Никој во земјава не располага со точниот податок за бројот на доделени Б-интегрирани еколошки дозволи што општините им ги издаваат на фирмите чие работење влијае врз животната средина. Ова го откри Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во истражувањето кое го спровеле во Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Чаир и Штип. Според регистарот што го води Министерството за животна средина и просторно планирање, 278 компании се ...

Министерката Весна Јаневска во емисијата „За или Против“ откри дека Министерството за образование и наука (МОН) е во минус 5 милијарди денари. Таа во емисијата најави дека на јавна расправа МОН ќе предложи да се печатат дипломи само во деветто одделение и во завршна година од средно, а за другите години да си ги печатат училиштата. Јаневска исто така тврди и дека во МОН постојано стигнуваат поплаки за работата на одредени универзитети и ...

Пензионерите од септември очекуваат повисоки пензии за 2 500 денари, линеарно. Ова беше едно од првите ветувања на новата Влада. Според пресметките на Министерството за финансии со ребаланс на Буџетот треба да се обезбедат 80 милиони евра неопходни за редовна исплата на пензии до крајот на годинава, пишува Порталб.мк. Од друга страна статистиките на државниот ПИОМ покажуваат дека бројот на пензионери расте а расходите надминаа 11% од БДП. За ...

Креативноста и знаењето не познаваат граници, а проследени со упорност и континуирана работа, може да доведат до фасцинантни резултати. Тимот од дваесетина студенти обединети под името MES Racing од Машинскиот факултет и ФЕИТ при УКИМ, континуирано работеа на изработка на првиот македонски болид. Успеаја во нивната цел – болидот вчеравечер официјално беше претставен пред јавноста, а студентите летово во Хрватска ќе се најдат како учесници на ...

Со оглед на тоа што деновиве температурите во целата држава се екстремно високи, а метеоролозите најавуваат дека во наредниот период ќе се уриваат температурни рекорди, Јавното претпријатие за хуман третман и благосостојба на животни „Лајка“ апелира до граѓаните да не ги забораваат животните и да обезбедат свежа вода пред нивните порти и влезови на згради, со цел да се освежат напуштените животни и птици. „Препорачуваме да ја менувате водата ...

Вечерва е шеста вечер од овогодинешното издание на европскиот фестивал за филм „Синедејс“ кој се одржува во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. На платото во МКЦ ќе можат да се погледнат шест филмови, како и да се проследи концертот на швајцарското дуо „Сирил-Сирил“. Прв ќе се прикаже филмот „Марчело Мио“ (Marcello Mio) од Кристоф Оноре со почеток во 19 и 30 часот во кино „Фросина“. „Ќерката на славната италијанска филмска икона Марчело ...

Шест нови законски решенија подготвуваат работните групи во Министерството за образование и наука (МОН) во кои членуваат и стручни лица од наставничката и академската фела, експерти и претставници на повеќе надлежни институции. Со нив, се очекува да се унапредуат образовните услуги кои се испорачуваат кон граѓаните и ќе се обезбедат повеќе права и можности за различни засегнати категории во областа, велат од МОН. „Станува збор за предлог закони ...

Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) ја организира изложбата насловена како „Скопски урбани приказни 2024“ дел од „Скопско лето“ која ќе се отвори на 17 јули (среда) од 20 и 30 часот во куќата на ДЛУМ. „Уметниците Ана Ивановска, Доротеј Нешковски, Шќипе Мехмети, Сашо Блажес, Марина Лешкова, Давор Кешкец и Сокол Марковски, преку различни медиуми и инакви перцепции ќе ги претставуваат своите толкувања за ‘домот’ не само како физички ...

Вкупно 11 пожари се активни утрово низ Македонија, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Пожарот на планината Серта е проширен на две општини, во Неготино во атарот на село Калањево каде гори ниска вегетација и шума, како и во Општина Конче кај селата Горни и Долни Липовиќ каде гори ниско стеблеста шума бор. За пожарот на Серта кај село Калањево, од Министерството за внатрешни работи соопштија дека вчера полициски хеликоптер во 23 ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) утрово соопшти дека во последното деноноќие имало 26 пожари на отворено, како и дека 9 од нив се сè уште активни, а се гасат и од земја и од воздух. Оттаму посочија дека активен е пожарот на планината Серта кој се простира на 3 општини како 4 самостојни пожари. Исто така, активни пожари има во атарот на село Калањево каде гори ниска вегетација и шума, кај селата Горни и Долни Липовиќ каде гори ниско ...

Ова не е само обично соопштение. Ова е нашиот крик да покажеме низ што вистински поминавме овој месец: омраза, закани по живот, повици за линч и, финално, наше истерување од град во кој работевме и инвестиравме речиси 7 години, се вели во писмото на „Еквалис“ што го испрати до јавноста во однос на летната школа за ЛГБТИК+ млади и сојузниц(чк)и. Во прилог, целото писмо на „Еквалис“ го објавуваме интегрално: Што се случи: На почетокот на месец ...

Министерството за здравство (МЗ) отвори директна телефонска линија за комуникација на граѓаните со министерот Арбен Таравари. Граѓаните, како што велат од МЗ, имаат можност да ги споделат своите предлози за здравствена заштита, да пријават неправилности, да упатат пофалби за работата на здравствените работници и да предложат идеи за реформи на телефонскиот број – 072/899-001. Исто така, оттаму истакнаа дека граѓаните имаат можност и за лична ...

Организацијата „Македонија 2025“ спроведе камп на кој деца од 11 до 15 години учеа вештини по роботика, програмирање и кодирање од 7 до 13 јули во Охрид. Оваа година кампот броеше 21 дете од Македонија, САД, Катар, Италија, Хрватска, Шведска и Малта. „Кампот за високотехнолошка извонредност е комбинација на традиционална летна забава со можност за учење, заедничко вежбање и споделување на искуства за кодирање и роботика. Преку посветеност и ...

Целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште денеска воведе Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) по барање на ЈП „Национални шуми“ поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор. Целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште се воведува на територијата со која стопанисува јавното претпријатие. Забраната започнува денеска и ќе трае се до денот на ...

Организација за дијалог и афирмација на средношколците и студентите (ОДАС) организираше дискусија за законската регулатива на волонтерството, на која млади волонтери и активисти, претставници на граѓански организации, млади вработени во државните институции, како и претеничката Марија Петрушевска, дискутираа за Законот за волонтерство и дадоа препораки за вреднување на волонтерството како работно искуство при државно вработување. На дискусијата, ...

Од 17 до 21 јули на четири локации во Охрид ќе се одржи седмото издание на Фестивалот на нов европски филм „Beach Film Festival“ (БФФ). Овогодинешното издание, како што велат организаторите, нуди богата програма со филмски проекции, едукативни работилници и музички перформанси на четири локации во Охрид, односно на плажата Славија, бродот Армада, плажата Сараиште и Младинскиот Центар Охрид. Фестивалот ќе биде отворен со проекцијата на филмот ...

Вечерва, 15 јули, е петтиот ден од фестивалот на европски филм „Синедејс“ кој се одржува во Младинскиот културен центар во Скопје (МКЦ). Со почеток од 19 и 30 часот во просториите на МКЦ ќе може да се погледат вкупно седум филмови, а фестивалската вечер ќе заврши со концерт на „СИЗ“. Прв ќе се прикаже „Надвор од сината граница“ (Beyond the blue border) на Сара Неуман кој е филмска адаптација на книгата за млада група пријатели кои сакаат да ...

Од денеска започна Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови за студиската 2024/2025 година. За претстојната академска година, достапни се вкупно 4.303 легла, од кои 1.034 за студентите од прва година, односно 3.269 легла за студентите од втора, трета, четврта, петта и шеста година, како и за апсолвентите. Според податоците на Министерството за образование и наука (МОН), најмногу ...

На крајот на оваа седмица, прочитајте го нашиот избор на топ вести од области од активизам, култура, граѓанско општество, политика, образование, екологија… [Интервју] Јаневска: Образованието го гледам како стабилен систем за четири години отсега Подобрување на наставните планови и програми за основно и гимназиско образование, фокусирање да се забрза напредокот во средното стручно образование. Промени во високото образование со модернизирање на ...

На 53-годишна возраст почина актерката Шенон Доерти, или како што многумина ја знаеја – Бренда од серијата „Беверли Хилс 90210“, со која растеа милион тинејџери во текот на деведесеттите. Смртта на Доерти за „Пипл“ ја потврди нејзината публицистка Лесли Слоун. „Со тешко срце ја потврдувам смртта на актерката Шенен Доерти. Во саботата, на 13 јули, таа ја загуби битката со ракот по долги години борба со болеста“, изјави Слоун. „Посветената ќерка, ...

Европската унија го повика Илон Маск да одговори како ја претвори социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) во рај за дезинформации и нелегални содржини, пренесува агенцијата Мета.мк. Комисијата на ЕУ го обвини „Икс“ за непочитување на законот на ЕУ за социјалните медиуми. Платформата може да се соочи со голема парична казна од повеќе милиони евра во пионерски случај според новиот Закон за дигитални услуги, закон за сузбивање на токсичните и ...

Поранешниот претседател Доналд Трамп беше повреден по истрелите на почетокот на митингот во Батлер, Пенсилванија, вчеравечер. Од Тајната служба, како што пренесе Си-Ен-Ен изјавија дека Трамп е безбеден и под заштитни мерки. Трамп беше преплавен од агенти на сцената на митингот откако се слушнаа истрелите. Тој се фати за увото, а на неговото лице можеше да се види крв. Кратко после тоа, тој, опкружен со агенти, стана и ја крена тупаницата кон ...

Во книжарница „Илика“ од 15 до 17 јули ќе се одржи „Јулски вечери на архитектурата“, тридневен вечерен настан кој ќе се стави фокус на дипломските и магистерските трудови на сите архитекти кои што завршиле во последните 5 години и кои го имаат разработувано Скопје. „Целта на овој настан е да даде видливост на иновативните, креативните и свежите погледи и идеи за Скопје. Магистерските трудови многу често се длабоки, искрени, неоптеретени од ...

Во Хотел „Оаза“ во Штип се одржа завршната конференција од проектот „Зелена генерација: училишта за климатска акција“ насловена – Зелена образовна трансформација. Од Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) информираат дека конференцијата завршила со заклучокот дека поставувањето на соларни панели ќе ја зголеми финансиската одржливост и моќ на училиштата. Истовремено, заштедите од струјата ќе им овозможат на учениците, училишните ...

Како резултат на топлотниот бран и состојбата со пожарите, Владата синоќа заседаваше и донесе одлука за кризна состојба поради пожарите во траење од 30 дена. Од Владата го задолжуваат Министерството за внатрешни работи да ангажира полициски сили во функција на поддршка при гасење на пожарите. Истовремено, се задолжува Министерството за здравство и здравствениот персонал од општа и медицина на трудот да бидат во приправност за времетраењето на ...

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) апелира до политичките чинители во земјава да ги почитуваат актуелните препораки за заштита од топлотниот бран. Во услови на портокалово ниво на опасност од високите температури, Владата, меѓу другото, препорача да се избегнува престој на отворено во период од 11 од 17 часот – мерка која, велат од ССНМ, не ја почитуваат ниту владини претставници, ниту претставници на политичките ...

Покрај сите анализи, инфографици, следење проблематики и покривање дневни актуелности поврзани со сите млади и не-толку-млади, Радио МОФ пишуваше и дававаше светлина и на разни уметници, културни работници, активисти, волонтери, креативци, ентизијасти, разни борци, секој своето своето поле… кои ни даваа напредна мисла и здрав разум. Еве некои кои можеби поминаа „под радар“, а вредат да се издвојат од првата половина на 2024 година: [Интервју] ...

Новата министерка за образование и наука, Весна Јаневска смета дека е голем бенефитот од едносменското работење, кое таа го најави. Првиот бенефит е за децата наутро да научат, вели таа, а вториот, се покажало во поразвиените земји дека подолгиот престој на децата во училиште дава подобри резултати во образованието. „Кога велиме едносменски, тоа значи учениците да бидат на училиште осум часа, но, тоа не значи дека тие ќе учат постојано осум часа ...

„Шарла: 100 врати отворени“ е делумно ретроспективна музичка компилација по повод 100 изданија на независниот музички издавач „Шарла Рекордс“ (Sharla records). Од лабелот велат дека компилацијата претставува само мал дел од издавачкиот опус на „Шарла“, а критериумот за избор е направен давајќи им предност на вокални композиции изведени на македонски јазик. „Фокусот на изданието е лирскиот и раскажувачки аспект како своевиден запис за времето и ...

Матка никако да ја добие заштитата која и е неопходна и по две децении откако заштитените подрачја мораа да бидат репрогласени според обврските од законот за природа донесен во 2004 година. Законот за прогласување на кањонот за заштитено подрачје во категоријата III – споменик на природата, повеќе од една година чека да се најде на дневен ред пред пратениците во Собранието, пишува агенцијата Мета.мк. Откако десетина години се работеше на ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
0.51
44%
1017
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
1.54
43%
1018
weather icon

Загреб

24ᴼ / 19ᴼ
0.51
50%
1018
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
1.03
49%
1017
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
2.15
49%
1015
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.51
73%
1019
weather icon

Атина

31ᴼ / 28ᴼ
2.24
41%
1012
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
60%
1014
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
5.14
23%
1015
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
4.63
43%
1016
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 21ᴼ
1.54
39%
1019
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
6.17
64%
1015
Currency

61.535

Currency

52.1808

Currency

71.7254

Currency

34.2831

Currency

38.2897

Currency

66.066

Currency

7.26712

Currency

0.66321

Currency

0.3642

Currency

0.5251

Currency

1.30603

Currency

0.60876

Алуминиум

2.60

Иридиум

142561.04

Кобалт

42.99

Никел

15019.00

Рутениум

22280.47

Калај

34.00

Сребро

1168.61

Злато

107689.66

Бакар

10.25

Паладиум

3568.73

Платина

43516.05

Родиум

176025.34

Цинк

2.76