Најголем дел од средствата предвидени за заштита на животната средина во Предлог-буџетот на Македонија за 2025 година, кој е во собраниска расправа, „одат“ на комунална инфраструктура, изградба на водовод и фекални канализации. Нема предвидени средства за десетте болници кои во текот на 2025 треба да го променат начинот на греење, ниту за стандардизирање на депонијата „Дрисла“ и развивање на системот за управување со отпад, а нема ниту ...

Скопје, 19 ноември 2024 Предлог-Буџетот на РСМ за 2025 е во собраниска расправа. Ова е прва година да не поднесеме навреме наши предлози за измени на Буџетот за 2025 година во областа на животна средина, од причина што никој од пратениците не нè извести навреме, а кога сами увидовме, рокот за поднесување на амандмани веќе беше изминат. Ова е чекор наназад во соработката со пратениците, како наши претставници во Собранието, од кои зависи носењето ...