
Скопје
23ᴼ /
23ᴼ



На вчерашната седница, Владата именуваше раководни кадри на пет државни институции. На позицијата ВД директор на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони е назначен Гоце Димовски. „Димовски е доктор на науки, докторирал на тема ‘Улогата на странските директни инвестиции на перформансите на малите и средни претпријатија во Република Македонија’. Тој има долгогодишно работно искуство во институции и компании како што се ОБСЕ-ОДИХР, ...
Колку младите на локално ниво се вклучуваат иницијативите за млади, дали тие се доволно активни, но и како да се мотивираат за да се активираат, како и дали имаат доволно простори каде може да се здружуваат. Ова се некои од прашањата во аудио интервјуто со Ана Наумоска од Здружението за развој и активизам „Аква“ Струга. За тоа каква е состојбата со младинскиот активизам во Струга, слушнете повеќе во аудио интервјуто во продолжение. Автори: ...
По речиси една година откако беа укинати по два воза дневно на релација Скопје – Битола – Скопје, ЈП „Македонски железници“ ги враќа истите линии на поаѓање и доаѓање. Исто така, повторно се враќа бесплатното патување за младите и пензиониерите со воз, пракса што беше прекината за време на пандемијата со Ковид-19, пишува новинската агенција Мета. Укинувањето првично се случи во октомври минатата година, каде што се укинаа по два воза дневно на ...
Летното аниме „Тунелот на летото, излезот на збогатувањата“ ќе се прикаже на три платна истовремено утре (4 јули) со почеток од 19 часот во просторот за креација и иновација „База42“. На настанот ќе има и мини базар за урбана облека од македонски и јапонски брендови, рачно изработен накит, маички и фигури, но и караоке на јапонски песни. „Овој пат во соработка со хакерскиот простор ‘База42’ најавуваме серија настани наречени ЈапанХ42 кои ќе се ...
Во рамки на деветтото издание на фестивалот за критичка култура „Крик“ насловено како „Желбени машини – уметноста како (р)еволуција“ денеска (3 јули) со почеток во 19 и 30 часот во националната галерија „Чифте амам“ ќе се одржи промоција на книгата „Уметност и револуција“ во превод на Катерина Шекутковска, низ дијалог помеѓу авторот Гералд Рауниг и социологот Ивана Драгшиќ. „’Уметност и револуција’ е своевидна алтернативна историја на уметноста ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска посочи дека до септември, како Влада не можат да стигнат да обезбедат учебници за седмо одделение, дури ако имаат и „волшебно стапче“. Јаневска истакна дека ниту еден учебник за седмо одделение не е даден на печатење. Во меѓувреме, таа посочи дека дел од нив не се одобрени, дел не поминале рецензија, а некои не се ниту напишани. „Така што, иако претходното раководство соопштуваше дека и ...
Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) денеска го објави рангирањето на Владата, министерствата и општините според 32 индикатори за антикорупциските перформанси во јавните набавки. Ниту една институција, според извештајот на ЦГК не се наоѓа во зелената зона, односно има висока заштита од корупција, со остварување на антикорупциските перформанси од над 80 %. Институциите се сместени во три зони – црвена, жолта и зелена зависно од освоените поени ...
За наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ годинава се номинирани вкупно 43 дела од 40 преведувачи, објавени од 18 издавачки куќи или поединци, а преводите се направени од 18 јазици. Опфатени се 40 странски автори од жанровските категории роман, расказ, книги за деца и драми. „Сето тоа сведочи за разгранета и опсежна преведувачка продукција, но и за многу силна конкуренција“, велат од издавачката куќа „Антолог“ која годинава го ...
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ги осуди директните закани кон новинарот од Канал 5 Александар Видиновски и побара од надлежните да постапуваат по очигледна закана по безбедноста на новинарот. Под објавата на својот Фејсбук профил на неговата репортажа од Пустец, Албанија, како што велат од ССНМ, Видиновски добил сериозни и застрашувачки закани од лицето Виктор Стојанов кое има забрана за влез во Македонија на ...
Уметничка инсталација „Земјата е рамна плоча, а глобалното затоплување е мит“ како акција посветена на борбата против дезинформациите е поставена денеска на плочникот на трговскиот центар „Бисер“ во општина Аеродром, во организација на Центарот за современа уметност. „Кога ќе се спојат уметноста и дезинформациите, како феномен на кој овие простори паѓаат на испит, тогаш го добиваме уметничкиот поглед на Маја Танева, уметница која ги разложува ...
Најголемиот саем на универзитети „УниКомпас“ во организација на дигиталната студентска заедница „Студентарија“ ќе се одржи оваа сабота (6 јули) со почеток во 10 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Учество ќе земат повеќе од 20 факултети од различни универзитети кои пред матурантите ќе ги презентираат своите програми, услови и можности, ќе има кариерни советници, две работилници со психолог, а присутни ќе бидат и неколку ...
Во пресрет на најавениот ребаланс на Буџетот, прв со потпис на новата Влада, економистите оценуваат дека претстои период на неопходни промени, пишува Порталб.мк. Но, колку и како може да се прекрои буџетската каса, дали може да се крати од веќе дадени права, каде може да се заштеди? Оценки на економистите Со поголем буџетски дефицит, а помал економски раст во однос на планираното. Вака според дел од економистите ќе заврши оваа изборна економска ...
Македонија се наоѓа на високото петто место од 41 европска земја на Индексот на одлив на мозоци на „Global Economy“, што јасно покажува дека државата се соочува со голем губиток на таленти. Во меѓувреме, според проценките на Светската банка, речиси 40% од високообразовниот кадар ја има напуштено државата, додека според извештајот на ИОМ за 2020 година, Македонија се наоѓа во топ 50 земји во светот со најголема емиграција во странство. Ова се дел ...
Изложбата на слики од Билјана Билбилоска насловена како „Простор и тишина“ ќе биде отворена денес (2 јули) од 20 часот во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје. Уметницата ќе се претстави со дела изработени во комбинирана техника. „Нејзиниот творечки калеидоскоп варира и се премрежува низ различните секојдневија кои ги живее преку разнообразните уметнички пракси. Сака да експериментира зад појавното, зад тривијалното, низ познати и непознати ...
Светлана Јовановска Се чини дека политичките партии, по шокот и во екстремно кус период, почнаа да сфаќаат дека екстремната десница е на само еден чекор од власта. И почнуваат да се мобилизираат со желба да го избегнат хаосот што настапи по распуштањето на Асамблејата. „Дали сте вие луд?“ Ова е прашањето што на 11 јуни, на претседателот на Франција Емануел Макрон му го постави „Фигаро Магазин“, сериозен медиум, близок до француската десница. ...
„Гугл транслејт“ со помош на јазичниот модел „PaLM 2“ додава 110 нови јазици за превод, меѓу кои е и ромскиот, пренесува „The Verge“. „Јазичниот модел на Гугл, ‘PaLM 2’ му помогна на сервисот да ги научи овие нови јазици. Беше особено добар во учењето на оние јазици кои се поврзани еден со друг“, вели Исак Касвел од Гугл. Списокот на новоподдржани јазици вклучува и кантонски, кој според Касвел долго време бил еден од најбараните јазици на „Гугл ...
Град Скопје доби награда од 50 илјади долари за досегашниот постигнат успех на првата јавна биотехнолошка лабораторија во Македонија и регионот, односно за иницијативите предводени од младите за рециклирање и намалување на отпaдот, од Младински климатски акциски фонд. „Меѓународните истражувања покажуваат дека повеќе од 60% од младите сметаат дека националните влади не прават доволно за справување со климатските промени. Поради тоа, Младинскиот ...
На 88-годишна возраст денеска почина славниот албански писател Исмаил Кадаре, пренесува Радио Слободна Европа. Извори од Универзитетскиот болнички центар „Мајка Тереза“ во Тирана, исто така, објавија дека Кадаре „доживеал кардио-респираторен застој“. Кадаре е роден во 1936 година во градот Ѓирокастро во јужна Албанија. Триесет години од својата писателска кариера, Кадаре живеел во комунистичка Албанија, каде што ги напишал и своите ремек-дела ...
Анкетите покажуваат дека крајнодесничарската партија Национален собир убедливо победи со околу 34% од гласовите во првиот круг од предвремените избори во Франција, а централистичката алијанска на претседателот Емануел Макрон е на третото место со 20.3% од гласовите, пренесува Ал Џазира. Второто место во овој круг го освои левичарската коалиција Нов народен фронт со 29% од гласовите. Според овие резултати, лидерката на партијата Национален собир ...
Од 3 до 7 јули на плажата Сараиште во Охрид ќе се одржи претпрограма за седмото издание на „Beach Film Festival“ кое е најавено во периодот од 17 до 21 јули. Оваа година земјата во фокус на фестивалот е Шпанија, со поддршка од шпанската амбасада, а најавени се филмови за сите возрасти кои ја опишуваат моменталната состојба на светот, современите проблеми, миграциите, правата на децата, семејствата и врските. Проекциите на претпрограмата ќе бидат ...
Од денеска за најголем дел од потрошувачите, сметките за електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи ќе бидат повисоки за 0.4%. Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски во четвртокот посочи дека цената на електрична енергија за домаќинствата од 1 јули во прв блок останува иста, во вториот блок има зголемување од 0.85%, во третиот блок од 1.92% проценти и во четвртиот блок од 1.88%, додека евтината струја ќе поскапи за 0.65%. Тогаш, ...
„Кога бевме помали, кога си игравме на улица, на клупи, во маало… сите бевме исти и еднакви. Машки и женски, едни до други. Проблемите настануваат кога ќе пораснеме, кога ќе почнеме да одиме на школо, факултет, кога ќе влеземе на пазарот на трудот. Тогаш општеството почнува да не’ дели на ‘ова можеш, ова не можеш’, на ‘машки и женски позиции’, на ‘директори и секретарки’. Од тоа произлегуваат фрустрации кои не’ обликуваат во несреќни луѓе“. ...
Министерството за образование и наука (МОН) информира дека од утре, понеделник, ќе започнат да се исплаќаат паричните надоместоци по основ на антикризната мерка за поддршка на семејствата на основци и средношколци која, како што вели, била ветена а нереализирана од претходното владино раководство, „На првиот работен ден од мандатот, министерката за образование и наука Весна Јаневска ги задолжи надлежните сектори да направат детален преглед на ...
Заврши чистењето на четвртиот лот од малата депонија со линдан во ОХИС. Во периодот од март до јуни ископани се 450 тони на HCH отпад и 250 тони земја контаминирана со линдан. Целата количина е спакувана во специјализирани буриња во кои ќе се транспортира на конечно уништување, објави агенцијата Мета.мк. Од Министерството за животна средина информираат дека 240 тони линдан ископани од четвртиот лот се веќе извезени, додека остатокот ќе биде ...
На крајот на оваа седмица, прочитајте го нашиот избор на топ вести од области од активизам, култура, граѓанско општество, политика, образование, инклузија… Државата плаќа за стипендисти што ретко се враќаат да работат во Македонија Досега државата стипендирала 389 студенти во странство и отприлика за секој од нив од државната каса издвоила 160 илјади долари, а ретко кој од нив се враќа да работи во Македонија, иако така е предвидено според ...
Во рамки на 9-тото издание на КРИК – фестивалот за критичка култура насловено „Желбени машини – уметноста како (р)еволуција“, годинава Контрапункт, во својата едиција Пунктум посветена на новите критичко-теориски правци на мислата и дејствувањето, објавува три книги од еден од најзначајните и најпредизвикувачките теоретичари на уметноста и филозофи, комплексно полемичниот Гералд Рауниг. „На македонски јазик ќе ги имаме трите најзначајни книги на ...
„Скопје Синема Сити“ е филмски фестивал на музички документарни филмови. Оваа година, фестивалот слави 10 години и програмата е поделена во два дела: изложба на фотографии и проекции. Фестивалот ќе се отвори со филмот „Carlos“ за Карлос Сантана на режисерот Руди Валдес. Втората вечер е посветена на иконите на џез и панк музиката: Чет Бејкер и Џо Страмер. Ќе се прикажуваат филмовите „Ајде да се изгубиме:Чет Бејкер“ и „Џо Страмер: Иднината е ...
Речиси 30.000 студенти оваа учебна година биле регистрирани како корисници на субвенционираниот студентски оброк, покажуваат бројките што агенцијата Мета.мк ги добила од Министерството за образование и наука (МОН) – институцијата надлежна за спроведување на оваа мерка. Студентите, генерално, се задоволни од проектот, но велат оти зголемување на сегашниот износ е повеќе од добредојдено. Денеска е последен ден за користење на средствата од оваа ...
Повторно правиме листа на македонски албумски изданија, за да ја одбележиме првата половина од 2024 година и да дадеме внимание на домашното музичко творештво. Во листата се вклучени подолги LP-a и кратки EP-a, од целиот музички спектар и без жанровски ограничувања, а има и албуми во живо и реизданија. Мариналеда – EP Puca Cerep – Дисторзирана реалност Ширшаја – Венту Етерну Строг пост – Строг пост Pikolomini – From Subway to My Way ...
Од Општина Кисела Вода информираат дека рамки на роденденското празнување, покрај останатите проекти што ќе бидат во корист на граѓаните, се реализира и иновативно еколошко решение – надворешни пречистувачи за воздух. „Пречистувачите се поставуваат во најголемите паркови, каде што има најголема фреквенција на луѓе. Претходно, во рамки на истото партнерство со општествено одговорната компанија ЕКОТИП, поставивме и најсовремени внатрешни ...