
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



ПСУ „Јахја Кемал“ и наставникот по шах Орце Данчевски се добитници на највисокото глобално признание од Светската шаховска федерација (ФИДЕ) за имплементирање на шах во училишната програма. Златната награда е доделена на ПСУ „Јахја Кемал“ поради највисоко бодување на програмата за работа, материјалите и сеопфатноста во предавањата, интегрирање на шахот во образовната програма севкупно, висококвалификувани инструктори по шах, промоција на ...
Мултимедијалниот локациски перформанс „Алхемија на дивината“ ќе се изведе на различни локации на Вевчанските извори, во Вевчани, на 26 и 27 јуни 2024. Станува збор за перформанс кој обединува уметници од различни области. Изведувачки уметници се: Риџет Ферати, Надја Лукановска, Симона Димковска, Ива Дамјановски, Тереза Лазарев, Теодора Ежовска, Виктор Танасковски, Кристијан Караџовски и Маја Стајнберг. Уметници – ментори на перформансот се ...
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска додели признанија и парични награди на матурантите кои се првенци на генерацијата од 23 скопски средни училишта на традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“. „Градот Скопје е горд на сите наши средношколци, затоа го афирмира училишниот успех на првенците на генерација во средните училишта на Град Скопје и оддава јавно признание за постигнатите резултати. Одлика на нашите ...
Бесплатен превоз за сите редовни ученици и во јавните и во приватните средни школи. Во училишниот инклузивен тим наместо двајца наставници, да учествуваат наставник и ученик избран од соучениците. Забрана за сегрегација и дополнување на основите за дискриминација со сексуална ориентација и родов идентитет. Ученикот правобранител да поминува обука за човекови права и дискриминација и проширување на програмата за заштита од насилство. Ова се дел ...
Во 2023 година, Агенцијата за заштита на лични податоци примила 234 претставки од граѓани кои се однесуваат на социјалните мрежи, покажува Годишниот извештај на оваа институција, пишува Мета.мк. Според причината за пријавување, најкарактеристични се претставките од физички лица кои се однесуваат на лажни профили, понатаму за пробиени (хакирани) профили, претставки кои се однесуваат за неовластено објавување на туѓи фотографии и видео снимки на ...
„Координати на болката“ е втора збирка поезија на Александра Спасеска која ќе биде промовирана вечерва (15 јуни) во 19 часот во кафе-книжарницата „Илика“. Промотор ќе биде Катерина Шекутковска која ќе разговара со поетесата, а стиховите ќе ги интерпретира актерката Александра Стојановска. „Авторката храбро ги истражува маркатните сцени, интимните релации и важните човечки фигури од сопствениот живот, правејќи ја поезијата сцена на којашто се ...
„Гола Планина“, под етикетата на својата издавачка куќа „Мртов коњ“, објави уште една компилација, овој пат со избор на теми од изминатата 2013 година. Се работи за песни од домашни бендови и музичари кои се дел од овој колектив што постојано расте и се развива, како дел од новиот македонски независен бран. „Втора година на делување на колективот Гола Планина, втора година го оддржуваме како традиција издавањето на компилациско издание со цел да ...
Денеска (14 јуни) традиционално ширум светот се одбележува Светскиот ден на крводарителството како благодарност на луѓето кои доброволно и бесплатно ја даруваат својата крв на оние на кои им е потребно. По тој повод поразговаравме со Александра Валкановска, стручна соработничка за крводарителство во Црвен Крст која ни открива повеќе за тоа колку е развиено крводарителството во Македонија, во кои општини има најмногу крводарители и дали потребите ...
Марко Бојаровски е 19-годишно момче од Скопје кој работи како техничар во Институтот за истражување и развој на „Алкалоид“. Тој уште од мал имал желба да влезе во светот на медицината и фармацијата, а со пракса во „Алкалоид“ започнал додека учел во скопското средно училиште „Панче Караѓозов“. „Кога почнав да доаѓам тука, како надоградување би го сметал тоа дека поголем акцент се стави на дисциплината. И, малце разлика да видиш како е навистина ...
Претставата „Црна дупка“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски, а во продукција на Театарот „Антон Панов“ од Струмица ја освои наградата за уметничко остварување на претставата во целина, на 58. издание на Македонскиот театарски фестивал (МТФ)„Војдан Чернодрински“ – Прилеп. Покрај оваа награда, за претставата беа доделени и наградите, за женска епизодна улога на Анкица Бенинова за улогата на Сања и за главна машка улога на Васил Михаил за улогата на ...
По повод 100 години од раѓањето на актерот и активист Марлон Брандо во Кинотека на Македонија на 17, 18 и 22 јуни со почеток од 20 часот ќе бидат прикажани филмовите „Да живее запата“, „Квемада – островот во пламен“ и „Апалуса“. „Американски ловец, британски платеник и мексикански револуционер – во каква и да е улога, актерската легенда Марлон Брандо доминира на екранот. Неговото специфично, артистичко умеење секогаш ја фасцинира филмската ...
Вчеравечер во Кинотеката на Македонија се затвори 14. издание на Филозофскиот филмски фестивал (ФФФ) со проекција на филмот „Златната треска“ на Чарли Чаплин, дискусија со професорот Стивен Фридман и прогласување на наградените филмови. Жири-комисијата во состав на Славица Србиновска (компаратистка), Иван Миленковиќ (филозоф) и Јане Спасиќ (режисер) одлучија наградата „Златен був“ за најдобар долгометражен филм од Официјалната селекција на ...
Денеска (14 јуни), со почеток од 19 часот во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложбата „Испразнето гнездо“ од уметницата Марија Конеска. Како што информираат организаторите, изложбата е рефлективно уметничко истражување на влијанието на емиграцијата врз градот Прилеп. „Проектот има за цел да прикаже како заминувањето на луѓето го менува изгледот на градот. Проектот отвора потресно прашање не ...
Фондација „Кантарот“ и семејството на спортскиот коментатор Александар Стиков, под мотото „Добриот глас надалеку се слуша“, распишуваат конкурс за наградата, најдобар млад презентер на научна содржина – „Колега Стиков“. На конкурсот може да учествуваат сите ученици од основните училишта во Македонија. Основците кои сакаат да учествуваат, потребно е да снимаат како презентираат текст со научна содржина, научен експеримент, научен концепт, ...
Со доделување на наградите и со концертот на Добрила и Дориан дуо во чест на наградените, вечер во Прилеп завршува 58. издание на Македонскиот театарски фестивал (МТФ) „Војдан Чернодрински“. Жирито во состав, д-р Марина Миливојевиќ-Маѓарев, театарска критичарка од Србија, д-р Марина Катниќ-Бакаршиќ, драматург од Сараево и актерката Варја Ѓукиќ од Црна Гора, точно напладне на прес-конференција во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе ја соопшти ...
На 17 јуни во Националната галерија Мала Станица, со почеток во 20 часот ќе биде отворена мултимедијалната изложба „AeternaNova“ во организација на Здружението за истражување, заштита и промоција на културното наследство ВУЛГУС Скопје. Како што информираат организаторите, на изложбата ќе бидат изложени етнографски фотографии, народни носии, краток филм и фотографии од лица кои се лидери во своите професии, облечени во народни носии. ...
Речиси 7.500 жртви дневно во Европскиот регион, што е скоро 25% од вкупниот број случаи, се припишуваат на комерцијални детерминанти, како што се тутунот, алкохолот, преработената храна, фосилните горива и професионалните практики, покажува новиот извештај на Светската здравствена организација (СЗО) за Европскиот регион. „Напредокот во истражувањето и практиката на јавното здравје придонесе за растечко препознавање на улогата на комерцијалните ...
Книгата „Големиот скандал“ на Сања Трпковска во издание на издавачката куќа „Фуснота“ ќе биде промовирана во сабота (15 јуни) во кафе-книжарница „Буква“ со почеток во 16 часот. „’Големиот скандал’ е роман за патувања, подароци, пасошки контроли, перничиња и плеј-листи за по пат. Приказната на двајцата патници во купето бр. 091 на железничката станица во Лондон започнува со наивно прашање – дали може да се затвори прозорецот. Конечна дестинација ...
Шестото издание на „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) ќе се одржи од 18 до 20 јуни во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ). Филмската ревија „Златна рамка“ претставува можност за публиката бесплатно да ги погледне македонските филмски остварувања што биле реализирани во текот на изминатата година, а биле поддржани од Агенцијата за филм. Филмската ...
Денеска (13 јуни) со почеток во 16 часот во просториите на Заедницата на технолошки ентузијасти „Base 42“ во Скопје ќе се одржи работилница и предавање за деца од 6 до 14 годишна возраст за дизајн и основи на креирање на видео игри. Настанот е организиран од Унијата на македонски асоцијации во креативните индустрии „УМПАКИ“, а во рамки на проектот „Видео игротека“. „Идејата е дa се разбуди детската фантазија за децата да истражуваат и да увидат ...
Јана Василева е ученичка во дуална паралелка во средното училиште ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ во Охрид. Покрај редовната посетува и практична настава во фабриката „Костал“ каде со помош на ментор ги подобрува своите и знаења и вештини. Според Јана, практичната настава во областа на производното машинство е предизвик, но и рушење на стереотипи бидејќи, како што вели, оваа професија кај нас се’ уште се смета за машка. „Мислам дека недостигаат ...
58. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп полека се приближува кон крајот. Оваа година на театарската сцена се изиграа единаесет претстави во продукција на националните театри и шест претстави во придружната програма. Уметничката директорка, Ана Стојаноска, со која Радио МОФ имаше можност да направи кратко интервју, вели дека фестивалот поминал добро и публиката е задоволна од изборот на претставите и од ...
Повеќе од 8.000 деца на возраст под пет години, се дијагностицирани и третирани за акутна неухранетост, вклучително и 1.600 деца кои страдаат од тешка акутна неухранетост во Појасот Газа, соопштија од СЗО. „Голем дел од населението на палестинската енклава, која е предмет на интензивна кампања на одмазда по крвавиот напад врз Израел на 7 октомври, сега се соочува со катастрофален недостиг на храна и глад“, изјави шефот на СЗО, Тедрос Аданом ...
Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) вечерва (13 јуни) во 19 часот ќе ја претстави групната изложба „Поместени граници“ во куќата на ДЛУМ, со што просторот ќе биде отворен за посета. „Изложбата ‘Поместени граници’ и целиот настан има за цел активно да ги вклучи членовите на ДЛУМ, сите генерации уметници, како и целата културна јавност во поддршка за активирање на овој нов простор. Замислената трансформација во иднина вклучува ...
Присилното раселување се искачи на највисоко ново ниво во светот минатата и оваа година, според годишниот Извештај од 2024 за глобалните трендови, клучна публикација на УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци. Од УНХЦР велат дека растот во глобалното присилно раселување – на 120 милиони до мај 2024 година – беше дванаесетто последователно годишно зголемување и е резултат на нови конфликти и на конфликти кои се менуваат, како и на неуспехот да се ...
Вечерашната програма на „Војдан Чернодрински“ ќе за почне со претставата „Диво месо“ на Албанскиот театар од Скопје, а во режија на Мартин Кочовски која ќе се одигра во 17 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“. Улогите ги толкуваат: Бајруш Мјаку, Амернис Нокшиќи, Џевдет Јашари, Дритеро Аме, Ментор Курти, Сабина Мемиши Асланај, Рахим Рамадани, Арбен Расими, Генци Мирзо и Хетем Етеми. Веднаш по изведбата ќе следуваат разговори на тркалезна ...
Денес во рубриката #НизТвојотОбјектив ви претставуваме дел од селекцијата фотографии насловена „Еднаш свет изградив…“ на Иво Велчевски. Фотографиите како, што вели Велчевски, се организирани во поголема книга од 60 дела. „Најчесто е фотографиран некој хаос, апсурд. Ми беше прва година во Скопје па лутајки низ градот почнав да забележувам и да се прашувам што зошто и како. Идејата околу естетиката е поетика на грдото, разурнатото. Политичкиот ...
Младински Образовен Форум (МОФ) и Радио МОФ на 17 јуни (понеделник) од 17 часот во дворот на МОФ го организираат второто овогодишно издание на „ENGAGE Youth“ – младински настан за социјален активизам. Целта е младите да се спојат, здружат, ама и да си споделат знаења и искуства на теми поврзани со нивниот граѓански ангажман, за разни иницијативи од образованието, социјалата, културата или екологијата, а притоа да се говори и за поврзаноста со ...
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП) денеска соопшти дека средношколците кои ги исполнуваат условите за користење на бесплатен јавен превоз и оваа година имаат право бесплатно да се возат за време на летниот распуст. „Правото на бесплатен превоз за време на претстојниот распуст е согласно со Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2024 година, која, меѓудругото, вели ‘со почетокот на 2024 година ...
Пишува: Андреј Медиќ Лазаревски Обично не сакам јавно изнесување на некои лични ставови кои произлегуваат од фрустрирање од некои работи, а особено не кога тие работи се коментари на социјални мрежи, а особено не кога тие коментари се резултат на нечија малограѓанштина, неукост, непознавање на нештата или, ете, од така, да се искоментира колку да се искоментира, да се изруга нешто само оти постои. И ете, не издржав! Решив да ја напишам оваа ...