
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Регионална канцеларија за младинска соработка (RYCO – РИКО) објави дека 90 средни училишта од Западен Балкан се избрани за учество во програмата за размена на RYCO – Superschools (РИКО – Суперучилишта). Избраните училишта од регионот ќе спроведуваат регионални размени со повеќе од 1.300 ученици, додека РИКО ќе понуди различни можности за градење на капацитети за 90 наставници. Од овие 90 училишта 16 доаѓаат од Албанија, 16 од Босна и ...
Креатори на платформата „Creative Gate“ се фестивалот „Таксират“ и EXIT Фондацијата, а наменета е за различни актери во секторот на културните и креативните индустрии во регионот на Западен Балкан. Односно, партнерски проекти, професионалци во оваа индустрија, организации и поединци регистрирани на платформата „Creative Gate“, креативни места, уметници, настани и фестивали. Индиректно, велат од „Таксират“, корист од проектот ќе имаат и ...
Годинешното 36. издание на „Поетска ноќ во Велестово“ се одржа од 16 до 18 август. На фестивалот настапија поети од Македонија, Хрватска, Ирска, Србија и Кина, а беше претставен поетски портрет на Елизабета Баковска. Исто така, во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ беше отворена и изложбата на фотографии на Сашо Димоски насловена како „Паметници на заборавот“. Фестивалот беше отворен и затворен со музичките концерти на хрватската ...
Под насловот „Звуци и слики од втора рака“ се одржа мастерклас со филмската режисерка Инеке Смитс и уредникот на радиосодржини Јероен Стаут во рамки на годинешното јубилејно 15. издание на фестивалот за креативен документарен филм „МакеДокс“ на 18 август во „Лабораториум“. „Смитс и Стаут со присутните споделија како се запознале, зборуваа за својата заедничка љубов, соработка на филм и радио и за реупотребата на архивски звуци и слики“, ...
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска денеска излезе на прес-конференција и целата состојба со хаосот со автобускиот превоз и нечистотата на главниот град ја впери кон советниците на Градот Скопје, тврдејќи дека тие ги блокираат програмите на јавните претпријатија. За разлика од министерот за локална самоуправа Златко Перински, кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски вчера одржа средба со Арсовска и рече дека градоначалничката не ...
Kако и секоја година, Младински образовен форум (МОФ )крајот на летото го одбележува со летна академија. Овогодишната летна академија за медумска писменост започна вчера, 19 август, во Дојран и ќе трае до 23 август. „Овие пет дена, околу 80 млади средношколци и студенти од целата држава ќе присуствуваат на различни предавања кои ќе им понудат опсег на знаења и вештини за критичко размислување и општествена вклученост преку активности за ...
Отпадот од орбитата на Земјата ќе го отстранува јапонската стартап компанија за вселенски операции „Астроскала“ (Astroscale), која потпиша петгодишен договор од 73,4 милиони евра со јапонската агенција за истражување на вселената, пренесува Ал Џазира Балканс. Тие ќе развијат ново вселенско летало наречено „ADRAS-J2“, кое ќе го опремат со технологија, поточно со роботска рака за фаќање вселенски отпад. Целта е да се започне со собирање отпад до ...
Министерството за образование и наука (МОН) информира дека во тек испораката на одобрените и испечатени учебници и наставни материјали кои ќе се користат во основните и средните училишта во учебната 2024-2025 година. Согласно дефинираната динамика, испораката треба да биде заокружена пред првиот училишен ден – 2 септември, но за остварување на планот, велат тие, неопходна е кооперативност и ажурност на сите училишни директори. Министерката за ...
„Карпошево културно лето – Мирисот на летото“ е ликовен настан на кој учесниците-уметници ќе сликаат од 10 до 19 часот на 24 и 25 август (сабота и недела) во дворот на објектот на Кинотеката на Македонија. Учесници ќе бидат Владимир Лазоски, Харалампие Манчев – Хари, Игор Поповски, Владимир Величковски, Стојче Тоциновски, Илчо Симовски, Емилија Тоциновска, Марија Светиева Ергас, Сузана Ал Сакини и Маја Танева. Нивните дела ќе бидат изложени на ...
Марко Тасевски – Индиго создава уметност тетовирајќи веќе 6 години во неговото студио за тетоважи и пирсинг „Индиго“. По тој повод, организира изложба на сите направени скици од тетоважи на 29 август со почеток во 20 часот во бифето на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Освен скиците, на настанот тој ќе демонстрира тетоважи од клиентите пред камера, 30 минути ќе ги тетовира присутните гости, а ќе бидат изложени и одбрани тетоважи кои ...
Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) ги објави делата кои влегуваат во полуфиналниот круг за годинешните награди, а познати се и финалистите за наградата „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца и млади поради малиот број конкуренти. Вкупно се пријавиле 35 дела, а во согласност со Деловникот за работа на жири-комисиите, секој од членовите доставил бодовник со кој поддржува пет наслови (на скала од 5 до 1 бод). На крај, верификациска ...
Во Советот на Град Скопје во четврток треба да се предложи предлог-план како да се реши хаосот во главниот град со превозот, отпадот и надлежните претпријатија, а потоа врз основа на тој план Владата ќе носи заклучоци. Ова беше истакнато од министерот за локална самоуправа Златко Перински, кој како претставник на Владата, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, попладнево имаше состанок со градоначалничката Данела Арсовска. На прес-конференција ...
Стотици лекари протестираа денеска во близина на индиското Министерство за здравство барајќи построги закони за заштита на здравствените работници од насилство и правда за нивната 31-годишна колешка која била силувана и убиена во болница во градот Калкута на 9 август, пренесува Н1. Тие протестираат повеќе од една недела и одбиваат да примаат пациенти кои не се итни случаи. Исто така, се трудат да воспостават бесплатни амбулантски услуги за ...
„Лето 2024то. ФИЈУК е еден. Сè друго е матно. Жешко. И тегобно. Елајте да се сокриеме во Универзитетската Библиотека ‘Св. Климент Охридски’ за да си ја откриеме снагата помеѓу книгите, буквите и колажите“. Вака стои најавата за новиот ФИЈУК, саемот на независни издавачи, кој на 23 август – по иницијатива на Партизанска штампа, Гола планина и БОШ – ќе се одржи со низа пропратни активности. Програмата почнува во 17 часот со отворање на ФИЈУК со ...
Здравствените власти во Филипини велат дека 33-годишен машки пациент од Манила доживеал треска пред да развие „различен“ осип на кожата, со што пријавија нов случај на вирусот мпокс или мајмунска сипаница, прв во земјата од декември. Тие, исто така, соопштија дека филипинецот нема историја на патување во странство, пренесува Ал Џазира. „Вирусот мпокс е меѓу нас. Ова е предупредување за сите. Тој не патувал (во странство), што значи дека вирусот ...
„Во македонското општество има висока стапка на невработеност, голема економска неактивност, а жените особено имаат многу мало учество на пазарот на труд. Индустриите во кои доминираат жените се најчесто со ниски плати и не соодветствуваат на високото образование и вештините што жените ги стекнуваат“, истакнуваат од женската менторска мрежа Стела. Причините за оваа ситуација, сметаат оттаму, се во сооднос со нестабилните економски и општествени ...
Дилемата дали филмовите ја рефлектираат реалноста е стара колку и самиот филм, а затоа годинешното издание го посветуваме (со доза иронија) на сѐ она за кое можеме да кажеме дека е реално и треба, велат од Младински филмски фестивал (ММФ), чие четврто издание ќе се одржува од 30 август до 1 септември на повеќе локации низ Скопје. Од фестивалот велат дека по безброј бирократски препреки на кои веќе се навикнати (но не и имуни), со задоволство го ...
Американската авиокомпанија „American Airlines“ ги откажа летовите до и од Израел до април 2025 година, пренесува Ал Џазира Балканс. Прекинот на летовите доаѓа во време на зголемени регионални тензии поради израелските напади врз Појасот Газа, во кои од 7 октомври минатата година загинаа речиси 40.100 луѓе, а беа ранети 92.600. Авиокомпанијата не соопшти никакви конкретни детали за долгорочното суспендирање на летовите. Вкупно 20 меѓународни ...
„Научно Истражувачки ВИ Агент“ е нова напредна апликација што ја претстави Институтот за родови студии при Филозофскиот факултет, која е базирана на вештачка интелигенција и дизајнирана да помогне во процесот на истражување. „Најважната карактеристика на оваа алатка е автоматското истражување, кое овозможува брзо и ефикасно генерирање на истражувачки прашања, методи, наоди, дискусии и завршен текст. Дополнително, апликацијата нуди промптови кои ...
Во Социјалниот центар „Дуња“ утре (20 август) од 20 часот ќе се одржат концерти на „Junaït“ и Хана Корнети. „Junaït“ се германско трио составено од Клара Вигер (кларинет / бас кларинет), Каролине Колдиц (гитара) и Лин Хартфил (контрабас). „Свират комплексна музика, во која се слуша блиско-источен фолклор покрај авангарден експресионизам, камерен џез покрај современ класичен израз, зацртани аранжмани покрај слободно импровизирани – се ова во ...
На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од алтивизам, култура, граѓанско општество, политика, животна средина… 1. Волонтери цртаа мурали во дневниот центар „Сумнал“ по повод Меѓународниот ден на млади Со четки и боја во рацете, млади волонтери вчера, го разубавуваа просторот во дневниот центар за развој на ромската заедница „Сумнал“ сликајќи цртежи и шарени мурали по повод Меѓународниот ден на млади. Акцијата, „Време е ...
МКЦ и Град Скопје распишуваат јавен повик за учество на Годишниот уметнички фестивал за изложби и фестивал посветен на современите визуелни уметности, аудиовизуелните и сценските уметности. „Пријавување со скица, фотографија или опис на проектот, делото ( инсталација, скулптура, објект, проекција, фотографија и др.) Е до 3ти септември на: info@mkc.mk. Повеќето од делата треба да се предвидени за поставка во дворот или на платото на МКЦ. ...
МКЦ и Град Скопје распишуваат Јавен повик за учество на тема: ,,ВИА Скопје”, мурали на големи столбови или на рамна површина. Пријавување со скица на муралот е до 3ти септември на: info@mkc.mk, а учесниците ќе бидат избрани од трочлена комисија. Како што информираат организаторите, муралите кои содржат навредлива, несоодветна и неморална политичка , верска, национална и родова конотација нема да се земат во предвид а на избраните учесници им ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во текот на изминатото деноноќие, имало вкупно 42 пожари на отворен простор, од коишто во моментов 11 се активни, 6 се под контрола и 25 се изгаснати. Активните 11 пожари се во: 1. Општина Македонски Брод: Јасен – кај викенд населба „Белица“ (борова шума); 2. Општина Ресени и Општина Охрид: Галичица, на исток во правец на селата Лескоец и Стење, општина Ресен (локализиран), додека на Охридска ...
Викенд-програмата на 15-то издание на „МакеДокс“ ги активира сите пет фестивалски локации. Вчера, во објектот Куршумли ан и на платото пред Музеј на Македонија се прикажуваа филмови од главната и краткометражната програма, во Сули ан се прикажуваше програмата на балканските кинотеки и студентските филмови, во МКЦ се одвиваше програмата за деца и млади, додека во „Лабораториум“, денеска, ќе се одржи Мастерклас со Инеке Смитс и Јероен Стаут со ...
Јапонија користи вештачка интелигенција за да се справи со отсуството на учениците и да ги подобри условите во училиштата, пишува „Анадолу“. Градот Тода од март годинава, користи вештачка интелигенција да ги анализира податоците од учениците и да се бори против неодењето на училиште. Овој систем за вештачка интелигенција, тестиран во текот на изминатата година, има за цел да им помогне на наставниците во идентификувањето и поддршката на ...
Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) соопшти дека меѓу семејствата во Појасот Газа повторно се шири страв поради тоа што повеќе немаат каде да се засолнат, пишува „Анадолу“. УНРВА реагираше на најавата на израелската војска во врска со евакуацијата на некои делови од Ал-Маваси, за кои претходно тврдеше дека се „хуманитарна зона“ во Газа. „Стравот повторно се шири бидејќи семејствата немаат ...
Преку објава на социјалните мрежи од невладината „О2 Иницијатива“ соопштија дека се разочарани од изјавата на претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова дека ќе го потпише Указот за прогласување на измените на Законот за урбанистичко планирање. „Со големо разочарување ја слушнавме најавата на претседателката Сиљановска – Давкова, за нејзината одлука да го потпише Указот за прогласување на измените на Законот за урбанистичко ...
Во Македонија вчера имало вкупно 48 пожари на отворен простор, од кои во моментов 13 се активни, 8 се под контрола, а 27 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во моментов активни пожари има во: 1.Општина Македонски Брод: Јасен – викенд населба Белица (борова шума); 2. Општина Ресен и Општина Охрид: Галичица, на исток во правец на селата Лескоец и Стење, Општина Ресен, додека на Охридска територија на запад кон ...
Денеска (17 август), со почеток во 17 часот во градскиот парк во Скопје ќе се одржи „Skopje Creative Fest“. На настанот ќе учествуваат млади поединци во различни уметнички дисциплини, вклучувајќи пеење, танцување, стенд-ап комедија, цртање, поезија и правење филмови. Како што информираат организаторите, фестивалот е создаден за да овозможи средина без ограничувања на креативноста, стимулирајќи поврзување и соработка меѓу младите уметници, кои ќе ...