консензус со повеќе политички чинители, власт и опозиција за да се постават принципи на образованието во иднина, односно да се стави ...
Виолончелистот Александар Котевски е новиот в.д. директор на Македонска филхармонија. „Котевски доаѓа на местото на Ангелина Димоска Миташева која изминатите неколку месеци ја извршуваше оваа функција во институцијата“, информираат од Филхармонија. Оттаму истакнуваат дека Котевски е вработен во Филхармонија како прв виолончелист во оркестарот од 2015 година. Во периодот од 2011 до 2014 година тој работел како Уметнички директор на Македонската ...
Министерството за образование и наука информира дека во тек е изработка на календарите за организација на работата на основните училишта и на средните училишта во учебната 2024-2025 година, па, како што велат, за успешно заокружување на процесот, од голема важност е мислењето на пошироката јавност, околу тоа дали е потребно организирање на пролетен распуст. „Со оглед на различните ставови во јавноста по однос на пролетниот распуст во основното и ...
Промоција на книгата „Додека спиеш“ од македонската поетеса Биљана Стојановска ќе се одржи во сабота, 13 јули, во кафе-бар „Ликвид“ во Охрид со почеток во 19 и 30 часот. Промотор ќе биде писателката Билјана Црвенковска, стихови ќе интерпретираат Ана Голејшка Џикова, Долорес Атанасова – Лори, Снежана Стојчевска и Елена Митреска. „Стојановска умее со природноста на Господинов, да напише стихови за празнење на цревата и тоа да биде поетично. Умее ...
Меморандум за соработка денеска ќе биде потпишан помеѓу Уставниот суд и Правниот факултет „Јустинијан Први” Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. „Потпишувањето на овој Меморандум е првиот чекор кон реализирање на еден од врвните приоритети на претседателот Костадиновски, кој при преземањето на функцијата најави дека ќе се заложи за интензивирање на соработката и интеракцијата на Уставниот суд и науката“, велат од Судот. Меморандумот ...
Граѓаните на Скопје, физички и правни лица, кои имаат заостанат долг во Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ можат да аплицираат за договори за отплата без пресметка на каматата за задоцнетото плаќање, заклучно до 31 јули. „Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг да аплицираат за склучување на договори за отплата на долговите на најмногу 48 рати за физички лица и 24 рати за правни лица, во зависност од висината на долгот, ...
Решавање на проблемите со кои што се соочуваат лекарите во Македонија, меѓу кои и предизвиците со бирократијата, беа теми на разговор на директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски со претставници на Здружението на приватни лекари, Лилија Чолакова Дервишова и Мевљудин Куч. Од ФЗО велат дека приватните здравствени установи (ПЗУ) се носечки столб на примарното здравство и тие се првиот контакт на граѓаните со лекарите. ...
Општина Аеродром и оваа година ќе доделува еднократна парична помош за семејствата чие дете е прваче во едно од основните училишта на територијата на општината во висина од 3.500 денари. „Родителите на првачињата е потребно до архивата на Општината да поднесат потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2024/2025 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Аеродром или основно училиште со ресурсен центар, ...
Повеќе од 90 организации за човекови права во Европа тврдат дека од неодамна се зголемени обидите на Европската Унија и нејзините земји-членки да ги избегнат своите одговорности за азил, со што ризикуваат да го поткопаат системот за меѓународна заштита. „За да бидеме сигурни дека бегалците имаат пристап до заштита, државите мора да го гарантираат нивното право да бараат и уживаат азил, како и да ги почитуваат своите обврски кон меѓународниот ...
Под слоганот „Како си? Навистина!“, УНИЦЕФ и партнерите подготвуваат кампања за да се прекине молкот околу менталното здравје и психолошките состојби со тоа што отворено ќе се зборува за нив. „Во текот на животот децата и младите, како и возрасните, доживуваат различни нивоа на стрес, анксиозност, страв. Но, на младите понекогаш им е тешко да се отворат и да зборуваат за чувствата што ги доживуваат. Првиот чекор за да ја добиете помошта што ...
Приказната за малото храбро девојче кое има голема задача: да го спаси целиот океан – во неделата премиерно изведена пред младата струшка публика, покрај Охридското езеро. Претставата „Океанија“ е во режија на Мирослав Петковиќ, а во организација на здружението „Арт-Манија“. Јуроп Хаус Струга ги поддржа уметниците Милко Нестороски, Викторија Попоска и Бојан Секулоски во создавање сценографија која е создадена од отпад собран од плажите и езерото ...
Судскиот совет ја отфрли иницијативата на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) за утврдување на одговорност на членовите на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО), оценувајќи ја како ненавремена. Од друга страна, ДКСК тврдат дека постапката за утврдување одговорност била иницирана во рамките на законските рокови, како и во рамките на законски утврдените надлежности на Комисијата. „Имено, Иницијативата е ...
МОН и Бирото за развој на образование (БРО) започнуваат јавна консултација за наставните програми од седмо до деветто одделение со цел оние кои се веќе изработени да се унапредат, а новите кои треба да се подготват да ги содржат сугестиите на, како што истакнуваат оттаму, оние чие мислење е најважно во процесот на обликување на воспитно-образовниот систем, односно наставниците – практичари. „Сите чинители на воспитно – образовниот процес, можат ...
Добитничка на поетската награда „Млада Струга“ на овогодинешните Струшки вечери на поезијата е Филипа Сара Попова за нејзината необјавена стихозбирка „Скршен терариум“. Свечениот настан се одржа на денеска (8 јули) во просториите на „Јуроп хаус“ во Струга. За тоа кој да ја добие наградата одлучила жири комисијата составена од Славе Ѓорѓо Димоски, Виолета Танчева-Златева и Андреј Ал-Асади. „Станува збор за извонредно надарена поетеса, полна со ...
Љубица Караманди Попчевски Во време кога фокусот на ЕУ се насочува кон Украина и Молдавија, не смееме да заостануваме. Ако не одиме напред, ќе одиме назад. Сеопфатни уставни измени се во прилог на целосна подготвеност за членство во Унијата. Мора да работиме напорно, организирано и мудро. По краткото затишје за време на изборите, повторно „на маса“ се врати дебатата околу уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот. Амбасадорот Гир ...
Левичарската коалиција Нов народен фронт (НФП) забележа изненадувачка победа со освоени 188 парламентарни места или 32,6% од гласовите, а по нив е центристичката коалицијата Заедно на претседателот Макрон со 161 место, односно 27,9% од гласовите, пренесува Ал Џазира Балканс. Десницата пак, освои 142 места во Парламентот или 24,6% од гласовите. Ле Пен и нејзината партија Национален собир (PH) беа фаворити, откако освоија најмногу гласови во ...
Министерството за образование и наука (МОН) објави Конкурс за стипендии за додипломски студии од прв циклус за кандидати примени на реномираните универзитети во светот, согласно листата на реномирани универзитети во светот од областа на ликовната уметност, кинематографијата и филмската продукција, драмската уметност и музиката за академската 2024/2025 година. Право на стипендија има кандидатот кој ги исполнува следните услови: 1. Да има завршено ...